1 Терор во Библијата Нед 05 Фед 2012, 3:00 pm
Muwehhid
Модератор
Во името на Аллах Милостивиот, Самилосен!
Христијаните често се наведуваат пасуси од Куранот за војна и велат дека исламот не е исправен, поради насилство кое наводно го промовира. Христијаните велат дека Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем, не може да биде пратеник, бидејчи се борил во војните и убивал луѓе; велат дека исус никогаш никого не го убил ниту пак го изневерил, дека невниот Бог е полн со љубов и не е убијец.
Дали се овие коментари точни? Едноставно одговорот е Не; во овој напис че наведеме неколку цитати од Библијата, кој содржат брутален терор, че цитирам од Стариот завет.
На Христијаните тоа не би требало да им преставува некој проблен, бидејчи се работи за ист Бог, затоа пак ако Бог ако во Стариот завет дозволува убиство, значи дека и Исус го дозволува убиството, бидејчи според христијаните Исус е Бог, истиот Бог како и во Стариот завет.
Второзаконие Поглавје 2 Стихови од 32 до 37:
32 Сион нè пресретна при Јаса.
33 Тој се нафрли и сиот негов народ. Но Господ, нашиот Бог, ни го предаде, така што ги поразивме него, неговите синови и сиот негов народ.
34 Тогаш ги освоивме сите негови градови и ги предадовме на проклетство сите негови градови со мажите, жените и децата, не штедејќи ништо,
35 освен добитокот, што го зедовме како плен, заедно со пленот од градовите што ги освоивме.
36 Од Ароир, што се наоѓа на брегот на потокот Арнон, и од градот што е во неговата долина, па до Галад немаше град што би ни се спротивил: Господ, нашиот Бог, ни ги предаде сите.
37 Единствено не се доближувавме кон земјата на Амонците, кон крајот покрај потокот Јавок, и кон градовите во подгорјето, како што одреди Господ, нашиот Бог.”
Второзаконие Поглавје 3 Стихови од 1 до 7:
1„Тогаш се свртивме и тргнавме кон Васан. Нè пресретна васанскиот цар Ог, со сиот свој народ, и ни наметна бој кај Едреи.
2 Тогаш Господ ми рече: ‘Не бој се од него! Па во твои раце ги предадов: него, сиот негов народ и неговата земја. Направи со нив како што направи со Сион, царот аморејски, кој живееше во Есевон.’
3 Така Господ, нашиот Бог, ни го предаде во наши раце и васанскиот цар Ог со целиот негов народ. Го поразивме, така што никој не остана жив.
4 Тогаш ги освоивме сите негови градови. Немаше град што не им го одзедовме - шеесет градови, поточно целата арговска покраина, Оговото Царство во Васан.
5 Сите оние градови беа утврдени со високи ѕидови, врати и лостови. Покрај нив имаше мошне многу и отворени селца.
6 Ги предадовме на проклетство - како што направивме и со Сион, есевонскиот цар - сотирајќи го секој град со мажите, жените и децата.
7 А сиот добиток и пленот ги задржавме за себе.
Второзаконие Поглавје 7 Стихови од 1 до 6:
1„Кога Господ, твојот Бог, те воведе во земјата во која одиш да ја земеш во наследство, и кога ќе истера пред тебе многу народи: Хетејците, Гергесејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците - седумте народи побројни и посилни од тебе -
2 па кога Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде и кога ти ќе ги поразиш, предај ги на проклетство; немој да склучуваш со нив сојуз ниту да им искажуваш милост.
3 Не земај жена од нив, не мажи ја својата ќерка за нивниот син, ниту жени го својот син за нивна ќерка;
4 зашто тоа би ги одвратило твоите синови од Мене; за да им служат на други богови; Господ би се разгневил против вас, и би те истребил бргу.
5 Туку, направете вака со нив: порушете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, откорнете ги нивните ашери, а изгорете ги нивните резани ликови.”
6 „Па ти си народ посветен на Господа, на својот Бог; Господ, твојот Бог, те избра тебе меѓу сите народи, кои се на земјата, за да му бидеш негов сопствен народ.
Второзаконие Поглавје 13 Стихови од 6 до 18:
6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,
7 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,
8 немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го,
9 но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.
10 Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.
11 Кога ќе го чуе тоа, целиот Израел ќе се наполни со страв, па веќе не ќе прави такво зло во твојата средина.”
12 „Ако во твојот град, што Господ, твојот Бог, ќе ти го даде да се населиш во него, чуеш како зборуваат:
13 ‘Се појавија лоши луѓе во твојата средина и ги заведоа жителите на својот град, кажувајќи: „Ајде да им служиме на други богови!” - што вие инаку не ги познавате’ -
14 тогаш добро истражи, распрашај се и темелно извиди. Ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во твојата средина,
15 тогаш исечи ги со остар меч жителите на тој град, предај ги на проклетство него и сите што се во него и неговиот добиток.
16 Потоа собери го сиот плен среде плоштадот па изгори го градот со сиот плен како паленица за Господа, својот Бог. Нека остане засекогаш урнатина, и веќе никогаш нека не се соѕидува.
17 Од она што беше предадено на проклетство нека ништо не се прилепи за твојата рака, за да се откаже Господ од жестокоста на Својот гнев; за да ти искаже милосрдие, да ти се смилува и да те размножи, како што им се заколна на твоите татковци,
18 ако ти го слушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги сите Негови заповеди, што ти ги наредувам денес, и вршејќи што е право во очите на Господа, твојот Бог.”
19 ако го слушнеш гласот на Јахве, Богот свој, држете се за неговите заповеди кои денес ти ги наредувам и прави она што е право во очите на Јахве, Богот твој.
Уште еднаш гледаме нетолеранција на Христијанскиот Бог, во овие ситхови Бог вели дека секој кој обожава други богови, било каде и да се наоѓа, треба да биде убијен. Дури ако си на Антартикот и обожаваш некое паганско божество, треба да бидеш убијен.
Како што стихови велат, до крај на световите, значи по зелиот свет, значи нема толеранција во неговата религија. Бог (Исус , според Христијаните) им наредува на своите следбеници на ги каменуваат на оние кои не веруваат во него, и да ги убијат, и и да го уништи градот со меч и да го запали, нигогаш повторно за да не го издрадаат.
Завршниот стих на Стариот завед е интересен, Бог им вели на своите следбеници да се придржаваат на неговите наредби, што значи и ова – да ги убијат на оние кои не веруваат во него, значи нема верска толеранција. Ова правило важи и денес, бидејчи Нивниот Бог вели:
-Држете се за неговите заповеди кои денес ти ги наредувам и прави она што е право во очите на Јахве, Богот твој.
Дали Бог го променил мислењето? Бог во Стариот завет не го немува мислењето:
Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае, зар Тој кога ќе рече, и не ќе направи? Зар ветува, па не исполнува? (Броеви поглавје 23 стих 19)
Сепак Силниот Израелев Светец не лаже и не се кае, зашто не е човек за да се кае. (Самоил 1 Поглавје 15 стих 29)
Значи, ако христијанскиот Бог не го менува мислењето, ова правило важи и за денес, па Христијани сеуште ви е наредено да не убивате!
Второзаконие Поглавје 21 Стихови од 18 до 22:
18 „Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката - па ни тогаш откако ќе го казнат -
19 неговиот татко и неговата мајка нека го одведат при старешините на својот град, при вратата на своето место,
20 и нека им речат на градските старешини: ‘Овој наш син е опак и непокорен; не сака да нè слуша; ништожник е и пијаница.’
21 Потоа сите луѓе, неговите сограѓани, нека го опсипат со камења додека не загине. Така ќе го откорнеш злото од својата средина: сиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се бои.”
22 „Ако некој направи зло што заслужува смрт, па биде погубен со бесење на дрво,
Второзаконие Поглавје 22 Стихови од 25 до 29:
25 Ако маж наиде во полето на свршена девојка и легне насила со неа, тогаш нека биде погубен само тој што легнал со неа;
26 а на девојката не и прави ништо: нема на неа вина со која би заслужувала смрт. Зашто тоа е како кога некој ќе се нафрли врз својот ближен и ќе го убие.
27 Тој ја затекна во полето; и ако свршената девојка викаше, немало никој да и прискокне на помош.
28 Ако маж наиде на млада девица, која не е верена, па ја грабне и легне со неа, та биде фатен на дело,
29 тогаш мажот кој лежеше со неа нека му даде педесет сребреници на моминиот татко. А бидејќи ја оскверни, нека ја земе за жена, да не може да ја пушти додека е жив.
Второзаконие Поглавје 23 Стихови од 2 до 5:
2 Ни вонбрачно родениот нека не биде примен во Господовото собрание; нека не бидат примани ни неговите во Господовото собрание ни до десеттото колено.
3 Во Господовото собрание нека не влегува ни Амонец ни Моавец; никој од нивните, па ни во десеттото поколение, не смее никогаш да влегува во Господовото собрание.
4 А сè заради тоа што не излегоа пред вас со леб и вода кога бевте на пат, откако излеговте од Египет; и затоа што за пари го најмија Веоровиот син, Валаам од Фегор во Арам Нахараим, за да те проколне.
5 Ама Господ, твојот Бог, не сакаше да го послуша Валаама, туку Господ, твојот Бог, го претвори проклетството во благослов, зашто Господ, твојот Бог те љуби.
Второзаконие Поглавје 25 Стихови до 1 до 3:
1„Кога ќе стане караница меѓу луѓето, и дојдат на суд за да им се суди, нека му се даде правото на оној кој е прав, а виновникот нека биде осуден.
2 Ако кривецот заслужува да биде бичуван, судијата нека му нареди да легне, и тука пред него нека му избројат онолку удари колку му следуваат според неговата вина.
3 Можат да му се одредат до четириесет удари, но не повеќе, за да не биде преголемо синилото, па да не се понижи пред тебе твојот брат, кога би му удриле повеќе удари.
Второзаконие Поглавје 28 Стихови од 15 до 68:
15 „Но ако не го слушаш гласот на Господа, својот Бог, не пазејќи и не извршувајќи ги Неговите заповеди и сите Негови закони што ти ги наредувам денес, сите овие проклетства ќе дојдат врз тебе и ќе те стигнат:
16 Проклет ќе бидеш во градот, проклет во полето.
17 Проклет ќе биде твојот кош, и твоите ноќви.
18 Проклет ќе биде плодот на твојата утроба и родот на твојата земја, младите на твоите говеда и прирастот на твоите стада.
19 Проклет ќе бидеш кога ќе влегуваш, проклет кога ќе излегуваш.
20 Господ ќе пушта на тебе проклетство, забуна и клетва во сè кон што ќе ја испружиш својата рака за да направиш, сè додека не бидеш сотрен и не пропаднеш брзо заради злото на своите дела, со кои Ме напушти.
21 Господ ќе го испрати поморот врз тебе додека те снема од земјата во која одиш, за да ја завладееш.
22 Господ ќе те удри со истоштеност, со треска, со воспаление, со жега и со суша, со сувиот ветер и со гламница; тоа ќе те гони додека те снема.
23 Небесата над твојата глава ќе станат бронза, а почвата под твоите нозе ќе стане железна.
24 Место дожд, Господ ќе и даде на твојата земја пепел, и од небото ќе паѓа прав, ќе паѓа на тебе додека не бидеш истребен.
25 Господ ќе те направи да бидеш поразен пред твоите непријатели; по еден пат ќе излегуваш против нив, а по седум патишта ќе бегаш пред нив. Ќе станеш страшило за сите земни царства.
26 И твоето мртво тело ќе им стане храна на сите небесни птици и на сите земни ѕверови. Не ќе има никој за да ги плаши.
27 Господ ќе те удри со египетски приштови, со чиреви, со красти и со јадеж, од кои не ќе можеш да се исцелиш.
28 Господ ќе те удри со беснило, со слепота и со лудило;
29 на сред бел ден ќе талкаш како што талка слепиот во мрак; не ќе имаш успеси во своите потфати; во сето време ќе бидеш притискан и ограбуван, а не ќе има никој за да те спаси.
30 Ќе се ожениш за жена, но друг ќе ја има. Ќе изградиш куќа, но не ќе живееш во неа. Ќе засадуваш лозје, но нема да го береш.
31 Ќе го заколат твојот вол пред твои очи, но ти нема да јадеш од него; ќе ти го одземат твоето осле пред тебе, но нема да ти го вратат; ќе му го предаваат твоето стадо на твоите непријатели, а не ќе има никој за да ти дојде напомош.
32 Твоите синови и твоите ќерки ќе му бидат предавани на друг народ. Твоите очи ќе солзат секој ден, но твојата рака не ќе може ништо.
33 Народ, што ти не го познаваш, ќе го јаде плодот на твојата земја и сета твоја мака, додека ти ќе бидеш, во сето време, притискуван и газен.
34 Ќе полудиш од глетките што ќе ти гледаат твоите очи.
35 Господ ќе те удри со лути приштови, по колениците и по бедрата - од стапалата на твоите нозе до темето на твојата глава - од кои не ќе можеш да се излекуваш.
36 Господ ќе ве одведе и тебе и твојот цар, кого ќе го поставиш над себе си, меѓу народ непознат и тебе и на твоите очи, па таму ќе им служиш на други богови, дрвени и камени.
37 Ќе им бидеш за чудење, за пословица и за потсмев на сите народи, меѓу кои ќе те одведе Господ.
38 Многу семе ќе фрлаш во полето, ама малку ќе жнееш, зашто родот ќе го оголат скакулците.
39 Ќе посадиш лозје и ќе го обработуваш, но вино нема да пиеш ниту ќе собереш нешто, зашто црв ќе ги јаде.
40 Ќе имаш маслинки на целото свое подрачје, но нема да се намачкаш со масло, зашто маслинките ќе ти паѓаат.
41 Ќе раѓаш синови и ќерки, но нема да бидат твои, зашто ќе одат во ропство.
42 Сите твои дрва и родот на твојата земја ќе станат плен на бубачките.
43 Придојденикот, кој ќе биде во твоја средина, ќе се воздигне над тебе, а ти ќе паѓаш сè пониско и пониско.
44 Тој ќе ти дава на заем, а не ти нему; тој ќе биде глава а ти опашка.
45 Сите овие проклетства ќе те снајдат, ќе те гонат и ќе те достигнат додека не те уништат, зашто не го слушаше гласот на Господа, својот Бог, ниту ги пазеше Неговите заповеди и закони, што ти ги даде.
46 Тие ќе ви служат за чудесен знак тебе, и на твоето потомство засекогаш.
47 Бидејчи не сакаше да му служиш на Бога, својот Бог, со весело и радосно срце заради изобилството на сè
48 ќе му служиш на својот непријател, кого Господ ќе го испрати против тебе, во глад, во жед, во голота и во секаква скудност. На твојот врат ќе навали јарем од железо, така што ќе те измачува!
49 Господ ќе доведе од далечина, од крајот на земјата, против тебе народ, што ќе слета како орел. Тоа ќе биде народ чиј јазик не ќе го разбираш;
50 бездушен народ, кој не ќе пројавува обѕир кон старите ниту ќе се смилува кон младите.
51 Тој ќе ти ги јаде: младите од твојот добиток и плодот на твојата земја додека не те уништи; не ќе ти остава ни жито, ни вино, ни масло, ни теле од крава, ни прираст од стадата, додека не те упропасти.
52 Ќе те опсадува во сите твои градови ширум низ земјата додека не ги разурне високите и утврдените ѕидови на кои што си се надевал; ќе те опсадат во сите твои градови ширум низ земјата, што ти ја даде Господ, твојот Бог.
53 Во притеснувањето и во јадот, со кои ќе те притисне твојот непријател, ќе го јадеш плодот на твојата утроба - месото на своите синови и своите ќерки, што ќе ти ги даде Господ, твојот Бог.
54 Човекот, најнежниот и најмекиот сред тебе, ќе гледа со злобно око на својот брат, на жената во својата прегратка и на своите деца што му останаа,
55 не сакајќи ниту со еден од нив да го дели месото на своите синови, што ќе го јаде, зашто заради притеснувањето и јадот, со кои твојот непријател, ќе те притиска по сите твои градови, друго не ќе му останува.
56 И жената, најнежна и најмека што ќе биде сред тебе - толку нежна и воздржана што не се осмелува да ги спушти стапалата на земја - ќе гледа со злобно око на мажот во својата прегратка, и на својот син, и на својата ќерка,
57 и на својата постелка што ќе и излезе меѓу нозете, и на децата што ќе треба да ги роди, зашто ќе ги изеде скришно, скудна во сè, заради неволјата и јадот со кои ќе те притисне твојот непријател по сите твои градови.
58 Ако не ги пазиш и не ги вршиш зборовите на овој Закон, што се напишани во оваа книга, не почитувајќи го ова славно и страшно Име - Господа, својот Бог -
59 Господ ќе ве шибне тешко, тебе и твоето потомство, со големи и долготрајни бичеви, со погубувачки и долги болести.
60 Ќе ги пушти на тебе сите египетски зла, од кои се плашеше, и тие ќе се прилепат до тебе.
61 А и секоја друга болест и бич, кои не се наведени во книжниот свиток на овој Закон, Господ ќе ги пушта на тебе додека не те уништи.
62 Ќе останете само малку од вас што бевте многубројни како небеските ѕвезди, а сè заради тоа што не го слушаше гласот на Господа, својот Бог.
63 Како што се радуваше Господ со вас, правејќи ве среќни и множејќи ве, така Господ ќе се радува да ве истреби и погуби, за да се откорнете од земјата во која одите, за да ја земете во сопственост.
64 Господ ќе ве расфрли по сите народи, од крајот до крајот на земјата; таму ќе им служиш на други богови: дрвени и камени - кои ви беа непознати и тебе и на твоите татковци.
65 Но нема да имаш мир меѓу тие народи; ниту твоите стапала ќе имаат почивалиште, туку таму Господ ќе ти даде возбудено срце, пропаднати очи, изнемоштена душа.
66 Твојот живот ќе виси на нишка; ќе се боиш и дење и ноќе, и не ќе бидеш безбеден за својот живот.
67 Од стравот, што ќе ти го стега срцето, и од глетката што ќе ја гледаат твоите очи, наутро ќе зборуваш: ‘Ох да е веќе вечер!’ а навечер ќе зборуваш: ‘Ох да е веќе утро!’
68 Господ ќе те одведе со кораби, назад во Египет, по патот за кој ти реков дека не смееш веќе да го видиш. Таму вие самите ќе им се продавате на вашите непријатели за робови и робинки, но не ќе има купувачи.”
Причината за ова што го спомнувам е затоа што христијан, по име Кег Вин тврди дека исламот не е мирољубила вера, бидејчи Аллах , субаханеху ве те ала, не предупредува да се казни оној кој не го следи , итн. Сега бидејчи христијаните веруваат во тоа тврдење, и ги користат нивните сопствени критериуми, стиховите кои ги спомнав покажуваат дека нивниот Бог е насилен и дека не е мирољувив, затоа што, како што можеме да погледниме, тој го казнува на оној кој не го следи, на многу лош начин.
Змачи, Христијаните не би требало фрлаат камења ако живеете во стаклена куќа – а живееат во стаклена куќа. Се прашувам што би кажал Крег Вин за овие стихови, мислам, тој верува во овој Бог кој го предупредува на ваква казна; па ако на Христијаните им претставува проблем Аллах субаханеху ве те ала, дека ги казнува лужето, зошто тогаш не им претставува проблем кога нивниот Бог вели да се казнат луѓето?
Христијаните сега мораат да признаат дека нивниот Бог е насилен и дека не е мирољубив, бидејчи велат дека Аллах не може да биде Бог, поради Својот грен и казнување; ако христијаните тоа не го признаваат, не можат повече да даваат аргументи против исламот, ако продолжат да го користат овој смешен аргумент против исламот, тогаш мораат да ја напуштат својата религија. Сека се во тешка дилема, да го напаѓаат исламот и да го напуштат христијанството или да го напаѓаат исламот па зтоа немаат стретсва за да го напаѓаат исламот.
За да им биде појасно на читатаелите, едноставно че наведам што Христијанскиот Бог прави за казнување на оние кои не го следат:
1. Бог че нареди да се погубат неговите луѓе и да се масакрираат, па тие ќе се разбегуваат во сите правци.
2. Луѓето че добиваат деца, но не че можат со нив да уживаат, поради тоа што ќе биде испратен во ропство.
3. Децата че им бидат дадени на други луѓе и родителите че посакаат да ги вратат , но не че можат.
4. Канибализам, да, канибализам! 53 во вознемиреноста и во јадот, во кој твојот непријател че те притисне, ќе јадете од плодот на нејзината утроба- месото од своите синови и од ќерките свои кој ти дадте , Јахве Богот Твој.
5. Бог на луѓето че им испрати болест.
6. Че се женат, но нивните жени че спијат со други мажи.
Ова се некои од казните кои Бог во Библијата че им ги испрати насвоите луѓе ако не го следат.
Извор: [You must be registered and logged in to see this link.]
Обработка и Прведот: Ahlu-Sunnah