1 Египет е слободен - Мубарак поднесе оставка Пет 11 Фед 2011, 11:28 pm
Muaz al Islam
Модератор
Египет е слободен - Мубарак поднесе оставка
„Претседателот Хосни Мубарак одлучи да ја напушти својата позиција како претседател на Египет и побара од врховниот совет на вооружените сили да управува со земјата“, изјави Омар Сулејман, потпретседател на Египет.
Египет во еуфорија. Мубарак на крајот мораше да попушти и да го прифати барањето на египетскиот народ да замине од власта по три децении авторитарно владеење.
По директното обраќање на заменикот на Мубарак, Омар Сулејман преку државната телевизија, милион граѓани на плоштадот Тархир во Каиро ја славеа победата на Египет.
Заменикот на Мубарак најави итен почеток на подготовките за идните слободни избори. Моќната армија која му се придружи на народот, вети враќање на животот во нормала и укинување на вонредната состојба штом тоа ќе биде можно.
Оставката на Мубарак е очекуван потег, иако синоќа сега веќе бившиот претседател се обиде да го одложи заминувањето од власта.
Денеска Мубарак и неговото семејство од Каиро заминаа во претседателската резиденција во Шарлм ел Шеик. Три недели траеја протестите против 82 годишниот Мубарак во кој животот го загубија повеќе стотици граѓани.
Мубарак на власт дојде во 1981 година, неговото 30 годишно владеење го запиша во историјата на Египет, како политичар кој најдолго владеел со земјата.
Превземено од: [You must be registered and logged in to see this link.]