Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 38 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 38 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 
Haqq (253)
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_lcapПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Voting_barПратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин Efendimsav
Пратениковата с.а.в.с. порака опфаќа исправно појаснување на Усли-Дин 820124 
Во името на Аллах, Мислостивиот, Сомилосниот!

Пратениковата саллАллаху алејхи ве селлем порака опфаќа две нешта:

1. корисно знаење и
2. добро дело, како што Аллах вели:
 
هُوَ الَّذِي أَرْسَلَ رَسُولَهُ بِالْهُدَىٰ وَدِينِ الْحَقِّ لِيُظْهِرَهُ عَلَى الدِّينِ كُلِّهِ وَلَوْ كَرِهَ الْمُشْرِكُونَ

Хувеллези ерселе ресулеху бил худа ве динил хакки ли јузхиреху алед дини куллихи ве лев керихел мушрикун.

Он е Оној кој го испрати пејгамберот Свој со Патоказ и со вера вистинска за да ја обелодени повеќе од сите други вери и покрај тоа што многубошците го мразеа тоа! (превод на значење, Ет-Тевба, 33)
 
'Упатството' е корисно знаење додека 'вистинската вера' е добро дело, а сето тоа е врз основа на искреност на Аллах и следење на Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем.
.
Корисно знаење опфаќа секое знаење кое содржи корист за умметот, за животот на дуњалук и ахирет. Прво знаење кое влегува под тој поим е: Знаење за Аллаховите имиња, Неговите својства и Неговите дела. Знаењето за ова е најкорисно знаење од сите науки и тоа е најсупериорно од божествените пораки. Тоа е резиме 'пратеничките дави (повикувања)'. Преку тоа во верата се воспоставуваат изјави, дела и верување.
 
Од наведените причини невозможно е да се смета дека Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, го запоставил ова знаење и да не го појаснил комплетно, целосно, не оставајќи никакви сомневања и одфрлувајќи двоумења. Ова е невозможно од повеќе аспекти:
 
Први: Пратениковата, саллАллаху алејхи ве селлем, порака опфаќа светло и упатство. Аллах го испратил како донесувач на радосни вести и како опоменувач, како повикувач кон Аллах со Негово допуштање и светло, во толкава мера дека умметот на јасен бел пат, на него ноќта е (јасна) како и денот. Никој не оди од него, а да не биде уништен а најголемо светло и најзначајно е тоа дека срцето добива знаење за Аллах, Неговите имиња, својства и дела. Затоа, не е возможно Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, да не го појаснил ова знаење со целосно појаснување.
 
Втори: Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, го подучил умметот за се што им е потребно од нештата на верата и дуњалукот. Дури нас не подучил и однесување при јадење, пиење, седење, спиење, итн.. 

Ебу Зерр, радијАллаху анху, вели:

Аллаховиот Пратеник, саллАллаху алејхи ве селлем, се преселил, а не останала ни птица која шири криља, а нас да не ни рекол нешто за неа.“ 
 
Нема сомнежи дека знаењето за Аллах, Неговите имиња, својства и дела - е дел од ова општо појаснување. Дури што повеќе, тоа е прво и најважно од задолжителното знаење, и знаењето за тоа е неопходно.
 
Третти: (2): Иманот во Аллах, Неговите имиња, својства и дела е основа на целата вера и резиме на пратеничките повици. Тоа е најголема задолжителност и најдобро што срцето може да добие и најдобро што разумот опажа. Па, како Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, да го запостави тоа, не подучувајќи ги и не појаснувајќи  го тоа, кога појаснал нешта што се помалку важни од тоа?!
 
Четврти: Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, е најучена личност од Неговите робови. Тој е најискрен советник на робовите и најзнаен во спроведување и објаснување на објавата. Затоа, не е можно дека тој со такво спроведување ќе изостави да појасни иман во Аллах, Неговите имиња и својства, оставајќи го тоа нејасно и под знак прашалник.
 
Петти: Асхабите, радијАллаху анхум, морале да говорт по прашање на ова поради тоа што спротивно на ова би било:

1. или да останат да молчат по прашање на тоа,
2. или за тоа говореле неисправно.
 
- И едното и другото не е можно за асхабите, радијАллаху анхум.
 
(1) Што се однесува до тоа дека асхабите радијАллаху анхум, молчеле за нешта од Акида по прашање на Аллаховите имиња и својства - тогаш тоа не е можно поради следниве причини:

а) или нивното молчење било поради незнаење за тоа што Аллах ги задолжил по прашање на Неговите имиња и својства, и што дозволил, а што забранил;
 
б) или нивното молчење било поради одредено знаење кое го поседувале по тоа прашање, но тие тоа го сокриле;

- И едното и другото е невозможно.
 
а) Што се однесува до тоа дека асхабите радијАллаху анхум, молчеле поради незнаење:
 
Тогаш, не постои срце во кое има живот, свесност, кое бара знаење и копнее за обожување, освен неговата најголема грижа да би била истажување за иманот во Аллах, знаење за Неговите имиња и својства и спроведување на тоа со сигурно знаење и акида (убедување). Нема сомнежи дека најдобри генерации се, а од нив најдобра генерација се асхабите радијАллаху анхум, била најкомплетна од луѓето по прашање за живоста на срцето, љубов спрема добрина и спроведување на корисно знаење. За ова Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, рекол:
 
“Најдобри од луѓето се мојата генерација, потоа оние после нив, потоа оние после нив.“ (3)
 
Оваа корист општо е земена, за сите нивни вредности, во се што донесува до Аллахова близинa, од говор, дела и верувања.
 
Додавајќи – ако би предпоставиле дека асхабите радијАллаху анхум, не ја знаеле вистината по прашање на овие нешта, тогаш незнаењето на оние после нив би било повеќе очигледно.
 
Ова е затоа што знаењето: што тоа Аллах го потврдил, а што негирал по прашање на Неговите имиња и својства – тоа единствено може да се дознае по патот на пратеништвото и Пратениковите асхаби радијАллаху анхум, кои се посредници меѓу Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем и умметот. Па така, основање во такво побарување значи дека никој нема сознанија за овие прашања, а тоа е очигледно неразумно.
 
(б) А што се однесува до тоа дека асхабите радијАллаху анхум, молчеле сокривајќи ја вистината: Тогаш, секоја разумна и праведна личност која ја знае ситуацијата на асхабите радијАллаху анхум, и нивната грижа во ширење и пренесување на корисно знаење на умметот, никогаш не би ги обвинила за сокривање на вистината, а посебно не по прашање на најсериозни и најважни сите нешта: знаење за Аллах, Неговите имиња и својства. – Додавајќи, дека од нив дошло многу исправни изјави по прашање на ова, и кој и да ги побара и ги следи, ќе знае за тоа.

(2) А што се однесува до тоа дека асхабите радијАллаху анхум, говореле неисправно за нештата на акидата врзано за Аллаховите имиња и својства, тогаш е погрешно поради две причини:
 
Прва: Неисправно да се говори за нешто би значело дека не е можно да се постави ниеден веродостоен доказ на такви тврдења. И повеќе од тоа, познато е дека асхабите, радијАллаху анху се најдалеку од луѓето да говорат за нешта за кои не може да се базира ниеден веродостоен доказ, а посебно во нештата за иман во Аллах и нешта на гајбот. Затоа, тие се први луѓе кои ги практикуваат Аллаховите наредби:
 
وَلَا تَقْفُ مَا لَيْسَ لَكَ بِهِ عِلْمٌ ۚ إِنَّ السَّمْعَ وَالْبَصَرَ وَالْفُؤَادَ كُلُّ أُولَٰئِكَ كَانَ عَنْهُ مَسْئُولًا
 
Ве ла такфу ма лејсе леке бихи илм, иннес сем’а вел басара вел фуаде куллу улаике кане анху мес’ула.
 
И не следи го она што не го знаеш. И слухот, и видот, и срцето ќе бидат одговорни, навистина! 
(Превод на значење, Ел-Исра, 36)
 
И Неговиот говор:
 
قُلْ إِنَّمَا حَرَّمَ رَبِّيَ الْفَوَاحِشَ مَا ظَهَرَ مِنْهَا وَمَا بَطَنَ وَالْإِثْمَ وَالْبَغْيَ بِغَيْرِ الْحَقِّ وَأَنْ تُشْرِكُوا بِاللَّهِ مَا لَمْ يُنَزِّلْ بِهِ سُلْطَانًا وَأَنْ تَقُولُوا عَلَى اللَّهِ مَا لَا تَعْلَمُونَ
 
Кул иннема харреме раббијел февахише ма захере минха ве ма батане вел исме вел багје би гајрил хакки ве ен тушрику биллахи ма лем јунеззил бихи султанен ве ен текулу алаллахи ма ла та’лемун.
 
Кажи: “Господарот мој, навистина, забрани: “Срамни дела, било да се јавни било да се тајни, и грев, и сила бесправно и да му здружувате на Аллах нешто за што Он не објави доказ, и да го зборувате за Аллах она што не го знаете!” (Превод на значење, Ел-‘Араф, 33)
 
Втора: Да се говори неисправно по било кое прашање има своја позадина, било да биде тоа поради:
 
1. непознавање на вистината
2. или од желба да ги заведеш луѓето.
 
- Повторно, ниедно од овие две не е можно да се припишат на асхабите, радијАллаху анхум.
 
(1) Што се однесува неможностите на непознавање на вистината по ова прашање, тоа е веќе појаснето.
 
(2) А што се однесува до неможностите дека имале желба да ги заведат луѓето, тогаш тоа би било грда цел. Не е можно тоа да се случи на асхабите, радијАллаху анхум, кои се познати по своето советување и гружа за добро, и љубов за добрина на умметот.
 
Додавајќи - ако сметаат дека тоа е можно дека тие имаат лоша цел и намера по прашање на ова, тогаш да сметаме дека тие имале лоша цел и намера по прашање на нивниот говор и информација по прашање на овие нешта би исчезнале. – Секако, ова би било најлошото лажно обвинение, бидејќи содржи клетва на целиот Шеријат!
 
Затоа, ако е јасно дека асхабите, радијАллаху анхум, морале да говорат вистински и исправно по прашање на овие работи; тогаш тие говореле:
 
1. или едноставно надвор од неговиот интелект (разум),
2. или по објавениот пат.
 
Прво – секако дека не е разумот бидејќи не е во состојба да ги сфати сите детали за тоа што Аллах наредил по прашање на Неговите совршени својства.
 
Затоа, остануваат уште други опции, а тоа е дека тие тоа знаење го научиле со посредство на Пратениковата, саллАллаху алејхи ве селлем, објава. – Ако е така, тогаш е неопходно дека Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, ја појаснил вистината по прашање на Аллаховите имиња и својства – ова е неопходно верување.


-----------------------------
(2) Тука, шејх ибн Усејмин, и натаму наведува разни аспекти кои ги негираат претпоставките дека Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, во целосност не ги појаснил нештата иман во Аллаховите имиња, својства и дела. (Оп.прев.)

(3) Бухари (2652) и Муслим (2533).

Извадок од делото: Хамевија
Автор: Шејхул-ислам Ибн Тејмијје
Обработка: Ахлу-Суннах

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот