1 Е, само кога би виделе зулумќарите...? Чет 08 Мар 2012, 6:59 pm
Muwehhid
Модератор
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
Се пренесува од Ибн Аббаз: Еден ден Аллаховиот Пратеник седејќи го читаше Куранскиот ајет: “ Е, само кога би виделе зулумќарите кога ќе бидат во смртните маки а мелеките веќе ги пружаат рацете свои: Исфрлете ги дужите ваши! (Ел-Енам 93) Потоа рекол:
- Се колнам во Оној во чии раце е душата Мухамемедова, ни една душа не ја напушта дуња, а при тоа да не го види своето место во Џеннет или Џехеннем! Во тој момент пред неа се редат два мелеки, на двете страни, а лицата им се како сонце.
Оној кој умира ќе погледа во нив и тогаш повеќе ништо не гледа , иако на вас ви се чини дека гледа во вас. Кај секој мелек се наоѓаат ќефини и бласам. Мерхумот (Умрениот) ако е верник ќе го израдуваат со Џеннет и му велат: Добра душо, излези со Аллахово задоволство и влези во неговиот Џеннет! Аллах ти припреми почест која е подобра од целата дуња и се што е на неа.
Така постојано го развеселуваат и кружат околу него. Понежни се спрема него и повнимателни од мајката спрема своето дете. Потоа ќе почнат да му ја вадат душата испод секој нокт и зглоб, кои така умираат еден по друг. Нему тоа му е лесно, иако вие го гледате на мака, се додека душата не му дојде под грло.
Нејзе , навистина, и е потешко да го напушти телото отколку што му е на детето да ја остави материцата од својата мајка! Тогаш секој од присутните мелеки посакува да ја земе. Меѓутоа , ја зема Азраил (мелеку л-невт). Потоа Пратеникот го прочитал Куранскиот ајет: Кажи :Мелекот на смртта, која ви е за тоа одреден, ќе ве усмрти, а потоа кон Господарот ваш че се вратите (Ес-Сеџде 11)
Азраил потоа- Ја става во бели ќефини и ја зема кај себе во прегратка. Он и е, навистина по приврзан отколку што е жената на своето родено чедо! Душата тогаш ќе замириса на мирис подобар од миск. Мелеките ја воздигнуваат и и се радуваат. Добре дојде , добра дошо и убав мирису – зборуваат. Господару наш. Ти благосови ја, и неа и телото од кое излегла! Потоа ќе почнат со неа да се качуваат... Во воздухот постојат едни посебни суштества чии број само Аллах го знае, па од душата ќе ги додирне мирис подобар од миск, поради што тие ја благослуваат и и се радуваат.
Кога ќе се отвори вратата небеска , ја благослува секој мелек низ сите небески низа кои ќе помине, се додека не застане пред Владарот, Силен, Добре дошла добро душо – че и рече Он, Возвишениот – и нека е благословено телото од кое си излегла! Аллах џ.ш нешто кога че поздрави, го поздравува и се друго и од него ќе се отстрани, секоја тешкотија. Потоа Аллах џ.ш за оваа добра душа вели: Воведете ја во Џеннет и покажете и го нејзиното место во него! Предочете (покажете) и ги сите почести и благодати кои и ги подготвив!
Потоа вратете ја на Земјата, зашто јас одредив од неа вас ве создадов, во неа ќе ве вратам и повторно од неа ќе ве извадам! А се колнам во Овој во чија рака е душата Мухаммедова, на душата ќе и биде потешко да ја напушти Земјата отколку што и било да го напушти телото! Ќе рече: Навистина ме враќате во телото во кое вече еднаш бев!? Така ни е наредено – ќе одговорат – и тоа е неизбежно. Потоа ќе се спуштат со неа. Ќе ја извадат од ќефини и ќе ја очистат , а потоа ќе ја постават помеѓу телото во кое се наоѓала и кефинот во која била завиткана.
Ибнул-Кајјимј ел-Џевзи
Обработка: Ahlu-Sunnah