1 Одговор на шубхи(сомнежи)со кои се охалалува гласање Нед 03 Окт 2010, 2:56 pm
Monoteizam
Редовен член
Одговор на сомнежот:
Прв сомнеж:
Правило: “Делата се вреднуваат спрема нијјет (намера)“
Оние кои го применуваат ова правило кажуваат дека се додека намерата од човекот е да се намали зулумот(неправдата)над муслиманите, или да им се обезбеди нешто од олеснување или работи како овие, тогаш гласањето постанува дозволено. И оние кажуваат дека се додека човекот со своето учествување на демократските избори не сака да направи никакво зло и се додека единствена намера му е да донесе добро – тогаш ова го дозволува делото и го прави халал.
И ние кажуваме дека оваа грешка(Грешка во оправдување лоши забранети дела (харам) со добра намера) со логично размислување не е преовладувачка само во оваа тема за која ние расправаме, туку таа се простира низ други важни теми. Затоа ние ќе му посветиме малку внимание тука иншАллах.
Прва цел е дека гревовите поради намерата од оној кој ги прави не престануваат да бидат грешни. Ебу Хамид ел Газали, Аллах нека му се смилува рекол:
“Гревови: Тие не ја менуваат својата природа со нијјетот(намерата). Така џахилот(незналицата) од општественоста на зборовите од Аллаховиот Посланик салаллаху алејхи ве селлем: “Делата се вреднуваат спрема намерата“, мисли дека гревот може да биде претворен во добро дело со добра намера, како што е случајот со личноста која го озборува на човек за да би го придобил срцето на некој друг човек, нахранува сиромав со туѓи пари, или гради училиште, џамија или воен камп со харам пари, додека пак неговата намера е да направи добро. Сето ова е џехл (незнаење). Добрата намера нема ефект т.с неможе никако да се оправда правење грев. Најпрво неговата намера да направи добро по лош пат – што е спротивно на шеријатот – е она следно зло. Па ако е свесен на ова тогаш тој е тврдоглав во поглед на шеријатот. Но ако тој нема знаење за ова, тогаш тој е грешен што е џахил (незналица), затоа што барање на знаење е обавеза од секој муслиман. Што значи, дека добрите работи како такви можат да бидат познати единствено само со шеријат, како тогаш она што е зло по шеријат може да биде добро? Ова е многу чудно. Навистина работите во срцето кои ова го предизвикуваат се скриени желби и внатрешна страст.“
Понатака кажува Ебу Хамид ел Газали:
“Она што добро се разбира е било кој во незнаење има намера (нијјет) да направи добро дело по пат на грев, тој нема да биде оправдан, освен ако е нов во ислам и нема време за да би стекнал знаење а Аллах Возвишениот рекол:
“Прашајте ги оние кои знаат, ако вие не знаете“ (Ен – Нахл 43)
Исто така рекол:
“Затоа неговите зборови салаллаху алејхи ве селлем “Делата се вреднуваат спрема намерата“ се ограничени само на покорност(добри дела) и на мубахе (дозволени дела) но никако не се однесуваат на правење грев. Ова е затоа што доброто дело може да биде претворено во грев со лош нијјет(намера). Исто така дозволеното дело може да биде претворено во лошо или во покорност со добар нијјет. Намерата може единствено да има влијание на грев кога другите лоши намери се придодадени на тоа дело, кои би ја зголемиле тежината на тој грев и неговата кобна последица како што е спомнато во книгата “ Ихја улумид – дин 4/388 стр“.
А во својата побиена фетва Абдул Азиз ибн Баз кој дозволил човек да постане пратеник и дозволил учество на демократски избори заснована на правилото“Делата се вреднуваат спрема намерата“ (А оваа фетва е издадена во магазинот(Лива ел – ислам бр.11, 1409 хиџретска година, 7 страна) од каде Абдул Азиз ибн Баз рекол:
“Реков дека оваа фетва е погрешна, спрема она што го наведивме од ел Газали дека гревовите неможат да постанат дозволени со добар нијјет(намера). Освен тоа куфрот е најголем од гревовите. Па тогаш ако пристапувањето во парламентот е куфр, тоа нема да постане дозволено со добар нијјет. Ова е така поради чинот дека парламентот е средство по кој пат е применет демократскиот систем. Со тоа познавањето на прописите за учествување во парламент или избирање на нејзини членови (Гласање) зависи од познавањето на демократските ставови, т.с од кои ставови повторно зависи познавањето на нејзината реалност. (Ел Џами’ фи талеб ел – илм еш – шериф 1/147 – 148 стр)
Со тоа намерата не е фактор за дозволување на грев се додека човекот е свесен дека тоа е грев. И тој не дозволува правење на дела кои се куфр и ширк, дури и ако нијјетот(намерата) е резултат на тоа дело – корист или олеснување за муслимани. Ако ова би било случај тогаш ние би дозволиле продавање на библијата и кипови, за да приходот би бил дониран на муслимани во сиромаштија, но ваква работа никој не би дозволил.
Од ова се разбира дека сите учесници во друг закон освен Аллаховиот, било да се работи за преседателите на држава или парламентарци – Тагути, од причина што пропишуваат тоа што Аллах не го пропишал и со тоа си земаат за право она што му припаѓа на Аллах. Пренесува ет - Табери :
“ Етх – Тхевбан му рекол на Аллаховиот Посланик Мухаммед с.а.в.с ’ Дали сум јас од твоите?’ Аллаховиот Посланик с.а.в.с, се замолчи, па рече: ’ Сигурно дека си, се додека не му се приближиш на естрадата (парламентот) и се додека не затропаш на вратата од султанот (владар, тагут).’“
Овде се гледа како Мухаммед салаллаху алејхи ве селлем, му негира Ислам на луѓето кои се наоѓаат во парламентите и делуваат на начин кој ја руши основата на верата. Овој темел е многу важен, затоа што покажува на кого луѓето му даваат подршка. Овде оние кои гласаат, без никаков сомнеж, подржуваат тагути кои ќе пропишуваат закони покрај Аллах, Аллах му нареди да заневеруваат во тагути. Па како тие луѓе да бидат муслимани? Едно правило е познато и гласи : “ Помогнувањето на куфрот ( неверството ) е куфр “, па како тогаш оној кој му помага на неверството да биде муслиман? Нема сомнеж дека таквиот е кафир, а кафир е и оној кој има сомнеж во неговото неверство, затоа што таквиот не го спознал тевхидот, и не го спознал првиот услов ( рукн ) на шехадетот – негирање, порекнување од тагут, со срце, со јазик или со дело ( т.е СО НЕГЛАСАЊЕ ). Единствено оној кој има оправдување може да биде : Малолетник, луд или оној кој е присилен.