Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 19 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 19 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 421 во Сре 30 Окт 2024, 3:09 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 
Muwehhid (937)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 
Monoteizam (343)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 
muharem fazli (323)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 
Haqq (253)
НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_lcapНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Voting_barНАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Empty НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Нед 09 Јан 2011, 1:58 pm

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор

НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Islamic-wallpaper-muhammad-green-floral-690x414





Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилостен!!!




НАЈМАЛОТО ЗРНО ГРОЗД Е РАЗГАЛЕНО


Јас сум едно зрно грозде. Другите зрна се мои браќа. Узреаја пред мене. Нашиот грозд се состои од четири зрна. Биле мали, потоа пораснале и узреале.

Бев навистина разгалено. Аллах одредил да бидам последно зрно во гроздот. Така прекарот „разгалено“ го добив со кој го украсив и разубавив нашиот грозд.

Оттогаш знам дека животот на детето галениче е преполн со приказни што го доживеало. Овој пат ќе ве почестам и ќе ви раскажам три такви приказни. Знак на добриот почестувач се убавите зборови.


КРАДЕЦОТ НА КАЈСИИ





Имав пет години. Еден ден, излегов со својот велосипед, кој што не беше во најдобра состојба поради непрекинато служење со него. Сега морам да го влечам со себе, потоа покрај себе се додека не стигнав до едно место што се вика Ел Бауба (порта), блиску до нашата населба. Тука работеше продавачот на масло Ебу Касим, столарот Ебу Мари, а тука беше и чешмата. Занев дека често се преправам дека пијам вода, сакајќи целосно да ја наводенам својата облека, шо ми беше посебно пријатно. Наспроти, чешмата беше продавницата за овошје на Ебу Селим, кој стоел на сред овошјето, викајќи: „Црвено и зрело… црвено и зрело!“ а при тоа ги средувал кајсиите во гајбата. Беше задоволен што ги привлекува муштериите со својот добар глас.



Застанав покрај цевката од каде што излегуваше вода, како и секогаш по навика, а моите очи копнежливо ги гледаа кајсиите кои така убаво наредени, уште повеќе ми оставаа впечаток. И тука се одиграла шејтанската игра „херој и крадец“, кога Ебу Селим ја изложил гајбата со кајсии пред продавницата. Дали ќе успее таа игра? Дотогаш никогаш порано не сум ја испробал улогата на крадец. Го истресив џебот, беше празен. Внимателно се доближив до гајбата, кога продавачот беше зафатен со еден купувач.



Ја испружив раката вешто и прецизно, без детска невиност, па одеднаш голема сочна кајсија се најде во мојот џеб. Како секавица јурнав со велосипедот и веднаш се најдов пред својата куќа. Пред да тропнам на вратата, ја извадив кајсијата и сочно ја гризнав. Меѓутоа, траги од украдената кајсија ми остана на усните. Кога ја отвори вратата, мајка ми ги здогледа трагите од украдената кајсија. Нејзините очи право појдоа во мојот џеб и моите раце. Тогаш ме запраша: „Што си јадел, зошто си таков во устата? Сватив дека мојата кражба е откриена.

Не сум навикнал да ја лажам мајка ми. Таа , ме учееше да бидам искрен, иако многу ме галеше затоа збунето одговорив: „Имам една кајсија, од која гризнав само еднаш.“



Веднаш ми постави прашање: „Од каде ти е кајсијата? Кој ти ја даде?

„Ја украдов од продавницата на Ебу Селим!“ – срамежливо одговорив јас.

Мајка ми многу се налути, но не ми запрети. Набрзо се поврати ме грабна за рака и заедно со брзи долги чекори веднаш се најдовме пред продавницата на Ебу Селим. Како ништо да не се случило, мајка ми побара половина килограм кајсија, ги плати и ги стави во една малечка кеса за овошје. Од кесето извади една црвена кајсија и ја врати во гајбата, без да ја забележи продавачот Ебу Селим. Се зачудив, Зошто ја враќа тајно кога видов дека ги плативме кајсиите од кесето?!!!



Се вративме дома. Пред да ги вкусам убавите кајсии, мојата чесна и покорна на Аллах џ.ш мајка започна да ме тепа. Ме тепаше толку болно, така што тоа беше сто пати поболно од вкусот на украдената кајсија.

Тоа ми беше прва и последна лекција за чесноста. После тоа не ми требаше никаков совет да ме подучува на чесност.



Иако Ебу Селим не ме забележа како ја крадам кајсијата, сепак, знам дека Аллах џ.ш кој што ги подарил сите вкусни кајсии, гледа се што прават и малите и големите луѓе.


ЗАБОРАВЕНАТА ЗАДАЧА





На крајот на неделата кога се вратив од училиште (беше четврток, 29 април 1956 год.) дојде време да ја напишам својата задача.

Кога ја завршива задачата, ми олесна и потонив во прекрасни соништа, прекрасни како детството: како утре, петок ќе одам со мајка ми во паркот кај зелениот извор (Ал Ајн Ал Казра) и како ќе се возам со вовчето по плоштадот Ел Хиџџам. Уживав размислувајќи за тоа.

Моите замислени соништа се остварија. Излетот помина во најголема радост и веселба. Дома се вративме пресреќни и презадоволни.



Дома дојдов изморен, бидејќи до исцрпеност се наиграв покрај изворот. На креветот пипкајќи ја барав својата торба за да се уверам дека задачата е наместо. Но од голем замор, потонав во длабок сон. Морам да се наспијам, за убаво да се одморам. Спиев до подоцна. Мајка ми повеќа пати се обидуваше да ме разбуди.



Се разбудив после 7 и 30 часот и и се извинив на мајка ми. Ја извршив својата утринска молитва (Сабах – намаз), која одамна беше помината а јас ја преспав. Ја зедов чантата со книги во едната рака а во другата зедов лепче со малку слатко и побрзав кон училиштето. Благодарение на Аллах стигнав пред да ѕвони во училиштето (кое се наоѓа во улицата Ал Сулејке). Не почувствував напор, бидејќи многу го сакав училиштето. Тука се учев и воспитував. Моето училиште се истакнуваше со одлични и културни ученици, како мене, благодарение на Аллах!

Во одделението започнавме со „Бисмиллах!“ учителот Осман побара да ги извадиме тетратките, за да ги провери домашните задачи. Но, каква несреќа!!! Кога ја турнав раката в торба, мојата тетратка не беше тука!!! Можеби остана да спие во мојот кревет?! Ќе ми верува ли мојот учител? Никогаш во изминатите седум месеци немав пропуштено да напуштам домашна!



Дојде редот на мене и учителот запраша: „Каде ти е домашната?“

Крупна солза ми протече низ образот. Не сум навикнал да се извинувам за такво нешто. Но како ќе докажам дека не сум крив? Се упатив до местото за казна, а учителот не не казни веднаш. Во тоа беше мојата среќа. Некој затропа на вратата. Дојде мојот спас!!!



Една жена донесе тетратка и запраша: „Има ли во одделението едно мало момче што ја забораавило тетратката. Ве молам, опрстете му! Еве ја тетратката и дајте му ја оваа мала вреќичка. И се насмеав на мајка ми и и заблагодарив со поглед за нејзината грижа. Ја отворив вреќичката, внатре имаше 99 грозденца… зошто нема 100? Мојата мајка не заборава, но сакала да ми даде лекција, за да не заборавам.



Ти благодарам мајко уште еднаш! Твоето дете – галениче ја добило лекцијата за чесност и искреност во вистинската приказна, а твоето раѓање сега, ми даде уште една лекција – да не го омаловажувам довршувањето на својата работа и да не заборавам.


ПОСЛЕДНИОТ ПОГЛЕД





Ме советуваа да го молам Аллах џ.ш да ја спаси мојата мајка, чија болест станувала се посилна. Го завршив шестиот и се запишав во седмо одделение. Но, овој пат мојата мајка не беше со мене. Нејзиното здравје силно се влоши. Се плашев дека ќе ме напушти и дека ќе замине во светот на тишината и спокојството, свет без болка и болест.



Ја нападнаа четири болести одеднаш… Еден доктор влегува друг излегува и секој од нива бара да се купи нов лек и да и пружиме повеќе нега и да и забраниме да ја посетуваат.

Но што е најлошо, посетителките навалиле да ја видат. Секоја од нив советува да бараме некој доктор до кој е тешко да се дојде, или препорачува лек кој што мозокот не може да го прифати, а како ли ќе го свари болниот


..... инашалах

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот