1 Евреи жртви на Холокаустот Сре 09 Мар 2011, 6:59 pm
LAUTKA
Модератор
Урните со пепел на македонските Евреи жртви на Холокаустот на едно место
Со
еврејска молитва повторно беа соединети македонските жртви на
Холокаустот. По 68 години урните со пепел на 7.148 македонски Евреи
убиени во нацистичките логори на смртта се на едно место.
Со гардиска придружба беа испратени од Штип и Битола, градовите каде
што живееле Евреите и од каде биле депортирани и никогаш не се вратиле.
Мојс Сариевски е последниот Евреин од овој град, кој се уште се сеќава
на ужасот.
-Повеќе да не се повтори. Се уште се сеќавам. Бевме голи и боси и
секој се обидуваше да се спаси, се потсети на кобното утро, Сариевски.
Во Штип за овој голем настан допатува Павле Рубиса, претставник на
последното штипско еврејско семејство, кое пред неколку години се
пресели во Израел.
- Ова е повеќе од болно сеќавање за она што моите ми го раскажувале,
вели Павле, внукот на последното штипско еврејско семејство.
Урните со пепел од логорот Треблинка, утре ќе бидат пренесени во Меморијалниот центар на Холокаустот.
-По 70 години урните на македонските жртви на Холокаустот ќе бидат
пренесени во Меморијалниот центар кој ќе биде нивни вечен дом, истакна
Рахамин Низраки од Еврејската заедница во Македонија.
Урните во Македонија се донесени во 1961 година и досега беа
изложени во Битола, Скопје и во Штип. Од овие три града ноќта меѓу 10-ти
и 11-ти март 1943 година биле собрани речиси сите Евреи од Македонија и
кон крајот на март од скопскиот Монопол биле депортирани во логорот на
смртта во Полска.
09.03.2011, 17:56