Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 46 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 46 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 
Muwehhid (937)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 
Monoteizam (343)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 
muharem fazli (323)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 
Haqq (253)
ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_lcapЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Voting_barЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот)  Empty ЗА ЈЕТИМОТ (сиракот) Сре 16 Ное 2011, 5:15 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Сврти се кон јетимот (сирачето)

Драг мој брате по вера, дали чувствуваш дека срцето ти станало тврдо? Дали сакаш Аллах да ја одалечи тврдината на твоето срце? Дали сакаш да бидеш пратител на нашиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, во Џеннетот? Дали посакуваш да се закитиш со стотици добри дела и тоа многу лесно? Доколку го сакаш предходно споменатото и уште многу други, тогаш биди му на јетимот како татко, прави му доброчинство, биди близок со него, насмевни му се, помилувај го по глава, внеси среќа и радост во неговата јетимска душа.
__________________
Доброчинството кон јетимот е едно од највозвишените добри дела.

Возвишениот Аллах во многу Курански ајети наредил доброчинство кон јетимот. Рекол Возвишениот, во превод значење на ајетот: „И на Аллах клањајте Му се и никого рамен не сметајте Му! А на родителите доброчинство чинете им, и на роднините и на сираците и на сиромашните и на комшиите блиски и комшиите подалечни, и на другарите и на патниците и на оние кои се во ваш посед. Аллах, навистина, не ги сака оние кои се охолат и фалат.“ (Ен-Ниса, 36)
Истотака Возвишениот вели: „И те прашуваат за сирачињата. Кажи: Подобро е иметокот нивни да го унапредите!’ А ако решите со нив заедно да живеете, тие се браќа ваши, а Аллах знае да го разликува расипаниот од доброчинителот. Аллах да посакуваше, можеше да ви го препише она што е тешко, Тој навистина е Силен и Мудар.“ (Ел-Бекаре, 220)
Возвишениот Аллах го направил доброчинството кон јетимот едно од најдобрите дела. Рекол, во превод значење на ајетот: „Не е честитост во тоа да ги вртите лицата свои кон исток и запад; честити се оние кои веруваат во Аллах и оној свет, и во мелеците и во Книгите и во веровесниците, и оние кои од иметокот иако им е драг, даваат на роднините и сирачињата и на сиромашните и на патниците и на питачите, и за откуп од ропство, и кои молитва извршуваат, посебно оние кои се издржливи во немаштина, и во болест, и во битка жестока. Тие се искрени верници и тие од Аллах стравуваат и од лошите постапувања се причувуваат.“ (Ел-Бекаре, 177)

А нашиот сакан Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, бил толку зафатен со внимание околу јетимите, што оние кои се грижат за нив ги израдувал дека ќе му бидат пратители во Џеннетот, чија широчина е колку небесите и земјата. Рекол, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем: „Јас и оној кој ќе се грижи за јетимот сме вака.“ и покажал со кажипрстот и средниот прст раширувајќи ги.“ (Ел-Бухари, 5304)
Ибнул Бетал, рекол: „На секој мумин, кој слушне за овој хадис, обврска е да посака да работи според него, како би бил во Џеннетот пратител на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, дружината на веровесниците и пратениците, Аллаховиот благослов нека биде врз нив, а на Ахирет кај Аллах нема подобар степен од пратењето на пратениците.“ (Ибнул-Бетал, Шерхул-Бухари)
__________________
Спасот е во доброчинството кон јетимот

Стравотиите на Судниот ден, навистина се страшни и големи, а Аллах го спасил оној кој се грижи за јетимот, му дал излез од нив. Рекол, Возвишениот Аллах: „А што мислиш ти: како може да се биде благодарен на благодеттите? – роб од ропство да се ослободи, или кога глад владее да се нахрани, или сиротиот несреќник да се помогне, а покрај тоа да биде од оние кои веруваат, кои едни на други трпение препорачуваат и кои едни на други милостина препорачуваат; тие ќе бидат – среќните!“ (Превод значење, Ел-Белед, 11-18)
__________________

Сомилоста и сочувството кон јетимот ја одалечува тврдоста на срцето

Еден човек се пожали на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, за тврдост на срцето, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, му препорача: „Помилувај јетим и нахрани сиромав.“ (имам Ахмед, сахих хадис) а во друго хасен предание стои: „Доколку сакаш срцето да ти биде нежно, нахрани сиромав и јетим помилувај по главата“ (Имам Ахмед, шејх Албани рекол дека е хасен, Силсилету-сахиха, 854)

Кога Џафер ибн Еби-Талиб се преселил на ахирет, како шехид, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, редовно ги посетувал неговите деца, јетими, и ги носел во својата куќа и кажувал, кога нивната мајка би го споменала нивното јетимство и нивната потреба: „Зарем се плашиш од сироматијата, а јас сум нивниот старател и на дуњалукот и на ахирет?“ (Имам Ахмед и имам Тебарани, хадис сахих)
__________________

Внимание кон иметокот на јетимот

Возвишениот Аллах опорачал да се чини доброчинство кон јетимот и неговиот иметок кој му го оставил неговиот татко и споменатиот иметок да му се зголемува и да не се узурпира на било каков начин. Рекол, Возвишениот: „..и не приближувајте се кон иметокот на јетимот, освен на најубав начин, сè додека не постане полнолетно.“ (превод значење, Ел-Енам, 152)
Истотака Возвишениот вели: „И што подалеку - од иметокот на сирачето ! Освен ако сакате да го унапредите, сè додека не постане полнолетно. И исполнувајте ги обврските, бидејќи за обврските навистина, ќе се одговара!“ (превод значење Ел-Исра, 34)
Треба да се напомене дека предходните ајети и ним сличните не забрануваат старателот на јетимот, доколку е сиромашен, да се храни од иметокот на јетимот сходно према потребата. Рекол Возвишениот: „И сирачињата проверувајте ги се додека не стасаат за брак, па ако оцените дека се зрели, врачете им ги нивните иметоци. И не брзајте расипнички да ги потрошите додека тие не порастат. Кој е имотен – нека се воздржи, а кој е сиромашен – онолку колку вообичаено му е потребно нека троши. А иметоците врачувајте ги во присуство на сведоци. А доволно е тоа што пред Аллах сметка ќе полагате.“ (Ен-Ниса, 6)
__________________
Што е старателсво на јетимот? Што значи да се води грижа околу него?

Поедини луѓе старателството и грижата околу јетимот го изедначуваат со парично делење на јетимот, а тоа сигурно е погрешно поимување, иако за тоа припаѓа голема награда.
Имамот Термизи го бележи следното предание: „Јас и оној кој згрижува јетим заедно ќе бидеме во Џеннет.“

На крајот, старателството на јетимот е еден ’краток’ пат до Џеннет. Рекол Возвишениот Аллах во превод значење од сура Ед-Дехр, 8-22: „Оние заветот свој го исполнуваа плашејќи се од денот чија коб секаде ќе биде присутна и храна делеа – иако и самите ја сакаа – на сиромавиот и сиракот .. Ние само поради Аллахова љубов ве храниме, од вас ни признаија ниту благодарност не бараме! Ние од Господарот наш се плашиме, оној Ден кога лицата смуртени и намрштени бидат. И нив Аллах од стравотиите на тој Ден ќе Ги сочува и блажество и радост им подари. И со Џеннет и со свила за она што трпеа ќе ги награди: потпрени врз дивани, тие, во него ни мраз, ниту жега нема да осетат,и блиску ќе им биде ладовината негова, а плодовите негови надофат на рацете ќе им стојат. Ќе бидат послужувани со сребрени садови и чаши проѕирни, од сребро, со големина одредена према нивните желби. Во него од чаши со инбрид зачинето ќе пијат. Од изворот од Џеннет, кој Селсебил ќе се вика. Ќе ги служи вечно млада послуга – да ги погледнеш би помислил - бисери истурени. И каде и да погледнеш, би видел удобност и царство пространо. На нив ќе бидат облека од тенка зелена свила и од тешка свила, закитени со нараквици од сребро, и ќе им даде Господарот нивни да пијат чисти пијалоци. Тоа ви е наградата, вашиот труд е достоен за благодарност!“


__________________


Превземено:

ИЦ-Форум!

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот