Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Терор во Библијата EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Терор во Библијата EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Терор во Библијата EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Терор во Библијата EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Терор во Библијата EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Терор во Библијата EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Терор во Библијата EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Терор во Библијата EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Терор во Библијата EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Терор во Библијата EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Терор во Библијата EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Терор во Библијата EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Терор во Библијата EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Терор во Библијата EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Терор во Библијата EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 76 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 76 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 321 во Нед 09 Апр 2017, 12:13 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 
Haqq (253)
Терор во Библијата Vote_lcapТерор во Библијата Voting_barТерор во Библијата Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Терор во Библијата Empty Терор во Библијата Нед 05 Фед 2012, 3:00 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Терор во Библијата Images?q=tbn:ANd9GcQYRVuqfiAgUAmTj9pau02IIzd-qDsizDeECP4f4DGMBoGh7WgXQBg5wRAb

Во името на Аллах Милостивиот, Самилосен!


Христијаните често се наведуваат пасуси од Куранот за војна и велат дека исламот не е исправен, поради насилство кое наводно го промовира. Христијаните велат дека Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем, не може да биде пратеник, бидејчи се борил во војните и убивал луѓе; велат дека исус никогаш никого не го убил ниту пак го изневерил, дека невниот Бог е полн со љубов и не е убијец.

Дали се овие коментари точни? Едноставно одговорот е Не; во овој напис че наведеме неколку цитати од Библијата, кој содржат брутален терор, че цитирам од Стариот завет.

На Христијаните тоа не би требало да им преставува некој проблен, бидејчи се работи за ист Бог, затоа пак ако Бог ако во Стариот завет дозволува убиство, значи дека и Исус го дозволува убиството, бидејчи според христијаните Исус е Бог, истиот Бог како и во Стариот завет.


Второзаконие Поглавје 2 Стихови од 32 до 37:


32 Сион нè пресретна при Јаса.

33 Тој се нафрли и сиот негов народ. Но Господ, нашиот Бог, ни го предаде, така што ги поразивме него, неговите синови и сиот негов народ.

34 Тогаш ги освоивме сите негови градови и ги предадовме на проклетство сите негови градови со мажите, жените и децата, не штедејќи ништо,

35 освен добитокот, што го зедовме како плен, заедно со пленот од градовите што ги освоивме.

36 Од Ароир, што се наоѓа на брегот на потокот Арнон, и од градот што е во неговата долина, па до Галад немаше град што би ни се спротивил: Господ, нашиот Бог, ни ги предаде сите.

37 Единствено не се доближувавме кон земјата на Амонците, кон крајот покрај потокот Јавок, и кон градовите во подгорјето, како што одреди Господ, нашиот Бог.”


Второзаконие Поглавје 3 Стихови од 1 до 7:


1„Тогаш се свртивме и тргнавме кон Васан. Нè пресретна васанскиот цар Ог, со сиот свој народ, и ни наметна бој кај Едреи.

2 Тогаш Господ ми рече: ‘Не бој се од него! Па во твои раце ги предадов: него, сиот негов народ и неговата земја. Направи со нив како што направи со Сион, царот аморејски, кој живееше во Есевон.’

3 Така Господ, нашиот Бог, ни го предаде во наши раце и васанскиот цар Ог со целиот негов народ. Го поразивме, така што никој не остана жив.

4 Тогаш ги освоивме сите негови градови. Немаше град што не им го одзедовме - шеесет градови, поточно целата арговска покраина, Оговото Царство во Васан.

5 Сите оние градови беа утврдени со високи ѕидови, врати и лостови. Покрај нив имаше мошне многу и отворени селца.

6 Ги предадовме на проклетство - како што направивме и со Сион, есевонскиот цар - сотирајќи го секој град со мажите, жените и децата.

7 А сиот добиток и пленот ги задржавме за себе.


Второзаконие Поглавје 7 Стихови од 1 до 6:


1„Кога Господ, твојот Бог, те воведе во земјата во која одиш да ја земеш во наследство, и кога ќе истера пред тебе многу народи: Хетејците, Гергесејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците - седумте народи побројни и посилни од тебе -

2 па кога Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде и кога ти ќе ги поразиш, предај ги на проклетство; немој да склучуваш со нив сојуз ниту да им искажуваш милост.

3 Не земај жена од нив, не мажи ја својата ќерка за нивниот син, ниту жени го својот син за нивна ќерка;

4 зашто тоа би ги одвратило твоите синови од Мене; за да им служат на други богови; Господ би се разгневил против вас, и би те истребил бргу.

5 Туку, направете вака со нив: порушете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, откорнете ги нивните ашери, а изгорете ги нивните резани ликови.”

6 „Па ти си народ посветен на Господа, на својот Бог; Господ, твојот Бог, те избра тебе меѓу сите народи, кои се на земјата, за да му бидеш негов сопствен народ.


Второзаконие Поглавје 13 Стихови од 6 до 18:


6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,

7 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,

8 немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го,

9 но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.

10 Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.

11 Кога ќе го чуе тоа, целиот Израел ќе се наполни со страв, па веќе не ќе прави такво зло во твојата средина.”

12 „Ако во твојот град, што Господ, твојот Бог, ќе ти го даде да се населиш во него, чуеш како зборуваат:

13 ‘Се појавија лоши луѓе во твојата средина и ги заведоа жителите на својот град, кажувајќи: „Ајде да им служиме на други богови!” - што вие инаку не ги познавате’ -

14 тогаш добро истражи, распрашај се и темелно извиди. Ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во твојата средина,

15 тогаш исечи ги со остар меч жителите на тој град, предај ги на проклетство него и сите што се во него и неговиот добиток.

16 Потоа собери го сиот плен среде плоштадот па изгори го градот со сиот плен како паленица за Господа, својот Бог. Нека остане засекогаш урнатина, и веќе никогаш нека не се соѕидува.

17 Од она што беше предадено на проклетство нека ништо не се прилепи за твојата рака, за да се откаже Господ од жестокоста на Својот гнев; за да ти искаже милосрдие, да ти се смилува и да те размножи, како што им се заколна на твоите татковци,

18 ако ти го слушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги сите Негови заповеди, што ти ги наредувам денес, и вршејќи што е право во очите на Господа, твојот Бог.”

19 ако го слушнеш гласот на Јахве, Богот свој, држете се за неговите заповеди кои денес ти ги наредувам и прави она што е право во очите на Јахве, Богот твој.

Уште еднаш гледаме нетолеранција на Христијанскиот Бог, во овие ситхови Бог вели дека секој кој обожава други богови, било каде и да се наоѓа, треба да биде убијен. Дури ако си на Антартикот и обожаваш некое паганско божество, треба да бидеш убијен.

Како што стихови велат, до крај на световите, значи по зелиот свет, значи нема толеранција во неговата религија. Бог (Исус , според Христијаните) им наредува на своите следбеници на ги каменуваат на оние кои не веруваат во него, и да ги убијат, и и да го уништи градот со меч и да го запали, нигогаш повторно за да не го издрадаат.

Завршниот стих на Стариот завед е интересен, Бог им вели на своите следбеници да се придржаваат на неговите наредби, што значи и ова – да ги убијат на оние кои не веруваат во него, значи нема верска толеранција. Ова правило важи и денес, бидејчи Нивниот Бог вели:

ржете се за неговите заповеди кои денес ти ги наредувам и прави она што е право во очите на Јахве, Богот твој.

Дали Бог го променил мислењето? Бог во Стариот завет не го немува мислењето:

Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае, зар Тој кога ќе рече, и не ќе направи? Зар ветува, па не исполнува? (Броеви поглавје 23 стих 19)

Сепак Силниот Израелев Светец не лаже и не се кае, зашто не е човек за да се кае. (Самоил 1 Поглавје 15 стих 29)

Значи, ако христијанскиот Бог не го менува мислењето, ова правило важи и за денес, па Христијани сеуште ви е наредено да не убивате!


Второзаконие Поглавје 21 Стихови од 18 до 22:


18 „Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката - па ни тогаш откако ќе го казнат -

19 неговиот татко и неговата мајка нека го одведат при старешините на својот град, при вратата на своето место,

20 и нека им речат на градските старешини: ‘Овој наш син е опак и непокорен; не сака да нè слуша; ништожник е и пијаница.’

21 Потоа сите луѓе, неговите сограѓани, нека го опсипат со камења додека не загине. Така ќе го откорнеш злото од својата средина: сиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се бои.”

22 „Ако некој направи зло што заслужува смрт, па биде погубен со бесење на дрво,


Второзаконие Поглавје 22 Стихови од 25 до 29:


25 Ако маж наиде во полето на свршена девојка и легне насила со неа, тогаш нека биде погубен само тој што легнал со неа;

26 а на девојката не и прави ништо: нема на неа вина со која би заслужувала смрт. Зашто тоа е како кога некој ќе се нафрли врз својот ближен и ќе го убие.

27 Тој ја затекна во полето; и ако свршената девојка викаше, немало никој да и прискокне на помош.

28 Ако маж наиде на млада девица, која не е верена, па ја грабне и легне со неа, та биде фатен на дело,

29 тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.


Второзаконие Поглавје 23 Стихови од 2 до 5:


2 Ни вонбрачно родениот нека не биде примен во Господовото собрание; нека не бидат примани ни неговите во Господовото собрание ни до десеттото колено.

3 Во Господовото собрание нека не влегува ни Амонец ни Моавец; никој од нивните, па ни во десеттото поколение, не смее никогаш да влегува во Господовото собрание.

4 А сè заради тоа што не излегоа пред вас со леб и вода кога бевте на пат, откако излеговте од Египет; и затоа што за пари го најмија Веоровиот син, Валаам од Фегор во Арам Нахараим, за да те проколне.

5 Ама Господ, твојот Бог, не сакаше да го послуша Валаама, туку Господ, твојот Бог, го претвори проклетството во благослов, зашто Господ, твојот Бог те љуби.


Второзаконие Поглавје 25 Стихови до 1 до 3:


1„Кога ќе стане караница меѓу луѓето, и дојдат на суд за да им се суди, нека му се даде правото на оној кој е прав, а виновникот нека биде осуден.

2 Ако кривецот заслужува да биде бичуван, судијата нека му нареди да легне, и тука пред него нека му избројат онолку удари колку му следуваат според неговата вина.

3 Можат да му се одредат до четириесет удари, но не повеќе, за да не биде преголемо синилото, па да не се понижи пред тебе твојот брат, кога би му удриле повеќе удари.


Второзаконие Поглавје 28 Стихови од 15 до 68:


15 „Но ако не го слушаш гласот на Господа, својот Бог, не пазејќи и не извршувајќи ги Неговите заповеди и сите Негови закони што ти ги наредувам денес, сите овие проклетства ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат:

16 Проклет ќе бидеш во градот, проклет во полето.

17 Проклет ќе биде твојот кош, и твоите ноќви.

18 Проклет ќе биде плодот на твојата утроба и родот на твојата земја, младите на твоите говеда и прирастот на твоите стада.

19 Проклет ќе бидеш кога ќе влегуваш, проклет кога ќе излегуваш.

20 Господ ќе пушта на тебе проклетство, забуна и клетва во сè кон што ќе ја испружиш својата рака за да направиш, сè додека не бидеш сотрен и не пропаднеш брзо заради злото на своите дела, со кои Ме напушти.

21 Господ ќе го испрати поморот врз тебе додека те снема од земјата во која одиш, за да ја завладееш.

22 Господ ќе те удри со истоштеност, со треска, со воспаление, со жега и со суша, со сувиот ветер и со гламница; тоа ќе те гони додека те снема.

23 Небесата над твојата глава ќе станат бронза, а почвата под твоите нозе ќе стане железна.

24 Место дожд, Господ ќе и даде на твојата земја пепел, и од небото ќе паѓа прав, ќе паѓа на тебе додека не бидеш истребен.

25 Господ ќе те направи да бидеш поразен пред твоите непријатели; по еден пат ќе излегуваш против нив, а по седум патишта ќе бегаш пред нив. Ќе станеш страшило за сите земни царства.

26 И твоето мртво тело ќе им стане храна на сите небесни птици и на сите земни ѕверови. Не ќе има никој за да ги плаши.

27 Господ ќе те удри со египетски приштови, со чиреви, со красти и со јадеж, од кои не ќе можеш да се исцелиш.

28 Господ ќе те удри со беснило, со слепота и со лудило;

29 на сред бел ден ќе талкаш како што талка слепиот во мрак; не ќе имаш успеси во своите потфати; во сето време ќе бидеш притискан и ограбуван, а не ќе има никој за да те спаси.

30 Ќе се ожениш за жена, но друг ќе ја има. Ќе изградиш куќа, но не ќе живееш во неа. Ќе засадуваш лозје, но нема да го береш.

31 Ќе го заколат твојот вол пред твои очи, но ти нема да јадеш од него; ќе ти го одземат твоето осле пред тебе, но нема да ти го вратат; ќе му го предаваат твоето стадо на твоите непријатели, а не ќе има никој за да ти дојде напомош.

32 Твоите синови и твоите ќерки ќе му бидат предавани на друг народ. Твоите очи ќе солзат секој ден, но твојата рака не ќе може ништо.

33 Народ, што ти не го познаваш, ќе го јаде плодот на твојата земја и сета твоја мака, додека ти ќе бидеш, во сето време, притискуван и газен.

34 Ќе полудиш од глетките што ќе ти гледаат твоите очи.

35 Господ ќе те удри со лути приштови, по колениците и по бедрата - од стапалата на твоите нозе до темето на твојата глава - од кои не ќе можеш да се излекуваш.

36 Господ ќе ве одведе и тебе и твојот цар, кого ќе го поставиш над себе си, меѓу народ непознат и тебе и на твоите очи, па таму ќе им служиш на други богови, дрвени и камени.

37 Ќе им бидеш за чудење, за пословица и за потсмев на сите народи, меѓу кои ќе те одведе Господ.

38 Многу семе ќе фрлаш во полето, ама малку ќе жнееш, зашто родот ќе го оголат скакулците.

39 Ќе посадиш лозје и ќе го обработуваш, но вино нема да пиеш ниту ќе собереш нешто, зашто црв ќе ги јаде.

40 Ќе имаш маслинки на целото свое подрачје, но нема да се намачкаш со масло, зашто маслинките ќе ти паѓаат.

41 Ќе раѓаш синови и ќерки, но нема да бидат твои, зашто ќе одат во ропство.

42 Сите твои дрва и родот на твојата земја ќе станат плен на бубачките.

43 Придојденикот, кој ќе биде во твоја средина, ќе се воздигне над тебе, а ти ќе паѓаш сè пониско и пониско.

44 Тој ќе ти дава на заем, а не ти нему; тој ќе биде глава а ти опашка.

45 Сите овие проклетства ќе те снајдат, ќе те гонат и ќе те достигнат додека не те уништат, зашто не го слушаше гласот на Господа, својот Бог, ниту ги пазеше Неговите заповеди и закони, што ти ги даде.

46 Тие ќе ви служат за чудесен знак тебе, и на твоето потомство засекогаш.

47 Бидејчи не сакаше да му служиш на Бога, својот Бог, со весело и радосно срце заради изобилството на сè

48 ќе му служиш на својот непријател, кого Господ ќе го испрати против тебе, во глад, во жед, во голота и во секаква скудност. На твојот врат ќе навали јарем од железо, така што ќе те измачува!

49 Господ ќе доведе од далечина, од крајот на земјата, против тебе народ, што ќе слета како орел. Тоа ќе биде народ чиј јазик не ќе го разбираш;

50 бездушен народ, кој не ќе пројавува обѕир кон старите ниту ќе се смилува кон младите.

51 Тој ќе ти ги јаде: младите од твојот добиток и плодот на твојата земја додека не те уништи; не ќе ти остава ни жито, ни вино, ни масло, ни теле од крава, ни прираст од стадата, додека не те упропасти.

52 Ќе те опсадува во сите твои градови ширум низ земјата додека не ги разурне високите и утврдените ѕидови на кои што си се надевал; ќе те опсадат во сите твои градови ширум низ земјата, што ти ја даде Господ, твојот Бог.

53 Во притеснувањето и во јадот, со кои ќе те притисне твојот непријател, ќе го јадеш плодот на твојата утроба - месото на своите синови и своите ќерки, што ќе ти ги даде Господ, твојот Бог.

54 Човекот, најнежниот и најмекиот сред тебе, ќе гледа со злобно око на својот брат, на жената во својата прегратка и на своите деца што му останаа,

55 не сакајќи ниту со еден од нив да го дели месото на своите синови, што ќе го јаде, зашто заради притеснувањето и јадот, со кои твојот непријател, ќе те притиска по сите твои градови, друго не ќе му останува.

56 И жената, најнежна и најмека што ќе биде сред тебе - толку нежна и воздржана што не се осмелува да ги спушти стапалата на земја - ќе гледа со злобно око на мажот во својата прегратка, и на својот син, и на својата ќерка,

57 и на својата постелка што ќе и излезе меѓу нозете, и на децата што ќе треба да ги роди, зашто ќе ги изеде скришно, скудна во сè, заради неволјата и јадот со кои ќе те притисне твојот непријател по сите твои градови.

58 Ако не ги пазиш и не ги вршиш зборовите на овој Закон, што се напишани во оваа книга, не почитувајќи го ова славно и страшно Име - Господа, својот Бог -

59 Господ ќе ве шибне тешко, тебе и твоето потомство, со големи и долготрајни бичеви, со погубувачки и долги болести.

60 Ќе ги пушти на тебе сите египетски зла, од кои се плашеше, и тие ќе се прилепат до тебе.

61 А и секоја друга болест и бич, кои не се наведени во книжниот свиток на овој Закон, Господ ќе ги пушта на тебе додека не те уништи.

62 Ќе останете само малку од вас што бевте многубројни како небеските ѕвезди, а сè заради тоа што не го слушаше гласот на Господа, својот Бог.

63 Како што се радуваше Господ со вас, правејќи ве среќни и множејќи ве, така Господ ќе се радува да ве истреби и погуби, за да се откорнете од земјата во која одите, за да ја земете во сопственост.

64 Господ ќе ве расфрли по сите народи, од крајот до крајот на земјата; таму ќе им служиш на други богови: дрвени и камени - кои ви беа непознати и тебе и на твоите татковци.

65 Но нема да имаш мир меѓу тие народи; ниту твоите стапала ќе имаат почивалиште, туку таму Господ ќе ти даде возбудено срце, пропаднати очи, изнемоштена душа.

66 Твојот живот ќе виси на нишка; ќе се боиш и дење и ноќе, и не ќе бидеш безбеден за својот живот.

67 Од стравот, што ќе ти го стега срцето, и од глетката што ќе ја гледаат твоите очи, наутро ќе зборуваш: ‘Ох да е веќе вечер!’ а навечер ќе зборуваш: ‘Ох да е веќе утро!’

68 Господ ќе те одведе со кораби, назад во Египет, по патот за кој ти реков дека не смееш веќе да го видиш. Таму вие самите ќе им се продавате на вашите непријатели за робови и робинки, но не ќе има купувачи.”

Причината за ова што го спомнувам е затоа што христијан, по име Кег Вин тврди дека исламот не е мирољубила вера, бидејчи Аллах , субаханеху ве те ала, не предупредува да се казни оној кој не го следи , итн. Сега бидејчи христијаните веруваат во тоа тврдење, и ги користат нивните сопствени критериуми, стиховите кои ги спомнав покажуваат дека нивниот Бог е насилен и дека не е мирољувив, затоа што, како што можеме да погледниме, тој го казнува на оној кој не го следи, на многу лош начин.

Змачи, Христијаните не би требало фрлаат камења ако живеете во стаклена куќа – а живееат во стаклена куќа. Се прашувам што би кажал Крег Вин за овие стихови, мислам, тој верува во овој Бог кој го предупредува на ваква казна; па ако на Христијаните им претставува проблем Аллах субаханеху ве те ала, дека ги казнува лужето, зошто тогаш не им претставува проблем кога нивниот Бог вели да се казнат луѓето?

Христијаните сега мораат да признаат дека нивниот Бог е насилен и дека не е мирољубив, бидејчи велат дека Аллах не може да биде Бог, поради Својот грен и казнување; ако христијаните тоа не го признаваат, не можат повече да даваат аргументи против исламот, ако продолжат да го користат овој смешен аргумент против исламот, тогаш мораат да ја напуштат својата религија. Сека се во тешка дилема, да го напаѓаат исламот и да го напуштат христијанството или да го напаѓаат исламот па зтоа немаат стретсва за да го напаѓаат исламот.


За да им биде појасно на читатаелите, едноставно че наведам што Христијанскиот Бог прави за казнување на оние кои не го следат:



1. Бог че нареди да се погубат неговите луѓе и да се масакрираат, па тие ќе се разбегуваат во сите правци.

2. Луѓето че добиваат деца, но не че можат со нив да уживаат, поради тоа што ќе биде испратен во ропство.

3. Децата че им бидат дадени на други луѓе и родителите че посакаат да ги вратат , но не че можат.

4. Канибализам, да, канибализам! 53 во вознемиреноста и во јадот, во кој твојот непријател че те притисне, ќе јадете од плодот на нејзината утроба- месото од своите синови и од ќерките свои кој ти дадте , Јахве Богот Твој.

5. Бог на луѓето че им испрати болест.

6. Че се женат, но нивните жени че спијат со други мажи.


Ова се некои од казните кои Бог во Библијата че им ги испрати насвоите луѓе ако не го следат.



Извор: [You must be registered and logged in to see this link.]


Обработка и Прведот: Ahlu-Sunnah

2Терор во Библијата Empty Re: Терор во Библијата Нед 05 Фед 2012, 7:57 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Терор во Библијата 820124

2 Дел Терор во Библијата




Броеви Поглавје 31 Стихови од 7 до 12:




7 Тие завојуваа против Мадијанците, како што Господ му заповеда на Мојсеја, и ги погубија сите машки.

8 Меѓу другите ги погубија и мадијанските цареви: Евиј, Реком, Сур, Ур и Рева - пет мадијански цареви! Со меч го погубија и Валаама, Веоровиот син.

9 Тогаш Израелевите синови ги одведоа во плен: мадијанските жени со нивните деца и сиот нивни добиток, крупниот и ситниот, и го запленија сето нивно богатство.

10 Со оган ги изгореа сите нивни градови во кои живееја и сите нивни населби,

11 а сè нивно зедоа во плен и грабеж: и луѓе и животни.

12 Тогаш, во логорот во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон, ги доведоа при Мојсеја, при свештеникот Елеазар и при целото Израелско општество: заробените, пленот и ограбеното.

Се прашувам што че кажат за ова христијаните? Користење на нивните сопствени критериуми против нив, нивниот Бог изгледа како насилен Бог. Па уште еднаш, христијаните не треба да фрлаат ако живееат во стаклена куќа.




Броеви Поглавје 31 Стихови 17 до 18:





17 Затоа убијте ги сите машки деца! А убијте ја и секоја жена, која запознала маж!

18 А оставете ги живи за себе сите девојки, кои не запознале машко.

Исус навин Поглавје 2 Стихови од 8 до 21:

8 Додека тие горе уште не беа заспани, Рава се качи кај нив на покривот

9 и им рече: „Знам дека Господ ви ја даде оваа земја, зашто сите нас нè фати страв од вас, и сите жители на овој крај се плашат од вас.

10 Зашто чувме како Господ го исуши Црвеното Море пред вас, кога излеговте од Египет, и за она што им направивте на двата аморејски цара од другата страна на Јордан, на Сион и Ог, што ги погубивте.

11 Кога го чувме сè тоа, ни застана срцето, и никој да собере сила за да ви се спротиви, зашто Господ, вашиот Бог - Тој е Бог горе на небесата и долу на земјата.

12 Заколнете ми се, имено, во Господа дека и вие ќе му направите милост на домот на мојот татко, како што и јас ви направив милост вам, и дајте ми веродостоен знак

13 дека ќе ги оставите во живот мојот татко и мојата мајка, моите браќа и моите сестри, и сè нивно, и дека ќе нè избавите од смртта.”

14 Луѓето и одговорија: „Со своите животи емчиме за вас, само ако не нè предадете. Кога Господ ќе ни ја даде земјата, ќе ти искажеме милост и верност.”

15 Потоа Рава ги спушти по јаже низ прозорецот, зашто куќата и беше покрај градскиот ѕид, и таа живееше до ѕидот.

16 Уште им рече: „Тргнете кон гората, за да не ве најде потерата, и кријте се таму три дена додека не се вратат потерците, а тогаш одете си по својот пат.”

17 Луѓето и одговорија: „Еве, вака ќе бидеме слободни од твојата заклетва со која нè заколна:

18 кога ќе влеземе во земјата, послужи се со овој знак: врзи ја оваа црвена врвца за прозорецот, низ кој нè спушташ, и собери ги при себе, во куќата, својот татко и својата мајка, и своите браќа, и сите свои роднини.

19 Секој од вас кој ќе стапи надвор, преку прагот на твојата куќа, неговата крв на негова глава: вината не ќе биде на нас - сам е виновник за својата смрт; а кој ќе остане со тебе во куќата, неговата крв нека падне на нашите глави - ние ќе бидеме виновни ако некој го допре со рака.

20 Ако пак ја предадеш оваа наша работа, ќе бидеме слободни од заклетвата со која што нè заколна.”

21 А таа одговори: „Нека биде како што рековте!” Тогаш ги пушти, и тие си отидоа, а таа ја заврза за прозорецот црвената врвца.




Исус навин Поглавје 8 Стихови од 1 до 29:




1Тогаш Господ му рече на Исуса: „Не бој се и не се плаши! Земи ги со себе сите воини, стани и нафрли се врз Гај. Ете, ти ги предавам во рацете гајскиот цар, неговиот народ, градот и неговата земја.

2 Направи со Гај и со неговиот цар како што направи со Ерихон и со неговиот цар; ама ви е слободно да го приграбите пленот од него и неговиот добиток. Постави му на градот заседа од зад грб.”

3 Се подготви Исус да нападне на Гај и сите воини со него. Избра триесет илјади јунаци и ги испрати ноќе;

4 им даде заповед: „Внимавајте! Ќе отидете во заседа на градот од зад грб, ама да не бидете предалеку од градот, и бидете сите подготвени.

5 А јас и сиот народ, кој ме придружува, ќе му се доближиме на градот; и кога луѓето од Гај ќе излезат пред нас, ние ќе избегаме, како и порано, пред нив.

6 Тие ќе тргнат по нас додека не ги одведеме од градот, зашто ќе мислат: ‘Бегаат пред нас како и порано.’ И така ние ќе избегаме пред нив.

7 Тогаш излезете од заседата и заземете го градот: Господ, нашиот Бог, ќе ви го предаде во рацете.

8 Штом ќе го освоите градот, изгорете го со оган. Направете го тоа според Господовата заповед. Внимавајте, тоа ви го заповедав.”

9 Исус ги испрати, и тие отидоа во заседа па се сместија меѓу Ветил и Гај, западно од градот. А Исус ја помина ноќта меѓу народот.

10 Рано наутро Исус го преброи народот и тргна со Израелевите старешини пред народот против Гај.

11 Сите војници тргнаа со него, и кога му се приближија на градот, се влогорија северно од Гај, така што меѓу нив и местото беше рамница.

12 Исус зеде околу пет илјади луѓе и постави заседа меѓу Ветил и Гај, од западната страна на градот.

13 А народот се смести во логорот, што беше северно од градот, додека неговата заштитница беше западно од градот. Исус пак ја помина ноќта среде долината.

14 Кога сè тоа го виде гајскиот цар, побрза па излезе тој и сиот негов народ низ надолништето спроти Араба, во бој против Израел. А не претчувствуваа ни дека е наместена заседа зад градот.

15 Тогаш Исус и сиот Израел почнаа да бегаат како да ги победија. И бегаа по патот кон пустината.

16 На тоа Гајците ги повикаа сите од градот и тргнаа во потера по нив, и гонејќи го Исуса се оддалечија од градот.

17 И не остана никој во Гај и Ветил што не тргнал по Израелците. Го оставија градот отворен и ги гонеа Израелците.

18 Тогаш Господ му рече на Исуса: „Замавни со копјето, што ти е во раката, кон Гај: ти го предавам во рацете.” И Исус го подигна копјето што му беше во раката, и замавна кон градот.

19 И тукушто ја крена раката, луѓето од заседата се кренаа и се растрчаа кон градот, го освоија и веднаш го запалија со оган.

20 Кога оние од Гај се обѕрнаа, имаа што да видат: дим се дигаше од градот кон небото. И никој од нив немаше каде да избега ни таму ни ваму. Тогаш народот што бегаше кон пустината се сврте кон гонителите.

21 Откако Исус и сиот Израел видоа дека заседата го зазеде градот и дека се крева чад од градот, се вратија и удрија на луѓето од Гај.

22 Нивните им излегоа во пресрет од градот, и така оние од Гај се најдоа среде Израелците, опколени и од едната и од другата страна: беа погубени така што ниеден не остана жив, ниту избега.

23 А гајскиот цар го фатија жив и го доведоа при Исуса.

24 Кога Израелците ги погубија сите жители на Гај на отворено поле, и во пустината, кон каде ги гонеа, и кога сите паднаа од меч, Израелците се вратија во Гај и сосекоа со меч сè што беше во него.

25 Беа дванаесет илјади оние кои изгинаа тој ден, мажи и жени - сиот Гај.

26 Исус не ја спушти раката со која замавна со копјето, сè додека не беа погубени сите жители на Гај.

27 Само добитокот и пленот од оној град Израелците ги поделија меѓу себе, како што Господ му нареди на Исуса.

28 Исус го опожари Гај и го направи урнатина засекогаш, пусто место до денес.

29 Го обеси гајскиот цар на дрво до вечерта. При зајдисонце Исус нареди да го симнат трупот од дрвото, го фрлија пред градската врата и нафрлија врз него голем куп камења, што стои и денес.


Уште една битка, уште еден масакар на жените и децата.




Исус навин Поглавје 10 Стихови од 28 до 43:


28 Во истиот ден Исус го зазеде Макид: удри на градот со острилото на мечот и го погуби неговиот цар, и сè живо во градот му го предаде на клетото уништување, не оставајќи никого да избега. И направи со макидскиот цар како што направи со ерихонскиот цар.

29 Потоа отиде Исус и сиот Израел од Макид во Ливна и удри на неа.

30 Господ и неа и нејзиниот цар ги предаде во рацете на Израел, кој со острилото на мечот истреби сè живо во неа; не поштеди никого, а со царот на Ливна направи како и со ерихонскиот цар.

31 Потоа отиде Исус и сите Израелци од Ливна во Лахис, го опсади и го нападна.

32 Господ го предаде Лахис во рацете на Израелците, кои го освоија утреден: истепаа со острилото на мечот сè живо во него, онака како што сторија со Ливна.

33 Тогаш стана Орам, гезерскиот цар, за да му помогне на Лахис, ама Исус го порази него и неговиот народ, така што никој не преживеа.

34 Потоа Исус тргна со сите Израелци од Лахис против Еглон. Го опсадија градот и го нападнаа.

35 Го освоија уште на истиот ден и погубија сè со острилото на мечот. Сè живо предадоа на проклетото уништување, како што направија со Лахис.

36 Тогаш Исус со сиот Израел тргна од Еглон против Хеврон и го нападна.

37 Го освоија и погубија сè со острилото на мечот: царот и жителите во сите места што му припаѓаа, не штедејќи никого. Направи со него како со Еглон. Градот со сите свои жители му беше врачен на клетото уништување.

38 Најпосле Исус тргна, и сиот Израел со него, против Давир, и го нападнаа.

39 Го освоија и го разурнаа; ги истепаа со острилото на мечот неговиот цар и жителите на околните места. Сето негово население му го врачија на проклетото уништување. Не поштедија никого. И Исус направи со Давир и со неговиот цар како што направи со Хеврон и со неговиот цар, со Ливна и со неговиот цар.

40 Така Исус го зазеде сиот оној крај: Горјето и Негев, Шафел и Височините - и сите нивни цареви. Не остави преживеани, туку му предаде на клето уништување сè што дишеше, како што заповеда Господ, Израелевиот Бог.

41 И ги погуби Исус сите од Кадис Варниј до Газа, и сиот крај Госен до Гаваон.

42 Исус ги зазеде одеднаш сите тамошни цареви и нивните земји, зашто Господ, Израелевиот Бог, се бореше за Израел.

43 Најпосле Исус и сиот Израел се вратија во логорот во Галгал.




Судии Поглавје 1 Стихови од 21 до 36:





21 А Венијаминовите синови не успеаја да ги изгонат Евусејците, кои живееја во Ерусалим, и така Евусејците останаа во Ерусалим со Венијаминовите синови до денешен ден.

22 И Јосифовото племе тргна против Ветил, и Господ беше со нив.

23 И Јосифовото племе почна да го согледува Ветил. Градот беше викан некогаш Луз.

24 Согледувачите забележија човек како излегува од градот и му рекоа: „Покажи ни го влезот во градот, па ќе ти бидеме милостиви.”

25 Тој им го покажа влезот во градот. И исекоа сè со меч во градот, а оној човек го пуштија да си отиде со сето негово семејство.

26 Човекот отиде во земјата на Хетејците, и таму изгради град и го нарече Луз. Така се вика уште и денес.

27 Манасиј не ги освои Вет-Сан и неговите села, ни Тахана и нејзините села. Не ги изгони ни жителите од Дора и од неговите села, ни жителите на Ивлеам и на неговите села, ни жителите на Мегида и на нејзините села. Така Ханаанците останаа и живееја во земјата.

28 Кога Израел зајакна, им наметна данок на Ханаанците, но не можеше да ги истера.

29 Ни Ефрем не ги истера Ханаанците, кои живееја во Гезер, така што тие Ханаанци живееја тука меѓу нив.

30 Завулон не ги истера жителите на Китрон ни жителите на Налол. Така Ханаанците останаа среде Завулоновите синови, но им беше наметнат данок.

31 Ни Асир не ги изгони жителите на Акон, ни жителите на Сидон, ни оние од Алав, ни од Ахазив, ни од Халва, ни од Афика, ни од Реова.

32 Така Асирците останаа меѓу Ханаанците, жителите на таа земја, зашто не ги истераа.

33 И Нефталим не ги изгони жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат, туку живееше меѓу Ханаанците кои ја населуваа таа земја, ама им наметнаа данок на жителите на Вет-Семес и на Вет-Анат.

34 Аморејците ги истиснаа Дановите синови во гората, и не ги пуштаа да слезат во рамницата.

35 Аморејците се задржаа во гората Ерес, во Ајалон и во Салвим, но кога зајакна раката на Јосифовиот дом, им беше наметнат данок.

36 Подрачјето на Едомците се простира од Акравимското Нагорниште, до Стената и нагоре.


Софонија Поглавје 2 Стихови од 12 до 15:



12„И вие, Етиопци: вие ќе бидете погубени со Мојот меч.”

13Потоа ќе ја подигне Својата рака против Север и ќе ја разруши Асирската Земја, од Нинивија ќе направи урнатини, суво место како пустина.

14Среде неа ќе лежат: стадото, и секакви ѕверови на народите: чапли и ежови ќе почиваат ноќе на главчињата на столбовите, гласот нивни ќе ѕвечи на прозорците, и ќе оголи сè што е од кедрова направа.

15Тоа ли е веселиот град, што живееше во мир, кој зборуваше во своето срце: „Јас и единствено јас!” Гледај, стана урнатина, ѕверско дувло! Сите, кои поминуваат покрај него, свират со устата и мавтаат со рацете.



Левит Поглавје 21 Стих 9:



9.Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган.’

Интересно.


Самоил 1 Поглавје 6 Стихови од 19 до 20:


19 И Тој ги удри жителите на Вет Семес бидејќи погледнаа во Господовиот Ковчег. Затоа Господ порази педесет илјади и седумдесет луѓе меѓу нив. Народот тагуваше заради тоа што Господ ги порази со големо истребување.

20 Тогаш луѓето во Вет Семес рекоа: „Кој би можел да опстои пред Господа, пред Овој Свет Бог? Кому ќе Му отиде сега од нас?”



Цареви 1 Поглавје 20 Стихови од 35 до 36:



35 Еден од пророчките синови му рече, по Господова заповед, на својот другар: „Удри ме!” Ама човекот не сакаше да го удри.

36 Тогаш оној му рече: „Бидејќи не го слушаше Господовиот глас, еве, кога ќе си отидеш од мене, лав ќе те раскине.” Тукушто се оддалечи од него, сретна лав, кој го раскина.


Што?



Езекиел Поглавје 9 Стихови од 5 до 7:


5 А на другите им рече пред моите уши: „Тргнете по него низ градот и убивајте без милосрдие. Вашите очи нека не се сожалат и немајте милост.

6 Погубете ги старците, младинците, девојките децата и жените; истребете ги сите до последниот. Но, врз кого ќе биде знакот ‘тау’ него не го зафаќајте. Почнете од Моето светилиште!” И тие почнаа од старешините, кои што стоеја пред Домот.

7 И им рече: „Обесветете го Мојот Дом и наполнете му го дворот со трупови! Тргнете!” И тие излегоа та почнаа да убиваат низ градот.


Уште еден масакар.


Ерманија Поглавје 51 Стихови од 20 до 26:



20„Ти ми беше млат, воено оружје. Со тебе ги поразив народите, со тебе ги разорував царствата.

21Со тебе ги удрив коњот и коњаникот, со тебе ги удрив бојната кола и возачот.

22Со тебе ги удрив мажот и жената, со тебе ги удрив старецот и детето. Со тебе ги удрив младецот и девицата, со тебе ги удрив пастирот и стадото.

23Со тебе ги поразив земјоделецот и неговата запрега, со тебе ги удрив намесниците и управителите.

24Ама сега му плаќам на Вавилон пред вашите очи и на сите Халдејци за сето зло што му го направија на Сион - говори Господ.

25Еве Ме врз тебе, Горо разурнувачка - говори Господ - разурнувачко на целиот свет! Ќе замавнам со раката против тебе, ќе те симнам од стрмната карпа, ќе те претворам во изгорена гора.

26Од тебе веќе нема да делкаат аголен камен ни камен основник, ќе бидеш вечна пустина” - говори Господ.


Уште еден масакар, истата приказна.




Исаија поглавје 13 Стихови од 15 до 18:





15.Кого ќе го стигнат, ќе го пронижат, кого ќе го фатат, ќе го исечат со меч;

16пред нивните очи ќе ги смачкаат нивните младенци, ќе им ги ограбат куќите, ќе им ги изнасилат жените.

17Ете, ги кревам Мидијците против нив, кои не го ценат среброто и што го презираат златото.

18Сите момчиња ќе бидат покосени, сите девојки сотрени, не ќе му се смилуваат на плодот на утробата, не ќе им се сожали окото на децата.


Се чини да се станува полошо и полошо




Цареви 1 Поглавје 13 Стихови 1:




1А некој Божји човек дојде со Божјото слово од Јудеја во Ветил кога Јеровоам стоеше пред жртвеникот за да кади.

2 И по Божја заповед оној извика кон жртвеникот: „Жртвенику, жртвенику! Господ вели вака: ‘Еве ќе се роди во Давидовиот дом син по име Јосиј. Тој ќе ги жртвува на тебе свештениците на високите места, тие кои што кадат врз тебе, и тој ќе гори човечки коски врз тебе!’”


Навистина жално.





Излез Поглавје 21 Стихови од 20 до 21:




20 Ако некој го удри со стап својот роб или својата робинка па умре под неговата рака, треба да ја поднесе одмаздата.

21 Но ако робот преживее ден-два, нека не се спроведува одмаздата, зашто робот е негова сопственост.


Извор: [You must be registered and logged in to see this link.]_


Обработка: Ahlu-Sunnah

3Терор во Библијата Empty Re: Терор во Библијата Нед 05 Фед 2012, 9:48 pm

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
Ислам Нур, може ли да се смени насловот на темава?
Бидејќи иако знаеме дека Инџилот и Тевратот, односно Стариот Завет и Новиот Завет, се искривени од страна на Крстќанските свештеници, сепак се наоѓаат и дел од објавата на која им е објавена на Муса а.с. и Иса а.с., така да ние не смееме да бидеме од оние кои чинат неправда и да не би занегирале нешто што е Хакк, а ние не знаеме што е ориганал а што е изменато.


Знаеме одна од основите на Иманот е верување во Аллаховите Китаби!


Види кој наслов би прилегал на оваа тема, можеби некој би помислил дека во библијата се повикува во ТЕРОР или обратно дека во Куранот се повикува во ТЕРОР!
Да не би ја отвориле вратата на дискусија од таа страна, и да не му дозволиме на шејтанот, нека е Аллахо проклетство на него, да отвори врата на сплеткарење!!


Се надевам дека ме сваќате!!!

4Терор во Библијата Empty Re: Терор во Библијата Пон 06 Фед 2012, 12:43 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Келиметул-Хакк напиша:Ислам Нур,

Знаеме одна од основите на Иманот е верување во Аллаховите Китаби!


Види кој наслов би прилегал на оваа тема, можеби некој би помислил дека во библијата се повикува во ТЕРОР или обратно дека во Куранот се повикува во ТЕРОР!
Да не би ја отвориле вратата на дискусија од таа страна, и да не му дозволиме на шејтанот, нека е Аллахо проклетство на него, да отвори врата на сплеткарење!!


Се надевам дека ме сваќате!!!

Терор во Библијата 820124

Види ја разбирам твојата загриженот, очигледно не си ја прочитал темата прочитај ја че сватиш тоа се Библиски цитати не ги измислив јас па да изнесува лаги и пропаганди , но фак е дека Бибијата повикува на убиство а тоа е докажано во оваа тема секој оној кој не че поверува Библијата и не поверува во нивниот Бог им наредува да се убијат таквите луѓе, Огромна е разликата помеѓу куранот и Билијата Куранот строго го забранува ова а додека Библијата еве на кратко што вели:



6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,

7 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,

8 немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го,

9 но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.

10 Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.

а додека куранот :

Аллах џ.ш. бара да се почитува сечие право и тоа

Што се работи чесно да се сработи и на блиските да


им се доделува, а расипаноста и насилството и се

Што е одвратно забранува, пораката да ја примате

Тој ве советува.

(Кур,ан: 16 ;90)


О, верници,должностите кон Аллах извршувајте гии правилно сведочите! Нека мрзењето што го носите кон некои луѓе никако не ве наведе да бидете неправедни! Бидете праведни, тоа е најблиску до честитоста. И плашете се од Аллах, бидејЌи Аллах добро знае она што го правите.

(Куран 5- Cool-Cool

Ел маиде:32 (трпеза)



оној кој ќе убие еден човек, како да ги убил сите луѓе, а оној кон ќе спаси еден човек, како да ги спасил сите луѓе.


Ен ниса:29-30 (жени)


И едни со други не убивајте се.

А на оној што ќе го направи тоа насилно и неправедно ние ќе го фрлиме во огнот. Ете, тоа за Аллах е многу лесно!



Ел исра:33 (патување ноќе)

И не убивајте никого за кого Аллах забрани, бесправно! А во однос на оној кој е убиен, ни крив ни должен, на заштитникот негов му дадовме власт, но нека не претерува во убивањето. Тој, секако е потпомогнат!

Пред Аллах (единиот бог) да го спушти куранот на земјата, во Арабија ги жртвувале своите женски деца, и тоа живи ги закопувале - еве семилосниот што вели за тоа во куранот:



Ел-ен нам:140 (добиток)

Пропаднаа, секако, оние кои ги убиваа децата свои не знаејќи, заради безумието


Ен нахл:58-59 (пчела)

И кога некому од нив ќе му се дојде вест дека добил женско, лицето негово ќе го прекрие црна сенка и се огорчува, се крие од луѓето заради лошата вест која му е донесена: дали да го остави во живот па да биде понижен или, пак, дали да го закопа в земја. Е, само колку е лошо просудувањето нивно?



Ел исра:31 (патување ноќе)

И не убивајте ги децата ваши, плашејќи се од сиромаштија. Ние и нив и вас ве храниме. Убивањето нивно, навистина, е грев голем!

Зборовите на Господарот твој се највредна вистина и правда; Неговите Зборови никој не може да ги измени и Тој се слуша и се знае.

(Кур,ан; 6 : 115)


Тој навистина не ги сака оние што прават неправда.

(Кур,ан; 42 :40)

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот