1 Власта ноќе тајно гради - дел од власта урива Саб 12 Фед 2011, 12:23 am
LAUTKA
Модератор
Власта ноќе тајно гради - дел од власта урива
| [You must be registered and logged in to see this link.] |
Тежок инцидент на полноќ на Скопско кале. Стотина
жители од околината на Калето синоќа уриваа делови од црквата музеј.
Биле испровоцирани што тајно и на полноќ власта сепак ја гради црквата
музеј иако кажа дека ќе биде стопирана. Стотина работници од
битолска фирма во вечерните часови ја довршуваа металната конструкција и
го ѕидаа објектот. На сред работа, упаднаа во просторот на калето и
почнаа да уриваат и да фрлаат се што им се најде при рака. За
брзо време на Калето се појавија и неколку министри на ДУИ, меѓу кои и
Бујар Османи и заменикот министер за внатрешни работи Џеват Бучи. Чуварот на Калето ја повика полицијата, која не интервенираше. Бараа од градоначалникот на Чаир, Изет Меџити да се запре со уништувањето. Подоцна работниците од Битола заминаа со автобусот. Но продолжи оштетувањето на конструкцијата.Градоначалникот
на Чаир по инцидентот, кажа дека црква на Kалето не може да има. Според
него, ако власта инсистира на црква, тогаш треба да се гради и џамија,
но може и опцијата или универзален објект или ништо.
„Ние
уште еднаш покажуваме дека тука сме и вечерва и вчера и кога ќе треба
ќе бидеме тука, за да не дозволиме било каква дискриминација“, вели Изет
Меџити, градоначалник на ЧаирУправата за заштита на културното
наследство апелира до македонската јавност и до политичките партии да не
се обидуваат да ги политизираат проектите од ваков карактер. Во
денешното соопштение се вели дека управата, како координатор на
проектот, во јавна постапка има спроведено тендер за избор на фирма за
реализација на активностите, согласно законските процедури. Фирмата
согласно потпишаниот договор има законска обврска активностите да ги
реализира во предвидениот рок, во спротивно ќе плаќа пенали. Според предвидената динамика и потпишаниот договор, фирмата продолжи со реализација на своите активности велат од управата. Директорот
на Управата Паско Кузман кој е во Германија уверува-кога рекол
стопирање на изградбата значело само на одредено време.
„Не
реков јас дека прекинуваме, туку ги запираме работите на одредено
време, за да се смират тензиите. Ништо друго повеќе од тоа не сум рекол.
Ниту ги прекинувам, туку ги запирам привремено работите, додека се
смират тензиите. Тоа не е ниту договор. Пред тоа имавме ултимативно
барање за стопирање на работите“, вели Паско Кузман.Еве што рече Паско Кузман ден откако ДУИ излезе со ултиматумот-стоп за изградба на црквата..„Вчера
разговараме околу случувањата и одлучивме привремено да ја запреме
активноста, за да го спуштиме нивото на една покултурна фаза и малку да
размислиме и да се договориме. Да се смират возбудите и тензиите, да
разговраме поинаку“, рече Паско Кузман на 1.02.2011.Паско Кузман
дури и најави доколку треба државата ќе гради и атомска централа на
скопското кале. Сега не знае што понатаму. Вели ќе знае откако ќе се
врати во земјава.