Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Кој е Мухаммед а.с EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Кој е Мухаммед а.с EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Кој е Мухаммед а.с EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Кој е Мухаммед а.с EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Кој е Мухаммед а.с EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Кој е Мухаммед а.с EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Кој е Мухаммед а.с EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Кој е Мухаммед а.с EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Кој е Мухаммед а.с EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Кој е Мухаммед а.с EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Кој е Мухаммед а.с EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Кој е Мухаммед а.с EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Кој е Мухаммед а.с EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Кој е Мухаммед а.с EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Кој е Мухаммед а.с EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 100 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 100 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 
Haqq (253)
Кој е Мухаммед а.с Vote_lcapКој е Мухаммед а.с Voting_barКој е Мухаммед а.с Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Кој е Мухаммед а.с Empty Кој е Мухаммед а.с Сре 09 Фед 2011, 12:11 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилосен!

Мухаммед а.с нека Аллах џ.ш биде задоволен од него.





Муслиманите веруваат дека Мухамед, нека е Божјиот мир над него, е
последниот Пратеник во долгата низа Пратеници испратени да ги повикуваат
луѓето кон покорност и обожување на Бога („Алах“ на арапски). Некои од
овие пратеници се Адам, Ное, Авраам, Исмаил, Исхак, Јаков, Јосиф,
Мојсеј, Давид, Соломон и Исус, нека е Божјиот мир над нив.

Вие во Алаховиот Пратеник имате убав пример за оној кој се надева на
Алаховата милост и награда на оној свет, и кој често Алах Го спомнува.“
(Куран, 33: 21)

Како што Мојсеј, нека е Божјиот мир над него, беше пратен со Тората
(оригиналното, непроменето откровение испратено на Мојсеј) и Исус, нека е
Божјиот мир над него, со Евангелието (оригиналното, непроменето
откровение – а не денешните различни верзии), така муслиманите веруваат
дека и на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, му е испратен Куранот,
до ден денешен непроменет, за да покаже како треба да се применуваат
Неговите учења.



Жената на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, Аиша, во една
прилика била замолена да го опише, а таа одговорила дека тој е „Куран
што чекори“, што значи дека тој подробно го применувал благородното
учење на Куранот во секојдневниот живот. Ќе покажеме како тој го
претворил ова благородно учење во благородни дела.
Мисија на милост

Како што ги повикувал луѓето кон молитвата, постот и давањето милостина,
Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, проповердал дека нечија вера
во Бога, исто така, треба да се огледа како таа се однесува кон другите.
Тој рекол: „Најдобри меѓу вас се оние коишто имаат најдобар морал.“



„А Ние (Бог)1, тебе (Мухамед),само како милост на човештвото те пративме.“ (Куран, 21: 107)

Многу хадиси на Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, ја нагласуваат
врската помеѓу верувањето и делата. На пример: „Оној што верува во Алах и
Судниот Ден, не треба да го навреди својот сосед, оној што верува во
Алах и Судниот Ден, треба љубезно да ги угости своите гости, и оној што
верува во Алах и Судниот Ден, треба да зборува само добро или да молчи.“



Последниот Пратеник, нека е Божјиот мир над него, ги учел луѓето да покажуваат милост и да се почитуваат едни со други:


„Оној кој не покажува милост кон другите, нема да му биде укажана милост нему.“

Во друго предание, некои луѓе побарале од Пратеникот , нека е Божјиот
мир над него, да го замоли Бог да ги казни неверниците, но тој
одговорил: „Не сум испратен да проколнувам, туку како милост.“



Прошка


Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, бил човек кој, од сите луѓе,
најмногу простувал и бил надобар. Кога некој би го навредил, тој би му
простил, и колку била личноста посурова, тој бил толку потрпелив. Тој
бил екстремно благ и простувал, посебно кога бил во позиција и имал моќ
да се одмазди.



Една жена редовно му фрлала ѓубре на Пратеникот, нека е Божјиот мир над
него, кога тој поминувал по одредена патека. Пратеникот, нека е Божјиот
мир над него, никогаш не враќал со ништо на нејзиното малтретирање.
Наместо тоа, кога таа еден ден не го нападнала, тој тргнал до нејзината
куќа да се распраша за нејзината состојба бидејќи бил загрижен за неа.

Еднаквост


Во следните хадиси на Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, тој подучува дека сите луѓе се еднакви пред Бога:



„Целото човештво потекнува од Адам, а Адам е од земја (глина). Не постои
предност на Арапот над не-Арапот, ниту на црнецот над белецот; освен со
побожноста.“


„Бог не гледа во вашиот изглед и вашето богатство, туку Тој гледа во вашите срца и гледа во вашите дела.“

„Најугледен кај Алах е оној кој од Него најмногу се плаши.“ (Куран, 49: 13)

Се пренесува дека еднаш еден од асхабите (придружниците) на Пратеникот,
нека е Божјиот мир над него, нарекол друг асхаб на навредлив начин, „Син
на црна жена!“ Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, се налутил и
одговорил: „Го прекоруваш поради тоа што мајка му е со црна кожа? Ти
сеуште кај себе имаш траги на неукост од предисламскиот период.“



Толеранција



„Не треба да им чиниш зло на оние кои ти го чинат, туку треба да се
справиш со нив со проштевање и љубезност.“ Вака последниот Божји
Пратеник, нека е Божјиот мир над него, реагирал на лични напади и
навреди.



„Доброто и злото не се исти! На злото со добро возврати, па душманот твој одеднаш близок пријател ќе ти стане.“ (Куран, 41: 34)


Исламските извори вклучуваат бројни моменти кога Пратеникот, нека е
Божјиот мир над него, имал можност да се одмазди на оние кои што му
згрешиле, не тој се воздржал од тоа.


Тој ги научил луѓето да бидат трпеливи кога се соочуваат со некоја
неволја: „Храбар не е оној кој ги победува луѓето со неговата сила, туку
храбар е оној кој се контролира себеси во лутина.“

Примената на трпеливоста и толеранцијата не значи дека еден муслиман
треба да биде пасивен и да не се брани себеси во случај на напад.
Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, рекол: „Не посакувај
средба со непријателот, но кога ќе се сретнеш со него, биди трпелив (пр:
биди сталожен кога се соочуваш со него).“

Благост



Еден асхаб кој десет години служел кај Мухамед, нека е Божјиот мир над
него, рекол дека тој секогаш бил благ во однесувањето со него.


„Кога ќе направев нешто, никогаш не ме прашуваше како го направив; а
кога немаше да направам нешто, никогаш не ме прашуваше зошто не го
направив тоа. Тој беше најпријателски настроен од сите луѓе.“

Само со Алаховата милост, ти си благ кон нив; а да си остар и груб, тие би се разбегале од тебе.“ (Куран, 3: 159)

Во една прилика, жената на Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, реагирала луто откако била навредена од една личност.


Тој ја советувал: „Биди блага и сталожена, о Аиша, бидејќи Алах ја сака благоста во сите работи.“
Тој, исто така, рекол: „Покажете благост! Затоа што ако благоста се
најде при нешто, го разубавува, а ако биде одземена од нешто, тоа
станува недостаточно.“

Скромност



„А робови на Милостивиот се оние коишто по Земјата мирно одат, а кога
бесрамниците ќе им се обратат, тие одговараат: ,Мир со вас!‘“
(Куран, 25: 63)

Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, им забранувал на луѓето
да стануваат пред него од почит. Тој седнувал кадешто имало место на
седенките и никогаш не барал истакнато и видно место. Тој никогаш не
носел нешто на себе со што би се издвојувал од неговите асхаби или да
пристапува кон нив од повисок ранк. Тој се мешал со сиромашните и
потребните; тој практикувал да седи со постари лица и вдовици. Луѓе кои
не го познавале не можеле да го издвојат од останатите луѓе.



Обраќајќи им се на асхабите, тој рекол: „Алах ми објави дека мора да
бидете скромни. Не смеете да се фалите едни пред други, ниту некој да
биде суров кон другиот.“



Неговата скромност одела до степен што се плашел да не почнат да го обожуваат, што е право соодветно само за Бога:
„Не ги преминувајте границите воздигнувајќи ме како што христијаните го
прават тоа со воздигнувањето на Исус, синот на Марија. Јас сум само
Божји роб; затоа викајте ме Божји роб и Негов Пратеник.“

Идеален сопруг



„Со нив (брачните другари) убаво живејте!“ (Куран, 4: 19)



Жената на Пратеникот, Аиша, за својот благороден маж рекла: „Тој секогаш
ми помагаше во домаќинството и некогаш си ја крпеше облеката, си ги
поправаше чевлите и го бришеше подот. Тој ја молзеше, штитеше и ја
хранеше својата стока и вршеше домашни работи.“



Не само што бил посветен сопруг, туку тој ги охрабрува асхабите да го
следат неговиот пример: „Најдобри меѓу верниците се оние со најдобар
морал. А најдобри меѓу нив се оние кои се добри кон своите сопруги.“

Совршен пример



„Бидејќи ти (Мухамеде) си, навистина, со најдобар карактер.“ (Куран, 68: 4)

Она што претходи е еден краток поглед на начинот како Мухамед, нека е
Божјиот мир над него, го живеел својот живот. Спомнатите примери на
љубезност и милозливост може им дојдоа како изненадување на некои луѓе
според дадената слика за исламот во медиумите и неговото постојано
погрешно прикажување.



Со цел разбирање на исламот, важно е човек да учи директно од неговите
извори: Куранот и изреките и делата на пратеникот Мухамед, нека е
Божјиот мир над него, и тоа да не го проценува исламот според погрешните
дела на некои муслимани.

Коментари од не-муслимани


Махтма Ганди, голем политички и духовен лидер на индиското движење за
независност, забележал: „Строга едноставност, одговорност кон својот
завет, неговата голема посветеност кон своите другари и следбеници,
неговата бестрашност, неговата непоколеблива верба во Бога и во својата
мисија; Со ова постигна сè пред нив, а не со сабјата, и така ги надмина
сите пречки.“



Бернард Шо, британски писател, изјавил: „Светот има ужасна потреба од
човек како Мухамед; религиозните народи во Средниот век, како резултат
на своето незнаење и предрасуди, го замислувале на многу мрачен начин
бидејќи го сметале за непријател на христијанството. Но по читањето на
историјата на овој човек открив дека е необичен и извонреден човек, и
дојдов до заклучок дека тој никогаш не бил непријател на
христијанството, туку напротив, треба да се нарекува спасител на
човештвото. Според мене, кога би му била дадена власта врз светот денес,
тој би ги решил нашите проблеми и би обезбедил мир и среќа за која
светот сега чезнее.“



На оние кои ќе веруваат и добри дела ќе чинат Алах им ветува прошка и награда голема.“ (Куран, 5: 9)

2Кој е Мухаммед а.с Empty Re: Кој е Мухаммед а.с Саб 26 Мар 2011, 9:32 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Кој е Мухаммед а.с Pink_Rose_Muhammad_sized


allahumme salli ala muhammad

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот