1 ХАДИСИ ЗА РАМАЗАН Сре 03 Jул 2013, 5:41 pm
Al-Ghuraba
Модератор
Во името на Аллах, Милостивиот, Сомилосниот!
Хадис на Ебу Хурејре во кој се наведува дека Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем рекол:
“Рекол Возвишениот Аллах: “Секое дело кое ќе го направи синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот кој ми припаѓа Мене и Јас за него наградувам посебно.“ Постот е заштита на човекот. Оној кој ќе пости, нека се чува од сношаја (полов однос), и сето она што доведува до него и нека не се расправа. Ако некој го прекорува (пцуе) или сака да започне караница со него, нека каже:“Јас постам“. Жими Оној во жии раце е Мухаммедовата душа, реата од устата на постачот кај Аллах на Судниот ден ќе биде како мирисот на мошусот. Постачот има две радости: кога ифтари, се радува на ифтарот, а кога ќе Го сретне својот Господар, се радува на својот пост.“ [You must be registered and logged in to see this link.]
Зборовите на Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем: “Кога ќе настапи првата ноќ од рамазанот, шејтаните и непокорните џини се заврзани во синџири, се затвараат сите врати на Џехеннемот и се отвораат сите џеннетски порти.“ Секоја ноќ од рамазанот повикува некој од Аллаховите гласници: “О ти кој копнееш за добро, побрзај, а ти кој копнееш за зло, застани. Секоја ноќ Аллах, џ.ш., ослободува некој од Своите робови од Џехеннемските врати.“ [You must be registered and logged in to see this link.]
Зборовите на Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем: “Постот и Кур’анот ќе се завземаат на Судбиот ден за човекот. Ќе рече постот: “Господару! Јас го спречив од храна и барања во деновите на рамазан, затоа дозволи ми да се завземам за него. После тоа Аллах ќе им дозволи да се завземаат за него.“ [3]
Зборови на Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем: “Седум дела се кај Аллах, џ.ш. што се однесува до делата кои се обврзувачки тоа се: искрено обожување на Аллах и неприпишувајќи Му на Аллах здруженик. Оноj кој ќе Го сретне на Аллах со искрен ибадет и не Му припишал здруженик, задолжен му е Џеннет, а оноj кој ќе Го сретне припишувајќи Му здруженик, задолжен му е Џехеннем. Дела кои донесуваат еднострука награда (казна) се: лошо дело и намера да се направи добро дело. Онок кој ќе направи лошо дело, ќе биде казнет едноструко, и оној кој наумил да направи добро дело, па не го направи, ќе биде награден едноструко. Оној кој ќе направи добро дело, че биде наградет десетоструко, а оној кој ќе подели од имотот на Аллаховиот пат, било денари било дирхеми, ќе има седумстострука награда. А што се однесува до делата чии награда не ја знае никој освен Аллах, тоа е пост.“ [You must be registered and logged in to see this link.]
Превод и обработка: Ахлу-Суннах
_________________________
[You must be registered and logged in to see this link.] (Го бележат Бухари 4/152 бр.1904, Муслим 2/807 бр.1151)
[You must be registered and logged in to see this link.] (Го бележат Тирмизи бр. 677, Несаи бр. 2107, Ибн Маџе бр. 1643.)
[3] (Го бележи Имам Ахмед во Муснед том 2, 174 стр.)
[You must be registered and logged in to see this link.] (Го бележат Ахмед том 4, 345-346 стр., Бејхеки во Шу’абул-Иман том 7, 198 стр., Ибн Хиббан во Сахиху том 8, 17 стр., Хаким том 2, 87 стр., ланецот на пренесување на овој хадис е веродостоен, како што се наведува во Муџме’уз-Зеваид том 1, 21 стр.)
[You must be registered and logged in to see this link.]