1 Намаз Чет 17 Ное 2011, 4:37 pm
Muaz al Islam
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]
НАМАЗОТ – НАЈВАЖНА РАБОТА ВО ВЕРАТА!
Намазот, после монотеизмот – шехадетот и Тевхидот, е највеличентвениот дел на Исламот. Неговата улога е како улогата на рбетот од човековото тело. Како што знаеме дека и нема живот на личноста која го скршила рбетот, мораме да го знаеме тоа дека и личноста која нема намаз во својот живот го губи рбетот на својата вера!
Водачот на правоверните, Омер б. Ел-Хаттаб, за време на своето владеење испраќал свои извидници ширум исламските земји, препорачувајќи им го на муслиманските војски и поданици следното: „Најважно од сите мои барања кај вас е НАМАЗОТ! Кој ќе го сочува, ја сочувал верата, а кој ќе го изгуби, па што би чувал тогаш! Знајте дека нема удел во Исламот оној кој го остави намазот!“ Сахих.
Вака размислувал вистинскиот владател на муслиманите! Прва негова задача била да се грижи за динот и верата на своите луѓе, а потоа за овосветските потреби, додека денешните владатели и претставници на муслиманите не да не размислуваат за динот и верата на општиот муслимански поредок, и за тоа дали требаат да им се направат џамии и медреси, туку не размислуваат ни за обичните патишта и тротоари, ниту за водоводите и канализациите, ниту за тоа на младината да и обезбедат работни места и места за спорт и рекреација, не размислуваат за безбедноста на патиштата и за тоа кому се се дава воланот во рака.. Време е муслиманските претставници, водачи и имами да се угледаат во претставниците, халифите и емирите, од генерациите на асхабите, па натака, па да се научат малку како тоа се владее и управува со три континенти, а не со обични три месни заедници од кои се составени нашите општини!
Намазот е основа и испомош на сите останати столбови на Исламот и тој го потсетува робот на возвишеноста на Аллаховиот Рубубијјет (Господство), а истотака го потсетува и на понизност на неговото робување. Намазот не потсетува на денот на наградата или казната, на човекот му го олеснува следењето, покорноста и поведувањето по упатството - Исламот и иманот.
Аллах, џ.ш., кажува: „О верници, барајте за себе помош во трпеливоста и намазот! Аллах, навистина е на страната на трпеливите!“ (ел-Бекаре, 153)
Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., рекол: „Глава на секоја работа е Исламот, негов столб е намазот, а врв му е Џихадот (борбата на Аллаховиот пат)“ (Ахмед, 5/231, Тирмизи, 2616, Ибн Маџе, 3973)
Намазот е база, фундамент и темел на верата Ислам и главен столб врз која таа почива – како шаторот кој има столб во средината врз кој тој се потпира. Дали шаторот може да ги одржи илјадниците конци од страна, ако го нема главниот столб во средината?! (Види; Рисалетул-салах, стр.16 , Китабул-Салат, Ибнул Кајјим ел-Џевзи, рхм. Стр. 48)
Од Мусевер б. Ел-Махрем, р.а., се прнесува дека рекол: „Влегов кај Омер б. Хаттаб, р.а., и прашав: Што мислете како му е? Рекоа: Како што гледаш! Реков: Ќе го разбудете, така што, ќе повикате дека е време за намаз!? Не би можеле со ништо друго освен со тоа да го разбудите. Тие повикаа: Намаз! Водачу на правоверните, намаз! Кога, во тој миг, се зачу глас: ’Еве ме, еве! Се колнам во Аллах, нема никакви права во Исламот оној кој го остави намазот’ – па клањаше, а од раната сеуште му течеше крв!“ Сахих.
Ова било тогаш кога вториот халифа Омер ел-Хаттаб, р.а., бил избоден со нож од страна на персијанецот – меџуслијата и огнопоклоненикот, Ебу Лулуе (Аллах да му го даде она што го заслужил), 26 зул-хиџе 23 г. по Хиџра или 3 ноември 644 г. во Медина, после хилафетот на Ебу Бекр, р.а., од што набрзо и преминал, радијаллаху анху.
Последната промена е направена од Muaz ibn Abdurahman на Чет 17 Ное 2011, 4:40 pm. Мислењето е променето 2 пати.