1 Разлика помаѓу воспоставување на доказите и разбирање на доказите Пон 01 Јун 2015, 12:53 pm
Muwehhid
Модератор
Нашиот шејх, шејх Абдуллатиф, рахимехуллах, (Абдуллатиф ибн Абдурахман ибн Хасан Алу-Шејх), рекол:”Треба да ја знаете разликата помеѓу воспоставување на доказите и разбирањето на доказите. Оној до кого ќе стигне повикот на пратениците (Исламот, куранот и суннетот), над нив доказот е вече воспоставен, во состојбата во која е во можност да дознае. Кој ќе ги воспостави доказите не се условува од Аллах и од Неговиот Пратеник размислување она што го разбираат (размислуваат) оние кои што веруваат, прифачаат и кои што се покораваат на она со што дојде Пратеникот, саллаллаху алјхи ве селлем. Разбери го ова и ќе ти се тргнаат многу нејасни работи (сомежи) за прашањата на воспоставување на доказите.
Возвишениот Аллах кажува:
أَمْ تَحْسَبُ أَنَّ أَكْثَرَهُمْ يَسْمَعُونَ أَوْ يَعْقِلُونَ إِنْ هُمْ إِلَّا كَالْأَنْعَامِ بَلْ هُمْ أَضَلُّ سَبِيلًا
“Сметаш ли дека мнозинстовото меѓу нив, навистина, слуша или разбира? Тие се како добиток. Тие се, токму, во беспаќе (заблуда)! (Ел-Фуркан, 44)
И кажува:
إِنَّهُمُ اتَّخَذُوا الشَّيَاطِينَ أَوْلِيَاء مِن دُونِ اللّهِ وَيَحْسَبُونَ أَنَّهُم مُّهْتَدُونَ
...Овие, навистина, ги земаа шејтаните место Аллаха за заштитници, мислејќи, секако, дека се упатени! (Ел-Араф, 30)
Објаснал, славен нека е Он, дека тие не размислуваат (не знаат), па затоа не ги оправдал со тоа што не разбираат (не знаат), туку веќе јасно е наведено дека овој вид е од неверици (немаат оправдување со незнаење), како што стои во зборовите на Возвишениот:
قُلۡ هَلۡ نُنَبِّئُكُم بِٱلۡأَخۡسَرِينَ أَعۡمَـٰلاً
ٱلَّذِينَ ضَلَّ سَعۡيُہُمۡ فِى ٱلۡحَيَوٰةِ ٱلدُّنۡيَا وَهُمۡ يَحۡسَبُونَ أَنَّہُمۡ يُحۡسِنُونَ صُنۡعًا
أُوْلَـٰٓٮِٕكَ ٱلَّذِينَ كَفَرُواْ بِـَٔايَـٰتِ رَبِّهِمۡ وَلِقَآٮِٕهِۦ فَحَبِطَتۡ أَعۡمَـٰلُهُمۡ فَلَا نُقِيمُ لَهُمۡ يَوۡمَ ٱلۡقِيَـٰمَةِ وَزۡنً۬ا
Кажи: “Да ве известам ли за оние чии дела се најштетни (пропаднати, загубени дела) оние чиј труд е залутан во животот на овој свет, а мислат дека, токму, добро работат? Тоа се оние кои не веруваат во ајетите (доказите) на Господарот свој, во средбата со Него...па, пропаднаа делата нивни, а на Денот суден кон нив не ќе имаме мера! (Ел-Кехф, 103-105)
Автор: Шејх Сулејман ибн Сехман ен_Неџеди Ел-Ханбели, рахимехуллах
Извор: imamitewhida
Обработка: ahlu-sunnah