Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Намаз EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Намаз EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Намаз EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Намаз EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Намаз EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Намаз EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Намаз EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Намаз EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Намаз EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Намаз EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Намаз EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Намаз EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Намаз EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Намаз EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Намаз EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Similar topics
Кој е он-лајн?
Севкупно има 124 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 124 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 
Haqq (253)
Намаз Vote_lcapНамаз Voting_barНамаз Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Намаз Empty Намаз Чет 17 Ное 2011, 4:37 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]

НАМАЗОТ – НАЈВАЖНА РАБОТА ВО ВЕРАТА!



Намазот, после монотеизмот – шехадетот и Тевхидот, е највеличентвениот дел на Исламот. Неговата улога е како улогата на рбетот од човековото тело. Како што знаеме дека и нема живот на личноста која го скршила рбетот, мораме да го знаеме тоа дека и личноста која нема намаз во својот живот го губи рбетот на својата вера!

Водачот на правоверните, Омер б. Ел-Хаттаб, за време на своето владеење испраќал свои извидници ширум исламските земји, препорачувајќи им го на муслиманските војски и поданици следното: „Најважно од сите мои барања кај вас е НАМАЗОТ! Кој ќе го сочува, ја сочувал верата, а кој ќе го изгуби, па што би чувал тогаш! Знајте дека нема удел во Исламот оној кој го остави намазот!“ Сахих.

Вака размислувал вистинскиот владател на муслиманите! Прва негова задача била да се грижи за динот и верата на своите луѓе, а потоа за овосветските потреби, додека денешните владатели и претставници на муслиманите не да не размислуваат за динот и верата на општиот муслимански поредок, и за тоа дали требаат да им се направат џамии и медреси, туку не размислуваат ни за обичните патишта и тротоари, ниту за водоводите и канализациите, ниту за тоа на младината да и обезбедат работни места и места за спорт и рекреација, не размислуваат за безбедноста на патиштата и за тоа кому се се дава воланот во рака.. Време е муслиманските претставници, водачи и имами да се угледаат во претставниците, халифите и емирите, од генерациите на асхабите, па натака, па да се научат малку како тоа се владее и управува со три континенти, а не со обични три месни заедници од кои се составени нашите општини!

Намазот е основа и испомош на сите останати столбови на Исламот и тој го потсетува робот на возвишеноста на Аллаховиот Рубубијјет (Господство), а истотака го потсетува и на понизност на неговото робување. Намазот не потсетува на денот на наградата или казната, на човекот му го олеснува следењето, покорноста и поведувањето по упатството - Исламот и иманот.

Аллах, џ.ш., кажува: „О верници, барајте за себе помош во трпеливоста и намазот! Аллах, навистина е на страната на трпеливите!“ (ел-Бекаре, 153)
Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Глава на секоја работа е Исламот, негов столб е намазот, а врв му е Џихадот (борбата на Аллаховиот пат)“ (Ахмед, 5/231, Тирмизи, 2616, Ибн Маџе, 3973)

Намазот е база, фундамент и темел на верата Ислам и главен столб врз која таа почива – како шаторот кој има столб во средината врз кој тој се потпира. Дали шаторот може да ги одржи илјадниците конци од страна, ако го нема главниот столб во средината?! (Види; Рисалетул-салах, стр.16 , Китабул-Салат, Ибнул Кајјим ел-Џевзи, рхм. Стр. 48)

Од Мусевер б. Ел-Махрем, р.а., се прнесува дека рекол: „Влегов кај Омер б. Хаттаб, р.а., и прашав: Што мислете како му е? Рекоа: Како што гледаш! Реков: Ќе го разбудете, така што, ќе повикате дека е време за намаз!? Не би можеле со ништо друго освен со тоа да го разбудите. Тие повикаа: Намаз! Водачу на правоверните, намаз! Кога, во тој миг, се зачу глас: ’Еве ме, еве! Се колнам во Аллах, нема никакви права во Исламот оној кој го остави намазот’ – па клањаше, а од раната сеуште му течеше крв!“ Сахих.

Ова било тогаш кога вториот халифа Омер ел-Хаттаб, р.а., бил избоден со нож од страна на персијанецот – меџуслијата и огнопоклоненикот, Ебу Лулуе (Аллах да му го даде она што го заслужил), 26 зул-хиџе 23 г. по Хиџра или 3 ноември 644 г. во Медина, после хилафетот на Ебу Бекр, р.а., од што набрзо и преминал, радијаллаху анху.



Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Чет 17 Ное 2011, 4:40 pm. Мислењето е променето 2 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

2Намаз Empty Re: Намаз Чет 17 Ное 2011, 4:38 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
НАМАЗОТ – БРАТ БЛИЗНАК НА СИТЕ ВЕРСКИ ОБВРСКИ


За разлика од останатите ибадети, намазот во Курани-Керим, се споменува на најповеќе места.

Некогаш, во куранските ајети се споменува посебно, како: „И намаз извршувај, на почетокот и крајот на денот, и во првите часови од ноќта!“ (Худ, 114)

Некогаш се споменува покрај трпеливоста (сабурот) како: „О вие кои верувате, барајте за себе помош во трпеливоста и намазот! Аллах навистина е на страната на трпеливите.“ (ел-Бекаре, 153)

Некогаш се споменува заедно со џихадот, како ајетот: „О верници, намаз извршувајте и на Господарот свој ибадет чинете и добри дела правете, како би го постигнале она што го сакате, И борете се заради Аллах, онака како треба да се борите...“ (ел-Хаџџ, 77-78)

Некогаш намазот се споменува заедно со зекатот, и тоа на повеќе места, како: „..клањајте намаз и давајте зекат..“ (ел-Бекаре, 43)

Аллах, џ.ш., никогаш не го споменал намазот заедно со некој од другите фарзови (обврски), а нему да не му го претпоставил, т.е., прво да не го споменал намазот, па потоа останатите прописи!

Намазот во Куранот, а.ш., се споменува како почеток за сите добри дела, како и завршеток на сите добри дела, што се приметува во сурата ел-Муминун, или во сурата ел-Меариџ.

http://www.ahlu-sunnah.org

3Намаз Empty Re: Намаз Чет 17 Ное 2011, 4:41 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
НАМАЗОТ – ’МАЈКА’ НА СИТЕ ИБАДЕТИ!!!


Човекот е обврзан да се подучи на намазот и тоа кон секој негов домен, било надворешен или внатрешен, та своето срце, својот разум, јазик и сите останати делови од телото, потполно да ги предаде на Аллах, џ.ш., Како што кажува: „ ..и пред Аллах стоите понизно .“ (ел-Бекаре, 238)

Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Намазот, навистина е обврска.“ (Муттефекун алејхи)

На личноста во намазот и е забрането да јаде, пие, да се врти и сл., и за разлика од намазот, останатите ибадети се врзани за една одредена сфера од човековиот живот, па така оној кој пости смее да зборува, смее да се движи; муџахидот (борецот на Аллаховиот пат) смее да разговара, јаде, итн; на хаџијата му е дозволено да јаде, пие, да се движи, да разговара, а што се однесува до намазот тој содржи разноразни облици на искажување на ибадетот (робувањето), каде учествува и твоето срце и јазик и разум и тело..

На јазикот му е да ги изговара зборовите на шехадетот (Ла илахе иллАллах, Мухаммедур – Ресулллалах), текбир (Аллаху екбер) еу’зу (барање заштита од шејтанот), Бисмиллах, да учи Куран, да чини теспих (зборовите Субханаллах), тахмид (благодарност на Аллах, џ.ш., со зборовите ел-хамдулиллах); да прави истигфар (барање опрост со зборовите естафируллах), да изговара дови и останатите видови на зикр...
На разумот е да размислува, поима, сфаќа, да ги разбира пораките на намазот, зикрот и довата...

На срцето е да чувствува стравопочит, нежност, страв и надеж, сласт..
На останатите делови од телото е кијамот (стоењето), руку’ (прегиб-поклонување), сеџда (положување на главата на тлото), смиреност (итми’инан), седење...

Хафизот Ибнул Кајјим рхм. Кажува: „Бидејќи намазот во себе содржи и учење на Куран, и зикр и останати дови, тој сето тоа го опфаќа и го содржи на најубав и најпотполн начин, па заради тоа намазот е повреден и од самото учење на Куранот, или самото чинење на зикр, или самото учење на дова, бидејќи намазот го содржи сето тоа, со ибадетската колективност на останатите делови на телото и душата!“ Види: Ел-Вабил ел-Сајјиб, Ибнул Кајјим ел-Џевзи рхм., стр,166)

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот