Шејхул Ислам ибн Тејмијје рахмехуллах кажува:
“Оној кој помеѓу Аллах и себе ќе постави посредници, наслонувајќи се на нив (тевекул), повикувајќи и молејќи ги, направил куфр (неверство) по концензус. Ова од него го пренеле повеќето потврдувајќи го овој став. Од нив бил и Ибн Муфлих во делото Ел Фуруа, како и авторот на Сахиба, авторот Ел Гајет, авторот Ел Икна’а и неговиот коментатор и многу други. Овој концензус е валиден и е нужно познат во верата. Научниците од сите четири мезхеби а и други пишувале во поглавјето за муртеди (отпадници) да оној кој ќе направи ширк е кафир, т.с оној кој обожава некого покрај Аллах во било која врста на ибадет. Со Кур’ан, суннет и концензус потврдено е да упатувањето дова на Аллах е ибадет насочен према Него, што значи ако биде насочен према некој друг тоа преставува ширк.“ (Тејсирул аззил хамид, 155/147)
Кажува Ибн Тејмијје рахимехуллах:
“Па ако Посланикот салаллаху алејхи ве селлем, забранил намаз кај гроб, во кој (намаз) се упатува дова само на Аллах, што тогаш да се каже за она што е јасен ширк, од оној што бара да му даде некоја корист или да отстрани штета, или да бара од нив ОНИЕ да бараат тоа за него кај Аллах?“ (Иктида’ус – сиратал – мустаким стр 406)
Кажува Шејхул Ислам ибн Тејмијје рахимехуллах, во книгата ’Следење на Правиот пат’, 2 том на 207 стр:
“Од Аллахова милост е и тоа да довата која во себе содржи ширк (партнерство), како што е упатување дова на некој друг освен Него, молејќи го да нешто направи, или дова упатена нему да оној го моли на Аллах (посредничка дова), и слично на тоа, со тоа што на личноста за која се работи не му се оствари целта ниту пак со себе повлекува нешто што би довело до остварување на неговата цел и желба освен во непознати случаи. А што се подразбира за големи работи како што е спуштање на дожд во време на голема суша, или отклонување на спуштено страдање, во тие ситуации овој ширк не користи.“
Како што кажува Возвишениот:
“Кажи: “Ако ви дојде казната Аллахова или дојде крај на светот мислите ли, ако сте искрени, дека ќе повикувате друг освен Аллах?“
“Но, не! Само Него ќе Го повикувате. И Он ќе го открие она за што Го повикувате и, ако сака, ќе го заборавите вашето припишување здруженик.“ (Ел Ен’ам 40 - 41)
Ибн Тејмијје, рахимехуллах, кажува:
“Таа врста на многубошци зборува: “Ние од мелеките и веровесниците бараме да се завземаат за нас кај Аллах, и кога ќе дојдеме кај гробот на некого од нив ние од него бараме да се завзема за нас, кога ќе направиме кип или слика во негов лик, како што е случајот во црквите каде христијаните сликаат слики и истите ги изнесуваат, нашата цел е да нас тие кипови и слики не потсетуваат на тие луѓе и нивните животни описи. Ние им се обраќаме на тие кипови а нашата цел е да му се обраќаме на нивните вистински сопственици, да се завземаат кај Аллах за нас. Некој од тие многубошци ќе рече: О тој и тој господине, О господине Џиргис или о Хануно мајко од Мерјем или Халил, или Муса ибн Имран, или некој друг, завземи се за мене кај твојот Господар. Оние им се обраќаат на мртвиот кај неговиот гроб со зборовите: “Моли го својот Господар за мене“ Обраќајќи се на живиот кој е отсутен, онака како што се обраќаат кога е присутен и жив, пишуваат песни во кој кажуваат: “О мој тој и тој Господине, ти си ми доволен, јас сум во твоја близина, завземај се за мене кај Аллах, замоли го на Аллах да ни даде победа над нашиот непројател, моли го Господарот да ја отстрани оваа тешкотија, ти се жалам на тоа и тоа и моли го Гсосподарот од мене да ја отстрани оваа грижа или пак некој од тие многубошци кажува: “Моли го на Аллах да ни опрости.“
Некои од нив ги толкуваат зборовите од Возвишениот:
“А оние кои према себе погрешиле, ќе дојдат кај тебе и ќе замолат Аллах да им опрости, и да и Посланикот замоли за нив, ќе видат дека Аллах навистина прима покајание и дека е Милостив.“ И зборуваат ако од Посланикот бараме да го замоли на Аллах да ни опрости, после неговата смрт, ние сме тогаш исти како оние кои барале од Асхабот да за нив го моли на Аллах да им опрости. Оние со тоа се спротивставуваат на концвензус од асхабите, таби’ините и сите останати мсулимани, затоа што никој од нив од Посланикот салаллаху алејхи ве селлем, после неговата смрт не барал да се за него завзема во тој момент нити го молел. Тоа никој не го спомнал од имамите на умметот во своите книги. Тоа го спомнале некои модерни правници кои пренеле измислена месела (историја) која ја препишале на имам Малик, рахимехуллех, околу која ако Аллах дозволи во некоја прилика ќе кажеме повеќе детали. Тоа се начини на обраќање на мелеки, веровесници, и добри луѓе и нивните кипови после нивната смрт, кај нивните гробови и во нивно одсуство што е еден вид од најголемите видови на многубоштво, присутно кај многубошците кои не се припадници на Следбениците на Книги, кај Следбениците на Книги кои се настрана од новотариите (кои вадат или не од ислам) и кај муслимани (поранешни, затоа што направиле ширк - многубоштво) кои се впуштиле во многубоштво и обреди кои Возвишениот не им го дозволил. Возвишениот за тоа рекол: “Зар оние да имаат богови кои во верата им пропишуваат да веруваат во она што Аллах не го наредил.“
(Каидах Џалила фи Тевессул ва Васила, стр 18) или (Меџму ал - Фетава, 1/159 - 160)
Ибн Тејмијје рахимехуллах:
“Обраќање на мелеките и веровесниците после нивната смрт, во нивно отсуство, упатување молба на нив, барање помош од нив, барање завземање од нив во таа состојба, правење кипови и слики во нивните ликови поради барање завземање од нив - преставува вера која Аллах не ја пропишал, и со која не испратил ниту еден Посланик, ниту таа вера ја објавил во ниту една објавена книга. Тоа обраќање ниту е обавеза, ниту е пофален чин со концензус од сите муслимани.“ (Фетви од Ибн Тејмијје, 217)
Кажува ибн Тејмијје рахимехуллах:
“Барање од мртвите или отсутните – било тоа да е веровесник или некој друг е грдо и забрането. Имамите од сите муслимани се сложни дека тоа Аллах субханеху ве те’ала и Неговиот Посланик салаллаху алејхи ве селлем, не го наредиле, а ова не го правеле а ниту било познато меѓу асхабите, табиините ниту таби табиините.
Исто така продолжува рахимехуллех, па кажува:
“Од улемата на муслиманите, од никого не е познато дека рекол да се бара помош од створенија, нешто во што само Аллах може да помогне, ниту од Посланик, ниту од мелек, ниту до добри луѓе или од нешто друго. Нужно е познато од Ислам дека тоа е апсолутно забрането.“
Кажува ибн Тејмијје:
“Оној кој ќе ги направи мелеките и веровесниците за посредници, нив ги повикува, и се наслонува на нив, бара од нив корист или да отсрани некаква штета – тој е НЕВЕРНИК по концензус од муслиманите.“
Шејхул Ислам Ибн Тејмијје рахимехуллах кажува:
“Измислените неисправни ибадети кои во себе имаат примеси од ширк, претставува одлика на христијаните, кои се копирани, следени, прифатени од побожните девијантни Суфиски “Шејхови“!
Исто така рахимехулах кажува:
“Над девијантите Суфии повеќе доминира желбата за слушање песни, отколу слушање Кур’ан.“
Продолжува рахимехуллах и кажува:
“Голем број Суфии го кудат (оспоруваат, негираат) разумот како средство за постигнување благосостојба, и сметаат дека разумот претставува ништожност, губиток, и кажуваат дека во моментот кога ќе исчезне ќе се постигне висок степен и позиција. Прифаќаат и потврдуваат работи кои здравиот разум никогаш не би ги прифатил, и честопати знаат да пофалуваат опијанетост и лудило (Паѓање во Транс)“
“ Основа на динот Ислам (АСЛ - ДИН) е да му се робува на Аллах, како што Тој објавил и наредил преку Неговите Посланици. Што се однесува до оваа основа, таа значи да му се молиме на Аллах на начин како што го правеле тоа неговите Посланици т.е да Го обожуваме само онака како што тие ни наредиле или го направиле на начин кој е дозволив. Молитвата (довата) е една од врстите на ибадет, со тоа ако некој би им се молел на мртвите или на суштествата кои што се отсутни и би побарал помош од нив, а знае дека Аллах и Неговиот Пратеник не го наредиле ниту го пофалиле тоа, тоа би се сметало за новотарија во верата (Голем Ширк) припишување партнер на Аллах и пат по кој не одат правоверните. Оној кој го моли Аллах преку Неговите суштества или се колне во суштествата додека Нему Му се обраќа, исто така, се смета дека вовел нешто ново во вера а оној кој неисполнил она што Аллах го наредил и брза да биде казнет, сам себе неправда си прави и незналица е, кој ги преминува сите граници. Ако тоа го дозволи, го дозволил тоа што Аллах не го дозволил, и тој негов став ќе се смета неприфатлив со консензус на сите исламски научници, треба да се казнува додека не се покае. Овој консензус е на сите четири познати месхеба, како и на други научници.“
(Меѓмул – Фетава)
А нема сомнеж дека шејхул ислам ибн Тејмијје, рахимехуллах е еден од најголемите научници на ехлис суннет вел џемаат. Тоа го потврдиле и признале поранешните и сегашните муслимани, освен заблудените секти и тоа посебно шиите и нивните мушрички браќа суфии, обожаватели на гробови, чија заблуда и лажна на големо им ја разоткри токму овој шејх рахимехуллах. Поради тоа срцата и градите на овие заблудени се стегнуваат кога станува збор за ехлис суннет вел џемаат.