1 КОГА ЌЕ УМРАМ? Чет 31 Јан 2013, 8:28 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Кога на нас ќе ни дојде смртта? Оваа вечер или утре – можно, а можно и по недела дена или месец, а можно да биде после неколку месеци или години!!!
Но смртта е вистина и никој од неа не може да побегне.
Аллах џелле ше’нух во Кур’анот вели:
“Секоја личност ќе ја вкуси смртта.“ (Превод на значење. Поглавје Ел-Енбија, 35 стих)
Дали јас сум спремен за вечната куќа? Дали мојот ислам, мојата вера целосна? Што е тоа што мене ми недостигнува? Во што сум слаб? Ова знае само Аллах џелле ше’нух, а своите дела ќе ги најдам во отворената книга...
Јас не знам дали книгата ќе ја примам од левата или од десната страна, оној ден кога ќе ми се рече:
“Читај ја Книгата твоја, доста ти е денес тоа што ќе полагаш своја сметка.“ (Превод на значење. Поглавје Ел-Исра, 14 стих
Ако книгата моја биде предадена од лева страна, тешко мене, тогаш ќе бидам ставен синџири, окови и распламнет оган. Нека Аллах џелле ше’нух ме собере со вас и спаси од тоа.
А ако книгата моја биде предадена од десна страна, мојот престој ќе биде Џеннет и ќе имам состанок со нашиот Господар во друштво со веровесниците, искрените верници и шехидите, во убави мирисни одгоии на Џеннетот.
Па зошто да не се трудам о не подготвам за Денот на пресметката и наградата? А тоа што знаеме, наше место ќе биде или со жителите на Џеннетот или Џехеннемот. Дали нас ни се наредува посебен напор и труд?
Секако! Возвишениот Аллах вели:
“И со тоа што вас ви е потребно за на пат, снабдете се. А најдобра снабдувачка е богобојазноста.“ (Превод на значење. Поглавје Ел-Бекаре, 197 стих)
Јас тврдам дека смртта нема да го изостави никого и дека таа ќе дојде во одредено време кое не можеме ниту да го забрзаме ниту да го успориме. Возвишениот Аллах вели:
“Ние одредуваме ден кога кој од вас ќе умре и никој нас не може да не спречи.“ (Превод на значење. Поглавје Ел-Вакја, 60 стих)
Стравувам од моментот кога ќе ми дојде покорниот слуга, оној кој ги раздвојува на луѓето од животот, стравувам од своите гревови и слабости.
Од делото: Од кабур во џеннет или во џехеннем
Автор: Абдуллах б. Ахмед Али Аллаф ел-Гамиди
Преведе: Ибн Кааб
[You must be registered and logged in to see this link.]