1 Два рекати техијјету-л-месџид Сре 22 Јан 2014, 6:09 am
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Овој хадис забранува дека оној кој ќе влезе во џамија додека не клања два рекати намаз, а тоа е техијјету-л-месџид (поздрав на џамијата). Очигледно е дека ова е ваџиб. Повечето од научниците сметаат дека е мендуб. (1) За тоа ги земаат зборовите на Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, кога го приметил на човекот кој чекорел па му рекол: Седи, веќе си вознемирил, а не му наредил да клања два рекати.Потоа дека Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, му рекол на оној кој го подучувам за петте темели на исламот, а тој додаде: Нема да додадам ништо на тоа, а Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, вели: Спасен е, ако вистината ја рекол!
Прввиот доказ се отфрла, бидејќи не укажува дека тој не ги клањал тие два рекати, бидејќи е можно да ги клањал на другиот крај од џамијата, а потоа почнал да преминува преку вратовите на луѓето. Вториот доказ се отфрла со фактот дека има обврска и освен тоа што е тогаш споменето, како што е џеназе намаз и сл. и не е невозмножно да бидат препишани и други работи после зборовите на бедуинот Нема да додадам и Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, со нив да го подучил.
Себулу-с-селам, стр. 519-520
---------------------------------------------------
(1) Ибн Беттал вели: “Донесувачите на фетви сите се сложени дека овој хадис говори дека е мендуб и укажуваат дека тоа е убаво секој да го направи кога ќе влезе во џамија, бидејќи се пренесува дека угледните асхаби на Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, влегале во џамија, а потоа излегале, а не клањале. Захириите сметале дека тоа е фарз за секој муслиман кој ќе влезе во џамија во време кога е дозволено да се клањаат два рекати. Неко велат дека ваџиб е да се клањаат два рекати во секое време.
Извор: el-tewhid
Обработка: ahlu-sunnah