Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 184 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 184 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 
Muwehhid (937)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 
Monoteizam (343)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 
muharem fazli (323)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 
Haqq (253)
ДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_lcapДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Voting_barДА БИДАМ МУСЛИМАН ВО СВОЈОТ МОРАЛ (АХЛАК)   Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор





Во ова поглавје ќе ги разгледаме следните значјни карактеристики кои ќе го
натераат човекот
Муслиман со висок морал:
( Избегнување
непроверени работи
( Наведнување поглед
( Чување на
јазикот
( Страм
( Благост и стрпливост
(
Искреност
( Скромност
( Избегнување од сомнеж, озборување и

откривање мани кај муслиманите
( Широкогрудност,
дарежливост и племенитост
Племенит морал е основна цел на
прате-ништвото во Исламот. Тоа го


правел Аллаховиот Пратеник
с.а.в.с. ,,Навистина сум испратен да го употполнам племенитиот морал.,, (Ахмед и
др). Ова го потврдува исто така и следните племенити аети:


,, Оние кои што, ако им дадеме власт на Земјата, молитва ќе извршуваат
и садака ќе даваат и кои ќе бараат да се прават добри дела, а одвраќаат од
штетни дела - а на Аллах на крајот се му се враќа. ,, Кур,ан Ел Хаџџ
41.


,, Не е честитост во тоа да ги свртувате своите лица,
кон исток и за-пад, честити се оние кои веруваат во Аллах и во онај свет, и во
Мелеките, и во книгите и во пеј-гамберите и кои од имотот, иако им е драг им
даваат на роднините и сирачињата и сиромасите и на патниците - намирници и на
оние што питаат и за откуп на ропство и кои молитва извршуваат и зеќат даваат и
кои обврската своја, кога ќе ја преземат, ја исполнуваат посебно оние што се
из-држливи во сиромаштија и во болест и во лута борба.

Тие се искрени верници и тие се плашат од Аллау и ги избегнуваат
лошите постапки. ,,Кур-,ан Ел Бекара 177.


Племенитиот морал
е доказ на иманот и е негов плод. Нема вредност за иманот без морал. На тоа ни
укажува Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. ..Иманот не е само желба, туку она што
постои во срцето И што потврдуваат делата (Делеми).Ал-лаховиот Пратеник на
прашањето што е вера?, Од-говорил:,,Убав морал.,, А кога го прашале Што е
најлошо, Одговорил:,,Лош морал. (Ахмед).

Моралот ќе биде од
пресудно значење при мерењето на делата кај робовите на Судниот ден. Ако робот
го расипа својот морал и своите дела, нема да го спаси неговото потекло.
Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. рекол:,, Нема ништо покорисно за робот на вагата на
Судниот ден, од убавиот морал .,,(Ебу Давуд и Тирмизи)

.
Племенитиот морал е ре-зултат на ибадетот во Исламот. Без морал Ибаде-тот
Останува само ритуал и движење во што нема никаква вредност ниту
корист.Возвишениот Аллах за наназот вели:


,,...Молитвата навистина одвраќа од раз-врат и од се што е грдо...,,
Кур,ан Ел Анкебут 45

Ова се гледа и од зборовите на
Аллаховиот Пра-теник савс:,,Кого намазот не го одврати од разврат и се што е
грдо, тогаш намазот од Аллах уште повеќе ќе го
оддалечи.,,(Таберани)

. А за постот
Мухаммед савс
вели:,,Кога некој од вас ќе пости, тогаш нема интимен однос со својата жена,
нема ни викање, ни галама, а ако некој ти псуе и те навредува, ти речу му:,,Јас
постам,, (Бухарија и Му-слим).

Во аетот за
хаџџот, Возвишениот Аллах ве-ли

,
,Хаџџот е
во одредени месеци; оној што се обврзал во тие месеци да изврши хаџџ, нема
одно-си си жена и нема грди зборови, и нема караници во деновите на хаџџот...
Кур,ан Ел Бекара 197.


А Аллаховиот Пратеник савс.
Рекол:,,Кој изврши хаџџ, а не прави интимен однос и не зборува грди збо-рови, ќе
се врати чист како денот кога мајкаму го родила,, (Бухарија и Муслим).






Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
МОРАЛНИ СВОЈСТВА НА МУСЛИМАНОТ

Најзначајни морални својства кои треба да ги поседува човекот за да биде муслиман во својот ахлак се следните:

1. ИЗБЕГНУВАЊЕ СЕ ШТО Е СОМНИТЕЛ-НО И НЕПРОВЕРЕНО:

На муслиманот многу му е значајно да ги избегнува ха рамот и да се одда-лечи од сомни-телните работи, бидејќи Аллаховиот Пратеник с.а.-в.с. рекол: ,,што е дозволено (халал) јасно е, што е забрането (харам) јасно е, а меѓу нив има сом-нителни (нејасни) работи што првеќето не ги пзна-ваат.

Кој успеал да се сочува од нив, тој ја сочу-вал својата вера и чест, а кој ќе се впушти во нив, ќе западне во она што е забране-то. Исто ка-ко овчарот што го чува стадото околу забранета земја, за час може стадото да му побе-гне и да пасе во неа.

Секој владетел има своја, за други забранета земја (пасиште), а Аллаховата забранета земја се Неговите забрани. Во телото има еден ор-ган, кој кога е добар, целото тело бидува добро, а кога е расипан, целото тело стану-ва расипано, тој орган е срцето.,, А за највисокиот степен за избег-нување на сомнителните работи (ве-ра,), Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: ,,Робот не-ма да стане муте-кија (богобојазен, покорен) се до-дека не го остави тоа што не е лошо од страв да не падне во она што е лошо.,, (Тирмизи).


2. НАВЕДНУВАЊЕ НА ПГЛЕДОТ:

Потребно е да се наведнува погледот од работите што ги забранил Аллах џ. ш. После погледот следува стра-ст, која постепено и заводливо мочноста ја фрла во порок и грев. Затоа Возвишениот Аллах н# предупредил да бидеме внимателни.

,, Речи им на верниците не-ка ги наведнат своите погледи... Кур,-ан Ен Нур 30.

Додека Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: ,, Пгле-дот е шејтанска стреличка. ,,и рекол: ,,Или ќе ги наведните своите погледи и ќе ги чу-вате своите полни органи од грв, Аллах ќе ги по-црни вашите лица. ,, (Теберани).

3.ЧУВАЊЕ НА ЈАЗИКОТ;

Муслиманот мора да го чува својот јазик од безпотребно зборување грди зборови, валкани изрази, озборување и клеве-тење. Имамот Невави рекол: ,,Да знаеш дека е не-опходно ѕа секој (полнолетен и одговорен) мусли-ман, да го чува својот јазик од секаков говор, ос-вен говорот што во себе има здарава корист.

А кога користа е подеднаква со штетата, при што зборувањето или молчењето е сеедно, тогаш сунет е да молчиш, би-дејќи зборувањето во такви услови може да вовле-че во харам или мекрух, а тоа е вообичаена, чес-та појава. А ништо не е еднакво со спасувањето. Во многу хадиси Аллаховиот Пра-теник с.а.в.с. обја-снил какво зло И штета може јазикот да му нане-си на човекот:

...Зарем нешто друго повеќе го фр-ла лоѓето во оган (на Судниот дан) од плодовите на нивниот јазик? (Тирмизи). и Рекол; ,,Му,минот не клевети, не проколнува и не зборува грдо и валкано,, (Тирмизи). Исто така Ал-лаховиот Прате-ник с.а.в.с. рекол: ,,Кој зборува мно-гу, многу и греши, а кој многу греши има многу гревови. А кој има многу гревови за него е поб-лизу огнот во Џехеннем. ,, (Бухари)

4. СТРАМ:

Муслиманот мора да има страм во сите ситуации, освен кога вистината налага по-инаку. Во страм спѓа: немешање во туѓи Иаботи, наведнување на погледот, скромност и чесност. Во страм спаѓа и тоа да не се крева гласот, да се најде задоволство во умереност и во други својства. Се пренесува дека Ресулуллах с.а.в.с. имал најголем страм, поголем од чесна девојка во нејзина свад-бена одаја ... Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. рекол за страмот:

,, Иманот се состои од седумдесет и не-колку делови или од шеесет и неколку делови, Нај истакнат дел се зборовите Ла илахе иллаллах, а последно е да одстраниш од патот препрека. А и страмот е дел од иманот. (Бухарија и Муслим). Исламската улема (научници) за страмот рекле: ,, Страмот во суштина е доблест (способност) која потикнува да се остави се што е лошо и спречува некому да му се одземе правото кое што му при-паѓа.

5. БЛАГОСТ И СТРПЛИВОСТ:

Меѓу нај ис-такнатите својства што треба да ги поседува мусли-манот секако спаѓаат благоста и стрпливоста, бидеј-ќи работата вза Исламот е проследена со неволји, а патот на повикување кон Аллах џ.ш. е опкружен со потешкотии и препреки ... Вознемирувањето, уг-нетувањето, клеветењето, грдењето, иссмејувањето ... сите се потешкотии што се присутни и со кои се сретнуваат оние кои повикуваат во Аллаховата ве-ра, со цел нивната решителност да се задуши, и да се спречи нивната акција а тие да го напуштат повикувањето во Аллаховата вера.

Од ова гледиште секој брат што прави даве, носи една од најтешки-те задачи. Него му приоаѓа должноста да ги пови-кува во Аллаховата вера сите Луѓе, без оглед од степенот на развој на нивниот разум и нивната природа: (образовани или необразовани, рационални или емотивни, тврди или попусливи, смирени или раздразливи ...) за ова е потребно голема сила, тр-пение, толеранција и благост. Затоа Кур,анските и Сунетските патокази се плни со поттикнување за трпение, благост, истрајност и толеранција.

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Од Кур,анските патокази ги наведуваме:

,,А оној што ќе се стрпи и ќе опрости, навистина тоа му е решително (препорачливо) дело. Кур,ан Еш Шура 43

. ,, затоа ти широкогрудно опрости. ,, Кур-,ан Ел Хиџр 85. ,

, ...само оние што ќе бидат стрп-ливи ќе бидат без сметка наградени. ,, Кур,ан Ез Зумер 90. ,, ...

нека им опростат и не замеруваат! Зарем вас не би било драго и вас да ви опрости Аллах? А Аллах простува и е самилосен. ,, Кур,ан Ен Нур 22. ,, ...

а кога бесстрамниците ќе ги име-нуваат, одговараат: Мир за вас! Кур,ан Ел Фуркан 63.,,

А од насоките на Аллаховиот Пратеник с.а.-в.с; наведуваме: ,,Робот што постигнал благост има степен како оној што нафиле клања и пости.,, ,, Сакате ли да ве известам за кое дело Аллах џ.ш. почестува и подигнува на повисок степен? Одгово-риле: Да Аллахов посланику. Им рече: ,,Биди благ кон оној што тебе ти нанесува навреда, опрости ако ти нанесол некаков зулум (неправда), дај му на оној што тебе не ти дава, посетувајги оние што тебе те избегнуваат. ,, Ресулуллах с.а.в.с. ре-кол:

,, Кога Аллах џ.ш. ќе ги собере луѓето (на Судниот ден), тогаш некој Ќе повикал и ќе запра-ша: Каде се сопствениците на добрината? Тие луѓе ни одговориле: ,,Ние сме од оние кои биле стрпли-ви кога им е нанесена неправда и кога некој ни направи штета, благо би го прифатиле тоа. Тогаш Мелеките велат: Влезете во Џеннет, прекрасна наг-рада е тоа за оние што правеле добрина. ,,

Пример од вистинска благост и трпение на Пејкамберот с.а.в.с.
После битката на Хунејн еден муслиман
рекол: ,,Жими Аллаха оваа поделба (на пленот) не
е правилна , ниту Аллах не е задоволен од неа. ,,
Кога Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. бил известен за
тоа, тој рекол: ,,Нека Аллах му се смилува на
Муса а.с. кога поднесувал повеќе од ова, па се
стрпил.,, (Теберани).

2. Енес р.а. рекол: ,, Еден ден Аллаховиот Пратеник савс влегуваше в џамија, а на него има-ше наметка од груба Неџранска ткаенина. Еден бедуин му се доближи од зад грб и го повлече за наметката толку грубо што околувратникот го повредил на Пратениковиот врат. Притоа бедуинот рекол: ,,О, Мухаммеде, дај ни од Аллаховите пари што се кај тебе !,, Аллаховиот Пратеник савс се завртил кон него и му се насмевнал велејќи (на асхабите): ,,Наредете да му се дадат пари,,.

3. Ебу Хурејре пренесува дека еден бедуин му рекол на Пејгамберот савс: ,,О, Мухаммеде, дај ми храна два товари од камила, бидејќи ти не даваш ниту од твојот, ниту од татковиот имот; при што го повлекол за наметката толку силно, така што вратот на Пејгамберот савс поцрвенел.,, На тоа Аллаховиот Пратеник савс наредил да му се даде еден товар јачмен и еден товар урми.

4. Имало една жена која бесстрамно збо-рувала пред мажите, па во една прилика поминала покрај Аллаховиот Пратеник савс, којшто јадел попара, седнат на земја. Таа тогаш му рекла: ,,Погледнете го, седи како што седи роб и јаде како што јаде слуга.,,

5. Од Ебу Хурејре р.а. се пренесува дека еден човек дошол кај Аллаховипт пратеник савс и го запрашал: ,,Јас имам роднини кои ги прекинаа односите со мене, иако јас нив ги посетувам. Јас убаво се однесувам со нив, а тие лошо се однесу-ваат кон мене. Јас сум благ кон нив, а тие се груби кон мене.,

, На тоа Пратеникот с.а.в.с. рекол: ,, Ако е вистина тоа што го велиш тие поради тоа ќе голтаат пепел, а со тебе, се додека си стрплив Аллах ќе биде задоволен. ,,

6. Еден евреин грубо барал од Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. да му го врати долгот, велејќи: ,,Вие, синовите на Абду Менаф одолговлечувате со враќањето на долгот! ,, Тогаш Омер Ибни Хатаб р.а. луто станал да го убие. Пратеникот с.а.в.с. ре-кол: О Омере, од него требаше да побараш убаво да го бара враќањето на долгот, а од мене убаво да му го вратам неговиот долг. ,,

7. Се пренесува дека Иса а.с. посетувајќи разни места со своите асхаби повикувајќи ги луѓе-то во вера, им зборувал на луѓето се најдобро, додека тие исти луѓе по него псуеле и му збору-вале се најлошо. Неговите ученици се зачудиле на тоа, а потоа го прашале на Иса а.с. поради так-вата постапка. Иса а.с. им одговорил: ,,Од секој од нас излегува она што е во него. ,,

Од примерите што ги наведовме, јасно е кол-ку за еден повикувач во вера езначајно да има својство на благост, трпение и простување, а посе-бно ако навредите ги доживее од роднините, при-јателите и оние што ги сака, бидејќИ тоа дава љубов и доверба и оддалечува разидување, раздор и караници А за возврат, доволно му е поради тоа да го постигне задоволството на Возвишениот Аллах џ.ш.


6. ИСКРЕНОСТ:

За муслиманите е пресудно да биде искрен и да не лаже, да ја зборува висти-ната, па макар тоа да биде и против него самиот, бидејќи не треба да се плаши од ничиј прекор, освен од прекорот на Возвиќениот Аллах.

Лагата е најлошото својство кај човекот. Тоа е вле-зница за многу шејтански сплетки. Избегнувајќи ги лагите, нашите души и стануваат отпорни на шејтанските наговори и со тоа ја чуваат чистотијата, бистрина-та и воздигнатоста на нашите души.

Лагата ја уни-штува и ја понижува човечката душа и личност. Затоа Исламот ја забранил лагата и ја ставил во најголемите проколнети несреќи на овој свет. Алла-ховиот Пратеник с.а.в.с. рекол: ,,Навистина, зборува-њето вистина, упатува на добрина, а добрината во-ди во Џеннет.

Човекот што секогаш ја зборува вистината, ќе биде запишан кај Аллах меѓу искре-ните. Навистина, лагата упатува на расипаност и разврат, а расипаноста води кон огнот. Човекот што секогаш лаже, тогаш ќе биде запишан кај Ал-лх меѓу лажливците.,, (Бухарија и Муслим).



Продолжува ....

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот