1 НАЦИОНАЛИЗАМ - ШТЕТНА И ОПАСНА БОЛЕСТ Сре 17 Jул 2013, 2:01 am
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Научник Ибн Еби Лејла го споменува својот разговор со намесникот на Куфа кој се викаше Иса ибн Муса, а беше познат по национализмот (истакна арапската нација). Ме праша:“Кој е најголем феких (научник) Басре?“-реков:“Хасан Ел-Басри и Мухаммед ибн Сирин.“ “А кои се тие?“, праша. “Робови.“ ,реков.
“А кој е најголем феких на Мекка?“ - “Ата ибн Еби Реббах, Муџахид, Се'ид ибнЏубејр и Сулејман ибн Јесар.“,реков. “А кои се тие?“, праша. “Робови.“, одговорив. “А кој е најголем феких на Медина?“, налутено праша. “Зеид ибн Еслем, Мухаммед ибн Мункедир и Нафијј ибн Еби Нуџејх.“, одговорив. “А кои се тие?“, праша.“Робови.“, реков. Па му поцрвена лицето од лутина и праша: “А кој е феких на Јемен?“ “Тавус и Ибн Мунеббих.“, рекол. “А кои се тие?“, праша. “Робови.“, реков.
Скокна од своето место од лутина и праша: “А кој е феких на Шам?“ - “Мекхул.“, реков. “А кој е тој?“, праша. “Роб.“, реков. Па се зголеми неговата лутина, му поцрна лицето и праша. “А кој е феких на Куфе?“, и вАллахи, дека не се плашев од неговата лутина, јас би рекол Аммар ибн Еби Сулејман и Хакем ибн Утбе, па реков Ибрахим Ен-Нехаји и Амр Еш-Шаби.“ - “А кои се тие?“, праша. Па реков: “Арапи.“, па рече: “Аллаху екбер!“
Извор: el-tewhid
Обработка: ahlu-sunnah