Ес селаму алејкум ве рахметуллах ве берекатух.
Како сте ми ценети форумџии?
Незнам како е кај вас но тука веќе имаме скоро 60 цм снег.
Тоа е причината за нашата честа присутност на форумов
. Малку да се насмееме.
Нејсе што би рекле нашиве би сакал да продолжам на темава и да обрнам малку повеќе внимание и иншАллах би сакал да одговориме на сите сомнежи (шубхи) кои денес се присутни околу оваа мес’ела а верувајте ми денес токму оние кои требаше (Ефендии, Имами, Даи’и)заради Аллахово задоволство да ги решат овие прашања - тие се виновни и предводници на оваа заблуда во која повикуваат со цел да задоволат или да се здобијат со ситна дуњалучка корист.
Една од многуте сомнежи кои се подметнати е следната:
Одговор на шубхата (сомнеж) подметната на ибн Аббас радијАллаху анху (“Куфр дуне куфр“)!(мал куфр со кој не се излегува од вера)Или со други зборови, Аллаховите непријатели само кај коментарот на 44 Ајет од сура Ел Маиде го подметнуваат еден од најголемите сомнежи а тоа е дека Ибн Аббас рекол за овој ајет “Куфр дуне куфр“)!(мал куфр со кој не се излегува од вера)
Одговор:
“А оние кои не судат според она што го објави Аллах – та, неверници се!“ (Ел – Маиде 44)
А што се однесува на она што се пренесува од ибн Аббас нека Аллах биде задоволен со него дека рекол:
“Куфр дуне куфр (под куфр, мал куфр)“
Ова предание не е автентично од него затоа што ова го забележале ел – Мервизи во “ Тахзим Кадр ес – Салах“ (2/512) и Ел – Хаким во својот “ Мустедрек“ (2/313) преку Хишам ибн ел – Хуџејр, а тој од Тавус, а он од ибн Аббас, нека Аллах биде задоволен со нив.
Меѓутоа, Хишам е окарактеризиран како слаб пренесувач од страна на имам Ахмед, Јахја ибн Ме’ина, ел – Укајл, исто така и од страна на една друга група на научници. Али ибн ел – Медини рекол:
“Читав пред Јахја ибн Сеид: ’Пренесува ибн Џурејџ од Хишам ел – Хуџејр...’,па Јахја ибн Сеид ме прекина, кажувајќи:
’Јас не обраќам внимание на него ( на она што тој пренесува ) ’, па јас го прашав: ’ Да го прецртам овој хаддис? ’ Тој одговори: ’ Да’. “ Ибн Ујејне рекол:
“Не земавме ништо од она што се пренесува преку Хишам ел – Хуџејр, доколку не наидевме на тоа истото пренесено по друг пат. “ А оваа изјава од ибн Аббас е нешто што се пренесува само од Хишам (т.с не е потврдена со друг ланец на пренесувачи ) и покрај тоа во спротивност е со она што пренесале останатите доверливи пренесувачи, како што Абдуллах ибн Тавус пренесува од својот татко дека рекол:
“Прашан е ибн Аббас за ајетот: “...А оние кои не судат според она што го објави Аллах – та, неверници се!“ Рекол :
“Тоа е куфр.“ Во друго предание се кажува дека рекол:
“Во тоа има куфр“ Трето предание кажува дека рекол:
“Тоа е доволно за негов куфр “ Ова го забележале АбдурРезак во својот “Тефсир “, (1/191), ибн Џерир (6/256) и Веки’а во “Ахбар ел – Кудат “ (1/41), и други со сахих (веродостојни)ланци на пренесувачи.
Ова е она што е потврдено од ибн Аббас, нека Аллах биде задоволен со него, затоа што тој го генерализирал (воопштил) овој ајет, неограничувајќи го.
Преданието од Хишам ел – Хуџејр е мункер гледано од две страни:
Прва страна: Тоа е непотврдено (непоткрепено) предание, само од Хишам.
Втора страна: Негово спротивставување на оние кои се по веродостојни пренесувачи од него.
А неговите зборови (од ибн Аббас): ’Тоа е куфр’ и ’Во тоа има куфр’ зборуваат за воопштеноста од овој ајет.
Во асл (основа) во поглед на куфр – тоа е куфр екбер (т.с голем куфр, врста со која сторителот излегува од рамките на ислам), како што шејхул ислам ибн Тејмијје, Аллах да му се смилува рекол во “Ел – Иктида “ ( 1/208 ), освен доколку е ограничен или доаѓа нешто да го промени.
А зборовите од жената на ибн Кајс:
“Но јас го мрзам неверството (ел – куфр) во ислам (ел – ислам) “ – ги бележи Бухари (бр.5.273) од ибн Аббас, Аллах нека биде задоволен со нив – не се во спротивност со ова прво правило и не го негираат овој потврден асл(основа) во оваа секција, затоа што таа кажала: “...Во ел – ислам.“ А тука станува збор за чиста дерогација, која укажува дека куфрот во овој случај е помал од куфр екбер (голем куфр) и не е исправно да се каже дека куфр екбер (голем куфр) може да постои внатре во ислам.
А да е во овој случај куфрот воопштен, поради тоа што пред него има ’лам’, а не ограничен тогаш стварноста од ова изјава и она за што е употребена би дошла до умовите (би се посомневале во исправноста од она што е речено)(т.с луѓето би се посомневале дека таа мислела на куфр екбер).
Поради тоа таа одбила такво погрешно разбирање со ограничувањето: “... Во ел – ислам “, а ова е јасно за оној кој размислува.