1 Потсетник за родителите од детето... Нед 20 Мар 2011, 12:39 am
ibret
Активен член
Потсетник за родителите од детето...
- Не ме разгалувајте,јас добро знам дека не морам да имам се што ке побарам,само ве искушувам!
- Не се плашете да бидете одлучни кога јас сум во прашање,јас тоа го сакам,затоа што се чувствувам сигурно!
- Не допуштајте ми да створам лоши навики,морам да се потпрам на вас за да ги препознам во раната фаза!
- Не правете да се чувствувам помал/а од што сум,така ке се чуствувам бедно,“поголем/а“!
- Ако можете не исправувајте ме пред другите луѓе,многу подобро ке разберам ако зборувате со мене на само,во четри очи!
- Не допуштајте моите грешки да ги гледам како грев,тоа го ремети мојот систем на вредност!
- Не ме штитете од последици,понекогаш треба да учам и од поболниот начин!
- Не се вознемирувајте кога ке ви кажам „Ве мразам“,јас не ве мразам вас,туку моќта што ја имате врз мене!
- Не обрнувајте на моиве мали болки,така само го скренувам вниманието на себе,а кое внимание можеби ми недостасува од вас!
- Не заборавајте дека јас не можам да ги објаснам своите чувства како што би сакал,затоа што не говорам доволно прецизно!
- Не ме игнорирајте кога ви поставувам прашања,ако така правите ,покасно ке забележите дека ке престанам да ве прашувам,а одговорите ке ги барам на друго место!
- Не бидете недоследни,тоа во потполност ме збунува,и така ја губам довербата во вас!
- Не говорете дека моиве стравувања се смешни, вие можете да ме разубедите само ако се обидете да ги разберете!
- Никогаш не говорете дека сте совршени и безгрешни,ке биде тоа голем шок за мене кога ке сватам дека тоа не сте!
- Никогаш не помислувајте дека е испод честа да ми се извините,ако искрено ми се извинете кон вас ке ја почувствувам неверојатната топлина!
-Не заборавајте како брзо растам,сигурно ви е тешко секој мој чекор да го следите,но обидете се!
-Не заборавајте дека јас не можам да напредувам без вашата полна љубов и разбирање,но јас сигурно за тоа не мора да ве потсетувам!
-Ке ве молам да внимавате на своето здравје,потребни сте ми!