1 Аллаховите заклетви во Куранот Саб 09 Апр 2011, 8:43 pm
Muaz al Islam
Модератор
Аллаховите заклетви во Куранот.
36:2 Се колнам во Кур’анот мудар
37:1:2:3 Се колнам во редиците на поредените, кои го пренесуваат она што се пренесува, и кои, тогаш, кажуваат Опомена:
43:2 Се колнам во Книгата јасна!
43:88 И она што ќе го рече пејгамберот: “Господаре мој, тоа е народ, навистина, кој не верува. “
44:2 Се колнам во Книгата јасна!
50:1 Каф! Се колнам во Кур’анот славен.
51:1:2:3:4 Се колнам во дувачите кои дуваат, и во носачите кои носат тешко, и во пливачите кои пливаат лесно, и во споделувачите на наредбата дека.
51:7 Се колнам во небото, испресечено со покази
51:23 Па, се колнам во Господарот на небесата и на Земјата..
52:1:2:3:4:5:6 Се колнам во Тур, и во Книгата во редици поредена, на кожа одвиткана; се колнам и во Куќата подигната, и во сводот воздигнат, и во морето затоплено,
53:1 Се колнам во ѕвездата кога ќе зајде,
56:76 Се колнам во заоѓањето на ѕвездите,
68:1 Нун! Се колнам во калемот и во она што оние го пишуваат
74:32:33:34 Се колнам во Месечината, и во ноќта кога ќе зајде, и во муграта кога ќе пукне...
75:1 Јас се колнам во денот кијаметски!
77:1:2:3:4:5:6 Се колнам во оние кои се испратени еднизадруги, па, како виор виорат се колнам и во оние кои се разгрануваат, и кои одовојувајќи, одвојувања предизвикуваат, и кои, опомена доставуваат, како оправдување или како опоменување!
79:1:2:3:4:5 Се колнам во оние кои кинат, силно! во оние кои, вадат благо, и оние кои, пловејќи, пловат брзо, и оние кои, предводувајќи, предводат, и кои ги средуваат работите,
81:15 Се колнам во ѕвездите што се скриваат
84:16:17:18 Се колнам во црвенилото вечерно, и во ноќта и во она што таа ќе го збере, и во Месечината кога ќе се исполни,
85:1:2:3 Се колнам во небото со ѕвезди преполно, и во Денот ветен, и во сведокот и во посведоченото,
86:1:2:3 Се колнам во небото и во Деница! А знаеш ли ти што е тоа Деница? Ѕвезда што свети!
89:1:2:3:4:5 Се колнам во зората, и во десетте ноќи, парни и непарни, и во ноќта кога ќе исчезне, има ли во тоа, за надарениот со разбир, заклетва?
90:1 Се колнам во градот овој
91:1:2:3:4:5:6:7 Се колнам во Сонцето и светлината негова, и во Месечината кога го следи, и во денот кога ќе го раздени, и во ноќта кога ќе го покрие, и во небото и во она што Он го подигна, и во земјата и Оној што ја простре, и во душата и Оној што ја создаде,
92:1:2:3 Се колнам во ноќта кога таа ќе опфати, и во денот кога ќе се раздени, и во Оној кој создава машко и женско
93:1:2 Се колнам во утрото, и во ноќта кога таа ќе се скрие,
95:1:2:3 Се колнам во смоквата и во маслинката, и во ридот Синај, и во овој град, безбеден
100:1:2:3:4 Се колнам во тркачките коњи кои ‘ржат, па, со нозете свои по камењата искри искрат, и кои во утринските часови напаѓаат, и кои, трчајќи, прашина дигаат,
103:1:2:3 . Се колнам во столетието! Човекот е поразен, навистина! Освен оние кои веруваат и кои добри дела работат, кои еднинадруги вистина препорачуваат и кои еднинадруги трпеливост препорачуваат!