Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Големи гревови EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Големи гревови EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Големи гревови EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Големи гревови EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Големи гревови EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Големи гревови EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Големи гревови EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Големи гревови EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Големи гревови EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Големи гревови EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Големи гревови EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Големи гревови EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Големи гревови EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Големи гревови EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Големи гревови EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 182 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 182 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 
Haqq (253)
Големи гревови Vote_lcapГолеми гревови Voting_barГолеми гревови Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Големи гревови Empty Големи гревови Нед 19 Сеп 2010, 9:26 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
ВО ИМЕТО НА АЛЛАХ МИЛОСТИВИОТ, СОМИЛОСЕН!




„Големи гревови” од имам Шемсудин ез-Зехаби, Аллах да му се смилува



ГОЛЕМИ ГРЕВОВИ


ПРЕДГОВОР

Благодарноста му припаѓа само на Аллах, само него го фалиме и само од Него помош и опрост бараме. Кај него бараме заштита од злото на нашите души и лоши дела. Кого Аллах ќе го упати, никој во заблуда не може да го одведе, а кого Аллах во заблуда ќе го остави тој нема да најде упатувач. Сведочам дека нема друго божество освен Аллах, и ништо не му припишувам, и дека Мухаммед с.а.в.с. е Негов роб и пратеник.

О, верници, плашете се од Аллах онака како што треба да се плашите, и умирајте само како муслимани. (Али ‘Имран, 102)

О, луѓе, плашете се од Господарот свој, кој ве создаде од еден човек. Од него создаде жена. И од нив расеа и мажи и жени многу. И од Аллах плашете се - со чие име вие се повикувате едни на други и роднинските врски чувајте ги, зошто Аллах навистина ве надгледува. (Ен- Ниса,1)

О, верници, плашете се од Аллах и зборувајте вистински зборови. Тој ќе ви ги поправи вашите дела и гревовите ваши ќе ги опрости. А оној кој на Аллах и на Пратеникот Негов се покорува - тој постигнал голем успех. (Ел- Ахзаб, 70 - 71)

Навистина, најискрен говор е Аллаховата книга, најубаво упатство е упатството на Мухаммед с.а.в.с., најлоШи работи се измислици во верата, а секоја измислица е новотарија (бид’ат), а секоја новотарија е заблуда, а секоја заблуда води во Џехеннем. Возвишениот Аллах вели:

„Ако се чувате од големите гревови кои ви се забранети, Ние ќе преминеме преку вашите помали гревови и ќе ве воведеме во убаво место.” (Ен-Ниса, 31)

Аллах џ.ш. се обврзал во овој ајет дека оној кој ќе се чува од големите гревови ќе го стави во Џеннет со Неговата дозвола и добрина, затоа што малите гревови се бришат со извршување на петдневните намази, со џума, со пост во Рамазан, како што тоа го истакнува Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: 'Петте намази, од Џума до Џума, од Рамазан до Рамазан ги бришат гревовите што се прават меѓу нив ако се избегнуваат големите гревови.” (Муслим и други)

Со ова, брате муслимане ти се укажува дека чувањето од големите гревови е многу важна работа. (Потребно е како што вели улемата човекот да се покае и да побара опрост за голе-мите гревови и да не биде упорен во правење на малите гревови). За да се чуваме од големите гревови потребно е да ги запознаеме. Во таа смисла Хузејфе ибн Ел-Јеман вели: 'Луѓето го прашувале Пратеникот с.а.в.с. за доброто, а јас го прашав за злото плашејќи се да на паднам во него.” (Бухари, Муслим)


Поетот вели:

„Го запознав злото не поради злото
туку да се сочувам од него,
а кој не знае да разликува
добро од зло во зло паднал “



Поради ова сметаме дека е корисно и полезно да ги споменеме големите гревови кои ги наведува имам Шемсудин ез-Зехеби во својата книга 'Ел - Кебаир” (Големи гревови) со додаток на некои големи гревови кои ги спомнуваат научниците во различни теми на своите книги со цел да се чуваме и да не ги правиме. За да го постигнеме тоа доволно ќе биде да наведеме само неколку докази од Аллаховата книга и неколку веродостојни хадиси на Мухаммед с.а.в.с за секој извесен грев. Па ако има потреба, за некои големи гревови кои не се јасни на прв поглед ќе изнесеме кратко објаснување, а Аллах џ.ш. ни е единствен помагач.

Го молам Возвишениот Аллах џ.ш. со неговите убави имиња и совршени својства да не напои со знаењето што се наоѓа во оваа книга, а и сите муслимани, и тоа да ни го запише како награда на Денот кога нема да користи ниту имотот ниту синовите освен оној кој ќе дојде кај Аллах џ.ш. со чисто срце, и го молам да го направи овој труд и сите други наши трудови да бидат искрени во името на Неговото благородно лице, да се согласуваат со Неговата книга и суннетот на Неговиот Пратеник с.а.в.с. Нашата последна дова е благодарноста му припаѓа на Аллах, Господар на световите.

Што се големи гревови?

Некои сметаат дека постојат само седум големи гревови и тоа само оние кои се спомнуваат во хадисот на седумте големи гревови. Меѓутоа, ова не е точно, зошто овие седум гревови кои спаѓаат во големите гревови не се конечна бројка бидејќи тоа во хадисот не се нагласува - Аллах знае најдобро. За ова Ибн Аббас р.а. вели: 'Бројот на големите гревови е поблиску на бројот седумдесет отколку на бројот седум.” (Табе-рани со сахих сенед)

Писателот на оваа книга 'Големи гревови” имам Шемсудин ез-Зехаби, Аллах да му се смилува вели: 'Во хадисот не е ограничен бројот на големите гревови.” Шејхул-Ислам и други велат: 'Голем грев е секој грев за кој е пропишана шеријатска казна на овој свет или пак има ветена казна на другиот свет.” а Шејху-л-Ислам додава: 'Или пак на сторителите на овие гревови им се намалува иманот или ги стигнува проклетството, или слично на тоа.”

Улемата вели дека после покајувањето (тевбе) и барањето опрост исчезнуваат големите гревови, а пак малите гревови Аллах џ.ш. ги надминува ако не се истрае во нивно правење. Што се однесува до бројот на големите гревови, улемата ги набројала седумдесет или повеќе.

2Големи гревови Empty Re: Големи гревови Нед 19 Сеп 2010, 9:26 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
1.Голем грев - Припишување соучесник на Аллах џ.ш. (Ширк)

Ширкот се дели на два видови:

1) Голем ширк - Тоа е правење ибадет (обожување) на некој друг освен Аллах (бараме заштита од Аллах од тоа), или упатување било кој вид на ибадет на некој друг покрај Него (на пр. принесување жртва, правење дова и други ибадети). Ако човекот верува во Аллах џ.ш. и во исто време прави ибадет на некој друг покрај него станува мушрик. Доказ за тоа се зборовите на возвишениот Аллах џ.ш.: 'Аллах нема да опрости некој друг да Му се смета за рамен (ширк), а ќе ги опрости помалите гревови од тоа, на кого Тој сака.” (Ен - Ниса 48)

Исто така Аллах џ.ш. вели: „Оној кој му припишува придружник на Аллах, нему Аллах ќе му го забрани џеннет, а негово престојувалиште ќе биде Огнот.” (Ел-Маиде, 72)

2) Мал ширк (рија)- Тоа е претварање и неискреност во делата, а доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах џ.ш.: 'А тешко на клањачите кои се несериозни и молитвата своја навреме не ја извршуваат, кои само се преправаат и никому ништо не делат.” (Ел-Ма’ун, 4:Cool

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели дека Аллах џ.ш. рекол: 'Јас немам никаква потреба други да Ми се припишуваат рамни, па кој ќе направи дело и во него Ми придружи уште некој, го оставам него и неговото дело (ширк).” (Муслим, Ибн Маџџе)



2. Голем грев - Бесправно убивање


Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'И оние кои покрај Аллах на друг бог не се клањаат, и оние кои Аллах забранил не ги убиваат, освен кога правдата тоа го бара и кои не блудничат: - а кој тоа го прави ќе вкуси казна, страдањето на овој свет ќе му биде дуплирано и вечно во тоа понижен ќе биде, освен оние кои ќе се покајат и поверуваат и добри дела прават.” (Ел Фуркан, 68:70)

Убиство на муслиман се третира за голем грев, но во три случаи е дозволено одземање на животот на муслиманот. Пренесува Ибн Месуд р.а. дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: „Не е дозволена крвта на муслиманот освен во еден од трите случаи: оженет човек кој ќе направи блуд, човек кој ќе убие друг човек и човек кој ќе ја смени својата верата, растурач на заедницата.” (Бухари, Муслим)

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Убиството на еден муслиман е поголемо кај Аллах од пропаста на целиот свет.” (Ибн Маџе)

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Секој грев можеби Аллах ќе го прости освен човек кој умре како неверник или човек кој убие намерно друг муслиман.” (Несаи)

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Кој помогне во убиство на еден муслиман дури и со половина збор, ќе го сретне Аллах со напишано меѓу двете очи: Лишен од Аллаховата надеж.” (Ахмед)

3Големи гревови Empty Re: Големи гревови Вто 21 Сеп 2010, 7:32 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
3. Голем грев - Магија (Сихр)

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'А шејтаните се неверници, ги поучуваат луѓето на магии.” (Ел-Бекаре, 102)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Чувајте се од седум работи кои водат во пропаст: правење ширк на Аллах, магија, убиства на оние на кои Аллах забранил да се убиваат, освен тогаш кога тоа правдата го бара..” (Бухари, Муслим)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Казната за оној кој прави магии е удар со сабја (убиство).” (Тирмизи, 3/10) Поточно е дека тоа е збор на Џундуб.

Беџале ибн Абде вели: „Ни дошло писмо од халифата Омер една година пред неговата смрт да го убиеме секој сихирбаз и сихирбаска.”

Што се однесува до Рукја (учење на дови и потоа дување во болниот)не спаѓа од видот на сихр. Имам Хаттаби вели: „Ако рукјата биде со Куран или со Аллахови имиња тогаш таа е дозволена. Поради тоа што Аллаховиот Пратеник а.с. им учел рукја на неговите внуци Хасан и Хусејн со следниве зборови: Еузукума бикелиматил-лахи-тамме мин кулли шејтанин ве хамметин ве мин кулли ајнин ламметин.” (Бухари, 2/239)




4. Голем грев - Изоставање на намаз



Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'По нив дојдоа поколенија кои намазот го оставаа и страстите ги следеа; тие сигурно лошо ќе пројдат освен оние кои ќе се покајат и веруваат, и добро чинат.” (Мерјем, 59:60)

Пратеникот а.с. вели: 'Помеѓу човекот, ширкот и неверството е оставање на намазот.” (Муслим, Невеви 2/432)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.вели: 'Она што е помеѓу нас и нив (неверниците) е намазот, па кој го остава постанува неверник.” (Ахмед и други, Сахихул џами„ 4143)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.вели: 'Прво за што ќе биде прашан човекот на Судниот ден од неговите дела е намазот, па, ако тој му е примен, ќе биде спасен, а ако не му биде примен, ќе пропадне.” (Ебу Давуд)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.вели: „Не се наградува намазот во кој човекот не го исправува својот грб во руку и сеџде.” (Ахмед, Ебу Давуд, Тирмизи)


Кога халифата Омер ибн ел-Хаттаб бил прободен со нож, му било речено: Намаз, Владару на правоверните! Одговорил: Да! нема дел во Исламот оној кој го изостава намазот.”

Кога детето се наредува на Намаз?


Пренесува Ебу Давуд дека Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Наредете им на вашите деца да клањаат намаз кога ќе наполнат седум години, а кога ќе наполнат десет години, удрете ги за него.”



5. Голем грев - Недавање на Зекат



Аллах џ.ш. вели: 'Нека оние кои скржават во она што Аллах од Своето изобилство им го дава никако не мислат дека тоа е добро за нив, Не! тоа е зло за нив. На Судниот ден ќе им биде на вратот обесено она со што скржавеле.” (Али Имран, 180)

Аллаховиот Пратеник а.с. вели: 'Први тројца кои ќе влезат во Оган се: суров владар, човек кому Аллах му дал, а не го извршува Аллаховото право (зекат) и горделив сиромав.” (Ахмед)

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: „Кому Аллах даде богатство и тој не дели зекат, неговото богатство на Судниот ден ќе се претвори во змија која ќе има две црнки во очи, ќе му се обеси на неговиот врат и ќе го каса за образ. Потоа ќе му рече: Јас сум твоето богатство, јас сум твојата ризница. После го читал горе наведениот ајет.” (Бухари)

Ибн Аббас р.а. рекол: 'Кој ќе биде обврзан да дава зекат и не го дава ќе моли за повторно враќање на дуњалук (реџ„а) при умирање. Еден човек му рече: Плаши се од Аллах, неве-рниците ќе бараат повторно враќање! Ибн Аббас му одговорил: За тоа ќе ти прочитам ајет од Кур„ан каде Возвишениот Аллах вели: 'И делете од ризкот што Ние вие го дадовме пред да му дојде некому смрт, па да рече: Господаре мој, кога би ме задржал малку, па да давам садака (зекат) и да бидам меѓу добрите.” (Мунафикун, 10)

4Големи гревови Empty Re: Големи гревови Вто 21 Сеп 2010, 7:33 pm

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
. Голем грев - Да не се пости Рамазан без оправдана причина




Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'О, верници, ви се пропишува пост како што бил пропишан и на оние пред вас за да бидете богојазливи.” (Ел-Бекаре, 183)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Исламот се темели на пет работи: со сведочење дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, со клањање на намаз, давање зекат, обавување хаџџ и со постење на Рамазан.” (Бухари, Фетхул - бари 1/49)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: ' Кој расипе еден ден од Рамазан без оправдание, нема да го надомести па дури и да пости цел живот.” (Тирмизи)

Ибн Аббас р.а. рекол: „Стожери на Исламот и негови темели се: сведочење дека нема друг бог освен Аллах, намаз и постење на Рамазан. Кој ќе пропушти една од нив постанува неверник.”




7. Голем грев - Неизвршување на Хаџот од оној кој има можност



Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Поради Аллах луѓето се должни да ја посетат Аллаховата куќа: кој ќе има можност од нив за тоа.” (Али Имран, 97)

Аллаховиот Пратеник а.с. рекол: 'Кој ќе има можност (опскрба, здравје, превозно средство) да обави хаџџ на Аллаховата куќа и не обави, тогаш нека умре ако сака како евреин или како христијанин.” (Тирмизи, 2/113)

Омер ибн ел-Хаттаб вели: 'Ми доаѓа да одлучам да пратам луѓе до блиските места (градови и села) да видат секој оној што има можност да обави хаџџ и не обави хаџџ да му одредат џизје (данок што го плаќаат штитениците во исламска држава)Тие не се муслимани.”



8. Голем грев - Непослушност спрема родители


Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Кога еден од нив двајца или пак двајцата кај тебе ќе доживеат старост не вели им ни: Уф! - и не подвикнувај им на нив, и обраќај им се со зборови полни со почитување. Биди спрема нив внимателен и понизен и речи: Господару мој, смилувај им се, тие мене кога бев дете ме негуваа.” (Ел-Исра, 23:24)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Сакате ли да ве известам кои се најголеми гревови? -Да се прави ширк на Аллах, непослушност кон родители и лажен говор.” (Бухари)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Аллах е задоволен (од човекот) ако се задоволни неговите родителите и Аллах е гневен на него ако се гневни неговите родителите.” (Тирмизи, 3/208)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Казната за се секој грев можеби Аллах ќе ја одложи за Судниот ден, освен за непослушност кон родители ќе ја забрза (значи на овој свет).” (Хаким, 4/103)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Аллах го проколнува оној што ги навредува (пцуе) своите родители, Аллах го проколнува оној што ја навредува својата мајка.” (Ахмед)
__________________

„Сплетката на Шејтанот, навистина, е слаба!“ (Ен-Ниса, 76)

5Големи гревови Empty Re: Големи гревови Сре 22 Сеп 2010, 12:59 am

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
9. Голем грев - Непосетување на блиската фамилија и кинење на роднински врски

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Зар и вие не би, кога на власт стасале, неред на земјата чинеле и роднински врски кинеле! Тоа се оние кои Аллах ги проколнал и глуви и слепи ги направил.” (Мухаммед, 22:23)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Не е поврзувач на роднинската врска оној кој ја одржува кога таа е непрекината, туку нејзин поврзувач е оној што ја воспоставува кога таа е прекината.” (Имам Ахмед и други, Сахихил-џами„ 5385)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Нема да влезе во Џеннет оној кој ги кине роднинските врски.” (Бухари)

Па брате настојувај да ги чуваш роднинските врски така што ќе искажуваш љубов и ќе ги посетуваш, ќе им помагаш во она во што имаат потреба и биди стрплив на нивните нелагодности. Драги брате нека Аллах не направи од оние кои го слушаат Неговиот збор и го следат и Неговото добро.


10. Голем грев - Блуд (зиналук)

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'И не приближувајте се на блудот, зошто тоа е разврат, колку е тоа лош пат!?” (Ел-Исра, 32)

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: „На блудницата и блудникот удрете им по сто корбачи. Во верата Аллахова, доколку верувате во Аллах и Денот суден.” (Ен-Нур, 2)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Кога човекот прави блуд од него излегува иманот и стои над неговата глава како сенка, па кога ќе се покае и престане се враќа во него.” (Ебу Давуд и Хаким, Сахихул- џами„ 586)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Блуд за очите е погледот, блуд за јазикот е говорот, блуд за рацете е допирот, блуд за нозете е одот, блуд за ушите е слушање, душата сака и посакува а половиот орган тоа го потврдува или изневерува.” (Бухари)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'О, муслимани плашете се од блудот, бидејќи тој носи шест својства; три на овој свет и три на идниот свет. Оние три на овој свет се: губење на ведрина од лицето, краток живот и постојана сиромаштија; додека на идниот свет: Аллахов гнев, лоша пресметка и казна со Оган.” (Кензул-Умал)

Барам заштита од Аллах, и Аллах да не сочува и нас и вас од ова беља и да не зацврсти во верата со својата добрина и милост, а Тој с# слуша и се одзвива на довата.
__________________

„Сплетката на Шејтанот, навистина, е слаба!“ (Ен-Ниса, 76)

6Големи гревови Empty Re: Големи гревови Сре 22 Сеп 2010, 1:00 am

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
11. Голем грев - Хомосексуализам и полово општење со жената во нејзиниот заден отвор (анус)

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Вашите жени се ваши ниви, затоа пријдете им на вашите жени како посакувате (во местото на оплодување).” (Ел-Бекаре, 223)

Аллаховиот Пратеник а.с.вели: 'Аллах нема да погледне во човекот кој полово општи со маж или со жена во нејзиниот заден отвор (анус).” (Тирмизи, Сахихул - џами„ 7801)

Аллаховиот Пратеник а.с.вели: 'Најповеќе од што се плашим за вас е делото на народот на Лут а.с., значи хомосексуалност.” (Ибн Маџе)

Аллаховиот Пратеник а.с.вели: 'Кога ќе најдете некого да го прави делото на народот Лут, убијте го чинителот и оној над кого се чини.” (Ибн Маџе)

Аллаховиот Пратеник а.с.вели: 'Избегнувајте однос во задниот отвор и во време на менструации.” (Тирмизи) Во друго предание стои: 'Проклет е оној што врши однос со жената во време на менструации или во задниот дел (анус).” (Ебу Давуд)



12. Голем грев - Камата


Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Оние кои јадат камата ќе се дигнат како што ќе се дигне оној кого шејтанот со допир го избезумил.” (Ел Бекаре, 275)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Каматата има седум-десет и три видови. Најлесна од нив е како човек да се оженил со неговата мајка, а најголема камата на муслиманот е кога ја сквернави честа на друг муслиман.” (Хаким- Сахих)


Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'За четворица Аллах има потполно право да не ги смести во џеннет ниту да го вкусат неговиот благодет: ноторен пијаница, оној што јаде камата, оној што го јаде имотот на сиракот и непослушниот на своите родители освен ако претходно се покајат.” (Хаким)


Катаде рекол: „Оној кој се хранел со камата на Судниот ден ќе биде проживеан како ненормален, а тоа ќе биде знак за тие кои се хранеле со камата за да ги препознаваат луѓето Тој ден.

Ибн Мес'уд р.а. вели: „Кога ќе се појави блуд и камата во едно место, Аллах ќе дозволи да се уништат.”


13. Голем грев - Јадење имот од сирак

Возвишениот Аллах џ.ш. вели: 'Оние кои неправедно јадат имоти на сираци, навистина јадат она што ќе ги одведе во оган и тие во оган ќе горат.” (Ен-Ниса, 10)

Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. вели: 'Кога бев на мира„џ поминав покрај луѓе кои на други луѓе им ги кинеа брадите, а пак други доаѓаа со огнени камења и им ги фрлаа во нивните усти кои им излегуваа од оздола. Прашав: О Џебраил, кои се овие? Рече: 'Оние кои јадат неправедно имот на сираци, тие всушност јадат оган во нивните стомаци.” (Муслим)
__________________

„Сплетката на Шејтанот, навистина, е слаба!“ (Ен-Ниса, 76)



7Големи гревови Empty Re: Големи гревови Пон 24 Јан 2011, 1:13 pm

hidzab

hidzab
Модераторка
Модераторка
[You must be registered and logged in to see this link.]
ВЕ МОЛАМ СИТЕ ШТО МИ СЕ БРАЌА И СЕСТРИ МУСЛИМАНИ ПРИЈАВЕТЕА ОВАА СТРАНИЦА ЗА ВРЕЃАЊЕ НА НАШИОТ ПРАТЕНИК МУХАММЕД С.А. [You must be registered and logged in to see this link.]

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот