1 Некои чуда доживувања на Селефиите Вто 04 Фед 2014, 7:13 pm
Muwehhid
Модератор
1. Ебу Бекр : “Аиша пренесува: “Кога беше на смртна постела, мојот татко ми рече: “Навистина, ти имаш два браќа и две сестри. Па скокнав (се изненадив) на овие зборови бидејќи само имам двајца браќа и една сестра.
Овие зборови се однесувале на неговата тогашна трудна жена, Бинт Хариџа: “Ја гледам дека таа е трудна и дека носи девојче и се испостави (се покажа) дека не е така.” (Пренесува аш-Шатаби во ал-Мувафакат (4/85) и Ибн Тејмијје го спомнува во Меџму ел-Фетва (11/318)
2. Ебу Курфасах: “Римјаните го заробиле на син на еден од асхабите, Ебу Курфасах, па кога ќе беше времето за намаз тој ќе пеше на ѕид во Аскалан (во Сирија) и ќе викаше: “О сине мој! Време е за намаз! А неговиот син го слушал во земјата на римјаните.” (Меџму аз-Зеваид, 9/136)
3. Ибн Аббаз: “ Ибн Аббаз умрел во Таиф, птица, како што не е видена предходно, била видена на неговото џеназе. Птицата влезе во гробот каде што требаше Ибн Аббаз да биде закопан, потоа ние тоа го гледавме и чекавме да погледнеме да ли сака да излезе но таа не излезе. Кога неговото тело го ставивме во гробот го слушнавме ајетот: “А ти, о душо смирена, врати Му се на Господарот свој задоволна, а и Тој од тебе е задоволен. (Ел-Феџр, 27-28) Како се учи на крајот на гробот но не можевме да откриеме кој го учи тој ајет.” (Хаким, ал-Мустедрек, 3/543)
4. Омер бин ал-Хаттаб: “Абдуллах ибн Мес’уд пренесува: “Маж од луѓе излезе и се сретна со маж од џин кој што рекол: “Сакаш ли да се бориш со мене? Ако успеш да ме фрлиш на земја, ќе те научам ајет со кој ако го учиш кога влегуваш во куќата ниту еден шејтан нема да влезе во твојата куќа. Па се борев со него и го фрлив на земјата. Тој рече: “Гледам дека сим многу низок a твојата подлактица е како шепите на кучето. Да ли сите џинови се такви или самот ти? Тој рече: “Јас сум од посилните помеѓу нив, Ајде повторно да се бориме. Па повторно се бореа и човекот го фрли на земјата. Џинот рече: “Проучи ја ајетул-курсијји, бидејќи, секогаш кога некој ќе ја проучи кога ќе влезе во својата куќа, шејтанот тогаш ќе ја напушти и препуштајќи му се на ветрот како магаре. Запрашан е Ибн Месуд: “Да ли тој човек бил Омер? Тој одговорил: “А кој друг може да биде до Омер? (Меџма аз-Зеваид, 9/71)
5. Зејд бин Хариџe ал Енсари: Саид ибн Мусејјеб пренесува: Зејд бин Хариџ ал Енсарi умрел во времто на владењето на Осман ибн Аффан. Кога бил завиткан во чефини и кога бил припреман за џеназе, чуден звук се појавил од неговите гради, потоа Зејд стана и рече: “Ахмед! Ахмед! Тој е прва книга! Ебу Бекр ја зборуваше вистината! Омер ја зборуваше вистината! Осман ја зборуваше вистината! (ал-Бадијје вен-Нихајје, 6/293) Саид потоа рече: “Малку по тоа починал друг човек. Кога бил завиткан во чефини и припреман за џеназе, звук (глас) се појавил од неговите гради. Човекот потоа стана и рече: Зејд бин Хариџe ал Енсари ja зборуваше вистината!. (Меџма аз-Заваид, 8/230)
6. Хамза бин Абд ал-Мутталиб: “Кога телата на шехидите на Ухуд се преместени 40 години после нивното закопување (во времето на владењето на Муавија), ногата на Хамза бин Абд ал-Мутталиб е изгрбана во тој процес (кога се преместуваа телата) тогаш почнала да тече крв. (ал-Бидајје вен-нихајје, 4/43)
7. Ал-Ала ал-Хадрами: Ебу хурејре пренесува: “Ал-Ала ал-Хадрами упатувал дова за дожд и започна да врне дожд во средината на пустината. Во друга прилика, тој упатуваше дова, и ние бивме во можност да одиме по водата на арапскиот полустров (блиску до Бахрејна) без да се навлажнаат нашите нозе. Кога умре, ние го закопавме и после некое време го ископавме неговиот гроб и погледнавме дека не е тука. (Меџма аз-Зева’ид, 9/276)
8. Сулејман и Са’д: “ Кога Са’д и муслиманската војска пристигнале до реката Тигрис во времето на војната на Кадисијји, Селман стана и рече: “Река од реките Аллахови. Зарем нема да ја земаш војската Аллахова? Тој го зеде за рака на Са’д и стоеше на вода водејќи 30 000 војници преку реката Тигар (Тигрис) на нозе. Персијците тоа го погледнале и кажале: “"Демони пристигнаа! "Демони пристигнаа! (Забележува Табери во ат-Тарих, 3/123 и Ибн Кесир во ал-Бидаје вен-Нихаје, 7/64)
9. Халид ибн ал-Велид: “Хејшем пренесува: “Халид ибн ал-Велид отиде кај еден човек кој носеше стомна со алкохол па рече: “О Аллаху! Претвори го во мед! Па алкохолот се претвори во мед. (Забележува Ибн Хаџер во ал-исабах фи ме рифат ас-сахабах)
10. Ебу а-Захрија пренесува: “Отидов во Тарсус и влегов кај Муавија-ал-Есвед откако беше заслепен. Во неговата куќа погледнав Мусхаф (Кур’ан) на зидот па му реков: “Аллах да ти се смилува. Мусавот (Кур’ан) а ти не гледаш? Тој ми одговори: “Брате мој, ќе сакаш ли да ја сочуваш мојата тајна додека не умрам? Реков: “Да. Потоа тој ми рече: “Навистина кога и да посакам да учам од Кур’анот, мојот вид ми се врача (можам да гледам со моите очи). (Сијар Алам ан-Нубала, 8/43)
Извор: essunne
Обработка: ahlu-sunnah