Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Скромно Живење и Вредност за Тоа EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 123 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 123 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 
Haqq (253)
Скромно Живење и Вредност за Тоа Vote_lcapСкромно Живење и Вредност за Тоа Voting_barСкромно Живење и Вредност за Тоа Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор

Во Името, На Аллах џ.ш Милостивио, Самилосен!



Возвишениот Аллах (џ.ш.) вели:


По нив дојдоа поколенија кои го оставаа намазот и
кои ги следеа страстите... па, оние ќе се сретнат со злото: освен оние
кои се покајаа и работеа добро. Оние ќе влезат во џеннетот ми во ништо
не ќе им се наштети.” (Мерјем, 59-60)


“И излезе тој пред народот негов, со сиот украс
свој. Оние, кои го посакуваат животот на овој свет, рекоа: “Е, кога би
имале нешто слично на она што му е дадено на Карун. Тој, навистина, има
среќа голема.” - Оние со даденото им знаење зборуваа: “Тешко вам!
Наградата Аллахова е подобра, секако!” (Ел-Касас, 79-80 )



“Потоа на Денот тој ќе бидете прашани за благодатот.



” (Ет-Текасур,
Cool


На оној кој ја посакува вечноста Ние му даваме она
што сакаме, на оној кому сакаме, потоа, ќе му означиме џехеннем во кој
ќе биде пржен, осуден и напуштен.” (Ел-Исра, 18)


Се пренесува од Ајша (р.а.) дека рекла: “Умре Мухаммед (с.а.в.с.), а
во неговото семејство немаше леб од јачмен ни за два дена,
еденподруго.”



Во еден, пак, друг ривает стои:


“Умре Мухаммед (с.а.в.с.), а во неговото семејство, откако дојде во Медина, не се најаде пченкан леб три дена, еденподруго.”
Се пренесува од Урве, а овој од Ајша (р.а.) дека рекла: “Валлахи, о
сестрину,чекавме три младици еднаподруга, дури и по три младици во два
месеца, без да се запалеше оган во собите на Аллаховиот


пејгамбер (с.а.в.с.). Реков: “Тетко, па од што живеевте?” Рече: “Од
урми и од вода. Освен тоа, Аллаховиот пејгамбер ( с.а.в.с.) имаше комшии
- енсарии - кои имаа добиток и му испраќаа на Пејгамберот (с.а.в.с.)
млеко со кое не напојуваше.”



Се пренесува од Нуман б. Бешир (р.а.) дека рекол: “Го видов
Пејгамберот (с.а.в.с.) кој немаше ни расипани урми со кои би се најал.”



Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека рекол: “Излезе Пејгамберот
(с.а.в.с.) еден ден или една ноќ, па ги затекна Ебу Бекир и Омер (р.а.) и
рече: “Што ве натера да излезете од вашите куќи во ова време?” Рекоа:
“Гладта, ја Ресулеллах!” Рече: “И мене, исто така. Се колнам во Оној во
чија рака е мојава душа, ме натера да излезам она



што и вас ве натера да излезете!”


Станаа со него и отидоа кај еден човек од енсариите, а тој, пак, не
беше дома. Кога го виде Пејгамберот, жената рече: “Добре дојде.”
Пејгамберот (с.а.в.с) ја праша: ”Каде е домаќинот?” Одговори: “Отиде да
побара вода за пиење.”


Кога се врати енсаријата и го виде Пејгамберот (с.а.в.с.) со
неговите другари, а потоа рече: “Елхамдулиллах, никој денес нема
поблагородни гости од мене.” Излезе и се врати со една гранка, на која
имаше зелени и свежи урми, и рече: “Јадете.” Потоа зеде нож, а
Пејгамберот (с.а.в.с.) му рече”: “Немој од оние што се молзат!” Им закла
овца и јадеа од неа, од урмите и пиеја вода.



Кога се најадоа и напија, Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) им рече на
Омер и на Ебу Бекир (р.а.) : ”Се колнам во Оној во чија рака е мојава
душа дека ќе бидете прашани за оваа благодат на Судниот ден. Од вашите
куќи ве натера да излезете гладта и не се вративте се додека не ви се
случи овој благодат.”



Се пренесува од Халид б. Омер Адеви(р.а.) дека рекол: “Утбе б. Газван
ни држеше говор. Беше градоначалник на Басра. Му се заблагодари на
Аллах, Му упати слава (тесбих) и рече: “Овој свет ја покажа својата
мигновеност и минливост; се сврти кон друг правец. Од него не остана
ништо.



Остана само колку еден држач од стап што го држи неговиот сопственик.
Од него ќе се преселите во куќа која е вечна; ќе се преселите со
добрата кои ги поседувате. Ни спомна дека ќе биде фрлен камен од врвот
на џехеннемот па ќе паѓа седумдесет години и нема да го постигне дното.
Валлахи, ќе биде исполнет. Се зачудивте ли?”



Видов меѓу седуммината со Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.). Немавме
храна, освен лисје од дрвјата. Усните само што не ни испукаа. Ја зедов
покривката, ја преполовив со Саид б. Мелик. Ја облеков половината, а
другата половина ја облече Саад. Денес нема никој меѓу нас кој не стана
емир во некој град. Се склонувам кај Аллах за во себе да бидам голем, а
кај Аллах мал.”



. Се пренесува од Ебу Муса Ел-Ешари (р.а.) дека рекол: “Ајша (р.а.) ни ја изнесе облеката и кошулата, која беше груба, и рече:


“Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) умре во ова.”
.
Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека рекол: “Се колнам во Аллах,
освен кого нема друг бог, дека лежев помешечки на земја од глад, дури
понекогаш ми доаѓаше да ставам загреан камен на стомак од глад. Еден ден
седнав на пат по кој поминуваа луѓе. Помина и Пејгамберот (с.а.в.с.) и
кога ме виде, се насмевна. Виде за што се работи на моево лице и на
мојава душа.


Потоа рече: ”Ебу Хирр.” Одгворив: “Ти се одѕивам ја Ресулеллах.” Рече: ”Тргни по мене!”


Тргна, а јас го следев. Влезе во една куќа побара изин и, бидејќи ми
даде изин, влегов. Најде еден сад со млеко и праша: “Од каде е ова
млеко?” Одговорија: “Ти го подари тој или таа.” Рече: “Ебу Хирр!”
Одговорив: “Ти се одѕивам, ја Ресулеллах!” Рече: ”Појди до Станарите на
софата и повикај ги!” Потоа рече: ”


Станарите на софата се исламски гости. Немаат семејства, имот или
кого било друг.” Кога ќе стигнеше садака, Пејгамбереот (с.а.в.с.) ја
испраќаше до нив и ништо од неа не задржуваше. Кога ќе дојдеше подарок,
испраќаше да дојдат, еден дел земаше за себе, а еден им оставаше. Тоа ме
загрижи и реков: “Ова е малку млеко за Станарите на софата.“ Јас имав
повеќе право да се напијам од тоа млеко за да се закрепнам.”



Кога дојдоа тие, Пејгамберот (с.а.в.с.) ми нареди да ги послужам, а
немаше надеж да остане нешто за мене. Немав избор, освен да бидам со
Аллах и со пејгамберот Негов. Заминав кај нив и ги повикав. Дојдоа и
побараа дозвола да влезат. Им беше дозволено. И седнаа во куќата. Рече:
”Ебу Хирр” Одговорив: “Ти се оѕвивам, ја Ресулеллах.” - Рече: ”Земи и
дај им!”



Зедов сад и му дадов секому да се напие се додека не го врати садот.
Потоа садот го давав на друг додека не се напие и не го врати. Потоа
дојде ред садот да дојде до Пејгамберот (с.а.в.с.). Пред тоа сите се
напија. Пејгамберот (с.а.в.с.) го зеде садот, го стави на рака,
погледна, се насмевна и рече: ”Ебу Хирр!” Реков: “Ти се одѕивам ја
Ресулеллах.” Рече: ”Останавме јас и ти.” Реков: “Во право си, ја
Ресулеллах!” Рече: “Седни и напиј се!” Седнав и се напив. Рече:”Напиј
се!”И се напив.



Постојано повторуваше: ”Напиј се!” - се додека не реков: “Не, се
колнам во Оној кој те испрати со вистина, се изнапив многу и повеќе не
можам.” Рече: ”Дај ми!” Му го дадов садот, Му се заблагодари на
Возвишениот Аллах, рече бисмиллах и го испи она што беше останато.”



. Се пренесува од Ајша (р.а.) дека рекла: “Пејгамберот (с.а.в.с.)
умре а штитот му беше како гарант кај еден Евреин за триесет са’и
јачмен.”


. Се пренесува од Ебу Хурејре (р.а.) дека рекол: “Видов седумдесет
станари на софата и ниеден од нив немаше покривка. Имаа само кошули или
само облека, врзани за врат. На некои од нив им се спуштаа до
потколениците, а на некои, пак, до глу‘жовите. И секој ги собираше со
рака, плашејќи се да не му се покаже срамното место.”


. Се пренесува од Ибн Омер (р.а.) дека рекол: “Седевме заедно со
Пејгамберот (с.а.в.с.) и дојде еден човек од енсариите, даде селам и
потоа тргна, а Пејгамберот (с.а.в.с.) му рече: ”О брате енсарија, како е
брат ми Сеид б. Убаде?” Рече: “Добро.” Пејгамберот (с.а.в.с.) рече:



”Кој сака од вас да го посети?”


Стана и ние станавме со него. Бевме над десет души. Немавме ни
налани, ни влошки, ни капи, ни кошули. Одевме по земја која изгледаше
бела како сол се додека не дојдовме до него. И Саад б. Убаде им рече на
сопатниците да се разделат малку за да се приближат до Аллаховиот
пејгамбер (с.а.в.с.) и асхабите што беа со него.”


. Се пренесува од Имран б. Ел-Хусејн (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:


“Најдобра генерација е мојава, а потоа следната, а потоа следната.”
Имран рече: ”Не знам дали Пејгамберот (с.а.в.с.) тоа го рече двапати или
трипати.” “По нив ќе дојдат луѓе кои ќе сведочат - а од нив нема да се
бара да сведочат, ќе лажат - а нема да бидат доверливи, ќе ветуваат - но
ветувањето нема да го исполнуваат и меѓу нив ќе се појави страв.”


Се пренесува од Ебу Умаме (р.а.) дека рекол: “Аллаховиот пејгамбер (с.а.в.с.) рече:


“О сине Адемов, ако го поделиш вишокот ќе ти биде подобро, а ако,
пак, не го поделиш, ќе ти биде полошо. Никој не ќе ти приговори ако си
задржиш онолку колку што ти треба. Почни со оние кои си должен да ги
издржуваш!”


. Се пренесува од Убејдуллах б. Мухсин Ел-Енсари Ел-Хатеми(р.а.) дека рекол:


“Кој од вас ќе се разбуди безбедно и сигурно меѓу своите луѓе, со
здраво тело, а има храна за еден ден - нему како да му е дадено цело
богатство од овој свет.”


Се пренесува од Абдуллах б. Амр б. Ел-Ас (р.а.) дека Пејгамберот (с.а.в.с.) рекол:


“Спасен е оној кој го примил исламот, оној чија нафака му е доволна и кој е задоволен од она што му го дал Аллах.”
. Се пренесува од Џабир (р.а.) како рекол: “Копавме на денот на
Хендек; наидовме на јак камен, отидовме кај Пејгамберот (с.а.в.с.) и му
рековме: “Овој камен ни се препречи на Хендек.” Одговори: ”Јас ќе
слезам.”


Потоа стана. За стомакот имаше врзан камен, а ние три дена не бевме
јадени ништо. Пејгамберот (с.а.в.с.) зеде токмак, мавна и каменот се
скрши. Реков: “Ја Ресулеллах, дозволи ми да одам дома!” На жена ми и
реков: “Кај Пејгамберот (с.а.в.с.) видов нешто за што човек не може да
се стрпи. “Имаш ли нешто кај тебе?” Одговори: ”Имам јачмен и козиче.” Го
заклав козичето, а јачменот го сомлев.



Го ставивме месото в ќуп. Дојдов кај Пејгамберот (с.а.в.с.). За тоа
време тестото се испече, а ќупот само што не провре меѓу камењата.
Реков: “Имам малку храна, дојди ти, ја Ресулеллах, и уште еден или
двајца.” Праша: ”Колку имаш?” Му кажав што имам и рече: ”Доста
добро,кажи и на жена ти да не го трга ќупот и лебот од огнот додека не
дојдам.” Пак рече: “Станете!”



Станаа мухаџирите и енсариите. Влегов кај неа и и реков: “Тешко тебе”
Дојде Пејгамберот (с.а.в.с.), мухаџирите и енсариите и оние кои беа со
нив.” Таа рече: “Те праша ли?” Реков: “Да.” И ми рече: “Влезете без
гурање.” Пејгамберот (с.а.в.с.) почна да го крши лебот, да става месо на
него, покривајќи го ќупот и тепсијата кога ќе извадеше од нив; кога ќе
се приближеше до асхабите и ќе им дадеше. Потоа ќе се вратеше кај ќупот и
кај тепсијата, ќе скршеше леб и ќе извадеше месо се додека не се
најадоа.



Но нешто остана, па рече: ”Изеди го ова и дај го на друг зашто гладта ги погоди лугето.”


Во еден, пак, друг ривает стои:
“Кога се копаше хендекот, го видов Пејгамберот (с.а.в.с.) многу
гладен. Отидов кај жена ми и и реков: “Имаш ли нешто за јадење?” Го
видов Пејгамберот (с.а.в.с.) многу гладен.


Жената ми изнесе сад со јачмен. Имавме и едно јаре кое го заклав, а
‘ена ми го сомле јачменот. Со нејзината работа заврши кога завршив и јас
со мојата. И јас, потоа, го изнакинав месото во ќупот, а потоа отидов
кај Пејгамберот (с.а.в.с.), а жена ми ми рече: “Не срами ме пред
Пејгамберот (с.а.в.с.) и пред оние со него.”



Дојдов кај Пејгамберот (с.а.в.с.) и тивко му реков: “Ја Ресулеллах,
заклавме јаре и сомлевме јачмен. Дојди со една група. Тогаш, Пејгамберот
(с.а.в.с.) повика: “О вие во Хендек, Џабир подготви ручек и дојдете
сите.” Пејгамберот (с.а.в.с.) пак рече: “Не тргајте го ќупот и не месете
го тестото додека не дојдам.”

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот