1 За вредностите на Тевхидот и кои гревови ги брише Пет 02 Aвг 2013, 8:43 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Неговите зборови:
الَّذِينَ آمَنُوا وَلَمْ يَلْبِسُوا إِيمَانَهُمْ بِظُلْمٍ أُولَٰئِكَ لَهُمُ الْأَمْنُ وَهُمْ مُهْتَدُونَ
Еллезине амену ве лем јелбису иманехумби зулмин улаике лехумул емну ве хум мухтедун.
Оние кои веруваат и кои не го покриваат верувањето свое со многубоштво, ќе бидат сигурни. Оние,токму, се упатените! (Ел-Ен'ам, 82)
Од Убадета б. Самита, радијАллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: “Кој ќе посведочи дека нема друг бог освен Единствениот Аллах, Кој нема здруженик, и дека Мухаммед е Негов роб и Негов пратеник, и дека Иса е Аллахов роб и Негов Пратеник и зборовите кои ги упати на Мерјема, и душата од Него, и дека Џеннетот е вистина и Оганот вистина, Аллах ќе го воведи во Џеннет со делата кои ги има.“ Го забележале овие двајца
(Бухари, бр. 3435, Муслим, бр. 28, Ахмед во Муснед, 5-314)

Двајцата пренесуваатво хадисот од 'Утбана: “Навистина, Аллах му забранил на оганот да го печи на оној кој вели “нема друг бог освен Аллах“ сакајќи со тоа Аллаховото лице.“
(Бухари, бр. 425, и бр. 1186, 5401, 6423, 6938. Муслим, бр. 33, 263. Ахмед во Муснедот, 4-44, 5-449)
Од Ебу Се'ид Ел-Худри р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: “Муса рекол: 'О Господару, подучиме со нешто што ќе можам да Те споменувам и молам. 'Господарот рекол: 'О Муса, речи: 'Нема бог освен Аллах.“
'Рекол:'Господару, сите Твои робови тоа го зборуваат.' Господарот рече: 'О Муса, кога седумте небеси и сите кои се на нив, освен Мене и седум земји кои би биле на еден послужавник, а 'нема друг бог освен Аллах' на (другиот) послужавник, 'нема друг бог освен Аллах' би преовладало.'“Пренесува Ибн Хиббан и Хаким, кој за него рекол дека е сахих.
(Несаи, бр. 834, 1131. Ибн Хиббан, бр. 2324)
Тирмизи го пренел и го карактеризирал како хасен од Енес:
“Го слушнав Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, како говори: 'Возвишениот Аллах рекол: 'О човеку, ти, навистина, кога би Ми направил грешки колку што е Земјата, а потоа Ми дојдеш не припишувајќи Ми ништо, Јас би ти дал опрост толку колку што е грешката.'
(Тирмизи, бр. 3534, Дарими, бр. 2791 и Ахмед во Муснед, 5-172)
Од книгата: Книга на Тевхидот
Автор: Мухаммед ибн Сулејман ет-Темими
Обработка: ahlu-sunnah