Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 168 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 168 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 
Muwehhid (937)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 
Monoteizam (343)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 
muharem fazli (323)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 
Haqq (253)
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_lcapКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Voting_barКОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА? Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
КОЈ ГИ ВОСПИТУВА НАШИТЕ ДЕЦА?


За воспитанието како општествена појава пишувано е многу, и во секоја фаза од историјата е расправано за него од различни аспекти. И јас би сакал да се осврнам на нашето секојдневно воспитание кое се повеќе покажува тенденција на рапидно опаѓање. Денешниот човек подлегнал на ниските интереси, станал роб на своите страсти, а не нивен господар. Повеќе и од кога да е луѓето, особено младите се оддале на краткотрајни телесни уживања, игранки, плесови, наркоманија, дрога и сл. Затоа и се прашуваме: Дали може да се смета во ред кога нашата младина до 90% од тинејџери во нашите училишта вонбрачните односи ги смета за нормални! Дали може да се смета во ред кога нашата "Младина сака луксуз, не сака убаво однесување, презира авторитет, нема почитување спрема старите" ? Што е појавата што децата се почесто почнуваат да се бават со проституција и порнографија?

Дали е решение во воведување на наставен предмет по име "сексуално образование" во основните училишта? А што е најжалосно што некои наши родители и воспитачи мислат дека доволно е човекот само да се школува, па да биде морален, воспитан, карактерен. Меѓутоа нашата денешна реалност ни покажува дека тоа е чиста заблуда и имагинација! Знаење и воспитание не се едно исто. Денес има многу луѓе кои завршуваат некакво школо, па пак остануваат "прости" со еден збор штетни членови на заедницата.

Имам Малик имал потполно право кога рекол: "Најпрвин треба да се научи морал и убаво однесување па после наука." Денеска знаењето го надминало развојот на човекот. Младите луѓе денеска добиваат образование, но не и воспитание. Луѓето се развиваат несиметрично и на секој чекор среќаваме знаење со тотален недостаток на емоционална благородност.

Сите знаеме што е морал и кои се тие морални норми? Кога би ја замислиле човековата заедница без никакви морални норми, би сме се увериле дека таа не може да опстане како таква. Чед Брајан вели: "Моралот е основа на секое општество." Тоа значи дека истиот е камен темелник и регулатор на меѓучовечките заемни односи. Па и воопшто не е чудно што Мухаммед а.с. вели: "Пратен сум да ги усовршам моралните особини кај луѓето." (Ахмед)

Ние со години ја учиме младината дека треба да се однесува добро, но не и сме кажале како треба да се однесува. Тоа е исто како кога би му сугерирале на болниот дека треба да го чува здравјето, но како се чува тоа? Добар дел од нашата младина денеска има рак - рана, и тоа болна, а таа болест е - секако карактер и воспитание. Тоа е всушност најопасната болест за секоја заедница. За телесната нечистотија имаме сапун и вода, но со што да ја испереме духовната нечистотија? Зарем Аллах џ.ш. во Кур'ан и Мухаммед а.с. во Хадис не ни покажале насока и ориентација во погледот на воспитание?

Секоја вода на изворот е бистра и чиста, но таа течејќи низ шуми, мочуришта, мешајќи се со отровни води и самата станува отровна вода. Така е случајот и со човекот, Мухаммед а.с. вели: "Секое дете се раѓа со чиста природа, па родителите го прават; евреин, христијанин или идолопоклоник."

Да не теоретизираме и зборуваме за некакви апстрактни цели, туку да се вратиме во нашата реалност, во животот кој го живееме секојдневно. Кој ја воспитува денес, нашата младина? Родители, школо, општество. А како ги воспитуваат?

Затоа накратко ќе ги споменеме причинителите кои имаат влијание во воспитување на една личност:

1. Фамилијата - е прв и најважен фактор кој влијае во формирање на една личност. За жал, токму во фамилијата нема хармонија за правилно воспитување на децата. Родителите без малку да внимаваат со своето лошо однесување ги расипуваат своите деца. Денес, мајката на работа одвоена од деца, својата љубов сосема малку им ја посветува на децата. Во борбата за она материјалното родителите често немаат време за разговор и посветување внимание со своите деца. Неодамна во Америка во градот Лителтон две деца Ерик и Дејлан влегле во нивното училиште и со оружје убиле 14 деца и тоа на најсвиреп начин. Списанието Нењсњеек кое го обработувало овој проблем дошло до заклучок дека родителите не ги познаваат своите деца. Многу факти зборуваат дека половина од Американс. тинејџери пораснале во разведен брак на своите родители. Во 63% случаи двајцата родители работат полно време.

Така фамилијата се растура, Една од најсветлите, најубавите, основни институции на заедницата и најсакан бисер кај луѓето е на работ на пропаста.

Ја рушиме прекрасната радост во себе и на своите членови. Па затоа денес, ниту децата ги почитуваат родителите, ниту родителите настојуваат да стекнат почит. Ги пуштаат децата пред очи слепи да одат низ животот. Исчезнување на воспитната функција на фамилијата и оддалечување на мајката од нејзиниот главен повик е знак дека и фамилијата се оддалечува од Исламот. Тоа оддалечување може да биде кобно. Исламот и дава возвишена посебна улога на фамилијата, бидејќи таа гради луѓе. Родители, вам ви упатувам апел, откријте им го Исламот на вашите деца! Животот со Ислам е многу убав. Кога ќе ги запознаете со Ислам, тогаш им сте пружиле најубаво упатство и дар. Мухаммед а.с. вели: "Најдобро што може да му остави еден родител на своето дете е убав морал."

А за моралното воспитание на детето, наместо родителите да се грижат, се грижат телевизиските серии. По можност шпански кои ги има толку многу што децата едвај стигнуваат да напишат домашна задача. Родителите се мирни, оти децата не се на улица. Мирни се оти децата од сериите можат да научат дека само богатите луѓе нешто вредат.


2. Втор фактор во воспитување на децата е школото - Не можеме да речеме дека на училиште не се води грижа за воспитание, но можеме сигурно да речеме дека не се води доволно. Некои кои учат сметаат дека во школо се учи само за да знаат во школо, не, напротив во школо се учи за живот и да се има почит и однос спрема луѓето во исполнување на хуманата должност со која човекот не би бил човек. Не можеме да го обвиниме само школото, бидејќи многу деца одат на школо со претходно лошо домашно воспитание. Ако на интернет, печат, радио, телевизија и други средства за информирање сосема нормално се зборува за сексуалниот однос пред брак а уште полошо е што тоа не се смета за никаков порок ниту заедницата го осудува. Тогаш, што се може да се слуша на училиште? Напротив, можат да се слушнат само совети и упатства на младите како да се заштитат од несакана бременост и заразни болести. Се ова како што видовме води во деградација на заедницата и рушење на моралните принципи кои се стари колку и самиот човек.


3. Општеството (заедницата, околината) - е исто така важен фактор во воспитниот процес. Мухаммед а.с. вели: "Немој да се дружиш освен со верник и нека не ја јаде твојата храна освен побожен." (Тирмизи) Имаме безброј примери каде децата од добрите родители и од добро домашно воспитание постануваат: пијаници, криминалци, секако под влијание на друштвото. Мухаммед а.с. рекол: "Чувај се од лошо друштво, оти по него се препознаваш!" (Ибн Асакир)

Се вели дека римскиот император Нерон посакал да биде неписмен кога требало да ја потпише првата смртна пресуда, а подоцна посакал сиот свет да има една глава, па одеднаш со еден замав да му ја скине.

Колкава вредност има заедницата се гледа и примерот со човекот кој убил сто души, па кога побарал совет од побожникот, тој му порачал да оди во едно место каде има побожни луѓе кои го обожаваат Аллах џ.ш. па со нив да се моли на Аллах џ.ш. се додека му дојде смрт, па - Иншааллах - Севишниот Аллах ќе му го прости гревот.
Секако, дека покрај сите овие наведени елементи на воспитување имаат улога и други фактори, а тоа е самиот човек воспитач. Треба да се придржуваме за упатствата на Возвишениот Кур'ан и Хадисот на нашиот пејгамбер Мухаммед а.с., па ќе имаме успех во лечење на нашите опасни болести - слабо воспитание. Треба да бидеме свесни, дека оној кој ништо не почнува нема ништо и да заврши. Затоа да почнеме!

"Се колнам во времето! Навистина човекот е во загуба, освен оние кои веруваат и прават добри дела и кои едни на други препорачуваат вистина и трпеливост."

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот