1 Верување во Аллаховото Едноштво - Тевхид Саб 28 Мај 2011, 9:13 pm
Muaz al Islam
Модератор
Верување во Аллаховата Единственост - Тевхид
Муслиманот верува во Аллах џ.ш.,во Неговото постоење,верува дека Тој е Создател на небесата и Земјата,духовниот и појавниот - материјалниот свет,верува дека Тој е Господар и Владар на се , верува дека нема друго божество освен Него , верува дека нема друг Господар освен Него .Потоа верува дека Аллах џ.ш. во потполност е совршен , далеку од било каков недостаток , т.е. верува дека Аллах џ.ш. има Свои сопствени убави имиња ( Есмаул - Хусна ) и совршени својства.
Аллах џ.ш. во Кур,анот вели во Сура Ел Хашр :
23 Тој е Аллах – нема друг бог освен Него, Владетел, Свет, Оној Кој е без недостаток, Оној Кој секого го обезбедува, Оној Кој над сите бдее, Силен, Возвишен, Горд. Возвишен и Чист е Аллах, од она што му го придружуваат!
24. Тој е Аллах, Творецот, Оној Кој од ништо создава, Оној Кој на се му дава облик, Тој има најубави имиња. Него го слави и велича се она што е на небесата и на Земјата, Тој е Силен и Мудар.
Иманот - верувањето во Аллах џ.ш. опфаќа три принципи:
- верување дека само Аллах џ.ш. е Создавач и Господар на се - тевхидур - рубубијје,
- верување дека само Нему треба ибадет да му се прави - тевхидул - улухијје,
- верување дека само Нему му припаѓаат имињата и својствата на совршеност - тевхид ел есмаи вес - сифат.
превземено од: исламски центар Вертуелна Медреса