1 Посвети се на робување Мене Пет 31 Јан 2014, 1:38 am
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Ни кажуваше нас Абдуллах, ни кажуваше нас мојот татко, ни кажуваше нас Мухаммед ибн Абдуллах ибн Ез-Зубејр, ни кажуваше Имран ибн Заиде ибн Нашит од својот татко, од Ебу Халида Ел-Валибија, радијАллаху анху, дека Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, рекол: “Рекол Аллах, тебареке ве’те ала: Сине Адемов, посвети се на робување на Мене, срцето со богатство ќе ти го наполнам и ќе те спасам од сиромаштија, а ако не направиш, срцето ќе ти го направам заокружено со обврски и овој свет, а од сиромаштија нема да те отргнам.“ (Тирмизи, Хаким - сахих)
Ни кажуваше нас Абдуллах; вели: Нас ни кажа мојот татко; вели: Нас ни кажа Џерир, а тој пренесол од Менсура, тој од Халила, а тој од Ферве ибн Навфела Ел-Ешџеија, кој вели: “Бев комшија на Хаббаб, па еден ден излегував од месџид, а тој ме зеде за рака и рече: - Човече, робувај Му приближувај се кај Аллах штом ќе можеш, меѓутоа најсакано со што можеш да Му се приближиш е Неговиот говор (т.е. Учење на Кур’анот).“ (Го наведува Ел-Хаким во Ел-Мустедреку и вели: Хадисот е сахих, а Ез-Зехеби ја потврдува таа оценка)
Ни кажуваше нас Абдуллах вели: Нас ни кажа мојот татко; вели: Нас ни кажа Мухаммед ибн Џа’фер, кој вели: Ни кажуваше нас Шу’бе и рекол: Го слушнав Ел-А’ла’а дека кажува од својот татко, а тој од Ебу Хурејре, радијАллаху анху, од Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, тоа што го пренесува од својот Господар, аззе ве џелле, дека рекол: “Најмалку Мене Ми треба приближување, во однос на сите ортаци (здруженици). Кој ќе направи дело во кое ќе Ми придружи некој, Јас го оставам него и оној кој Ми го придружил:“ (Ибн Маџџе - сахих)
Извор: et-tewhid
Обработка: ahlu-sunnah