1 Џенетски благодети ветени на жените Пет 25 Фед 2011, 12:11 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!
А потоа: Кога воочив дека постојат многу прашања кои жените ги поставуваат за нивната положба во џеннетот и тоа што ги чека во него, собрав некои од насоките мои би помогнале во расветлување на оваа тема, поткрепени со доказите од Кур-анот и суннетот и изјавите на некои учени луѓе, и барајќи помош од Аллах (субханеху ве те'алла) велам:
1. На жените ќе им се одговори кога ќе прашаат за тоа каква е нивната награда во џеннетот и кои благодети ги очекуваат, зошто човечката душа е желна по размислување за нејзината иднина и крајниот исход.
Аллаховиот Пратеник (салаллаху алејхи ве селем) не ги премолчувал прашањата слични на овие кога асхабите би го запрашале за џеннетот и она што е во него, се пренесува дека го имале прашано:
-Од што е сограден џеннетот? А Аллаховиот Пратеник (салаллаху алејхи ве селем) одговорил: <ула од злато, па тула од сребро..
Друг пат го запрашале: Аллаховиот Пратеник дали ќе бидеме во џеннетот со нашите жени? На што тој им одговорил потврдно.
2. Човечката душа без оглед дали е машка или женска, се возбудува и воодушевува кога ќе се спомене џеннетот и сите оние уживања кои се во него, во што нема ништо лошо, под услов тоа да не биде2 само пуста надеж, туку своите желби да ги проследиме со самопрегор и работа кои водат во џеннетот. Аллах (субханеху ве те'алла) им вели на верниците: <Ете, тоа е џеннет кој ви е даруван како награда за она што сте работеле.
Затоа нека душата чезнее за џеннетот, а со делата докажете ја неговата заслуга.
3. Џеннет и неговите благодети не се ветени само на мажите, туку е подготвен за оние кои од Аллах стравуваат од двата пола, како што тоа Возвишениот Аллах (субханеху ве те'алла) не известува. Во другиот ајет Аллах (субханеху ве те'алла) вели: . а оној кој прави добро, бил маж или жена, а верник(чка) е, ќе влезе во џеннет.
4. Жените не би требало да се замараат со многу прашања и истражувања околу деталите за нивното влегување во џеннетот, што ќе биде со неа? Каде ќе замине?, и со слични прашања, како да оди во бескрајна пустина !
Доволно и е да знае дека со самото влегување во џеннетот престануваат сите болки и грижи низ кои поминала, и тогаш преминува во положба на благосостојба и бескрајна среќа, а доволни и се зборовите на Возвишениот (субханеху ве те'алла): ...тука заморот нема да ги допре, тие од таму никогаш нема да бидат извадени..во него ќе има се што душите ќе посакаат и со што очите се насладуваат, и во него вечно ќе престојувате
И доволни и се пред се зборовите на Возвишениот (субханеху ве те'алла) за жителите на џеннетот: Аллах ќе биде задоволен со нив, а и тие со Него.
5. Кога Аллах (субханеху ве те'алла) ги спомнува привлечностите кои се наоѓаат во џеннет како што се разните јадења, величенствени пејсажи, населби, облека, Тој тогаш генерализира дека е тоа за двата пола (за мажите и жените), и дека сите ќе уживаат во тие прекрасни благодети.
Произлегува: Аллах (субханеху ве те'алла) им наговестил на луѓето и им го направил привлечен џеннетот спомнувајќи што тој содржи, како што се хуриите и убавиците. Но ваквите работи не се спомнуваат кога се во прашање жените, па се поставува прашање од која причина?
Одговорот е:
- Затоа што Аллах (субханеху ве те'алла) <...нема да биде прашан за што го работи, туку тие ќе бидат прашувани.
Но нема ништо лошо во тоа да видиме која е мудроста во сето ова базирајќ се притоа врз шеријатските ставови и исламски начела, па велиме:
- Природна особина на жената е срамежливоста, како што е тоа познато, заради тоа Аллах (субханеху ве те'алла) не спомнал некои од џеннетските благодети со кои тие би се засрамеле.
- Жените не чувствуваат желба кон мажите како што тоа мажите го чувствуваат кон нив, па затоа Аллах (субханеху ве те'алла) им го направил џеннетот попривлечен на мажите спомнувајќи ги тие благодети. Вистинитоста на ова се огледува во хадисот во кој Аллаховиот Пратеник (салаллаху алејхи ве селем) вели: Нема да има поголема гужва, која ќе го снајде мојот уммет по мојата смрт, од онаа во која ќе го доведат жените.
Меѓутоа тоа што ги привлекува жените тоа се украси во облекувањето и накитот, зошто по природа е така создадена. Аллах (субханеху ве те'алла) вели: Зарем тие кои во украси растат и кои се во расправка песпомосни?
Учењакот Усејмин рекол: Аллах (субханеху ве те'алла) ги спомнал жените како награда за мажите, затоа што мажот е тој кој го покренува и врши изборот на својот брачен партнер (а жената го прифаќа тоа или не, прим.прев.), тоа е причина да все споменат жените како награда за мажите, а обратното го премолчил, што не значи дека нема да има мажи во џеннетот, секако дека ќе ги има и тоа ќе бидат нивните мажи.
6. На овој свет жените нема да излезат од следните рамки:
1. Да и се случи смрт пред да се омажи.
2. Да и се случи смрт по развод на бракот, а пред да се омажи за некој друг.
3. Да и се случи смрт додека е мажена за некого кој нема да влезе како и таа во џеннет.
4. Да и се случи смрт по мажачката.
5. Да и умре мажот, а таа да не се премажи по тоа до крајот на животот.
6. Да и умре мажот, а таа по тоа се премажува.
Ова се ситуации во кои може да се најде една жена на овој свет, меѓутоа во џеннетот ситуацијата е следна:
1. Таа, жена која ќе почине пред да се омажи, неа Аллах (субханеху ве те'алла) ќе ја омажи со некој маж -човечко битие- зошто Аллаховиот Пратеник (салаллаху алејхи ве селем) вели: <Во џеннетот нема да има неженети и немажени.
Учениот ибн Усејмин рекол: Ако некоја девојка не се омажи на овој свет Аллах (субханеху ве те'алла) ќе ја омажи во џеннетот со оној кој ќе и се допадне, зошто благодетите во џеннетот не се само за мажите , туку се и за жените колку и за мажите, а една од тие благодети е и бракот.
2. Вака ќе биде и со онаа која ќе почине откако ќе се разведе од својот маж.
3. Како што ќе биде вака и со онаа чиј маж нема да влезе во џеннетот.
Учениот ибн Усејмин за ова рекол: Ако некоја жена го заслужи џеннетот , но не биде мажена пред тоа на овој свет, или ако била мажена но нејзиниот маж не биде ос жителите на џеннетот а таа биде, за таква жена ќе има маж кој исто така не се женил на овој свет а заслужил да биде во џеннет. Значи ќе биде мажена за некого од нив.
1. Таа која ќе почине по нејзината мажечка таа во џеннетот ќе биде жена на тој ист маж за кој се има омажено.
2. Таа на која ќе и почине маж, а таа не се премажи по неговата смрт, ќе биде во џеннетот жена на истиот тој маж за кој се има омажено.
3. И на крајот, таа на која мажот и починал, а таа по неговата смрт се премажила, ќе му припадне на последниот маж, без оглед колку пати да се премажува, зошто Аллаховиот Пратеник (салаллаху алејхи ве селем) вели: <Жената му припаѓа на последниот маж13
Исто така асхабот Хузејфе р.а. и рекол на својата жена: Ако сакаш да ми бидеш жена во џеннетот немој да се мажиш по мене, зошто жената ќе биде во џеннетот со својот последен маж од овој свет, затоа Аллах им забранил на жените на Аллаховиот Пратеник да се премажуваат по неговата смрт, зошто се тие негови жени во џеннетот.
Прашање: Некој ќе каже: во дова која се учи на починатиот на џеназе намазот < и замени и го мажот со некој подобар од сегашниот, како ќе, ако е веќе мажена, да режеме нешто вакво, а знаеме дека нејзиниот маж од овој свет ќе и биде маж и на идниот свет, а ако не е мажена за кој маж тогаш станува збор?
Одговорот е: Како што тоа го вели Учењакот ибн Усејмин: Ако биде немажена тогаш се мисли на некој замислен маж кој би и бил маж ако би останала жива, а ако е веќе мажена тогаш се смета на подобрување на моралните особини на нејзиниот маж кои на оној свет ќе бидат повредни, зошто замената може да биде замена во целост, како на пример да се прстори овца во дева, и замената на особините, како на пример кога би кажале Аллах го заменил неверството на овој човек со верување, и како што тоа Аллах (субханеху ве те'ала) го кажува во еден Кур'ански ајет: ... на денот кога Земјата ќе биде заменета со друга Земја, а и небеските сводови15, во овј случај се работи за иста Земја но ќе биде рамна, а небеските сводови ќе бидат исти но ќе бидат раскинати.16
7. Се пренесува во веродостојниот хадис дека Аллаховиот Пратеник (салаллаху алејхи ве селем) им рекол на своите жени: Ве имам видено повеќето како жители на џеннетот .17, во другиот хадис се вели: Жените ќе бидат најмалубројни жители во џеннетот18
Во едно друго веродостојно предание стои дека секој маж во џеннетот ќе има по две «жени»19, односно по две жени од овој свет.
Овдека исламските научници се поделиле (разминале) околу тоа дали е овој хадис во спротивност со предходно наведените хадиси, односно дали дали жените ќе бидат мнозинство во џеннетот или џехеннемот?
Едните велат: Жените ќе бидат мнозинско жителство во џеннетот заради нивната бројност. Рекол кадијата /Ијад: Жените се најбројно жителство.20
Додека другите велат дека жените ќе бидат мнозинско жителство во џехеннемот врз основа на предходните хадиси, а ќе бидат -исто така- и мнозинско жителство на џеннетот, кога ќе се земе во предвид и бројот на хуриите во џеннетот, па затоа ќе ги има повеќе од мажите во џеннетот.21
И на крајот некои од исламските научници велат: Жените ќе бидат мнозинско жителство во џехеннемот во почетокот, а потоа ќе бидат мнозинско жителство во џеннетот, тогаш кога ќе излезат од џехеннемот, како вернички.
Муфесирот ел-Куртуби коментирајќи го хадисот на Аллаховиот Пратеник (салаллаху алејхи ве селем): Ве имам видено повеќето како жители на џеннетот вели: Можно е вака да биде додека жените ја издржуваат џехеннемската ватра, а кога ќе излезат од таа ватра со посредништво и Аллаховата милост, се додека не излезе секој оној кој ќе изрече: Нема друг Бог освен Аллах, тогаш жената ќе биде мнозинство во џеннетот.
Заклучок:
Жените треба да настојуваат да не бидат од жителите на џехеннемот.
8. Кога некоја жена ќе влезе во џеннетот, Аллах (субханеху ве те'алла) вели: Во џеннетот нема да влезе старец...Возвишениот Аллах кога ќе воведе некој жена во џеннетот ќе ја престори во девица
9. Се кажува во некои од делата на исламските научници дека жената од овој свет ќе биде во џеннетот поубава од хуриите и тоа повеќекратно, поради ибадетот кон Аллах (субханеху ве те'алла)
10. Ибн Кајим кажал: На секој од жителите на џеннетот му е дадено да го стави под грижа некого кој не е него жител25,, односно кој не ежител на џеннетот.
И на крајот џеннетот е украсен со жени како што е украсен и со мажи: < на место каде ќе бидат задоволни , кај Владарот Семожниот,, па затоа не ја пропуштајте ниедна можност, зошто животот е кус, брзо одминува и нема да остане ништо освен бескрајна вечност, проживејте ја таа вечност во џеннетот (ако Аллах (субханеху ве те'алла) го посака тоа) и да знаете дека влезница за џеннетот е иман-верување во Аллах (субханеху ве те'алла) Еден Единствен и правете добри дела, а немајте празни надежи поддржни со неред и негрижа, сетете се на зборовите на Аллаховиот Пратеник (салаллаху алејхи ве селем): Ако жената ги клања(обавува) петте пропишани намази, пости месец рамазан, го сочува својот полов орган од харам и биде послушна на својот маж, ќе и се рече: < Влези во џеннетот на која сакаш врата
Чувајте се добро од оние кои ве повикуваат на превриж и еманципација на жената, од оние кои саккат да ве расипаат, да ве понижат и одвратат од најдобрата награда, а тоа е стекнување на џеннетот. Затоа нека не ве заведат на нивните фрази на тие ослободители ниту писатели или писателки и на нив слични (водители на некои тв. Канали и сл.), зошто за таквите Аллах (субханеху ве те'алла) вели: Тие едвам би сочекале да и вие станете неверници како што се тие неверници, па да бидете еднакви
Го молам Аллах (субханеху ве те'алла) да ги помогне сите жени вернички да се здобијат со најголема награда: џеннетските благодети, да ги упати подобро и од оние кои упатуваат на вистинскиот пат, да ги сочува од луѓе шејтани, мисионери и мисионерки за еманципација на жената и нивното уништување, и нека е мир и спасение на Аллах (субханеху ве те'алла) врз Аллаховиот Пратеник (салаллаху алејхи ве селем) на неговото семејство и сите негови пријатели.