1 Богатство нa душата Чет 27 Мар 2014, 11:15 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Ебу Хурејре, радијАллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: “Не е богатство во множина на овои дуњалучки уживања, туку богатство е во богатството на душата.“
Убави ли ги изрецитирал Осман б. Са'дан стиховите за ова значење:
“Биди задоволен со она што ти е доволно, потреби го задоволството бидејќи ти, навистина, не знаеш дали ќе разбудиш или заночиш.
Не е богатство во множина на имот, навистина, богатството и сиромаштијата биваат само во душата.“
Овие стихови ги презедол и Ел-Халил б. Ахмед споменувајќи ги во одговорот на Сулејман б. Хабиб б. ел-Михлеб:
“Дали му стигнала веста на Сулејман дека јас сум за разлика од него во пространство и богатство, иако јас немам имот...
И сиромаштијата е во душата, а не во имотот, знај го тоа!
Така и богатството е во душата, а не во имотот.“
Абдуллах б. Мухаммед б. Јусуф ги составил стиховите:
“Биди задоволен за она што ти поминало и не тагувај за минатото
и не залажувај се со дуњалукот, зарем не се сеќаваш на своите мртви!“
Бекр б. Еби Узејне рекол:
“Колку познаваш сиромашни кои се богати во душите
и колку ли богаташи сиромашни во сиромашно срце!“
Ебу Омер вели: Фудајл б. 'Ијјад говорел:“Навистина сиромаштија и богатство се после полагањето сметка пред Аллах, субханеху ве те'ала“, т.е. тогаш ќе биде вистинска сиромаштија.
Махмуд ел-Веррак рекол:
“Сиромаштијата е во душата, а исто така и богатството,
а богатството на душата е најголемо богатство...“.
Махмуд ел-Веррак исто така рекол:
“Богатството на душата ќе те збогати ако бидеш задоволен,
додека нема да те збогати множина со голем труд.“
Ебу Фарис ел-Хамдани рекол:
“Богатство на душата за паметниот подобро е од богатство на имот.
Луѓето се вреднуваат по душите, а не се вреднуваат по своите состојби.“
Извор: tewhid.blogspot
Обработка: ahlu-sunnah