1 Куран на Македонски Јазик Нед 24 Окт 2010, 2:10 pm
Abu Al-Amin
Брат
بسم الله الرحمن الرحيم [You must be registered and logged in to see this link.] الْحَمْدُ لِلَّهِ رَبِّ الْعَالَمِينَ [You must be registered and logged in to see this link.] الرَّحْمَنِ الرَّحِيمِ [You must be registered and logged in to see this link.] مَالِكِ يَوْمِ الدِّينِ [You must be registered and logged in to see this link.] إِيَّاكَ نَعْبُدُ وَإِيَّاكَ نَسْتَعِينُ [You must be registered and logged in to see this link.] اهْدِنَا الصِّرَاطَ الْمُسْتَقِيمَ [You must be registered and logged in to see this link.] صِرَاطَ الَّذِينَ أَنْعَمْتَ عَلَيْهِمْ غَيْرِ الْمَغْضُوبِ عَلَيْهِمْ وَلا الضَّالِّينَ [You must be registered and logged in to see this link.]
1.СУРА
ЕЛ-ФАТИХА (Отвор)
Мекка - 7 ајети
1. Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!
2. Благодарение на Аллах, Господарот на световите,
3. Милостивиот и Сомилосен,
4. Владарот на Денот суден!
5. Ние само Тебе Те обожаваме и ние само од Тебе помош бараме!
6. Упати не по патот вистински,
7. по патот на оние врз кои ја разлеа Твојата благодат, а не по патот на оние врз кои се разлеа омразата и кои во заблуда скршнаа!
2.СУРА
ЕЛ-БЕКАРА (Крава)
Медина - 286 ајети
Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!
1. Елиф, лам, мим!
2. Еве Книга во која нема сомнение, Патоказ за богобојазливите:
3. за оние кои веруваат во Тајната, и кои се исправаат намаз да извршат, и кои од дадената им Наша нафака делат,
4. и кои веруваат во она што ти се објавува, и во она што пред тебе беше објавено, и во Ахирет и кои во сето тоа се уверени.
5. Онаквите, бидејќи одат по Патоказот од Господарот нивни, се спасени.
6. Сеедно е, навистина, на оние што не веруваат ќе ги опоменуваш или нема да ги опоменуваш: оние, сепак, нема да веруваат.
7. Аллах ги запечати и срцата нивни и ушите нивни, а пред опулот нивни е завеса, и за нив има казна голема.
8. Меѓу луѓето има и такви кои зборуваат: И во Аллах и во Денот ахиретски веруваме, тие, токму, не веруваат.
9. На Аллах и оние кои веруваат намераваат, секако, да ги измамат, но не усетуваат дека самите себеси се измамуваат.
10. Болештина има во срцата нивни: Аллах ја зголемува и, заради тоа што лажат, за нив има казна болна.
11. И кога ќе им се рече: Не сејте безредие на земјава! Велат: Не, ние само ред воспоставуваме, навистина!”
12. Но, не! Безредници се! А за тоа, сепак, не се свесни.
13. И кога, пак, ќе им се рече: Верувајте како што другите веруваат”. Велат: Да веруваме ли како што безумните веруваат?Но, не! Тие, токму, се безумните. Но, ете, тоа не го знаат.
14. И кога ќе се сретнат со оние кои веруваат, зборуваат: Ние веруваме, а кога, пак, ќе се најдат насамо со шејтаните свои, зборуваат: Да, Ние сме со вас! Само се исмеваме, навистина!
15. Аллах нив ги исмејува и ги пушта да талкаат во неверието нивно.
16. Онаквите Патоказот, всушност, го заменија со беспаќе: оваа трговија никаков ќар не им донесе, и оние не се како упатените!
17. Слични се на оние кои ќе запалат оган... и бидејќи ќе ја осветли околината нивна, и штом тоа ќе се збидне, Аллах ќе ја грабне светлината и ќе ги остави во темнина - ништо нема да гледаат.
18. И глуви се, и слепи се, и неми се: па, според тоа, не можат да се вратат до Патоказот,
19. или се како оние кои, додека е облакот небесен со темнеж, и со молњи, и со секавици, ги ставаат прстите свои в уши, заради громови, плашејќи се од смртта. А Аллах ги опфаќа неверниците!
20. Молњата штотуку не им го одзеде видот нивни; и секојпат кога секавица ќе севне, одат по светлината нејзина, а кога темнеж врз нив ќе падне, ќе застанат. А кога, пак, Аллах би сакал би им го зел и видот нивни и слухот нивни зашто Аллах, навистина, е Кадар за се!
21. О луѓе, обожавајте го Господарот ваш кој ве создаде, и вас и оние пред вас, за да бидете богобојазливи,
22. Оној Кој ви ја определи земјата како постела, а небото како здание, и Он чини од небото да се спушта вода и Кој, со нејзина помош ги вади плодовите како нафака ваша - а, бидејќи знаете, тогаш, на Аллах немојте здруженици да Му припишувате!
23. Ако сте при сомнение во она што е објавено до робот Наш, тогаш, донесете едно суре што ќе биде слично на нему објавените, и повикајте ги за сведоци оние на кои, освен Аллах, се повикувате доколку вистина зборувате.
24. Па, ако тоа не го направите, а нема да го направите, тогаш, навистина,чувајте се од огнот кој за неверниците е подготвен, чиешто гориво се луѓето и камењата!
25. И зарадувај ги оние кои веруваат и кои добри дела работат: за нив има бавчи низ кои реки течат, навистина! И секојпат кога ќе пробаат од плодовите, од ‘рскот, ќе речат: “Ова е она што порано го пробавме” - а им се дава само оној плод кој е сличен на нивниот; во тие бавчи за нив ќе има и чисти жени и тука тие за навек ќе останат.
26. Аллах, секако, не се стеснува да изнесе пример: било мушичка било нешто од неа повозвишено - па, што се однесува до верниците знаат, секако, дека тоа е вистина од Господарот нивни; а што се однесува, пак, до неверниците, велат: “Што сака Аллах да покаже со таков пример? Со тоа Он многу луѓе во заблуда ги остава, а на многу по патот вистински ги упатува. Ќе бидат заведени само расипаните:
27. кои го кршат Ветувањето Аллахово по Договорот склучен со Него, и кои го прекршуваат тоа што Аллах го заповеда да се одржува, и кои на земјата безредие сеат - оние се, токму, поразените!
28. Како не верувате во Аллах... ? Бевте мртви па Он ве оживи; потоа пак ќе ве усмрти, потоа пак ќе ве оживи, а потоа Нему ќе Му се вратите.
29. Се што е на земјата Аллах за вас го создаде; потоа Својата одлука кон небото ја управи и таму седум небеса создаде. Он знае се!
30. И кога Господарот твој им рече на мелеките: Да, Јас ќе поставам на земјата халифа! Оние рекоа: Ќе го поставиш ли оној кој безредие сее и кој крв пролева? А ние, заблагодарувајќи се, величие и благослов, Ти изразуваме. Он рече: Јас го знам она што вие, секако, не го знаете.
31. И Он го поучи Адема со имињата на сите нешта, и ги изнесе пред мелеките, па Он им рече: Изнесете ги имињата нивни ако сте искрени!
32. А оние рекоа: Славен нека си! Ние поседуваме знаење само за она за што Ти не поучи; Ти си, навистина, Зналец и Мудар!
33. Аллах рече: тајните на небесата и на Земјата и дека го знам и она што го обелоденувате и она што го криете!
34. И кога на мелеките Ние им рековме: Паднете му на сеџде на Адем! - сите паднаа на сеџде, а Иблис тоа не го направи; тој одби, се изнадува; беше меѓу неверниците!
35. И Ние рековме: О Адеме, ти и жената твоја живејте во Џеннетот и јадете од него колку што сакате и од каде што сакате, но не приближувајте се до ова стебло... ќе бидете, тогаш, меѓу зулумќарите!
36. И Шејтанот ги измами и, тогаш, ги одведе во тоа место во кое се наоѓаа; и Ние рековме: Слезете, еднинадруги непријатели ќе бидете. Земјата ваше живеалиште ќе биде и уживање до време определено!
37. И Адем, тогаш, ги усвои некои зборови од Господарот свој и Он му го прими покајанието. Он, навистина, е Простувач и Сомилосен!
38. И Ние рековме: Излегувајте од Џеннетот сите! Од Мене ќе ви доаѓа Патоказ; па, оние што ќе одат по Патоказот Мој... не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!
39. А оние, пак, кои не веруваат и кои ајетите Наши за лажни ги сметаат, жители џехеннемски ќе станат и во него за навек ќе останат.
40. О синови Израилови, сетете се на благодатите Мои со кои ве благословив, и исполнете го ветувањето што ми го дадовте, а и Јас ќе го исполнам ветувањето што ви го дадов. И само од Мене, тогаш, плашете се!
41. Верувајте во она што го објавив, во Потврдата на она што е веќе при вас; и не бидете први кои во тоа не ќе верувате и не продавајте го за нешто што малку вреди. Тогаш, само од Мене плашете се!
42. И не мешајте ја вистината со невистината, и вистината, знаејќи ја, не кријте ја!
43. И намаз извршувајте и зекат давајте; и со оние кои се поклонуваат и вие поклонувајте се!
44. Ќе им наредувате ли на луѓето да бидат доброчинители, а на себе заборавате, вие што Книгата ја кажувате? Нема ли да се вразумите?
45. И барајте сигурност и во трпеливост и во намаз; во намазот, навистина, има значење големо, но само за потчинетите,
46. кои мислат дека, навистина, ќе го видат Господарот свој дека, секако, Нему ќе му се вратат.
47. О синови Израилови, сетете се на благодатите Мои со кои ве благословив и за тоа што, навистина, ве одликував над другите светови;
48. и плашете се од Денот во кој никој за никого не ќе може ништо да направи: кога ничие посредување не ќе биде примено, а ниту, пак, надополнување некакво ќе биде уважено, а ниту, пак, ќе им се помогне;
49. и кога од луѓето фараонови Ние ве спасивме кои во казна пакосна ве фрлаа, колејќи ги вашите синови, а оставајќи ги во живот вашите ќерки. Ете, тоа ви беше, од Господарот ваш, беља голема,
50. и кога морето Ние го разделивме заради вас, па, вас спасувајќи ве, а луѓето фараонови, пред очите ваши, потопувајќи ги,
51. и кога на Муса четириесет ноќевни ветувања Ние му лнувавме - вие во отсуство негово, теле обожававте и ете, така, зулум себеси си направивте,
52. а потоа Ние ви простивме само да се заблагодарувате;
53. и кога на Муса Ние Книга му дадовме, Одделувач на вистината од невистината, за да бидете упатени.
54. и кога Муса му рече на народот свој: “О народе, кон себеси зулум си направивте, навистина, со тоа што теле обожававте, затоа, пак, покајание кон Создателот ваш, упатете и своето подло себе, убијте го! Тоа, кај Создателот ваш, ви е подобро. Па, Он ќе ви прости. Он е Простувач и Сомилосен!
55. И кога на Муса вие му рековте: Не ќе ти веруваме се додека Аллаха очигледно не го видиме! - па, молња ве шибна додека гледавте,
56. а по смртта ваша Ние ве оживеавме за да се заблагодарувате.
57. И Ние од облакот ладовина ви направивме, и мана и препелица ви испративме. И јадете од добрата со кои нафака ви дадовме. И нам зулум не ни направија, туку самите себеси зулум си направија;
58. и кога Ние рековме: “Влезете во градот овој, и јадете, тогаш, што сакате и колку што сакате; влезете низ портата ничкум, и речете: Проштение! Ние ќе ви ги простиме гревовите ваши, а на доброчинителите ќе им дадеме и повеќе од тоа.
59. Па, зулумќарите го заменија кажаниот им Збор со оној што им беше веќе кажан, а на оние кои беа зулумќари... казна од небо ги погоди затоа што беа расипани,
60. и кога Муса на народот свој се молеше вода да се напие, Ние, тогаш, рековме: Удри со стапот твој на каменот! - и од него дванаесет извори потекоа, и секоја дружина веќе знаеше од кој извор да пие. Јадете и пијте од нафаката Аллахова и не рушете по земјата како безредниците!
61. И кога вие рековте: О Муса, ние не можеме една храна да поднесеме: па, упати молба во име наше, до Господарот твој да ни проникне од тоа што земјата чини да ‘рти: растенија, краставички, лук, леќа и кромид! Тој рече: Барате ли да го замените она што чини со она што не чини? Одете во Мисир, па таму ќе имате се што ќе посакате, навистина! И немаштија и понижување се исипаа врз нив; го предизвикаа Аллаховиот разгнев зашто не веруваа во ајетите Аллахови, навистина! И бесправно ги убиваа пејгамберите, навистина! И зашто непослушни беа, и зашто во злоделата претеруваа, навистина!
62. А оние, пак, кои веруваа - Евреи, христијани и Сабејци - и оние кои веруваа во Аллах и во Денот ахиретски, и кои работеа добри дела - па, за нив има награда кај Господарот свој, навистина! Оние не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!
63. И кога Договорот ваш Ние го прифативме и кога над вас рид подигнавме: Слободно прифатете го тоа што ви го дадовме, и сеќавајте се на тоа што е во него за да бидете богобојазливи.
64. А по тоа плеќите ги свртевте па, да не беше Аллаховата добрина кон вас и милоста Негова, ќе бевте меѓу поразените, сигурно!
65. Веќе узнавте за оние од вас кои за Сабота згрешија, и тогаш Ние им рековме: Бидете мајмуни презрени!
66. За современиците и поколенијата, тогаш, Ние одредивме тоа да биде Опомена голема, а Ука за богобојазливите.
67. И кога Муса му рече на народот свој: Да, Аллах, навистина, ви нареди да заколете крава. Рекоа: Си играш ли ти со нас? Рече: Да Аллах не даде да бидам меѓу незнаенковците!
68. Рекоа: Упати молба, во наше име, до твојот Господар, да ни објасни што е проблемот со неа?Рече: Он, навистина, вели дека таа не е ниту стара а ниту, пак, млада, туку средна: па, извршете го она што ви се заповеда!
69. Рекоа: Упати молба, во наше име, до твојот Господар, да ни објасни каква е нејзината боја. Рече: Он, навистина, вели дека кравата треба да биде отворено жолта, така што нејзината боја ќе им се допадне на гледачите.
70. Рекоа: Упати молба, во наше име, до твојот Госпо**дар, каква треба да биде кравата: нам кравите слични ни изгледаат и ние со посак Аллахов, секако, ќе ја препознаеме.
71. Рече: Он вели дека таа крава не треба да биде истоштена - навистина! - од орање или, пак, изморена од наводнување; треба да биде чиста, без никаква мана. Рекоа: Е, сега вистината ја кажа! Па, ја заклаа и само што тоа не го направија!
72. И кога убивте еден човек, тогаш, карајќи се за тоа, и кога Аллах го обелодени она што ги криевте -
73. тогаш Ние рековме: Удрете го со еден нејзин дел; ете, така, Аллах ги оживува мртвите и ете, така, Он ги покажува знаменијата Свои за да се вразумите.
74. Бидејќи срцата ваши затврднаа како камен или како нешто уште потврдо... а меѓу камењата има и такви од кои реки течат, а има и такви кои пукаат и од нив вода потечува, а и камења такви кои, плашејќи се од Аллах, се кршат, навистина! И Аллах не е невнимателен кон она што го работите!
75. А очекувате ли да ви веруваат, така како што вие верувате, а веќе некои нивни дружини го слушаа Говорот Аллахов а потоа, бидејќи го разбраа, знаејќи го искривија.
76. И кога ќе ги сретнат оние кои веруваат, велат: Ние веруваме”, а кога, пак, во самост ќе се здружат, велат: Ќе им зборувате ли за она што Аллах ви го откри, за да биде тоа кај Господарот ваш доказ против вас? Нема ли да се вразумите?!
77. Не знаат ли дека Аллах, навистина, го знае и она што го кријат и она што го обелоденуваат?
78. Меѓу нив има и неписмени кои не ја знаат Книгата; знаат само да гатаат, и, токму, замислуваат дека знаат.
79. Тешко на оние кои пишуваат книги со рацете свои за по тоа да речат: Ова е од Аллах” - за да прибават малку корист; и тешко на оние кои со својата рака пишуваат такво нешто, и тешко ним кои на таков начин печалат!
80. Оние зборуваат: Огнот ќе не допре само едно определено време. Кажи: “Го прифативте ли Договорот Аллахов, а Аллах не ќе се откаже од Договорот Свој, или, пак, за Аллах го зборувате она што не го знаете!
81. Но, не! Оние кои зулум прават и кои се со гревови обземени - па, онаквите жители џехеннемски ќе станат и во него за навек ќе останат!
82. А оние кои веруваат и кои добри дела работат - онаквите жители џеннетски ќе станат и во него за навек ќе останат!
83. И кога од синовите Израилови Ние Договорот го прифативме: само Аллаха да го обожавате; кон родителите, и кон блиските и кон јетимите... убаво да се однесувате; намаз да извршувате и зекат да давате - а потоа на Договорот плеќите му ги свртивте, освен малкумина од вас и така рамнодушни станавте.
84. И кога Ние го прифативме Договорот ваш: еднинадруги крв да не пролевате и од огништата ваши да не се протерувате: потврдивте а и сведочите дека е така;
85. но, ете, еднизадруги се убивате, а некои целосно од огништата нивни ги протерувате, и против нив меѓусебно се потпомогнувате и во крв и во насилие... а ако, пак, ви дојдат како заточеници - нив ги користите, а не ви е дозволено нив да ги прогонувате. Па, зарем во еден дел од Книгата ќе верувате, а во друг нема да верувате!? Тие меѓу вас што ќе направат такво нешто, освен понижување на овој свет никаква награда нема да имаат, а на идниот свет на најголема казна ќе бидат изложени. А Аллах не е невнимателен кон она што го работите!
86. Онаквите го продадоа животот на Ахирет за овој свет: па, тешкотијата не ќе им се олесни, а ниту, пак, ќе им се помогне.
87. И веќе на Муса Ние Книга му дадовме и по него низа пејгамбери испративме... И на Иса, синот на Мерјем, јаснотии му дадовме и со Духот свет го поддржавме. И секогаш кога пејгамбер ви доаѓаше со она што не ви се допаѓаше - се надувавте. Некои пејгамбери, тогаш, за лажни ги сметавте а некои, пак, ги убивавте.
88. Тие зборуваат: Срцата наши се закоравени. Но, не! Заради неверувањето нивно, Аллах ги проколни. Оние кои веруваат - малкумина се!
89. И бидејќи им дојде Книга од Аллах, Потврда за веќе таа која им беше дошла, и од порано бараа против оние што не веруваа, и бидејќи им доаѓаше она што веќе го узнаа, во тоа не веруваа. Па, проклетството Аллахово нека е над неверниците!
90. Е, само колку лошо е тоа за што ги продадоа душите свои! Да не веруваат во она што е објавено од Аллах, вознемирени затоа што Он, заради добрината Своја, објава спушта кому Он сака од робовите Свои. Еденподруг гнев си предизвикаа. А за неверниците срамна казна има!
91. И кога ќе им се рече: Верувајте во она што го објави Аллах!Зборуваат: “Веруваме во она што е објавено до нас” - а не веруваат во она што е зад него, а тоа е Вистината, Потврда за она што е веќе при нив дојдено. Кажи: Тогаш, ако сте верници, зошто ги убивате пејгамберите Аллахови од порано?
92. И Муса со јаснотии ви дојде. По него, обожавајќи го телето, станавте неверници!
93. И кога Ние Договорот од вас го прифативме и над вас рид подигнавме - тогаш прифатете го слободно она што ви го дадовме, и чујте! Рекоа: “Слушаме ама нема послушни да бидеме. Срцата нивни, заради неверието свое, со телето беа напоени. Кажи: “Е, само колку е лошо она кон што неверувањето ваше ве наведува, ако сте верници!
94. Кажи: Ако Куќата ахиретска е само за вас наменета, а не и за другите луѓе, тогаш, ако сте искрени, посакајте да умрете,
95. а нема да посакаат никогаш заради она што го направија рацете нивни. А Аллах ги знае зулумќарите!
96. Да, ќе ги најдеш како тежнеат, повеќе од сите луѓе, кон животот, дури повеќе и од многубошците. Секој од нив би посакал да поживее илјада години; и толку да поживее, казната, сепак, не може да ја избегне. Аллах го гледа она што го работат!
97. Кажи: И кој ќе биде непријател на Џебраил? Па, тој со одобрението Аллахово ти објави во срцето Потврда за она што се објавуваше, и Патоказ и Радосница за верниците.
98. Непријателите на Аллах, и непријателите на мелеките Негови, и на пејгамберите, и на Џебраил, и на Микаил... па, Аллаха го имаат за свој непријател, навистина!
99. И Ние веќе јасни ајети ти објавивме во кои не веруваат само расипаните!
100. И секогаш кога некое ветување на себе ќе преземат една дружина од нив ќе го отфрли; но мнозинството меѓу нив не веруваат!
101. И бидејќи им дојде пејгамбер од Аллах, Потврда за она што го имаат при себе за вистинско, една дружина од нив до која дојде Книгата го отфрли тоа; и зад себе ја оставија Книгата како да не знаат,
102. и го следеа она што го кажуваа шејтаните во време на владеењето на Сулејман, а Сулејман, пак, не беше неверник, туку шејтаните не веруваа, поучувајќи ги луѓето со волшебништво и со тоа што им беше објавено во Вавилон на двата мелека, Харун и Марут, кои никого не поучуваа с# додека не речеа: “Да, ние само безредие сееме! Па, немој да не веруваш!” Луѓето од нив учеа како да ги разделат мажот и жената и тие никому, освен со одобрението Аллахово, не можеа штета да му нанесат. И поучуваа со она што штета им донесува а корист не им донесува. Она што тие го знаеја, секако, е тоа дека оној што се занимава со такво нешто нема да има никаква награда. Навистина е грдо тоа, - е, само кога би знаеле - за што самите се продадоа!
103. А кога би верувале и би се плашеле, наградата Аллахова многу подобра ќе им беше, навистина! Е, само кога би го знаеле тоа!
104. О верници, не велете Дај ни предност”; туку велете: Чуј не! За неверниците има казна болна.
105. Оние кои не веруваат меѓу Следбениците на Книгата, ни многубошците, не сакаат да ви се објави од Господарот ваш добро некакво. А Аллах милоста Своја ќе ја посвети кому сака. А Аллах поседува добротија голема!
106. Ниеден ајет Ние не го поништуваме а ниту, пак, забораваме а подобар или сличен на него да не донесеме. Не знаеш ли дека Аллах, навистина, е Кадар за се?
107. Не знаеш ли дека власта и на Земјата и на небесата е - Аллахова, и дека вие, освен Аллах, немате ни пријател ни поддржник,
108. или посакувате да го барате од пејгамберот ваш она што се бараше од Муса порано? А кој ќе го замени верувањето со неверување тој веќе скршнал во заблуда, по патот лош!
109. Многумина од Следбениците на Книгата би посакале, по вашиот иман, да ве вратат во неверување, заради завидноста нивна, иако вистината им беше објаснета. Па, послужете се со прошка и занемарете го тоа додека не стигне наредбата Аллахова. А Аллах е Кадар за се!
110. И намаз извршувајте и зекат давајте, а за доборото што ќе го спечалите за себеси - награда кај Аллах ќе најдете. Аллах, навистина, го гледа она што го работите!
111. Оние зборуваа: Оние што не се ни Евреи ни христијани нема да влезат во Џеннетот; ете, тоа се празни желби нивни. Кажи: Донесете ваш доказ ако сте искрени!
112. Но, не! Оној што ќе го предаде лицето свое на Аллах, кој е Доброчинител, има награда кај Господарот свој. Тие не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!
113. Евреите зборуваат: Христијаните не се по патот вистински”, а христијаните зборуваат: Евреите не се по патот вистински.А и едните и другите Книгата ја кажуваат. Оние кои не знаат, ете, истите зборови ги кажуваа. Па, Аллах на Денот суден ќе им пресуди за она за што, токму, станаа деленици!
114. И кој е поголем зулумќар од оној кој забранува да се споменува во храмовите на Аллах името Негово и кој се труди нив да ги руши? Само со страхопочит таквите во нив треба да влегуваат. На овој свет за нив има осрамотување, а на Ахирет казна голема.
115. И Исток и Запад се - Аллахови! Па, каде било да се управиш - таму е лицето Аллахово. Аллах, навистина, е Неизмерен и Зналец!
116. И рекоа: Аллах си присвои дете. Славен нека биде Он! Но, не! Се што е на небесата и на Земјата е - Негово! И на Аллах се се потчинува!
117. Аллах е Создател на небесата и на Земјата, и кога ќе реши за нешто, ќе рече: Биди! - и тоа, токму, ќе биде.
118. А оние кои не знаат зборуваат: Како? Нема ли Аллах со нас да зборува или нема ли да донесе знамение некакво? И оние кои беа пред вас истите зборови ги кажуваа; и срцата нивни се слични. И на потчинетиот народ, секако, Ние ајетите му ги објаснуваме!
119. И Ние, навистина, со вистина те испративме како Радосница и Опомена. И ти нема да бидеш прашан за жителите џехеннемски.
120. И никогаш Евреите и христијаните, додека не ја прифатиш верата нивна, нема да бидат задоволни со тебе. Кажи: Да, Патоказот на Аллах е - Патоказот вистински!” И кога би цапал по желбите нивни, по тебе дојдената Книга, никого освен Аллах не би имал ни заштитник ни поддржник!
121. Оние до кои Ние Книга објавивме - исправно ја кажуваат: во неа веруваат, а оние кои во неа не веруваат - па, страдалници се!
122. О синови Израилови, сетете се на благодатот со кој ве благословив, и со што ве одликував над другите светови!
123. И плашете се од Денот во кој никому нема да му се помогне, кога надополнување нема да им се прима и кога посредување нема да им користи, а ниту, пак, ќе им се помогне!
124. И кога Господарот негов го искуша Ибрахима со неколку зборови, Ибрахим, тогаш, ги спроведе сигурно! Аллах рече: Јас, навистина, ќе одредам на луѓето имам да им бидеш! Ибрахим рече: И од потомството мое?Аллах рече: “Ветувањето мое нема да ги опфати зулумќарите.
125. И кога Ние Куќата ја одредивме да биде засолниште и сигурно место за луѓето... а местото Ибрахимово - одредиште за клањање, земете го! И на Ибрахим и на Исмаил Ние им заповедавме: “Очистете ја Куќата моја за оние кои ќе кружат околу неа, и кои тука ќе останат и кои на сеџде ќе паѓаат.
126. И кога Ибрахим беше рекол: “Господаре мој, определи овој да биде град сигурен и снабди ги жителите негови со плодови: оние кои веруваат и во Аллах и во Денот ахиретски. Аллах рече: На оној кој не верува ќе му дадам кратко уживање а потоа ќе го нурнам во казната огнена.” Е, само колку лошо свратилиште е тоа!
127. И кога Ибрахим и Исмаил темелите на Каба ги поставаа, се молеа: “Господаре наш, прими го ова од нас. Ти си, навистина, Слушач и Зналец!
128. Господаре наш, определи не Твои Потчинители да бидеме. И породот наш, исто така, нека Потчинет народ Ти биде. И покажи ни ги обредите; прости ни. Ти си, навистина, Простувач и Сомилосен!
129. Господаре наш, испрати пејгамбер меѓу нив кој ќе ги кажува ајетите Твои и кој ќе ги поучува во Книгата, и во Мудроста... и кој ќе ги очисти. Ти си, навистина, Силен и Мудар!
130. Верата Ибрахимова ја избегнува оној што се срами од себеси. А на Ибрахим Ние на овој свет го одбравме, а и на Ахирет ќе биде меѓу доброчинителите, навистина!
131. Кога Господарот негов му рече: “Биди потчинет! Ибрахим рече: Потчинет сум на Господарот на световите!
132. И Ибрахим тоа во аманет го остави на синовите свои, а и на Јакуб: Синови мои, Аллах, навистина, ве одликува со вера, и немојте смртта непослушни да ја дочекате; непослушни да бидете;
133. или, пак, сведоци бевте кога на Јакуб му се приближи смртниот час и кога на синовите свои им рече: Што ќе обожавате по мене? Рекоа: Аллаха, Кој е Еден, Аллах на предците твои, Ибрахим, Исмаил и Исхак, ние ќе обожаваме; и само Нему сме Послушни!
134. Тој народ веќе исчезна: нему му припаѓа она што си го спечали, а и вам ви припаѓа она што си го спечаливте, а нема да бидете прашани за она што го работеа.
135. Оние зборуваа: Бидете Евреи и христијани - ќе бидете упатени!” Кажи: Не, ние ја следиме верата Ибрахимова - вистинската вера, а тој не беше меѓу многубошците!
136. Кажете: Ние веруваме во Аллах, и во она што ни е објавено, и во она што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците; и во она што му е дадено од Господарот нивни на Муса, и на Иса, и на пејгамберите пред нив. Меѓу нив ние не правиме никаква разлика. И на Аллах сме Послушни!
137. Па, ако веруваат во Него, како што вие верувате, ќе бидат упатени, секако! А ако, пак, ги свртат плеќите... та, ќе се најдат далеку од патот вистински! Аллах од нив ќе ве сочува. А Он е Слушач и Зналец!
138. Кон Аллаховата насока! А кој има подобра насока од Аллаховата? Ние само Него го обожаваме!
139. Кажи: Со нас ли ќе расправате за Аллах, а Он е и наш и ваш Господар. Нам ни припаѓаат нашите дела, а вам ви припаѓаат вашите дела. И само Нему сме искрено оддадени!
140. Или зборувате: Ибрахим, и Исмаил, и Исхак, и Јакуб, и внуците беа Евреи или христијани.” Кажи: Вие знаете повеќе или Аллах? Има ли некој полош од оној кој го крие изразувањето на верата која доаѓа од Аллах? А Аллах не е невнимателен кон она што го работите!
141. Ете, тој народ исчезна. Нему му припаѓа тоа што си го спечали, а и вам ви припаѓа тоа што си го спечаливте, и нема да бидете прашани за она што го работеа.

Последната промена е направена од Abu Al-Amin на Чет 10 Јан 2013, 7:21 pm. Мислењето е променето 2 пати.