Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Еманетот на родителите EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Еманетот на родителите EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Еманетот на родителите EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Еманетот на родителите EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Еманетот на родителите EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Еманетот на родителите EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Еманетот на родителите EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Еманетот на родителите EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Еманетот на родителите EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Еманетот на родителите EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Еманетот на родителите EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Еманетот на родителите EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Еманетот на родителите EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Еманетот на родителите EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Еманетот на родителите EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 80 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 80 Гости

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 
Haqq (253)
Еманетот на родителите Vote_lcapЕманетот на родителите Voting_barЕманетот на родителите Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Еманетот на родителите Empty Еманетот на родителите Пет 19 Aвг 2011, 6:51 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Еманетот на родителите Islamic-art-i



Во Името На Аллах Милостивиот, Самилосен!





Исламската вера нé советува дека вистинскиот верник треба да го моли

Возвишениот Аллах џ.ш. за да му подари чесна и добра фамилија и добри идни

генерации. Оваа констатција ја среќаваме во чесниот Кур’ан каде стои:



“И оние кои зборуваат: “Господаре наш, подари ни од жените наши и

потомствата наши радост во очите и одреди да бидеме водачи на

богобојазливите!”(Ф уркан)



И избраните Аллахови пратеници го молеле Возвишениот Аллах со слична



дова:



Ибрахим а.с. се молеше: “Аллаху мој направи од оние кои извршуваат



намаз и од моето семејство (исто така)..” (Ибрахим, 40) Во меѓувреме и



Ибрахим и син му Исмаил се молеле: “Господаре наш, определи нé Твои



Потчинители да бидеме. И породот наш, исто така, нека Потчинет народ Ти



биде.” (Ел-Бекаре, 128)



И Зекирија а.с. го молеше на Аллах џ.ш. со зборовите: “Таму, молејќи Му се на



Господарот свој, Зекерија рече: “О Господаре мој, дарувај ми добро



потомство. Ти си, навистина, Слушач на молбите!” (Али Имран, 38)



Сега да ги споменеме некои од правата на децата кај родителите:



Правото на живот



Арапите во предисламскиот период имале валкан обичај како што е жртвување или убивање на своите деца т.е. нивно закопување живи во ископана јама. Овој нецивилизиран феномен се случува и денес во модерно време во целиот свет. Тој модерен начин на убивање се нарекува абортус, убивање на зачнатиот фетус уште во првата фаза.





Абортусот е злочин врз детето. Тоа е божји дар кому е

загарантиран и животот и опскрбата. Негово уиштување се забранува, како што

се забранува уништување на дете кое е зачнато на незаконит начин начин (по

пат на блуд) и тоа се смета за човечко битие кое нема грев. Една жена во време

на Ресулуллах а.с. направила блуд и тој и забранил да го уништи плодот, а нејзе

и следува казна.





Улемата е е категорична во забраната за абортус, особено забраната и гревот е

голем откако на плодот ќе му се вдахне душа. Некои тоа го одредуваат после

120 ноќ кога доаѓа мелекот и му вдахнува душа.



Овој нечовечки чин раскажува и самиот Кур’ан:



“И кога живото закопано дете ќе биде прашано поради кој грев е убиено.”



(Теквир, 8-9)



“И кога некому од нив ќе се донесе вест дека добил женско, лицето негово

ќе го прекрие сенка црна и се огорчува, се крие од луѓето заради лошата

вест која му е донесена: дали да го остави во живот па да биде понижен или,

пак, дали да го закопа в земја. Е, само колку е лошо просудувањето

нивно?” (Ен-Нахл, 58-59)





Убивањето на децата во џахилијет било од неколку причини, главно економски, оти арапите сметале дека женското дете не носи приход во куќата, го намалува ризкот на човекот, и едноставно е несреќа. А Семоќниот Аллах предупредува:



И не убивајте ги децата ваши, плашејќи се од сиромаштија. Ние и нив и



вас ве храниме. Убивањето нивно, навистина, е грев голем!” (Ел-Исра, 31)



Правото за грижа, љубов и внимание



Родителите треба да бидат сакани кај своите деца а нив да ги третираат со

љубов и почит. Периодот на детството е период на префинета сентименталност

и осетливост. Заради тоа треба да им се посвети посебно внимание во тој

сегмент. Во тоа прекрасен модел ни е Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., кој на

перфектен начин нé научил како да им приоѓаме на децата. Бројни се

преданијата каде се наведува дека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., многу сакал да

се исгра со деца, а посебно со своите внуци Хасан и Хусејн р.а. Неговото

внимание кон нив било толку големо дури од сеџде не се помрднувал додека

тие не се симнувале од неговиот грб. Детето треба да осети дека го сакаме. Тоа

се огледа во нашиот убав однос кон нив.



Погрешна пракса е кај некои луѓе кои тврдат дека децата се бакнуваат само



кога спијат. Најдобра потврда е автентичниот хадис на Ебу Хурејре р.а.






пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер а.с. ги бакнал неговите внуци Хасан и

Хусејн, синови на Алија во присуство на Акра ибн Хабис. Тогаш Акра рече:

“Јас имам десет деца, и никогаш едно од нив не сум бакнал!” Пејгамберот а.с. го

погледнал и му рекол: “Кој не е милостив и кон него нема да се има милост.”



Во друго предание: “Што ти можам јас кога Аллах ти ја откорнал милоста од

твоето срце.” ( Бухари, Муслим, Хаким )



Правото за секаква помош која им е потребна






Децата целосно се зависни од своите родители за нивните материјлни и
духовни потреби. Во една прилика Муавија го прашал на Ахнеф ибн Кајс: “Кој
е најдобар начин на однесување кон децата?” Ахнеф му одговорил: “Децата се
плод на нашите срца, заштита и помош за нас, ние сме како небо, покривка за
нив, ние сме за нив како плодна земја врз која тие газат, ние сме тие кои гу
поттикнуваме на добри дела, што и да побараат ние треба да им угодиме . Ако
тие се разочарани од нешто треба да им помогнеме да го надминат очајот и
разочарувањето. А како последица на тоа тие ќе нé почитуваат и вреднуваат..”




третирал како посебна награда и севаб. Тој рекол: “Парите што ќе ги потрошите

за Аллах џ.ш., за ослободување на некој роб, за да им направите доброчинство

на сиромашните, за својата жена или деца - ќе бидете нагардени од Аллах,

меѓутоа, поголема награда ќе имате кога ќе потрошите за својата фамилија и

деца.”



Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., ја користел секоја прилика да ги научи децата на правилно однесување и убав однос кон родителите, што и ние треба особено тоа да го користиме. Така Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Мухаммед а.с. го видел еден човек со неговиот син. Тогаш го посоветувал синот: “Не оди пред него, не ставај му погрдни називи, не седнувај пред него и не го викај по личното име!” Имам Невеви, врз основа на ова предание смета дека родителот (мајка, татко), учителот и шејхот е забрането да се нарекуваат по нивните лични имиња, туку треба да им се додаде учтив префикс.



Ебу Дерда р.а. рекол: „Најповеќе што се плашам за себеси кога ќе застанам да

полагам сметка на Судниот е да ми се рече: Ти си научил, па што си работел

според она што си го научил?!”



Вложувањето во децата Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., го

Правото за образование и просветување



Една друга обврска на родителите кон децата е да им пружат услови

за образување и просветување. Воспитувањето и образувањето е

основа за нивниот интелектуален развој и тоа е најголемиот дар за

децата. Ниту една религија или идеологија во историјата на



човечкиот род не го истакнала и афирмирала знаењето како што тоа

го прави исламот. Родителите морат да најдат начин уште од

најраните моменти на дечкиот живот да влеат во нивната свест желба

за знаење, истражување, размислување и медитирање. Знаењето во

ислам не се дели на исламско и неисламско, туку на корисно и

штетно. Секое знаење кое ја афирмира вистината и кое упатува на

Аллах како Творец на вселената и сеопшто добро тоа е исламско

знаење. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “Најголем подарок што

може родителот да му го остави на своето дете добро воспитание.”





Сите знаеме дека родителите се најважен фактор и



најголем учител за децата и од нивно надградување се темели

понатамошното школско образување и животно учење. Тие најповеќе

влијаат врз нивната личност. Мухаммед а.с. рекол: “Секое дете се

раѓа со чиста природа, потоа неговите родители го прават евреин,

христијанин или обожувач на оган.” Оттука гледаме дека родителите



Дури почитта кон учените се преферира над самите родители како

што тоа го потенцира Јахја ибн Муаз: “Учените луѓе се помилостиви

во умметот на Мухаммед а,с, од самите татковци и мајки!” На

прашањето: “А како тоа?” Одговорил: “Татковците и мајките ги

чуваат децата да не паднат ви дуњалучкиот оган и се испржат, додека

учените луѓе одвраќаат од ахиретскиот оган кој е пожежок!!”





Посебно треба децата да ги навикнеме на чувство за вистина, правда, доверба и други морални особини кои треба да ги красат. Во хадисот на Ебу Хурејре р.а. стои: “Кој ќе му рече на своето дете дојди ќе ти дадам нешто, и не му даде, тоа ќе му се напиша како лага.”



Еве уште еден практичен и поучен пример за навикнување на децата

на чесност, искреност и добрина. Познатиот алим Абдулкадир Ел-

Кејлани раскажува. Уште како дете растев со исламско воспитание,

навикнат на морални одлики. Еднаш излегов на пат од Мекка за

Багдад да барам наука. Мајка ми, ми даде четириесет златника да ми

се најдат за трошак, и при разделба ми порача на искреност.





Кога стигнавме до областа на Хамдан, не пресретна една група на

крадци кои почнаа да го пребаруваат караванот. Еден од нив дојде кај

мене и ме праша:





Што имаш со тебе? Одговорив: „Имам четириесет златници“.



Крадецот помисли дека се шегувам со него и ме остави.



Потоа ме здогледа друг и исто ме праша: Што имаш со тебе? Го

известив за четириесете златници. Зачуден од мојата искреност ме

одведе кај главниот. И тој ме праша за златниците, јас му одговорив

потврдно.





Потоа ме праша: Зошто си искрен?



Одговорив: И дадов завет на мајка ми дека ќе бидам искрен, и се



плашам да го изневерам дадениот завет!!



Главниот почна да се плаши и ја искина неговата облека и почна да

вика: „Ти се плашиш да не ја изневериш мајка ти, а ние не се

плашиме да го изневериме Аллаховиот завет?!!“ Потоа нареди да се

врати сé што беше одземено од караванот, и рече: Јас барам покајание

од Аллах џ.ш. пред тебе. Другите кои беа со него рекоа: „Ти беше

наш водач во крадење, ти си денес и наш водач во покајување.“





И така сите се покајаа, како заслуга на убавото воспитание на



Абдуллах ибн Кејлани. (Тербијјетул Еулади фил-Ислам)



Битно е да нагласиме на една неисламска појава која е присутна кај

многу родители, а таа е проколнување на децата за која постои строга

забрана. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “





“Немојте да се проколнувате самите себеси, ниту да ги

проколнувате вашите деца, ниту да го проколнувате вашето

богатство, за да не го погодите моментот од Аллах кога довата се

прима.”(М услим)



Правото на еднаквост и рамноправност:



Од правата на децата кон родителите е еднаквоста и рамноправноста меѓу

децата.Пренесуваат Бухари и Муслим од Нуман ибн Бешир р.а. дека неговиот

татко сакал да му даде само нему богатство, без да им даде на другите негови

деца. Татко му дошол кај Божјиот пратеник а.с. и му рекол: Јас му дадов од

моето богатство само на еден од моите синови без да им поделам на другите

синови. Затоа сакам да бидеш сведок за ова.





Пејгамберот а.с се налути на овие зборови и му рекол: Зар ништо не им си



дал на другите синови?!



Човекот рече: Не!



-Плашете се од Аллах и бидете праведни со вашите деца. Дали посакуваш сите



синови да бидат послушни кон тебе? Праша Пејгамберот а.с.



Човекот одговори: Секако !



Пејгамберот а.с. тогаш рече: “Јас не сведочам за неправда. Човекот ќе живее

седумдесет години во зло потоа ќе биде праведен во тестаментот и ќе заврши со

добро и ќе влезе во Џеннет, исто така човекот ќе живее седумдесет години во

добро потоа ќе постапи неправедно во тестаментот и ќе заврши со зло и ќе влезе

во Џехеннем.”





( Според овој веродостоен хадис можеме да заклучиме дека правото на

наследство е еднакво и рамноправно кај децата, освен тоа што женскиот пол

зема една половина помалку од машкиот. Што јасно укажува на грешката и

неправдата која е присутна на овие простори со забрана на ќерките од

наследството на таткото. Ова најдобро го објаснува Аллах џ.ш. во Кур’ан каде

вели: „На мажите им припаѓа дел од она што го оставиле родителите и

ближните, и на жените им припаѓа дел од она што го оставиле родителите и

ближните..“ ( Ен-Ниса : 7)



не се должни само на физичко, здравствено и телесно воспитување

туку исто така, одговорни се и за нивното морално и духовно

воспитување. Децата треба да се учат на респект кон постарите и

учените оти таа обврска произлегува од самото исламско учење.

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., рекол: “ Не е од нас оној кој нема

сожалување кон младите и почитување кон постарите!” Во друго

предание стои: “И кој не ги почитува нашите учени луѓе!”

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот