1 Совршенството на човекот, укажува на Величанството на Создателот Пет 03 Дек 2010, 7:25 pm
Muwehhid
Модератор
Во Името На Аллах џ.ш Милостивиот, Самилоснен!
Денес, човечкиот род живее во време на научно – технолошки напредок, а пред се на компјутерската индустрија. Восхитувачко е да се слуша за брзината и бројот на информации кои последните генерации на комјутери ги обработуваат.
Меѓутоа, нашата цел не се компјутерите, туку авторот на тие уреди – човекот.Сакаме нешто да кажеме да градбата на човекот, створението кое успеало да произведе компјутери на кои им се восхитуваме, и како би размислиле за величината и моќта на Оној кој самиот човек го создал.
Величината на делата укажуваат на величината на неговиот автор, компјутерите како човечки производ укажуваат на величината на човечкиот разум, памет и интелегенција, која го воздигнува високо над сите останати створенија.
Истотака, следните податоци за градбата и биолошките процеси во човечкото тело укажуваат на величината и моќта на Создателот на самиот човек – Возвишениот Аллах.
Плуќата – Возрасен човек при нормално мирно дишење дневно вдишува преку 8,500 литри воздух, а за една година преку 3 милиони литри. Вкупниот број на алвеоли во двете плуќни крила е околу 300 милиони, со пречник 0,25 мм. Површината на респираторната мембрана во плуќата за измена на гасови е околу 70 м² , што би одговарало на површината на просторија долга 10, а широка 7 метри. Вкупното количество на крв која треба да ја покрие таа површина е 60 – 140 мл. Како би сфатиле колку е танок тој слој на течност, замислите дека половина чаша со вода да се разлее така што да ја прекрие предходно споменатата просторија 10х7 метри.
Бубрегот -Секоја минута низ бубрегот протекува околу 1,2 литри на крв, па дневниот проток на крв изнесува 1,700 литри крв. Бубрезите дневно излачуваат околу 180 литри таканаречена примарна урина која на својот пат кон надворешната средина повторно се враќа во крвотокот, така да дневно се излачат до 1,5 литри дефинитивна урина.
Мозокот – Човечкиот мозок има околу 100 милијарди нервни станици (неврони), и секоја остварува функционални контакти со околу стотина соседни. Брзината на пренос на инпулсот во продолжетоците на поедини нервни станици е дури околу 120 метри во секунда или, 432 километри на час. Кората на малиот мозок, всушност е голема набрана површина, широка околу 15 см и 120 см долга.
Ќелиите – Во човечкото тело има околу 100 билиони ќелии (билион = милион милиони), со различни облици и големини, видливи дури со помош на микроскоп. Ќелиското јадро, кое е нколку пати помало од ќелијата во себе содржи 23 пара хромозоми со преку 40 илјади генетски парови, гредени од ДНК.ДНК во хромозомите е збиена во свиткана и набрана творба со должина на неколку микрометри, која, ако линерно би се прикажала би била долга 6 см, или десет илјади пати повеќе. Тоа е исто кога би успеале конец со должина од 100 метри да се замота и збие во творба со должина од 1 см.
Срцето и крвотокот – Срцето на возрасниот човек кој мирува секоја минута пумпа околу 5 литри крв дневно, така да таа дневно би изнесувала неверојатни 7,200 литри, со тоа што при тешка физичка работа минутниот волумен се зголемува 4-6 пати.
Скоро и невозможно е да се напише бројка која би покажала колку човечкото срце испумпува крв за време на еден животен век од, да кажеме 70 години. Човечкиот организам содржи околу 10 милјарди капилари, со вкупна површина околу 500-700 м² , што, отприлика одговара на површината на футбалско игралиште.
Окото – Во внатрешната очна вдлабнатина, мрежница, има околу 100 милиони стапици и околу 3 милиони фоторецептори за боја и светлина, а секој од нив содржи и до 100 плочи настанати со свиткувањето на нивните ќелиски мембрани.
Цревата – Површината на тенкото црево е зголемена со постоењето на кружните набори со милиони цревни ресици, чиви станици содржат на стотина микроресици, така да вкупната површина на танкото црево изнесува околу 250 м². Со таа површина секојдневно се апсорбира околу 7 литри течност, настаната од излачените пробавни сокови и внесена течност .
Матката – Матката во текот на бременост се зголемува околу 20 пати. Пред бременоста таа е тешка околу 40-50 гр, како би пред крај на бременоста достигнала тежина околу 1000 гр. Надвор од бременоста долга е 6,7 см, а нејзината внатрешност е длабока просечно 5,5 см. Пропорционално покрај тежината се зголемува и волуменот, како во нејзината внатрешност би се сместил плод со тежина од 3200 гр и должина 52 см,
што се просечни вредности на едно новороденче. Својата првобитна големина која ја имала пред бременост, матката повторно ја враќа при крајот со бебењето.
Навистина се вредни за восхит овие примери на градба и функции на поедини делови на човечкиот организам, па звучи ли неверојатно да се слушне како сето ова може да настане случајно, без Творец. Замислите ги само, луѓето да излезат со тврдење дека компјутерот настанал случајно, сам од себе, со сите своиможности. Несомнено е дека би го исмејувале на секој чекор.
Примерот на човекот е повеличествен од примерот на компјутерот, со оглед на тоа што во човекот е живот, способен е да говори, размислува, сака и мрази..
Истотака, многу е несериозно да се тврди дека човекот, без оглед на огромниот труд кој го вложил, дека компјутерот го произвел без цел, да нема своја причина. Аналогно на тоа апсурдно е тврдењето дека човекот е созадедн без причина и цел.
Вели Возвишениот Аллах:
"Мисли ли човекот дека ќе биде оставен тек така? Не беше ли капка семе, семе што се фрла? А по овој угрушок од крв, па го создаде и обличје му даде, и од него создаде пар: машко и женско. И нели тогаш Он е Кадар мртвите да ги оживи?" (75 : 36-40)
"Ние ќе им ги покажеме знаменијата Наши во видиците а и во нив самите за да им стане јасно дека тој, навистина, е вистина. Нели е доста тоа што Господарот твој, секако, е Сведок за се' " (41 : 53)
"...Се сеќаваат само даруваните со разбир!" (13:19)