1 Жими Аллах, те сакам во името на Аллах Пет 09 Aвг 2013, 3:41 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Ебу-Идрис ел-Хавелани рекол:“Влегов во џамијата во Дамаск и во неа затекнав младичи со светли заби. Околу него биле луѓе кои го прашале она во што се разделуваа (несогласуваа). Кога би им дадол одговор, неговото решение би го прифатиле. Се распрашав за него, па ми рекоа дека тој е Муаз ибн Џебел.
Добро следниот ден поранив. Меѓутоа, видов дека ме престигна, веќе беше на намаз. Почекав да го заврши намазот. Јас му пријдов од предна и го поселамив. Потоа реков:
'Жими Аллах, те сакам во име на Аллах!'
Праша: 'Жити Аллах?'
Реков: 'Жими Аллах!'
Повторно праша: 'Жити Аллах?'
Одговорив: 'Жими Аллах!'
Тогаш ме фати за крајот на мојата наметка, ме привлече кон него и рече: “Радувај се! Јас сум слушнал кога Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, рекол:
“Возвишениот и Славниот Аллах вели: 'Оние кои поради Мене се сакаат, поради Мене се подсетуваат и поради Мене се потпомагаат, Мојата љубов е неизбежна. '“
(Имам Малик, Муввета'2/953-954; Хаким 4/168-169; Ел-Бегави, Шерхус-Сунне 13/50)
Обработка: Ahlu-Sunnah