Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Страста која ме упропасти EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Страста која ме упропасти EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Страста која ме упропасти EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Страста која ме упропасти EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Страста која ме упропасти EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Страста која ме упропасти EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Страста која ме упропасти EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Страста која ме упропасти EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Страста која ме упропасти EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Страста која ме упропасти EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Страста која ме упропасти EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Страста која ме упропасти EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Страста која ме упропасти EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Страста која ме упропасти EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Страста која ме упропасти EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 269 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 269 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 
Haqq (253)
Страста која ме упропасти Vote_lcapСтраста која ме упропасти Voting_barСтраста која ме упропасти Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Страста која ме упропасти Empty Страста која ме упропасти Нед 23 Јан 2011, 11:52 pm

ibret

ibret
Активен член
Страста која ме упропасти

Еден тмурен ден, на пазарот во градот Хабер на истокот од Саудиска Арабија, седев сам во еден ресторан и пиев кафе. Додека читав весник, забележав девојка со убави очи, привлечно тело и кокетен од. Поминуваше однапред гледајќи ме со страстен поглед жеден за мојата убавина, корпулентност и педантност. Станав и без никакво чувство тргнав по неа. Влезе во една продавница. Неможев да ја следам плашејќи се од луѓето од обезбедувањето - а не од Аллах – Аллах да ме сочува. Се сврте со лицето кон мене и со бела, убава, нежна и грациозна рака ми ги покажа бурмата и белегзијата. Без никакво чувство влегов во продавницата. Таа учтиво ми рече: „Ве молам, ако може да го добијам вашиот број?“ Усмено го издиктирав, а таа го запиша во нотесот кој подоцна ќе ни предизвика проблеми. Во последните ноќни часови ме повика. Почнавме со слаткоречиви и восхитувачки говор. Рече дека е распуштеница, дека има големо богатство и 31 година. Кога ја видов си помислив дека е осумнаесетгодишна.

После честите разговори, почнавме да договараме средба. На почетокот се сретнувавме по ресторани. За време на средбите не можев да ја бакнам или да и целувам рака. Моето врзување за неа се зголеми. Си велев сам на себе си: „Таа е чесна, никого пред мене не запознала. Јас сум во нејзините очи прекрасно младо момче, бидејќи сум надарен со убавина.“
Еден ден позвона:
-Сакам да дојдеш заради нешто многу важно.
-Јас сум под твоја наредба, животе мој!.
-Сакам да се сретнеме за еден час во ресторан.
-Доаѓам и во оган ако треба.

Се сретнавме во ресторан и почнавме да разговараме. И реков: „Животе, што сакаш да направам за тебе?“ Во тој момент од торбата извади авионска карта, прва класа, за Каиро која беше на мое име и престој од три дена во хотел со 5 ѕвезди. Истоатака извади и заверен чек од десет илјади саудиски ријали велејќи: „Сакам да појдеш во Каиро утре како што ти стои на картата, ќе отседнеш во тој хотел и ќе се сретнеш со еден човек, евети го неговиот број од телефонот. Тој ќе те поведе во една агенција. Ти во мое име ќе потпишеш со нив договор за облека која доаѓа од Париз. Оваа лист ти е полномошно. Те молам тоа да го направиш.“

Го зедов овластувањето и тргнав истиот момент. Камо среќа да не бев. Кога стигнав, во четири часот попладне решив малку да се одморам. Во девет часот, го зедов телефонскиот именик и го побарав бројот кој ми таа ми го даде. Камо среќа да не го барав! Можете ли да претпоставите кој беше на тој број? Мојата пријателка! Реков: „Да?“, а таа: „Дојдов подобро да ти ги појаснам работите. Драги дојди во тој и тој апартман“. Истиот миг отидов и ја затекнав во прозирна и предизвикувачка облека. Кој и да ја види во таква облека, не би можел да се контролира, освен оној кого Аллах ќе го заштити. Ме прегрна и почна да ме луби и допира. Се заборавив и имав однос со неа, починив блуд. Ја продолжив резервацијата на десет дена и целото време останав со неа.

После тоа со истиот авион се вративме седејќи заедно. Летавме а не бевме свесни дека Возвишениот Аллах е над нас. Го изгубивме чувството за Неговото постоење. Вака поминавме полна година. Имавме односи во нејзиниот стан, но често доаѓаше и во мојот скромен стан. Еден ден бев со брат ми во Ријад, престолнината на Саудиска Арабија. Аллах одредил – имавме сообраќајна несреќа. Брат искрвари, а мене ништо не ми се случи, слава на Аллах. Имав само неколку незнани повреди. Луѓето се собраа околу нас, дојде амбулантното возило.
Префрлени сме во блиската болница. Братот веднаш го воведоа во операциона сала. Докторот бараше да му дадам крв, бидејќи сме иста крвна група. Одговорив дека сум спремен. Ме одведоа до трансфузионата сала и зедоа мала количина за проверка. Бев сигурен во себе. Ни на памет не ми падна жената со која имав сексуални односи. После анализата, влезе докторот со таѓно лице. Јас прашав:
- Докторе, што му се случило на брат ми? Те молам кажи ми!
- Синко, те молам да бидеш цврст верник во Аллаховата одредба.
Станав од кревет и викнав:
- Дали брат ми умре, дали умре?
- Не.
- Што се случило?
- Твојата крв е заразена со ХИВ вирусот.
Тоа ме удри како молња. Камо среќа земјата да се отвореше и да ме проголташе. Кога ова ми го кажа докторот, се онесвестив. Кога дојдов малку на себе си, го прашав докторот:
- Навистина ли сум болен од таа неизлечива болест? Аллаху, од кога сум во таква состојба?
- Се уште не си болен, само носиш вирус кој ќе биде во тебе цел живот.
Два дена по несреќата, братот пресели. Тоа многу ме растажи. Не ми беше само брат, туку и искрен пријател кој уште од првиот момент ме советуваше да се тргнам од оваа жена, бидејќи му раскажав за нашата врска.

Десет дни после братовата смрт, ми звона пријателката и рече:
- Драги, каде си ти? Помина многу време ...
- Што сакаш?
- Што ти е?
- Ми погина брат ми во сообраќајна несреќа и жалостен сум за него.
- Кога можам да те видам?
- Повеќе нема да се гледаме.

Отворени и кажав дека ја сакам, но нема веќе да се гледаме, зашто не сакам да и нанесам зло. Ме праша зошто, и раскажав за вирусот. Ме праша дали имав однос со други девојки, што негирав. Пак ме праша дали некојпат сум примал крв од некого, што отфрлив. Тогаш рече: - Значи мојата намера се оствари!
- Каква намера, жено?
- Сакам да им се одмаздам на сите мажи затоа што се причина за мојата болест. Ќе го видат тоа! Ти си прв, а останатите се на пат. Потоа ме плукна и спушти слушалка. Реков: - Доволен ни е Аллах и прекрасен е Тој заштитник!
Останатите зборови нема да ги споменам за да не би ви ги повредил чувствата. Сега имам 32 години и уште не сум женет. Во дваесет и деветтата година бев пред женидба и тогаш се разболев од оваа болест. Мајка ми и браќата се уште инсистираат да се женам. Одбивам, зашто сум заробеник на оваа опачна болест. Тие тоа не го знаат, а јас не сакам да пренесам на сопругата и децата. Со оглед дека сум најстар, татко ми сакаше да ме ожени, но умре и не го дочека исполнувањето на желбата. Дури и колегите од на работа секогаш ми спомнуваат дека треба да се женам.

Сега сум по голем душевен умор. Имам 55 кгр, иако пред болеста имав 68. Сето тоа поради душевната состојба и опачната болест која порано или подоцна ќе ми го оконча животот. Искрено се покајав, клањам намаз и напамет учам Кур’ан, иако, можеби е доцна.
Ова писмо го праќам на сите муслимани, браќа и сестри, како би се тргале на страна од се што го лути Аллах, како што е неморалот и другите забранети работи. Го праќам својот совет преку интернет и весниците и велам: „Животот е убав и неговата сласт е убавина, но покорноста кон Аллах е поубава ... Не е сласта во неколку минути сполен однос на недозволен начин, кои го уништуваат твојот шивот и те фрлаат во Џехеннем и во проблемите кои јас денес, и секој ден ги преживувам.“

Оваа приказна ја напишав од лубов кон вас и страв за вас од валканите болести. Сакам оваа моја приказна да ве приближи до Аллах и го појача вашето верување, па шејтанеот да не може да ве заведе. Очекувам дека ќе го молите Аллах за мое излекување. Го молам да го награди секого кој ќе помогне во ширењето на оваа приказна.

Од книгата “Ги отворија душата и срцето„ – автор: Амр Халид

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот