Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 193 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 193 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 
Muwehhid (937)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 
Monoteizam (343)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 
muharem fazli (323)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 
Haqq (253)
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_lcapРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Voting_barРУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
РУКНОВИ (СТОЛБОВИ) НА ИМАНОТ

Што сме должни да научиме и да веруваме за да бидеме муслиман и муслиманка?
За да бидеме муслиман и муслиманка, должни сме да веруваме во темелните вистини на верувањето (иманот).

Од што се состои исламското верување?
Исламското верување се состои од ШЕСТ темелни вистини на верата или шест имански рукнови.
Кои се темелни вистини на верата?

Темелни вистини на верата се:

1) АМЕНТУ БИЛЛАХИ “Јас верувам во Аллах, Творецот и Владарот на световите,

2) ВЕ-МЕЛАИКЕТИХИ “Во Аллаховите мелеки (духовни разумни битија),

3) ВЕ КУТУБИХИ “Во Аллаховите китаби (книги објавени на некои пејгамбери),

4) ВЕ РУСУЛИХИ “Во Аллаховите пратеници (пејгамбери),

5) ВЕЛ-ЈЕВМИЛ АХИРИ “Во Последниот ден (Судниот ден),

6) ВЕ БИЛ-КАДЕРИ ХАЈРИХИ ВЕ ШЕРРИХИ МИНЕЛ-ЛАХИ ТЕАЛА “и верувам дека се што се случува, се случува со Аллахова волја и одредба”.

Што треба цврсто да се верува и знае напамет?

Цврсто треба да се веруваат и знаат напамет шесте темелни вистини на верата, бидејќи кој не ги знае и не верува во сите шест вистини на верата не може да биде муслиман односно муслиманка.

Како се викаат темелните вистини на верата?

Темелните вистини на верата се викаат рукнови (столбови) на иманот, и верување во нив е услов да се биде муслиман односно муслиманка.



Прв имански шарт

АМЕНТУ БИЛЛАХИ – Верувам во Еден Аллах

Темелот на исламското верување е вера во еден единствен Аллах џ.ш. кој е Создател на светот и сé што постои.

Кој го создал сé што постои?

- Аллах (џ.ш.) е Оној кој ја создал пространата земја, високите планини, бурните мориња, Сонцето кое дава светлина и убавото небо кое го украсил со ѕвезди.

- Аллах (џ.ш.) ги создал животните со различни бои, форми и раст. Разновидноста на животинскиот вид е доказ на Аллаховата (џ.ш.) моќ и убавина на Неговото создавање.

- Аллах (џ.ш.) е Господар (Рабб) на сите створенија и Тој е Оној кој ги создал од ништо и ги усовршил во нивниот облик.

- Аллах (џ.ш.) е Оној кој се грижи за сите створенија. Тој ја храни рибата во вода и и го олеснува начинот на исхрана, ја опскрбува птицата и и олеснува нафака. Тој ги снабдува инсектите и сите други созданија.

Бидејќи разумот не е во состојба целосно да го сфати и запознае битието на Аллах џ.ш., ние веруваме во Него според Неговите својства (сифати), кои ги има четиринаесет.

Сифати Затије

- Вуџуд – Аллах има и постои.
- Кидем – Аллах е отсекогаш.
- Бека – Аллах е засекогаш.
- Вахданијјет – Аллах е Еден и Единствен.
- Мухалефетун лилхавадис – Аллах на ништо не е сличен,
- Кијамун би нефсихи – Аллах сам по себе опстојува.

Сифати Субутије

- Хајат – Аллах живее со вечен живот.
- Илм – Аллах сé знае.
- Сем’ – аллах сé слуша.
- Бесар – Аллах сé гледа.
- Ирадет – Аллах се со своја волја прави.
- Кудрет – Аллах е Семоќен.
- Келам – Аллах зборува со свој божествен говор
- Теквин – Аллах сé создава, издржува и одржува.
Сопствено Божје име е Аллах. Тоа означува Создател на сé што постои. Покрај ова име, кое најчесто се спомнува, постојат и други Аллахови убави имиња, кои се наркуваат “Ел-есмаул-хусна”. Аллах има 99 убави имиња.

* * *

Втор имански шарт

ВЕ МЕЛАИКЕТИХИ – Верувам во Аллаховите мелеки

Божји мелеки се разумни и невидливи духовни битија. Создадени се од “нур” светлина. Не се од машки или женски род. Не јадат ниту пијат. Вечно му служат и Го слават на Аллах џ.ш. и тоа им чини радост и задоволство.
Мелеките ги има во голем број, а нивниот износ го знае само Аллах џ.ш.

Најпознати мелеки се:

- Џебраил – донесувач на Објава.
- мелекул-меут – мелек кој ја зема душата на луѓето.
- Исрафил – Мелек кој ќе дувне во рогот (сур) на Судниот ден и ќе го најави пропастот на овој свет.
- Микаил – Мелек кој е задолжен за дожд и време.
- Кирамун катибин - чесни писари кои ги пишуваат добрите и лошите дела на секој човек.
- Мункир и Некир – испрашувачи на луѓето во гроб.
- Ридван - чувар на џеннетските капии.
- Малик - чувар на џехеннемските капии.


* * *

Трет имански шарт

ВЕ КУТУБИХИ – Верувам во Аллаховите китаби
Aллахови китаби се божја објава кои се доставени до луѓето преку Божјите пратеници. Ним им ги доставувал мелекот Џибрил а.с., а во нив се содржани упатства, совети, молитви и сл.
Објавени се четири големи книги:
- Теврат – објавен на Муса а.с.
- Зебур – објавен на Давуд а.с.
- Инџил – објавен на Иса а.с.
- Кур’ан – објавен на Мухаммед а.с.
Објавени се и помали збрики на прописи кои ги викаме Сухуфи. Нив ги имало сто. На Адем а.с. му се објавени десет, на Шит а.с. пеесет, на Идриз а.с. триесет и на Ибрахим а.с. десет.

Од овие книги единствено е сочуван само Кур’анот и тој ќе остане до Судниот ден, затоа сме должни да веруваме во сите книги но единствено сме должни да постапуваме само по Кур’анот.


* * *

Четврти имански шарт

ВЕ РУСУЛИХИ – Верувам во божјите пратеници

Божји пратеници биле избрани луѓе на кои Аллах џ.ш. им ја доставувал Објавата да им ја пренесат и објаснат на луѓето. Ги имало над 120 илјади пејгамбери. Во Кур’анот се споменати со име дваесет и пет. Тие се:
Адем -’алејхи-сселам-, Идрис -’алејхи-сселам-,
Нух -’алејхи-сселам-, Худ -’алејхи-сселам-,
Јунус -’алејхи-сселам-, Илијас -’алејхи-сселам-,
Ел-јес'а -’алејхи-сселам-, Салих -’алејхи-сселам-,
Ибрахим -’алејхи-сселам-, Лут -’алејхи-сселам-,
Муса -’алејхи-сселам-, Зул-Кифл -’алејхи-сселам-,
Јахја -’алејхи-сселам-, Зекеријја -’алејхи-сселам-,
Шуајб -’алејхи-сселам-, Ејјуб -’алејхи-сселам-,
Харун -’алејхи-сселам-, Јусуф -’алејхи-сселам-,
Јакуб -’алејхи-сселам-, Исхак -’алејхи-сселам-,
Исмаил -’алејхи-сселам-, Давуд -’алејхи-сселам-, Сулејман -’алејхи-сселам-, Иса -’алејхи-сселам-, Мухаммед а.с.
Божјите пејгамбери се разликувале од останатите луѓе по следниве својства:
- Сидк – Сите ја зборувале вистината,
- Еманет – сите биле довреливи,
- Теблиг – сите верно ја доставиле Божјата објава,
- Фетанет – сите биле паметни и остроумни,
- Исмет – сите биле безгрешни.
- Адалет – сите биле преведни.
- Руџулет – сите биле од машки род.


* * *


Петти имански шарт

ВЕЛ ЈЕВМИЛ-АХИРИ – Верувам во Судниот ден

Судниот ден е денот кога Аллах џ.ш. ќе му нареди на Исрафил да дувне во рогот и овој свет ќе пропадне и сите живи суштетства ќе изумрат.
Судниот ден е ден кога Аллах џ.ш. ќе ги повика луѓето на одговорност за своите дела. Еве некои поими кои спаѓаат во верување во Идниот свет:

- Берзех е место во кое престојуваат душите од смртта па до проживувањето.

- Мизан е вага или терезија на која ќе се мерат или вагаат добрите и лошите дела.

- Шефаат е право на Мухаммед а.с. да се зазема, заговара или посредува кај Аллах џ.ш. за грешниците од својот уммет.

- Џеннет е место на Ахирет во кого верниците ќе ја уживаат Аллаховата награда.

- Џехеннем е место на Ахирет каде неверниците ќе ја издржуваат Аллаховата казна.


* * *


Шести имански шарт

ВЕ БИЛ-КАДЕРИ ХАЈРИХИ ВЕ ШЕРРИХИ МИНЕЛЛАХИ ТЕАЛА - Верувам дека сé што се случува, сé случува со Аллахова волја и одредба

Аллах џ.ш. е единствен семоќен Господар на сиот свет. Сé што се случува се случува со Аллахово одредување, т.е. божја волја и распоред. Аллах џ.ш. е задоволен со нашите добри дела, а не е задоволен со нашите лоши дела. Аллах џ.ш. одредува, распоредува, создава, никој не може да го спречи во Неговото одредување. Она што Аллах сака се случува, а што несака неможе ниту да биде. Иако сé е одредено, Аллах џ.ш. ни дал слободна волја и способност да правиме некои дела. Ако направиме добро дело ќе бидеме наградени, а ако направиме лошо дело ќе бидеме казнети. Според тоа, грешникот не може да се правда со судбина.

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот