Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Услови на шехадетот EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Услови на шехадетот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Услови на шехадетот EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Услови на шехадетот EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Услови на шехадетот EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Услови на шехадетот EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Услови на шехадетот EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Услови на шехадетот EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Услови на шехадетот EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Услови на шехадетот EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Услови на шехадетот EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Услови на шехадетот EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Услови на шехадетот EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Услови на шехадетот EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Услови на шехадетот EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 262 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 262 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 
Haqq (253)
Услови на шехадетот Vote_lcapУслови на шехадетот Voting_barУслови на шехадетот Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Услови на шехадетот Empty Услови на шехадетот Пон 28 Фед 2011, 12:40 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Услови на шехадетот 72001151393798242930100

Услови на шехадетот


Во следниов Текст ке ги разгледаме условите кои се потребни за да биде шехадетот прифатлив кај Аллах џ.ш. со цел особата кој што го кажува да се окористи на овој свет и на Ахирет.
Ако човекот го кажува без овие услови тогаш тоа сведочење нема да му биде прифатено.
Исламските научници извадија од Кураноти и Суннетот седум неопходни услови со цел да оваа сведочење биде прифатено.
Некои од овие услови на некој начин ке ни изледаат како преклопување кога ке се спојат излегува јасна слика што е се потребно кога ке се каже: ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ!
Прв од овие условуи е илмот или знаењето.
Мора да се знае значењето на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ.
Па ако отидеме кај некој кој не го разбира значењето на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ и да му кжеме да го пофторува ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ по нас, и тој го пофторува тој сепак нема да се смета како муслиман.
Бидејќи тој го нема значењето и не го знае знаќењето на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ!
Аллах вели во Куранот во суре Мухаммед : ,,Знај дека нема друг бог освен Аллах!!,, (Сура Мухаммед 19 ајет).
Да го научиме и спознаеме ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ!!
Немојте само да го изговарате!! Туку имајтего значејнето нa ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ!!
Исто така Пратеникот с.а.в.с рекол како што стои во преданието на Сахих муслим:
,,Кој и да умре и го знае ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ дека нема никој вреден за обожавање освен Аллах! Таквиот Човек ке влезе во Џеннет.
Значи особата треба да има знаење што всушност ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ значи!!
Спротивно од знаењето е неукос.
Личноста која е неупатена во знаењето на шехадетот очигледно неговото изговарање на шехадетот нема да му биде од никаква корист.
Мора да го разберете неговото значење!
Ова беше првото од Седумт услови.



Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Вто 22 Мар 2011, 5:37 pm. Мислењето е променето 6 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

2Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пон 28 Фед 2011, 12:40 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Втор услов е тоа:
Личноста мора да има убедување или на Арапски кажано ЈЕКИМ.
Со други зборови мора навистина да биде убеден во сведочењето на шехадетот.
Не само да знае што значи, туку навистина да има убедување дека оваа изјава е вистинска дека нема предмет достоен за Обожувањ освен Аллах.
Спротивно од убедувањето е сомневањето!
Таа личност несмее да биде сомничава!
Да каже на пример дека можеби постои нешто слично на Аллах! НИКАКО! Ниту смее да ја дозволи можноста некое друго нешто биде обожавано покрај Аллах!
Тој мора да ја одбије таа можност од своето срце! Секоја личност која е во сомнеж оди против условите на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ!
Еден од доказите за овие услови е ајетот од Сура Ал Хуџурат каде Аллах џ.ш вели:
,, Верници се, навистина, оние кои веруваат во Аллах и во пејгамберот Негов и кои, потоа, не се сомневаат„ (Сура Ал Хуџурат каде 15 ајет)
Не сме да постои Сомнеж во Аллах! Неможе да се има сомнеж во ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ!
Во Сахих хадис на Имам Муслим Пратеникот с.а.в.с вели:
,, Сведочам дека нема ништо достојно да се обожава освен Аллах и сведочам дека јас сум Божјиот пратеник „
Значи особата кој го изговара ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ мора да има ,,Јекин,, убедување и мора цврсто да верува и не смее да има знаење, има разлика помеѓу знаење и верување во нешто.
Верување во нешто е повеќе од знаење.
Личноста кој го изговара ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ мора да има знаење и мора да го достигне нивото на Убеденост!
Не смее да има никаква сомнеж на валидноста на шехадетот!



Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Сре 02 Мар 2011, 5:08 pm. Мислењето е променето 5 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

3Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пон 28 Фед 2011, 12:42 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Третиот услов е услов на ,,Кабул,, или прифаќајне на шехадетот и спротивно на кабул е одбивање на шехадетот.
Особата не само што требада верува туку треба и да го прифати и да го направи дел од својот живот и дел од своите дела!
Аллах во сура Саффат вели:
,, Да, кога ќе им се рече дека нема друг бог освен Аллах тие стануваа арогантни ,, (Сура Саффат 35 ајет)
На Курејшиите, муштриците, паганите кога ке им се кажеше да го кажат ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ тие ќе станеа арогантни и не го прифаќаа.
Спротивно од прифаќајнето е да бидеш арогантен и да не го прифатиш туку да го одбиеш.
Значи личноста не треба да се понашава Арогантно.
Тука ке се наведе еден пример.
Како на Пример кај Ебу Талиб чичкото на Мухаммед с.а.в.с .
Тој веруваше Дека Мухаммед с.а.в.с. е Божј Пратеник, но заради неговата почит кон претците и фактор дека неговиот Татко му беше побитен од исламот тој кажа дека нема да ја напушти религијата на неговиот Татко.
Исто Така кај Иблис зар тој Го негирал ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ, тој верува во Аллах и знае дека само тој е достоен за Обожување, Но тој е Арогантен и не го исполнува
Третиот услов.
Тој го Разбра што Значи и тој знае дека е вистина, но не го применува тоа во своите дела.
И ова е неодвоив дел од ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ да треба да го прифатиш да небидеш Арогантен и да го одбиеш.
Има еден прекрасен Хадис кој што ќе ја заокруземе оваа Целина овој услов и тој е од Сахих Имам Бухари.
Ал Бухари пренесува дека Мухаммед с.а.в.с рекол:
,, Примерот на Упатството и значењето кое ме испрати Аллах џ.ш е како примерот на силен дожд ,,
Значи примерот на неговото упатство е како силен дожд кој што паѓа на земјата ! и паѓа на одреден дел од Земјата.
Имаше дел од оваа исклучителна земја која е со плодно тло и која ја впи оваа вода и даде овошја во изобилство.
Од двата вида на овошје и суви и сочни.
И имаше друг дел од земјата кој безе сув, но кој ја складираше водата и луѓето имаа корист од таа вода.
Луѓето пиеа од тоа, ги поеа животните и ја наведнуваа земјата со оваа вода.
И имаше трет дел од оваа земја кој беше рамен и сув.
Тој не можеше да ја складира водата ниту да ја впие и да даде овошје.
И ова се Три Паралели кои нашиот Пратеник с.а.в.с ги дал како Пример на оној кој што ја изучува верата на Аллах џ.ш и се окористил со она што Аллах му испратил и затоа учи и им кажува на другите. И исто така и примерот на тој што не мари ниту го прифаќа упатството кое што ми е испратено.
Значи што е значејнето на Хадисот?
Посланикот с.а.в.с рекол дека упатството на исламот или на Аллах џ.ш е како дошт кој се спушта од небото.
Дождот е ист но Земјата која ја Прифаќа, односно луѓето кој ја слушаат пораката се Различни.
Некои луѓе го прифачаат дождот целосно тие се како плодна Почва.
Значи го впиваат Дождот во себе и пред себе даваат плодови.
Продолжува иншАллах




Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Сре 02 Мар 2011, 5:09 pm. Мислењето е променето 5 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

4Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пон 28 Фед 2011, 5:04 pm

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Ес селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатух

МашАллах.Аллах да те награди за трудот ова се навистина текстови со доказ и треба секој да ги знае и да ги практикува.

Продолжи иншАллах.Па ке имаме можност и на ова да се подискутира.

Барак Аллаху фикум

5Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пон 28 Фед 2011, 11:41 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
,,Pre ubavo ,,AHI,,samo prodolzi,,

Selam Alejkum

6Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Вто 01 Мар 2011, 12:00 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Allah da ve nagradi za ubavite Zborovi inshallah ke Prodolzam Ima 7 Uslovi no Khayr inshAlla se ke bide vo najdobar red

http://www.ahlu-sunnah.org

7Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Вто 01 Мар 2011, 12:44 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Четворти услов на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ да го покориш твото срце и душа на него.
На Арапски се вика ИНКИЈАД а спротивно на тоа е напуштање и избегнување на делувањето според тоа.
Како што Аллах џ.ш вели во Куранот:
,, Свртете се кон вашиот господар потчинете му се ,,
Во друга Аејет во Сура Ел Бекаре вели:
,, О вие кој што верувате во покорноста на Исламот со полно Срце ,,
Не во Делови не во Парчиња.
Да не го бираме она што ни е лесно на нас.
Мораме да го прифатиме ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ и исламот во целост.
Ова се вика ИНКИЈАД-покорност Неможеш да го бараме тоа што го сакаме.
Неможеш да оставиш ништо овде не збориме за Гревови Туку за нешто кога викаш ,,НЕмора јас да го правам ова,, .
Не може вака да се однесуваме со исламот.
Слично на Ова забележано е од мухаммед с.а.в.с:
Никој од вас нема вистински да верува се додека неговите желби не се во согласнос со она што јас дојдов.
Значи мора да ги контлорираме нашите желби , мора да се напушти следењето на сето она што сакаш ти да го правиш и да се покориш на религијата на исламот и ова е исто услов на Шехадетот.



Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Сре 02 Мар 2011, 5:10 pm. Мислењето е променето 3 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

8Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Вто 01 Мар 2011, 1:08 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Петиот услов е: мораме да бидеме искрени.
Мора да бидеме искрени кога го пофторуваме шехадетот.
Со други зборови кажано не треба да бидме Лицемерни .
Значи кога ке го кажеме шехадетот навистина треба да го мислиме тоа а не затоа што нашиот народ го вика истото.
Или затоа што нашите родители го викаат или за да имперсионираш некого или за да нападнеш во невојља, едноставно треба да биде од Срце.
Како што вика Аллах џ.ш во Кураанот:
,, Има такви кој што викаат дека веруваат во Аллах џ.ш и во Судниот Ден ,, но тие не се верници . Тие се обидуваат да го излажат Аллах но тие сами на себе си се Лажат.
Поентата е тоа дека лицемерните варијабилно го плокламираат иманот, но во срцата всушност тие немаат Иман.
Значи кога личноста ке каже ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ мора да му доаѓа вистински од срце како што се кажува во следниов хадис.
Во Сахих бухари.
Пратеникот с.а.в.с рекол: О Муазе нема никој кој сведочи ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ ВЕ ЕНЕ МУХАММЕДЕ РЕСУЛИЛЛАХ искрено од неговото срце. Да внимаваме на Упатството кој го поставува Посланик а.с не само да се сведочи шехадетот без никаков услов.
Уште еднаш да напоменеме дека Овие Седу услови не се од никаде.
Тие се извадени од Одреден текст од Кураннот и Суннетот.
Пример на Ова е Овој текст кој го читаме пред нас.
Посланик а.с не оставил туку така да биде кој само ке каже ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ искрено од срце тогаш Аллах џ.ш ке го забрани Џехеннемскиот оган за него.
Значи тука го наоѓаме уште едниот услов а тоа е условот на Вистинољубивост и Искреност.




Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Сре 02 Мар 2011, 5:11 pm. Мислењето е променето 2 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

9Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Вто 01 Мар 2011, 4:33 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Шестиот услов кој следи е ИХЛАС.
Таа искреност мора да биде само поради Аллах џ.ш.
И не смее да биде поради некој друг.
Не смее да биде вмешан, ниту ширк ниту претерување.
Како што Аллах џ.ш вели во куранот:
,, Навистина на Аллах му припаѓа искреноста .. ’’ целата вера на Аллах и искреноста кон него.
Во едно друго суре Бејина ајет 5 Аллах џ.ш вели:
,, Наредено им е само Аллаха да го обожаваат, и верата искрено и како прави верници да се сврат кон него“
Во еден хадис Пратеникот а.с вели:
,, Луѓето кои имаат најголемо право на моето посредување се тие кои што викаат ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ со ихлас на неговото срце“.
Тие што викаат ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ со искреност во срцето се луѓето што имаат најголемо право за посредување од Пратеникот а.с и кога личноста ке каже ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ треба да го стори со намера со тоа да го задоволи на Аллах џ.ш, а не со намера за да задоволи некој друг.



Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Сре 02 Мар 2011, 5:11 pm. Мислењето е променето 2 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

10Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Сре 02 Мар 2011, 4:08 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
И седмиот и последниот услов е неопходната потреба на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ да го сакаш шехадетот.
И да ги сакаш луѓето кои го изговарат. И да се Одрекнуваш на она што му опонира на Тоа.
Да се одрекнуваш од Обожавање од сето она што се обожава мимо Аллах.
И од оние кој што обожаваат нешто покрај Аллах.
Како што велии Аллах џ.ш во Сура ЕЛ-МУЏАДЕЛЕ Ајет 22:
,, Не ќе најдеш луѓе кои веруваат во Аллах и во Денот суден да се дружат со оние кои се против Аллах и пејгамберот Негов: било да се тоа предците нивни, синовите нивни или браќата нивни или роднините нивни.,,
Личноста која му опонира на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ неможе да биде дел од Религиското Братство. Особата која му опонира на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ неможе да ја сакаш како што се сака Искрен Муслиман.
Во еден Хадис пратеникот а.с рекол:
,, три работи, односно карактеристики кои кога личноста ќе ги има во своето срце ќа ја почуствуваа убавината на иманот:
1. Прво е да Аллах џ.ш и пратеникот негов Мухаммед с.а.в.с ги сака повеќе од се што постои.
2. Второ е да го сака личност само заради Аллах џ.ш. Тој го сака својот брат муслиман само заради Аллах, а не поради некоја овосветска работа од која ќе има корист.
3. И третата карактеристика е да мрази да се врати во неверување исто како што мрази да биде фрлен во Џехеннемскиот оган. “
Значи ова се трите карактеристики и кои пратеникот а.с вели за оној кој ги имаа ќе ја почуствуваа убавинаата на верувањето.
Третата беше дека мразам да се повратам во неверување.
Значи лучноста која го кажува шехадетот, мора да го сака шехадетот и луѓето кои го кажуваат овој шехадет.
И мора да се одрекне од сите оние кои се спротиставуваат на шехадетот.
Значи ова се седумте услови на овој прекрасен шехадет.
Кој ќе го каже шехадетот и ќе ги употполни сите овие услови во Џеннетот без никаква казна за него.
И кој и да го каже ова шехадет, но притоа не ги исполнува сите овие услови потполно,но ги има основните работи тогаш е возможно да биде казнет ви Џехеннем, но можно е и да заврши во Џеннет.
Но кој и да го каже шехадетпт, но притоа не ги исполнува сите овие седум услови. Тогаш тој шехадет нема да биде прифатен од Него.
Разберете дека сме го кажале веќе ова: ,, Верувањето е со степени, тевхидот е со степени. ’’
Постои еден минимум под кој личноста веќе не е Муслиман.
Потоа постои минимум кој е обврзителен и е повисок од претходниот минимум.
Ако овој минимум кој е обврзителен, личноста го надмине тогаш Аллах џ.ш на таквиот му има ветено дека нема да го казни во џехеннемскиот оган воопшто.
Тој ќе влезе во Џеннетот без да ја вкуси казната на Пеколот.
Но ако е под ова минимално ниво или со други зборови сторил некој голем грев :прењуба,пиење Аллахохол, земање камата и т.н или не ги исполнува некои од обврзителните дела кој Аллах џ.ш ги направил обврзителни како што се: Зекатот, хаџоот, или од мрзливос не ги прави овие дела но се уште верува во нив тој ќе падне под оваа ниво но сеуште е Муслиман.
Значи за личноста од Оваа Категорија е многу веројатно дека Аллах џ.ш ќе го казни но возмножно е и да му опрости зависно Аллах џ.ш.
Но под некоја околност поради која има некој муслиман и има некој муслиман од ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ Аллах џ.ш нема да направи да остане вечно во Џехеннем, туку ако Аллах џ.ш сака ќе го стави во пеколот на одредено време и потоа ќе го извлече и ќе го стави во Џеннет.
Сега некој може да запраша кога ги спомнавме Седумте услови на шехадетот и викаме дека е неопходно сите луѓе да ги исполнуваат.
Но сепак повеќе муслимани нема да можат да ги кажа.
Поентаата на Ова е не е да се знаат по ред туку да се исполнуваат.
И Фаламу на Аллах повеќето муслимани го Исполнуваат.
Значи да размириме ЛА ИЛЛАХЕ ИЛАЛЛАХ е неодвоив дел односно основа на иманот и без него нема верување . Но тоа што е потребно не е само изговарање на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ туку личноста навистина го разбере неговото значење.
И заради тоа Исламските научнисти извадија Седум услови на ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ и тоа се:
1. Прв услов е ИЛМ или значењето.
2. Втор услов е ЈЕКИН или убеденоста.
3. Трет услов е ЕЛ КАБУЛ- или прифатеноста.
4. Четврт услов е АЛ ИНКИЈАД или покорноста на шехадетот.
5. Пети услов е АЛ СИДК или вистиност.
6. Шести услов е АЛ ИХЛАС или искреност.
7. Седми услов е да се поседува љубов кон шехадетот и на неговите следбеници.
Со ова го завршуваме овој текст на ове Седум Услови кој треба да ги исполнуваме како Муслимани.

Шејх Јасир Кади

ГО МОЛАМ НА ВОЗВИШЕНИОТ АЛЛАХ Џ.Ш ДА НЕ СОЧУВА ОД ОГНОТ ЏЕХЕННЕМСКИ.
ГО МОЛАМ НА ГОСПОДАРОТ НА СИТЕ СВЕТОВИ ДА НИ ГИ ОПРОСТИ НАШИТЕ ГРЕВОВИ.
ГО МОЛАМ НА АЛЛАХ Џ.Ш ДА НИ ГО ОЛЕСНИ ПАТОТ ДО ЏЕННЕТ.
ГО МОЛАМ НА АЛЛАХ Џ.Ш ДА НЕ СОЧИВА ОД РАСПАЛЕНИОТ ЏЕХЕННЕМСКИ ОГАН.
И ИНШАЛЛАХ ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ ДА НИ БИДАТ:
ЛА ИЛЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ ВЕ ЕНЕ МУХАММЕДЕ РЕСУЛИЛЛАХ

http://www.ahlu-sunnah.org

11Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Чет 03 Мар 2011, 2:32 pm

Muslima4Islam

Muslima4Islam
Модераторка
Модераторка
Услови на шехадетот 698808

na vistina
mnogu vazhna i interesna Tema..Allah da te nagradi. amin

12Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Чет 22 Дек 2011, 12:14 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

Услови на шехадетот There-is-no-god-but-allah1



Научниците врз основа на јасни шеријатски аргументи дошле до заклучок дека ова сведочење има 9 услови кои треба да ги исполни за да биде валидно, а тие се:



Прв услов

ЗНАЕЊЕ

Првиот услов на ова сведочење е знаењето за шехадетот[You must be registered and logged in to see this link.], што значи дека секој кој го кажува треба да знае дека само Аллах треба да се обожува и дека не се допушта да Му се здружува никој и ништо при обожувањето. Возвишениот Аллах вели: „19. Знај дека нема друг бог освен Аллах! Барај про-
шка за своите гревови и за верниците и за верничките! Аллах знае каде се движите и каде
престојувате..“
(Мухаммед, 19)


Пренесува Осман Ибн Аффан, р.а., дека Мухаммед, а.с., рекол: „Тој што ќе умре знаејќи дека никој не е достоен да се обожува освен Аллах, ќе влезе во џеннет[You must be registered and logged in to see this link.].“ (Бухари)

Затоа, секој кој го кажува шехадетот треба да знае дека сè што има врска со обожувањето не треба да му припаѓа на никој друг освен на Аллах, бидејќи само на овој начин шехадетот му носи добивка на тој што го изговара и станува причина за

спас од огнот. Додека пак, формалното изговарање како збор, не знаејќи дека не треба да се обожува никој друг освен Аллах, не му вреди и како последица на тоа не се гледаат трагите од тој збор во животот на изговарачот.


Втор услов


УБЕДУВАЊЕ

Тој што го изговара шехадетот и ја сфаќа неговата содржина, освен разбирањето треба и да е убеден во неговото значење.

Ако личноста ја знае вистинската содржината на овој збор, а потоа се сомнева во неговото значење, тогаш ја нема користа што

треба да ја има од овој збор. Возвишениот Аллах вели: „Верници се, навистина, само оние кои веруваат во Аллах и во Неговиот Пратеник и кои потоа не се сомневаат...“ (Хуџурат, 15)

Ебу Хурејре, р.а., вели дека Мухаммед, а.с., во еден долг хадис, меѓу другото, рекол: „Тој што ќе го сретнеш зад овој ѕид, ако со

убедување посведочи дека никој не е достоен да се обожува освен Аллах, израдувај го со џеннет.“ (Бухари)


Трет услов


ПРИФАЌАЊЕ

Откако сме го разбрале и сме се убедиле во значењето на шехадетот, ни преостанува да го прифатиме со срце и со јазик сето тоа со што дошол овој збор. Неверниците не биле во состојба да ја прифатат реалноста што ја донел овој збор, па го негирале и го одбиле со ароганција и потсмевање. Возвишениот Аллах вели: „33. И тие тој Ден заедно на мака ќе бидат,
34. бидејќи Ние така ќе постапиме со злосторниците,
35. Кога им се велеше: „Само Аллах е Бог!“ – тие
беа вообразени
36. и говореа: „Зарем да ги напуштиме божествата
наши поради еден луд поет?!“
(Саффат, 33-36)



Четврти услов


ПОКОРУВАЊЕ

Кога веќе сме го прифатиле сето тоа со што дошол шехадетот, со срце и со јазик, продолжуваме и практично да му се покоруваме на тоа што шехадетот го бара од нас со нашите дел. Од овој услов разбираме дека не е доволно само да се каже дека

„срцето ми е чисто“ или „јас сум муслиман“, туку потребно е и практично да ја покажеме оваа покорност. Возвишениот Аллах вели: „А тој што ќе Му се предаде на Аллах бивајќи и доброчинител, тој се фатил за најцврстото јаже. А кај Аллах сè се враќа.“ (Лукман, 22) Овој ајет јасно докажува дека само тој што решил да Му се покори на Аллах чинејќи добри дела, таквиот е

фатен за најцврстото јаже, кое во овој случај е Ла илахе иллаллах.


Петти услов


ВИСТИНОЉУБИВОСТ

Тоа значи да го каже и да го прифати шехадетот со потполна вистинољубивост и чисто од секоја дамка на лагата.

Возвишениот Аллах вели: „Елиф, лам, мим! Мислат ли луѓето дека ќе бидат оставени да кажат: ,Веруваме!', а да не бидат ставени на искушение? Ние и оние пред нив веќе ги ставивме на искушение. Аллах сигурно добро ги познава тие што ја зборуваат вистината и тие што лажат.“ (Анкебут, 1-3)

Пренесува Муаз Ибн Џебел, р.а., дека Мухаммед, а.с., во еден долг хадис рекол: „Секој што со убеденост ќе посведочи дека никој не заслужува да биде обожуван освен Аллах и дека Мухаммед е Негов роб и пратеник, Аллах ќе го спаси од огнот.“

(Пренесува Бухари и Муслим)

Запознаени сме со сите оние кои сведочат за Верата, иако сите тоа не го кажуваат искрено. Некои не веруваат во тоа, туку само го кажуваат да се заштитат сабеси или да постигнат (добијат) нешто со тоа.

Овакви се лицемерите. Аллах ги опишал нив во отворањето на Куранот со следните зборови

8. Има луѓе коишто велат: „Веруваме во Аллах и во

другиот свет.“ - а не се верници.

9. Тие мислат дека ги мамат Аллах и тие што веру-

ваат, иако, не чувствувајќи го тоа, самите себеси

се мамат.

10. Во срцата нивни се наоѓа болест и Аллах им ја

зголемува болеста. Нив ги чека болно страдање

поради тоа што лажеа! (ЕЛ Бекаре)



Очигледно, сведочењето на овие кои стануваат муслимани е само за корист од станувањето муслиман и не е за тоа што веруваат во Аллах и сведоштвото ќе им биде одбиено од Аллах на другиот свет. Тие ќе се соочат со болна казна заради нивното лажење.


Шести услов


ИСКРЕНОСТ

Во текот на извршувањето на делата кои се поврзани со искажувањето на шехадетот, секој треба да биде искрен и тие дела

да ги извршува само за Возвишениот Аллах и само како последица на својата потчинетост кон Него. Тој што го изговара шехадетот треба да се труди максимално да не дозволи да има ниту една трошка арогантност, која влијае во скратувањето на наградата, па дури и на одбивањето на неговото дело во целина. Возвишениот Аллах вели: „Наредено им е само Аллах да Го обожуваат и верата искрено да Му ја исповедаат, во сета чистота нивна, и намаз да извршуваат и зекат да даваат. И ете тоа е верата исправна!“ (Бејјине, 5)




Седми услов


ЉУБОВ И ОМРАЗА

Љубовта и омразата треба да се базирани врз шехадетот. Верникот се спријателува со оние кои се во пријателство со шехадетот и не ги третира како пријатели оние кои не се во пријателство со овој збор. Исто така, тој ги сака оние дела кои се во

согласност со шехадетот, а ги мрази оние кои се спротивставуваат на шехадетот. Возвишениот Аллах вели: „

Нема да најдеш луѓе кои веруваат во Аллах и во Судниот Ден, а да ги сакаат оние коишто им се противат на Аллах и на Неговиот Пратеник, било да се тие родителите нивни, синовите нивни, или браќата нивни, или роднините нивни...“ (Муџаделе, 22)

„Во Ибрахим и во оние што беа со него имате навистина добар пример кога му рекоа на народот свој: ,Ние сеодрекуваме од вас и од тоа што, освен Аллах, го обожувате. Ние не веруваме во вашето и затоа меѓу вас и нас ќе има

отворено непријателство и омраза засекогаш, сè додека да поверувате во Единиот Аллах!'“ (Мумтехине, 4)

Затоа верникот го мрази секој збор и секое дело кое му се спротивставува на зборот Ла илахе иллаллах без разлика од кого потекнува овој збор или ова дело. Но оваа омраза и ова непријателство никако не треба да го натера да му направи неправда

некому, или неправно да го повреди неговиот живот, неговата чест или неговото богатство.

Ова се условите на зборот Ла илахе иллаллах. Само заедно овозможуваат овој збор да ги даде своите плодови и на оној кој го изговара овој збор да му донесе добробит на овој и на другиот свет.



Oсми Услов:

Негирање на сите други божества или Куфр во Тагут



Возвишениот Аллах во Куранот вели: „Ние на секој народ Пратеник му испративме:

Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!“ (Ел-Нахл, ајет 36)

Во овој ајет јасно се прецизира зборот Ла илахе иллаллах и директно е поврзан со обожувањето на Аллах: „...само Аллах

обожувајте Го!“ Ова ни дава до знаење да ја разбереме важноста што треба да му се посвети на шехадетот и на тој начин да го

реализираме ова обожување така како што се бара од нас.

Овој збор, за жал, во многу случаеви се преведува и се разбира погрешно, иако негoвиот превод се ограничува со дефиницијата „нема друг бог освен Аллах“. Ова без сомнение е вистина, но овој збор никако не треба да заврши тука. Севишниот

Аллах спомнува дека и мушриците (многубошците) од Мека го прифаќале фактот дека само Аллах е Создателот и дека само Тој е Снабдувач и Владател, но ова не им било доволно за да се спасат од Аллаховата казна и од конфликтите со вистинските верници.

Затоа, должни сме да знаеме дека вистинскиот превод и значење на овој збор би можел да се ограничи на следното: „Никој не заслужува да се обожува освен Аллах.“



Шејх Салих б.Февзан б. Абдулах ел-Февзан вели: Зборовите ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ значи да се отргне од обожавањето на некој друг, освен Аллах џ.ш. , тоа е она што Ебу Џехл со свој другар, и тоа како добро го сфаќал и знаел дека кога ќе каже ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ дека со тие зборови излегува од вера и милет на Абдул Муталиб, и дека ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛАХ не се обични зборови, во прашање е неверството во разни божества кои се обожаваат покрај Аллах џ.ш. (ел куфр бил тагут) како и потврда на верувањето во Аллах џ.ш.(ел иману билах), за разлика од многу измамници во нашето доба,во време кога тие изговараат ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ, а и покрај тоа се молат на Хусејн, овој или оној, принесуваат курбан на мртвите, бараат помош од нив а и понатаму ги изговараат зборовите ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ!!! Некои од нив ќе истраат и на зикровите и молитви утрински и вечерни, по 100 пати ќе ги изговараат за да одма после тоа да заколат курбан или на нечие турбе да прават тафав околу него, и да бараат помош од мртви. Сево ова на нас ни укажува дека Ебу Џехл подобро од наведените го разбирал значењето на зборовите ЛА ИЛАХЕ ИЛАЛЛАХ, сфаќајки дека во прашање е потребата на оставање на своите кипови и идоли, додека овие претходно споменатите уште не сфатиле! Не сфатиле дека ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛАХ значи да се надмине обожавањата на гробови-турбиња, и ова спаѓа во голем фикх, и ова е исправно верување, и секој даија и имам мора оваа работа да ја сфати, и ова е ‘’Фикхул Да’ава’’ во права смисла на зборовите! (Погледни И’анетул- Мустефид би шерхи Китахил-Тевхид 1/260.)





Девети Услов:

Деветиот услов на шехадетот е да муслиманот устрае на шехадетот се додека не умре. Ова е облигативно доколку некој сака шехадата да значи нешто на Оној свет. Шехадетот треба да биде твој лого се до смртта. Пратеникот а.с. кажал:

„Човек поминува долго време чинејќи дела на луѓето на рајот и потоа ќе ги заврши своите дела со делата на оние на жителите на пеколот. И човекот може да помине долго време чинејќи дела на жителите на пеколот, и потоа ќе ги заврши своите дела со делата од жителите на Рајот.“(Муслим)



Аллах исто вели:



102. О, верници, плашете се од Аллах со вистинска богобојазност и никако не умирајте, освен како муслимани!(Али Имран)





[You must be registered and logged in to see this link.] Сведочењето дека не постои ништо вредно да се обожува освен Аллах


[You must be registered and logged in to see this link.] рај




Превземено:
Повик кон Вистината

http://www.ahlu-sunnah.org

13Услови на шехадетот Empty Услови на Шехадетот Пет 04 Мај 2012, 4:40 am

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Услови на шехадетот 820124

Во Името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!


Услови на шехадетот 577909_399545670070402_100000449168844_1372174_60570045_n



1)Ел-илм (знаење) мора да се поседува знаењето.

-Ако некој повторува по тебе и каже ЛА ИЛАХЕ ИЛЛЕЛЛАХ а незнае што тоа значи нема да се смета Муслиман.-Аллах с.в.т. во Кур’анот во сура Мухаммед 19 ајет вели: Знај дека нема друг Бог освен Аллах! (научи го и спознај го ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ).

-Рекол Мухаммед алејхи селам: “Кој ќе умре, и го застапува ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ, дека нема никој вреден за обожување освен Аллах, таквиот ќе влезе во Џеннет“ (Муслим)
Појаснување:

(КУЛ) ШТО ЗНАЧИ НЕШТО ДА ЗАСТАПУВАШ НЕ САМО ДА ИЗГОВАРАШ.


2)Јекин (Убедување) мора да биде вистински убеден во сведоштвото-Шехадетот.

-Не треба само да се знае што значи туку да има убедување дека оваа изјава е вистинита, дека никој не е достоен за обожување освен Аллах с.в.т. Спротивно од ова е СОМНЕВАЊЕ. Значи верникот кој изговараШЕХАДЕТ несмее да се сомнева во изјавата(ШЕХАДЕТОТ).

-Суре Ел-Фуџурат 15 ајет: „Верници се оние кои веруваат во Аллах и неговиот Пејгамбер и потоа немаат никаков сомнеж.“


3) Кабул (прифаќање на шехадетот)

Спротивно на КАБУЛ е ОДБИВАЊЕ НА ШЕХАДЕТОТ.

-Сура Саффат 35 ајет: „Кога им се говореше само Аллах е Бог тие стануваа Арогантни.“

пр: Ебу Талиб.

Шејтанот л.а. зарем не верува во ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ? Тој верува во Аллах џ.ш. и знае дека само Тој е достоен за обожавање, но тој е арогантен и не го исполнува третиот услов! Тој разбира што значи и знае дека е вистина, но не го применува тоа во своите дела.

4) Инкијад (Да се покори своето срце и душа на Него).

Спротивно на тоа е напуштање и избегнување на делување според тоа.

КУР'АН: „Свртете се кон Вашиот Господар и потчинете Му се!“ Сура-Ел Бекаре.

-Значи не во делови! И не во парчиња! Не барајте го она што ви е лесно за вас, мора да се прифати ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ и Исламот во целост! Ова се вика ИНКИЈАД (Покорност).

-Хадис:„Никој од вас нема вистински да верува се додека неговите желби не се во согласност со она со што јас дојдов!“

5) Ес-Сидк (Вистинитост, искреност во потврдувањето на Шехадетот, со други зборови Да не си лицемер)

Значи кога ќе го кажеш Шехадетот навистина да го мислиш тоа, а не затоа што твојот народ го кажува истото, или затоа што твоите родители го викаат истото или за да импресионираш некого или за да не паднеш во невоља. Едноставно треба да биде од срце!

-КУР'АН: „Има и такви кои што викаат дека веруваат во Аллах и Судниот Ден, но тие не се верници! Тие се обидуваат да го излажат Аллах и тие што веруваат, но тие само себе се лажат!“



6) Ихлас (Искреност само поради Аллах с.в.т. и несмее да биде поради никој друг !)

Не смее да биде вмешан ниту ширк ниту (рија) !

-KУР'АН: „Навистина на Аллах му припаѓа искреноста...
-им беше само наредено да го обожаваат Аллах и тоа искрено, како прави верници да сесвртат кон него!“


-Хадис:„Луѓето кои што имаат нај големо право на моето посредување се тие кои што викаат ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ со ИХЛАС на неговото срце!“


7) Неопходна потреба на Ла Илахе Иллаллах е да го сакаш Шехадетот и да ги сакаш луѓето кои го изговараат! И да се одрекнеш од се она што се обожува освен Аллах и од оние кои што обожаваат нешто покрај Аллах с.в.т.


-КУР'АН Сура-Муџадила ајет 22:„Вие нема да наидете на група луѓе кои веруваат во Аллах и Судниот Ден, а кои имаат искрена љубов кон оние кои се спротиставуваат на Аллах и Неговиот Пратеник, па дури да се и нивни татковци, синови или нивни браќа или нивни роднини...!

-Хадис: Три работи, односно карактеристики кои кога личноста ќе ги има во своето срце ќе ја почуствува убавината на иманот:

1) Да Аллах и Неговиот Пејгамбер ги сака повеќе од се што постои!

2) Да сака личност само заради Аллах џ.ш.

3) Да мрази да се врати во неверување исто така исто како што мрази да биде фрлен во пеколниот оган!



-Значи ова се 7 услови на овој прекрасен Шехадет! Кој ќе го каже Шехадетот и ќе ги употполни сите овие услови ќе влезе во Џеннет без никаква казна заа него! И кој и да го каже овој Шехадет но притоа не ги исполнува сите овие услови подполно, но ги има основните работи тогаш е возможно да биде казнет во Џехеннем, но можно е и да заврши во Џеннет! Но кој и да го каже Шехадетот, при тоа неисполнувајќи ги овие 7 услови, тогаш тој Шехадет нема да биде прифатен од него! Битно е да муслиманите ги исполнуваат овие услови па макар и да не ги знаат напамет.


Изработи:Ибн Кааб


[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

14Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пет 04 Мај 2012, 10:26 am

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
-Значи ова се 7 услови на овој прекрасен Шехадет! Кој ќе го каже Шехадетот и ќе ги употполни сите овие услови ќе влезе во Џеннет без никаква казна заа него! И кој и да го каже овој Шехадет но притоа не ги исполнува сите овие услови подполно, но ги има основните работи тогаш е возможно да биде казнет во Џехеннем, но можно е и да заврши во Џеннет! Но кој и да го каже Шехадетот, при тоа неисполнувајќи ги овие 7 услови, тогаш тој Шехадет нема да биде прифатен од него! Битно е да муслиманите ги исполнуваат овие услови па макар и да не ги знаат напамет.


Изработи:Ибн Каа
б


Selamunalejkum Ibn Kaab moze ovie tvoi zborovi malku da ni objasnis, nekako ne se slozuva so celosniot tekst!!!

15Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пет 04 Мај 2012, 3:36 pm

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Услови на шехадетот 820124


Алејкум Селам ве рахметуллахи ве берекатуху!

Како прво ова се брошури не знам дали кај вас се достапни ми ги дадоа и мене еве јас ке ти покажам по една слика како изгледаат од таму ги препишував повели:

Е оваа слика е од ова што го пишував

[You must be registered and logged in to see this link.]


А втората слика е поопширно за шехадетот што значи ова денес го зедов еве сликата да погледнеш иншх'Аллах ако имам време ке го напишам и ова има многу али сабар кога веќе сакаш повеќе да дознаеш :

[You must be registered and logged in to see this link.]


Мислам дека овие се достапни и кај вас како и да е ако имам Иншх'Аллах ке одвојав и за другото време и во продолжение ке го ставам Аллах да те награди за разбирањето. Wink

За повеќе информации посетете ја страницата: Повик кон вистината


[You must be registered and logged in to see this link.]

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

16Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пет 04 Мај 2012, 5:49 pm

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
Ibn Kaab напиша:Услови на шехадетот 820124


Алејкум Селам ве рахметуллахи ве берекатуху!

Како прво ова се брошури не знам дали кај вас се достапни ми ги дадоа и мене еве јас ке ти покажам по една слика како изгледаат од таму ги препишував повели:

Е оваа слика е од ова што го пишував

[You must be registered and logged in to see this link.]


А втората слика е поопширно за шехадетот што значи ова денес го зедов еве сликата да погледнеш иншх'Аллах ако имам време ке го напишам и ова има многу али сабар кога веќе сакаш повеќе да дознаеш :

[You must be registered and logged in to see this link.]


Мислам дека овие се достапни и кај вас како и да е ако имам Иншх'Аллах ке одвојав и за другото време и во продолжение ке го ставам Аллах да те награди за разбирањето. Wink

За повеќе информации посетете ја страницата: Повик кон вистината


[You must be registered and logged in to see this link.]




Ибн Кааб, не мислев на самиот текст околу условите односно Шартовите туку на твојот дел што го имаш напишана најдолу или и тоа е од самиот текст што е погоре.

-Прво: За оваа Тема има еден куп текстови тука на форумов(Мислам дека самиот админ. или модераторите нека извадат време да ги соберат сите на едно место)

-Второ: Кога реков дека е не се совпаѓа со текстот она што е напишано најдолу мислев дека ако се знае што е Шарт и кога тој доаѓа, тогаш не може да биде исправно едно дело без самиот Шарт, а нарочито кога се работи за Шехадетот.

-Трето тие самите од таа страна нас не копираат во многу работи или оние кои им пасираат ними, значи овој форум или нашата страна [You must be registered and logged in to see this link.] така да нема поттреба да се враќаме на нивната страна.

И на крај халали ми што вака се обраќам не е злонамерно, бидејќи не би сакал да сме контрадикторни барем не кога се работи за Аслуд Дин Ислам, во овој случај самиот Шехадет.

17Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пет 04 Мај 2012, 8:41 pm

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Сакаш да кажеш дека нее вред нешто со повик кон вистината во ред нема никаков проблем се ке го избришам без гајле и ако веќе го има ова се извинувам на сите не сум забележал јас треба да побарам да ми халалите а не вие Wink ова беше така напишано па сега Аллаху Алем!

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

18Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пет 04 Мај 2012, 9:05 pm

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
Ibn Kaab напиша:


Се гледа дека имаш добар ахлак Ибн Кааб, Аллах субхане ве те ала да те уцврстит на тоа и да ти даде поголемо знаење амин.

Не сакам да напажам на таа страна и не ми беше таа целта, не Валлахи не, него сакам да напоменам дека има многу тука пишано на [You must be registered and logged in to see this link.] за Шехадетот, и не мислев на самиот текст кои се објаснуваат за Шартовите него за последното дека е малку контрадикторно.


19Услови на шехадетот Empty Re: Услови на шехадетот Пет 04 Мај 2012, 9:26 pm

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
-Значи ова се 7 услови на овој прекрасен Шехадет! Кој ќе го каже Шехадетот и ќе ги употполни сите овие услови ќе влезе во Џеннет без никаква казна заа него! И кој и да го каже овој Шехадет но притоа не ги исполнува сите овие услови подполно, но ги има основните работи тогаш е возможно да биде казнет во Џехеннем, но можно е и да заврши во Џеннет! Но кој и да го каже Шехадетот, при тоа неисполнувајќи ги овие 7 услови, тогаш тој Шехадет нема да биде прифатен од него! Битно е да муслиманите ги исполнуваат овие услови па макар и да не ги знаат напамет.



-Прво:Значи ова се 7 услови на овој прекрасен Шехадет!

Тука треба да се објасни дека се услови односно Шартови и дека тие секогаш доаѓаат пред самото дело. нивното постоење значи и постоење на делото, за некои дела некогаш некој од Шартовите можат да не бидат присутни (пример за намаз Шарт е абдест и без него нема намаз ама понекогаш тој изостанува во прилика да нема вода па се зема Тејмун, значи делото е валидно, ама за Шехадетот нема изоставање на нити еден Шарт без еден не е валидно делото во овој случај Шехадетот.

-Второ: Кој ќе го каже Шехадетот и ќе ги употполни сите овие услови ќе влезе во Џеннет без никаква казна заа него!

И тука има една работа која треба да се нагласи е дека да оној кој ќе дојде со исправен Шехадет ќе влезе во Џеннет ама да не биде никако казнет ако има некое лошо дело тука тоа не може и никаде не спомнал така аллаховиот Пратеник салаллаху алејхи ве селлем, рекол „ Ќе влезе во Џеннет“ ама не рекол дека нема да биде казнат.

Трето: И кој и да го каже овој Шехадет но притоа не ги исполнува сите овие услови подполно, но ги има основните работи тогаш е возможно да биде казнет во Џехеннем, но можно е и да заврши во Џеннет!

Е ова е поврзано со првото а тоа ако нема некој од Шартовите тогаш Шехадетот не е исправен. Од тука почнува све, ако почетокот е промашен и останатите дела ќе се промашат и бидат за џабе, со прости зборови кажано.

Четврто: Но кој и да го каже Шехадетот, при тоа неисполнувајќи ги овие 7 услови, тогаш тој Шехадет нема да биде прифатен од него!

За овој цитат имам доем дека ако ги нема сите Шартови тек тогаш не е валиден Шехадетот, тотално погрешно рековме еден да фали делото не е исправно.

Петто:Битно е да муслиманите ги исполнуваат овие услови па макар и да не ги знаат напамет.

И ова е вистина да се напомене Муслиманот може дефиницијата за било кое дело да не ја знае, или поимено да не знае многу работи ама ако ги има при себе тие особини тогаш секое дело е исправно. Пример ако има знаење, убедување, искреност, да го прифаќа, да има вистинитост во тоа,да има љубов кон тоа, и да има покорност за Шехадетот, тогаш Шехадетот е исправен и никогаш да не знае да ги наброи овие седум Шартови.


И на крај по некоја Улема има и осум Шартови, Куфр во Тагут го ставаат како осми Шарт.

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот