1 ТЕУХИД ЕЛ-ИБАДЕ - Еднобоштвото На Аллах џ.ш Во Обожавање Пон 17 Јан 2011, 12:37 pm
Muwehhid
Модератор
بسم الله الرحمن الرحيم
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот,Самилосен!
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот,Самилосен!
Сооглед на широката област на двете претходни теухидски категории, силното верување во нив не ги исполнува барањата на Исламскиот теухид. За да овие барања се исполнат треба на теухидот Рубубије и
Есма вес Сифат, да се додаде и нивниот исполнувач, теухидот ел-Ибада. Оваа работа се аргументира со фактот дека паганите во времето на Мухаммед а.с. изјаснувале многу аспекти од претходните две форми на теухидот. Во Куранот Аллах го наредува Пејгамберот а.с. да им каже на идолопоклонците:
,, Кажи: ,, кој ве снабдува со храна и од небо и од земја? И во чија сопственост се слухот и видот? И кој ве вади живото од мртвото, и кој го вади мртвото од живото и кој управува со се?‘‘ Ќе речат Алах...‘‘ (10:31)
,, А ако, пак ги прашаш кој го ги создаде, сигурно ќе речат: Алах. Па каде тогаш кинисуваат‘‘ (43:87)
,, А кога пак, би ги прашал: ,,Кој спушта вода од небеста, со која ја оживува земјата по мртвилото нејзино? Сигурно ќе речат: Алах‘‘ (29:63)
Сите пагани во Мека знаеа дека Аллах е нивниот Создател, нивниот Одржувач, нивниот Господ, меѓутоа ова знаење, не ги направило муслимани. Во факт Аллах вели:
,, Многумина не веруват само во Алах, туку и во други (богови)‘‘ (12:106)
Коментот на Муџахид околу овој цитат е: ,, Нивното верување во Аллах се дознава од нивното говорење: ,, Аллах не створи, Тој не снабдува, осигура и ни го одзима нашиот живот‘‘, меѓутоа ова не ги спречил нив да обожаваат други богови покрај Аллах.
Од претходните спомнати цитати е многу јасно дека куфарите (неврниците) ја познавале сувереноста, доминацијата и силата на Аллах.
Всушност тие ги исполнувале неколкуте обожавања кон Аллах како на пример хаџот, доброчинството, курбаните, заклетвите, дури во време на несреќа или вонредни состојби тие се молеле на Алах, дури и тие соопштувале дека ја следат верата на Ибрахим (Абрахам). За оваа причина Алах го објавил ајетот:
,, Ибрахим (Абрахам) не беше ни евреин ни христианин, туку беше чист и далеку од напразните верувања, беше муслиман и не беше меѓу идолопоклонците‘‘ (3:67)
Имало некои пагани во Мека кои верувале во воскресение и судење дури и во кадер. Доволно аргументи за нивното верување може да најдеме и во пред Исламската поезиа. Пример, поетот Зухајр рекол: ,,
Ниту се оддолжува пишувањето (на делата) во една книга и чувана за Судниот Ден ниту пак се забрзува, и тогаш (тие) ќе се исплатат‘‘. Ататар се цитира дека рекол: ,, О Ебил!, каде ќе побегнеш од смртта, ако мојот Господ на небото го определил тоа‘‘
Иако мекасите изјаснувале еден дел од теухидот, Аллах ги прогласил за куфари и мушрици (пагани), едноставно затоа што тие обожаваа и други богови покрај обожавањето на Аллах.
Значи, теухидот ел-Ибаде (Еднобоштвото на Аллах во обожавање) е многу важно. Сите форми на обожавње треба да се насочат само кон Алах, затоа што само Тој заслужува обожавање и само Тој е оној кој може да му помогне на човекот. Нема потреба за некаква форма на посредиштво или посредник меѓу човекот и Аллах.
Аллах ја нагласувал важноста на директното обожавање само кон Него, појаснувајќи дека ова е главаната цел на создавањето на човекот и суштината на пораката донесена од сите пророци. Аллах вели:
,, И џиновите и луѓето ги создадовма само за да ме обожават‘‘ (51:56)
,, И Ние на секој народ испративме Пејгамбер (Пророкот) за да им каже:
,, Обожавајте Го Алах и избегнувајте ги шејтаните (ѓаволите)‘‘ (16:36)
Целосносто разбирање за целта на создавањето е надвор од човечките родни способности.
Човекот е едно ограничено битије, и како такво не може да се надева дека ќе ги разбере делата на Аллах, кој е без недостатоци. Аллах направил дел од човековата природа да го обожава Него, затоа Тој испратил Пророци и Божји Објави, за да се појаснат аспектите на создавањето кои биле вон металните човечки способности да се разберат.
Како што се спомна пред малку оваа цел е: обожавањето само на Аллах (теухидот ел-Ибаде), ова исто така било и главната порака на Пророците. Како последица на ова, најголемиот грев е ширкот, обожавање на другите наместо Аллах, или заедно со Него. Во сурето ел-Фатиха, 4-от ајет вели:
,, Ние само Тебе Те обожаваме и ние само од Тебе помош бараме‘‘.
Ова е еден јасен исказ која покажува дека сите форми на обожавање треба да му се насочат само Нему, а тој е Алах, Пророкот а.с. рекол: ,, Ако побараш (нешто) во молитва побарај само од Аллах, и ако бараш помош бараја нејзе само од Аллах‘‘ Алах го нагласли во многу ајета дека Тој е до човекот и нема потреба за поср
едник:
,, И кога ќе те прашат робови Мои за Мене, Јас сум навистна блиску . И се одѕивам на молитвеникот кога ќе Ме замоли. Па нека Ми се одзијат и тие, нека во Мене веруваат за да бидат упатени‘‘ (2:186)
,, Ние го создаовме човекот и знаеме што си шепоти тој во себе. Ние сме му поблиску од жилата во гркланот‘‘ (50:16)
Прилагодувањето на теухидот ел-Ибаде бара неизбежна негација на сите посредувачки форми или другарства на партнери со Аллах.
Ако некој се моли на умрените, барајќи помош во нивниот живот или на нивните духови кои не се во овој свет, тие му здружиле партнери на Алах затоа што го поделиле обожавањето меѓу Аллах и неговите битија. Пророкот а.с. кажал многу јасно: ,,Молитвата е обожавање‘‘ Во Куранот Возвишениот Алах рекол:
,, Дали ќе обожавате други богови освен Аллах кои во ништо неможат да ви користат или да наштетат?‘‘ (21:66)
,, Оние кон кои молба упатувате, а не кон Аллах, се робови слични вам навистина...‘‘ (7:194)
Ако некој ме се моли на Пророкот а.с., на таканаречените светци, џинови или ангелите барајќи им помош или молејќи ги нив да му побарат на Алах помош за нив, тоа лице направил ширк. Концептот на ,, Гаус-и-Азам‘‘ (el-Gauth el-Ad’ham),
една титула дадена од неуките како Абдулкадир ел-Џилани , е исто така едно изјаснување на ширкот во оваа теухидска категорија. Титулата симболички значи:
,,Извор на спасението; најспособен да спаси некој во неволја‘‘, едно вакво опишување му припаѓа само на Аллах. Кога се случува некаква незгода некои луѓе го повикуват Абдулкадир со оваа титула, барајќи негова помош и заштита, иако Аллах рекол во Куранот:
,, Ако те допре неволја од Аллах, никој освен Него, не може да ја отстрани,...‘‘ (6:17)
Кога мекасите се прашаа за обожавањето кои тие го насочуваа кон идолите, тие одговорија:
,, ...Ги обожаваме само да не приближат до Аллах, поблиску...‘‘ (39:3)
Идолите се употребени само како посредици, затоа Аллах ги нарекол нив (мекасите) идолопоклонци. Тие луѓе меѓу муслиманите кои настојуват во молење на другите освен Аллах или заедно со Него, би било добро да се навратат врз овој факт.
Христијаните под влијание од учењата на Саул од Тарсус (подоцна се нарекол Павле) го прогласија пророкот Иса (Исус) за Бог, и почнаа да ги насочуваат своите молитви кон него и кон неговата мајка.
Католиците имаат светци за секоја прилика, во правец на кој тие насочуват нивни молитви, верувајќи дека овие светци можат да влијаат директно во работите на овој свет.
Исто така, католиците ги употребуват нивните свештеници како посредици помеѓу нив и Господ, бидејќи тие веруваат (ова верување е сосема погрешно) дека свештениците се поблиску Бога, поради нивната невиност и побожност, и дека Господ им одговара повеќе ним.
Многумина од шиитските секти посветиле одредени часови, во одредени денови на неделата, за да се молат (во правец) на Алија, Фатиме, Хасан и Хусејн ова е поради нивното верување во посредиштво. Обожавањето од Исламска гледна точка опфаќа повеќе од намазот, постењето, дадениот зекат, хаџот и курбанот.
Тој ги опфаќа емоциите како лубоват, верувањето и стравот кои имаат определени положби во кои тие треба да се упатат само кон Алах.
Алах ги спомнал овие емоции во Куранот и подвлекол да не се претерува во нив.
,, Меѓу луѓето има и такви кои покрај Аллах прифатија други идоли, сакајќи ги како што се сака Алах. А оние кои веруват поцврсто (праведно) го сакат Аллах...‘‘ (2:165)
,, Не ќе се борите ли кон луѓето кои ги прекшија заклетвите нивни и кои сакаа да го истерат Пратеникот? Оние всушност први ве нападнаа. Се плашите ли од нив? Па Аллах има повеќе право, ако сте верници плашете се од Него‘‘ (9:13)
,, Потпирајте се, тогаш врз Аллах ако сте искрени верници ‘‘ (5:23)
Иако терминот Ибаде што значи целосно убедување дека Аллах е Законодавецот, вклучувањето на законски системи небазирани врз Шериатот и верувањето на нивната коректност на овие системи, претставува едно неверско дело во законот на Аллах. Е
дно вакво верување содржи една форма на обожавање кон другите освен Аллах (значи лицето што го прави ова направил ширк). Аллах во Куранот вели:
,, А оние кои не судат според она што го објавил Алах, тие неврници се‘‘ (5:44)
Во една прилика другарот на Пророкот а.с. , Аби ибн Хатим, кој ја сменил верат од христианин во муслиман, го слушал од Пророкот а.с. кога го прочитал Куранскиот ајет:
,, Ги зимаа нивните свештеници и нивните калуѓери за господари покрај Алах...‘‘ (9:31),
тогаш овој рекол: ,, Навистина ние не ги обожаваме нив‘‘ Пророкот а.с. се сврте кон него и рече: ,, Зар не ги правеа тие за недозволени (харам) тоа што Аллах го дозволил (халал) , и вие ги сметавте харам, и зар не го праве халал тоа што Аллах го направил харам и вие ги сметавте халал? Тој одговори: ,,Секако ние го правевме‘‘ Тогаш Пророкот а.с. рече: ,, Ова е, како вие ги обожавате нив‘‘. (собрано од ет-Тирмизи)
Така еден важен дел од теухидот ел-Ибаде го опфаќа и воспоставувањето на Шериатот, особено во местата каде муслиманите се мнозинство. Шериатот треба да се појави во таканарелени многу муслимански места каде што владите, владеат според интересите на големите капиталисти или според комунистичките закони, каде Исламскиот закон или целосно изчезнал или е ставен во зони помалку важни.
Во сила се други закони, треба да се постави Шериатот како што му прилега нему, во сите области на животот. Прифаќањето на неисламски закони наместо Шериатот во муслимански места, претставува ширк и едно куфарско дело.