Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 95 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 95 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 
Muwehhid (937)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 
Monoteizam (343)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 
muharem fazli (323)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 
Haqq (253)
ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_lcapПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Voting_barПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Monoteizam

Monoteizam
Редовен член
Редовен член
Сета Благодарност и Хамд му припаѓа на Возвишениот Аллах тебареке ве теала. Само Него Го Фалиме и само Него го Славиме од Него опрост и  помош бараме . Само Него Аллах субаханеху ве теала за опрост го молиме и кај Него Засолниште бараме против злото од нашите души и нашите лоши постапки. Кого Он субаханеху ве теала ќе го упати на Прав пат, никој не може  во заблуда да го однесе, а Кого Он субаханеху ве теала ќе го остави во заблуда никој не може на правиот пат да го однесе. Сведочам дека Нема Друг Бог Освен Аллах, и сведочам дека Мухаммед саллалаху алејхи ве селлем е Аллахов Роб и Негов  Посланик. Нека е Милоста Аллахова на Мухаммеда саллалаху алејхи ве селлем, на неговата чесна фамилија, на неговите асхаби и на сите оние кои го следат се до Судниот ден. Најдобриот Говор е Говорот од Аллах тебареке ве те ала а најдобриот пат е патот од Мухаммеда саллалаху алејхи ве селлем. Најголемо зло по овој дин се новотариите, затоа што секоја новотарија е заблуда  а секоја заблуда води во оган.

Почитувани браќа и сестри  -  она што најпрво на сите нас Аллах ни го наредил, а и на Неговиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем, да  прво во што ќе ги повикува луѓето да биде што??  

Како што му е речено на Муаз ибн Џебел, кога бил испратен во Јемен,  Да посведочат ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ,  Е! Тогаш, кога ќе се декларираат сите оние, кои кажуваат дека се муслимани а не се! И само тогаш кога ќе го прифатат и кога ќе го направат ова во што повикуваме и ова што ние го зборуваме, НЕ Е проблем тогаш тие ќе бидат наши браќа и ние сме милостиви спрема нив, нема да ги пуштеме, ќе им сабуриме на нивните грешки, кои ги имаме и ние . Затоа мора да сабуриме едни на други. МОРА!!!

Кога можел Муса алејхи селам да му сабури на неговиот народ, а во кој народ имало луѓе со кои тешко можело да се најде крајот, и со нив никој не можел да издржи, освен Муса алејхи селам.  

О браќа Аллах тебареке ве те’ала Знае, и Гледа и Слуша кој го повикува, Неговото Име е Семи’а, Оној кој се слуша, а на Аллах џеле ве ала го повикувале Неговите Посланици во најтешки моменти, барале од Аллах да ги сочува од  лоши работи, со посебна дова.

Ако Аллах вас ви помогне НИКОЈ не може да ве порази НИКОЈ, ако вие го помогнете Аллаховит Дин – Аллах вас ќе ве помогне! А помошта не е КАЈ никого друг, ОСВЕН ОД АЛЛАХ, Аллах е Силен, Семоќен, Еден и Единствен Судија!!!

О Аллаху Ти кој ги завртуваш срцата, нашите заврти ги кон Тебе, и зацврсти ги. Ги охрабрува Аллах Џеле ве ала, оние чиј што број е мал, а Аллах е Стрплив...
А ако пак Аллах џеле ве ала вас, ве остави на цедило, поради вашите гревови и поради вашето вртење грбови, кој е тој, кој ќе ви помогне после Него???  Кој?  Говорот е јасен НЕМА НИКОЈ!

Ако веруваш дека Тој ти е Единствен Рабб,  Единствен Иллах, Единствен Господар и дека нема право никој да ти НАРЕДИ ИЛИ ЗАБРАНИ освен Он!!! Кој го испратил на Мухаммеда саллаллаху алејхи ве селлам,  и нему му објавил објава која се состои од две работи: Кур’ан – Кој е Аллахов Говор и Суннет од Неговиот Посланик саллаллаху алејхи ве селлем, кој е Објава од Аллах тебареке ве те’ала, согледано во неговите зборови, дела и она што го премолчил во законодавна смисла.

Како може да биде ОБАВЕЗА од Муслиманите да Гласаат!!! И да бираат парламентарци кои ќе седат во парламентите и ќе пропишуваат закони покрај Аллаховиот закон!! Како тоа.. Кажува Господарот на сите Светови:

“На сите вас закон и правец ви пропишавме“ (Ел Маиде 48)

“Ти речи: “Доказот ваш дајте го, ако е вистина тоа што го зборувате!“ (Ел Бекаре 111

Па ако кажат јас ќе го изберам на оној кој ќе забрани Алкохол или Коцкање итн Кажуваме Да, но тој пред тоа се заколнал дека ќе го поштува Уставот... Па и да би го забранил Алкохолот, нема парламентот да го забрани поради тоа што Аллах го забранил, туку тоа ќе биде се во рамките на Уставот, нема и неможе парламентот да гласа закон ако не е во согласност со Уставот, а Аллаховата книга тоа не го прифаќа! Затоа што Аллаховата книга, мора да биде изнад Тевратот, Инџилот (и да не би биле променети) и изнад човечкиот пропишан закон...

Дали Аллах џеле шануху,  им наредил на муслиманите да гласаат??  

Кажува Аллах џеле ве ала:
“ Зар оние да имаат божанства (шурека) кои им го пропишуваат во верата она што Аллах не им го дозволил? “   (Еш Шура 21)

Одговорот е НЕ секако !!!А што им наредил?
Им наредил да не земаат друго божанство покрај него, и да не следат никого друг туку Мухаммеда алејхи селам, и да нема друг закон освен Ислам, и да подигнат ИСЛАМСКА ДРЖАВА  во која Законодавец ќе биде Аллах и Неговиот Посланик  а Закон ќе бидат Исламот и Исламскиот ШЕРИЈАТ.

НЕМА ДРУГ БОГ ОСВЕН АЛЛАХ.
НЕМА ДРУГ ПРОПИШУВАЧ  НА ЗАКОНИ ОСВЕН АЛЛАХ ТЕБАРЕКЕ ВЕ ТЕ’АЛА.
НЕМА СЛЕДЕЊЕ ДРУГ ЗАКОН ОСВЕН  ЗАКОНОТ ОД АЛЛАХ ТЕБАРЕКЕ ВЕ ТЕ’АЛА.
НЕМА УСТАВ ОСВЕН ИСЛАМОТ.
НЕМА!!!
НЕМА РЕЗОЛУЦИИ ОСВЕН КУР’АН И СУННЕТ.

Возвишениот Аллах на сите Свои  веровесници им наредил да повикуваат во Тевхид, т.с во значењето на “ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ“

“Ние за секој народ Посланик испративме. Обожавајте го самона Аллах и пазете се од Тагутите.“   (Ен Нахл 36)

“Нели ви наредив, о синови Адемови, да не го обожавате Шејтанот. Тој, навистина, е ваш јасен непријател “ ( Јасин 60 )

Кажува ибн Тејмијје рахимехуллах, во “Меџму’ул – фетава“, 11/262:
“ Шеријатот е спуштен од Аллах, Возвишениот, Книга и суннет со кој Аллах го испратил Неговиот Посланик ; никому од створенијата нему е дозволено да излегуваат од овој Шерјат. И не ќе излезе од него, никој освен кафир.“
Кога Шејхот споменува “излегување од шеријат“, тоа значи : Макар да се работи околу еден пропис, т.с , неприфаќање истиот за закон и не придржување истиот на начин со кој се излегува од вера. Што мислите тогаш за оној кој пропишува закони спротивни на Аллаховиот и на нив се придржува?

Шејх еш - Шенкити, рахимехуллах, кажува :
“ Ширк на Аллах во Неговиот суд и ширк Нему во ибадетот ; двата се од исто значење, меѓу нив нема апсолутно никаква разлика.Така оној кој следи некое уредување ( низам ), покрај Аллаховиот низам и законодавството покрај Аллаховото законодавство - исто како оној кој прави ибадет на кипови и сеџда на идоли. Меѓу нив нема никаква разлика во било кој поглед. И двајцата се МУШРИЦИ во Аллах.“   ( Адва’ул- Бејан, 7/162 и Навакидун - Иман, 297 стр )  

Ибн Кајјим, рахимехуллах, преселил 751 х.г, кажува :
“ Во Кур’анот дошло, а постои и веродостоен концензус, дека динот Ислам го дерогирал секој друг дин ( вера ) пред него и дека оној кој се придржува на она со што дошол Тевратот и Инџилот, а не го следи Кур’анот – кафир. Аллах го анулирал секој закон кој бил во Тевратот и Инџилот и другите вери, и на џиновите и на луѓето обавезни им ги направил прописите од Исламот. Така нема харам, освен оној кој Исламот го направил харам, нити фарз обавеза освен на оној на кој Исламот го обавезил “ ( Ахкаму – Ехлидх – Дхимме , 1/259 )

Дали луѓето знаат што е демократијата ?
Дали муслиманите знаат што значи демократијата?.
Треба да знаеме дека најголема цел на неверниците и Аллаховите непријатели е шеријатот и судот од Аллах субаханеху ве те’ала да се отстрани од исламскиот живот, и тие знаат (неверниците) кога во тоа ќе успеат можат да прават со така наречените “муслимани“ тоа што ќе посакаат како што тоа е очигледно денес.

“И никогаш Евреите и христијаните, додека не ја прифатиш верата нивна, нема да бидат задоволни со тебе. Кажи: “ Да, Патоказот на Аллах е Патоказот вистински!“ И кога би цапал по желбите нивни, по, до тебе дојдената Книга, никого освен Аллах не би имал ни заштитник ни поддржник!“   (Ел – Бекаре 120

Затоа што покорност во прифаќање законодавство  –  е облик на ибадет кој не е дозволено да му се упатува на некој друг освен Нему, Возвишениот.

“Не ги гледаш ли оние кои мислат дека веруваат во она што ти се објавува и во она што беше пред тебе објавено; посакуваат да им се суди пред Тагут а веќе им беше наредено да не веруваат во него.“                            (Ен – Ниса 60)

Доколку човек упати таа врста на ибадет на некој друг освен на Аллах,па макар да се работи за едно правно прашање  –  Со таа постапка постанува МУШРИК (многубожец, политеист)

“ Судењето ли од џахилијјетот оние го бараат? А кој суди подобро од Аллах за луѓето кои се во верувањето уверени? “  (Ел – Маиде 50)

Така терминот ТАГУТ опфаќа секого кој себе си се прогласи за законодавец покрај веќе постоечкиот Аллахов закон.
Тоа важи како за ВЛАДАРОТ, така и за оние кои ги прифаќаат нивните закони.
Тоа се однесува на ПРАТЕНИЦИТЕ во ЗАКОНОДАВНИТЕ ПАРЛАМЕНТИ.
Колку години лажат, па не можат да го најдат правиот пат, само колку години тие не се во состојба Аллах да им биде Единствен Рабб, Единствен Господар, во толку години тие не разбрале дека Единствено кого треба да го следат е Аллах џеле ве ала и Ресулулах саллаллаху алејхи ве селлем и никој друг, после толку поминати години тие не можат да сватат дека НЕМА ДРУГ ЗАКОН освен ИСЛАМСКИОТ ЗАКОН, НЕМА СУДЕЊЕ СО ДРУГ ЗАКОН освен со ИСЛАМСКИОТ.
Секој кој му се покорува, и кој ги следи или се сложува со нив во овој куфр и ширк, баш исто така како што Аллах рекол за христијаните кога оние ги следеле своите свештеници и монаси.
Адијј ибн Хатим радијјаллаху анху рекол (а тој бил христијанин па примил ислам): Дојдов кај Посланикот саллалаху алејхи ве селлем додека тој го учеше сура Ет Тевба и 31 ајет.

“Ги земаат нивните свештеници и нивните калуѓери за господари покрај Аллах, ...“     (Ет – Тевба 31)

Па тој му рекол: О Аллахов Посланику ние не ги зедовме за богови покрај Аллах.

Мухаммед алејхи селам одговорил: “Да, зарем вас оние не ви го дозволуваа она што Аллах го забранил и ви го забрануваа она што Аллах го дозволил, па вие им се покорувавте во тоа“.

Одговорил Адијј ибн Хатим: Да.
Тогаш Мухаммед саллалаху алејхи ве селлем му рекол: “Ете тоа е вашето обожавање спрема нив“   (Хадисот го пренесува Ахмед и Тирмизи)

Иако оние не направиле сеџде ниту руку’ на своите свештеници тие им се покориле во нивното ДОЗВОЛУВАЊЕ НА ЗАБРАНЕТОТО И ВО ЗАБРАНУВАЊЕ НА ДОЗВОЛЕНОТО!!

“ А оние кои несудат според она што го објави Аллах – та, неверници се!“      (Ел – Маиде 44)

Гледаме дека овој секуларизам денес ги убедува луѓето во еден дел од книгата да веруваат а во нејзиниот друг дела да не веруваат, да веруваат во Аллах онолку колку што им одговара на моќните од истокот и западот и да му се покорни на Аллах онолку колку е потребно за да не го изгубат економскиот интерес.А тоа ние не смееме да го дозволиме затоа што демократијата е куфр.

“Па, зарем во еден дел од Книгата ќе верувате, а во друг нема да верувате!?Тие меѓу вас што ќе направат такво нешто, освен понижување на овој свет никаква награда нема да имаат, а на идниот свет на најголема казна ќе бидат изложени. А Аллах не е невнимателен кон она што го работите!“  (Ел Бекаре 85)

Не смееш да прифатиш друг закон покрај Аллаховиот тебареке ве те’ала на земјава, не смееш да бараш да ти се суди и да се решаваат твоите спорови пред друг закон покрај законот од Аллах џеле ве ала  и суннетот од Мухаммеда саллаллаху алејхи ве селлем не смееш да признаеш ничиј устав, ничиј закон, ништо, се што се спротивставува на Аллаховиот треба да го одбиеш да го отстраниш и да го мрзиш, и да веруваш дека тоа е ТАГУТ, и да бидеш неверник во него и да се одрекнеш од него и од оној кој верува во него.
А кога ќе им се каже дојдете кај она што го објавил Аллах и Неговиот Посланик, кажуваат:  Доста ни е нас она на што се нашите предци!!! Нас ни е доста Меѓународниот закон, Нас ни доста Државниот Устав, Доста се за нас резолуциите од (НЕ) Исламската Заедница, Доста ни е она што го кажува Реис (Џухала) за вас Улема итн.
Ова нас ни е Доста... има колку што сакаш... Ќе ви наведам само еден пример,   а како го обожаваат шејтанот??.. ГИ СЛЕДАТ НЕГОВИТЕ ПРОПИСИ!!!
Ако се Муслимани овие кои  ве повикуваат, (Да не им спомнувам или спомни имиња)  ЗОШТО тогаш народот го повикуваат меѓусебно да се уништуваат околу уставните ТАГУТСКИ, ШЕЈТАНСКИ реформи,  каква врска имаат уставните тагутски шејтански реформи со Динот од Аллах субаханеху ве те’ала.
Следење некого други, во спротивно со она што Аллах го наредил и го пропишал значи земање нив за божанства покрај Аллах, значи верување во шејтан, ако тоа Аллах не го пропишал тогаш тоа е дело од шејтанот.

“ И Ние за секој народ, секако, испративме пејгамбер: “ Обожавајте Го Аллаха и избегнувајте ги Тагутите!“  ( Ен Нахл  36)
Нажалост денес голем број ги зеле овие свештеници и монаси за богови покрај Аллах. Замислете ги обожаваат СВЕШТЕНИЦИТЕ И МОНАСИТЕ!!! Следејќи ги нив во забранувањето кое не е од Аллах и Охалалување кое не доаѓа од Аллах. Ги следат во дозволување на голем ШИРК и КУФР во ситуации кога тоа шеријатот не го дозволил, а тоа е општо познато.
“Не ги гледаш ли оние (О Мухаммед) кои мислат, тврдат дека веруваат во она што ти се објавува и во она што беше пред тебе објавено; посакуваат да им се суди пред Тагут и бараат прописи од Тагутот, а веќе им беше наредено да не веруваат во него. Шејтанот сака да ги однесе во  далечна заблуда.“      (Ен Ниса 60)
Аллаху Мој тебе да те немаше како што кажуваат овие тагути ние ниту ќе клањавме ниту ќе постевме нити садака ќе дававме затоа спушти на нас милост изацврсти ги нашите стопала ако се сретнеме, ОНИЕ насилство нас ни направија. Треба да знаат дека кај Аллах ништо нема да им вреди тоа што ДЕМОКРАТИЈАТА ЈА ПОИСТОВЕТИЈА со ШЕРИЈАТ.
Нема да им биде од никаква корист тоа што го променија името па кажуваат за ФИТНА – тоа е КХАЈР, затоа што и оние пред нив го промениле името оние уште од поодамна, а Аллах зборува за нив во Кур’ан, а тие кажувале: Ние само сакавме Хусна, Добро, да се спои да се изнајде некој пат помеѓу тоа.
А ние кажуваме, О Господару наш, О Возвишен, ако сме ние шпиуни или ако некој од нас работи за безбедносните служби ОДМА УНИШТИ ГО! И секого кој тоа го прави...,или ако сме Хариџии, Текфировци, Вехабии.. А Ги ПОВИКУВАМЕ сите оние кои тоа го кажуваат, нека се соберат и тие, и вака како нас нека побараат Аллахово Проклетство, Па да видиме...
О браќа Аллах тебареке ве те’ала Знае, и Гледа и Слуша кој го повикува, Неговото Име е Семи’а, Оној кој се слуша...
Ги повикуваме сите: О Луѓе, Вие чии што дедовци навистина биле муслимани, ОСНОВА НА ИСЛАМОТ Е – ДА НЕ ТИ БИДЕ БОГ НИКОЈ ДРУГ ОСВЕНАЛЛАХ, и никој нема право да ти нареди ниту да ти забрани освен Аллах.
Погледајте наоколу, во денешно време ширум во светот, погледнете ја моменталната состојба на овој народ кој себе си, си даваат за право да се наречат муслимани а не се ни најмалку, погледнете ги овие луѓе денес се најпонижениот и осрамотен народ кој постои на лицето на оваа земја. Погледнете ги овие убиства, овие масакри .Зарем не е оваа ситуација, идеологијата таа на која се повикуваа овие луѓе, зарем не беше целта на овие луѓе ДЕМОКРАТИЈА?
Без сомнеж. Зошто?
Затоа што за нив следење на Кур’ан и суннет не е привлечно, следење и практикување тевхид за нив е чудно. А што е Демократијата? Одалечете се од овој куфр и зло во денешново време. Отворете ги вашите очи затоа што веќе е касно. Покајте се кај Аллах субханеху ве те’ала. И немојте да умирате никако друго освен како МУСЛИМАНИ
Затоа Аллах на Судниот Ден ќе им рече на луѓето: “О синови од Адем, зарем не ви наредив и во Аманет не ви оставив, немојте да го обожавате на шејтанот тој ви е отворен непријател.“
Луѓето му се смееле на Ибрахим алејхи селам, но оганот не го изгорел, му се смееле на верниците но оние не биле ПОРАЗЕНИ...
О верници бидете стрпливи и постојани, тоа ни го наредува Аллах, Ако Аллах вас ви помогне НИКОЈ не може да ве порази НИКОЈ, ако вие го помогнете Аллаховит Дин – Аллах вас ќе ве помогне! А помошта не е КАЈ никого друг, ОСВЕН ОД АЛЛАХ, Аллах е Силен и Семоќен.            
Господару наш, само Тебе те моламе да ни подариш живот, доколку за нас  е подобар од смртта, и усмрти не доколку смртта ни е подобра од животот. Аллаху мој јас те молам да ми вметниш страв од Тебе на овој и на оној свет. Те молам за добар живот после смртта, Те молам за уживање додека гледам во лицето Твое и желба за средба со Тебе. Господару мој украси не нас со најубавиот украс, упати не на правиот пат и направи ни нас од оние кои други ќе упатуваат.

Нема друг бог освен Аллах, Он е Единствен и нема содружник, Нему му припаѓа сета власт и секоја благодарност, нема моќ и снага без Аллах. Нема бог освен Аллах и го обожаваме само Него, Нему му припаѓа сиот благодат и секое добро и секое пофалување. Нема други бог освен Аллах, искрено му ја исповедуваме верата макар тоа неверниците го мрзеле.

Екипата и Администрацијата на:

[You must be registered and logged in to see this link.]

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
БаракАллаху фикум ја Акхи за трудот многу фино објаснето!!!
Ево што најдов како Аллаховите непријатели сакаат да ја нападнат оваа возвишена вера и да ја изнопачат Аллах да не сочува од заблуди!!
Иначе оваа фетва што ја имаат постирано не ја имаат целосно преведено и извадено само од контекст, гледасјчи само да ги задоволат своите заблуди и прохтеви и страсти, а да беше целосно фетвата ЏАБЕ ние не паѓаме на нивните заблуди ние све што ни доаѓа го мериме на Куран и Суннет ако пројде ехлен ако не не прифаќаме ништо од тоа!!!
Видете што повикуваат овие ненормални особи :

УЧЕСТВО НА МУСЛИМАНИТЕ НА ИЗБОРИТЕ СО НЕМУСЛИМАНИТЕ
Фала на Аллах Возвишениот, нека е мир и спас на оној кој после кого нема Пратеник, нашиот Пејгамбер Мухаммед с.а.в.с., на неговото семејство и благородни асхаби, а потоа,




Советот на „Ел-Меџмеи’ул Фикхул-Исламијј“ (Исламски колегиум по исламско право) на неговото деветнаесетто заседание кое е одржано во „Рабитатул Алемил-Ислами) (Лига или сојуз на исламскиот свет) во Мекка, во период од 3-8 ноември 2007 година, расправал на предметот „учествување на муслиманите во изборите со немуслиманите во неисламските земји“,


а потоа по сослушување и прегледување на сите напишани теми на оваа тема, како и расправата на меџлисот (колегиумот) ја донел следнава одлука:


1) Учествување на муслиманите на изборите со немуслиманите и во неисламските земји е политичко-шеријатско прашање а прописот по ова прашање се потпира и осврнува на поставување рамнотежа меѓу користа и штетата, затоа и фетвата (верското решение) по ова прашање се разликува сходно на времето, местото и состојбата.


2) Дозволено е за муслиманот кој има право како државјанин на една неисламска земја да учествува во парламентарни или слични избори заради претежното мислење дека користа и позитивноста што се донесува со учествувањето на истите, како што е одбрана на исламот и муслиманските права во таа земја, придобивање на правата кои ги имаат верските малцинства во таа земја, јакнење во влијателните и значајни положби, соработка со чесните, умерените, праведните,

а сето тоа во склоп на следниве правила:



Прво: Муслиманот кој учествува на тие избори да има за цел да придобие општа добробит за муслиманите, а да спречи и отстрани од нив некои злодела или штети.

Второ: Кај муслиманите кои ќе учествуваат на тие избори да преовладува мислење дека нивното учество ќе донесе позитивни резултати од кои ќе имаат корист муслиманите во таа држава, јакнење на нивните институции, овозможување во доставување на нивните барања кај влијателните луѓе кои донесуваат одлуки, и зачувување на нивните верски и овосветски права и потреби.


Трето: Учеството на муслиманите на овие избори да не биде причина за напуштање на верата и нејзините прописи.


АЛЛАХ Е ТОЈ КОЈ ДАВА УСПЕХ И НЕКА Е МИР И СПАС НА НАШИОТ ПРАТЕНИК МУХАММЕД А.С. НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО И НЕГОВИТЕ ДРУГАРИ.

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб



ako moze nekoj da go postavi klipot mene ne mi uspeva



Последната промена е направена од islam nur на Пон 31 Окт 2011, 10:29 pm. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : Сега е среден ликот селам islam nur)

ibret

ibret
Активен член
А шо е тоа Демократија??

Haqq

Haqq
Администратор
Администратор
Зборот демократија потекнува од грчките зборови δημος што значи „народ“ и κρατειν што значи „владеење“ и суфиксот íα и означува „владеење на народот“.

Поинаква дефиницијата би била „демократија е власт на народот, каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови избрани претставници во услови на слободен изборен систем“.

Според дефиницијата на Абрахам Линколн, „демократијата е управување на народот, од народот и за народот“.

Во практика терминот демократија означува облик на владеење каде сите државни одлуки се спроведуваат директно или индиректно од страна на мнозинството на граѓаните преку праведен изборен процес.

Извор: [You must be registered and logged in to see this link.]

Буквално или на исламски начин објаснато: „Одлуката на законите е од народот и над Аллаховите прописи, кои што се во куранот пропишани и во суннетот според Аллаховиот пратеник ПРОПИС – ДЕМОКРАТСКО ГЛАСАЊЕ 132318 наредени.

А Аллах субаханаху ва теала вели (ппревод со приближно значење):

33.36 Не им е дозволено, на верникот и на верничката, кога Аллах ќе одреди нешто а и пејгамберот Негов, да донесат избор за работите нивни. А оној кој е непослушен и кон Аллах и кон пејгамберот Негов... тој веќе скршнал во заблуда очигледна!

http://www.ahlu-sunnah.org

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

http://www.ahlu-sunnah.org

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

http://www.ahlu-sunnah.org

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
Muaz al Islam напиша:


Селамуналејкум ве Рахметуллах!!!

Само ме интересира после ова што Реџеп го зборува и после она што го има зборувано, како може да ги правда оние кои починале ширк односно кои излегле и го дале својот глас на некој Тагут. Интересантно!!!

Или само зборува да им се спротивстави на оние кои го следат на Бекир Халими.

Не ми е никако јасно како односно на кој начин ги сватиле овие работи.

И ве молам немојте да ми го правдате овој инсан го знам лични и ги знам неговите ставови, ја има утнато до даска!!!

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
Келиметул-Хакк напиша:


Селамуналејкум ве Рахметуллах!!!

Само ме интересира после ова што Реџеп го зборува и после она што го има зборувано, како може да ги правда оние кои починале ширк односно кои излегле и го дале својот глас на некој Тагут. Интересантно!!!

Или само зборува да им се спротивстави на оние кои го следат на Бекир Халими.

Не ми е никако јасно како односно на кој начин ги сватиле овие работи.

И ве молам немојте да ми го правдате овој инсан го знам лични и ги знам неговите ставови, ја има утнато до даска!!!

Алејкум Селам ве Рахметуллах!!

Колку што знам а Елхамдулиллах добро го знам од мои браќа, едно можам да кажам, дека Братот е на ставот кој што го кажува на висеото. Никого не правда, туку е на ставот онака како што можеме да видиме во видеото.

Брат, те молам, прво не сакам да зборуваме за Бекир тука, ниту за некој друг, кој е отсутен од овој форум, затоа што тоа не ни доликува.

Секој човек се менува од ден на ден, од кога го знаеш ти тоа е друг муабет, но знај дека Братот елхамдулиллах, е еден од подобрите даи и оџи во Македонија.

Темата ја заклучува поради не сакам да дојде до непотребни работи, затоа едно треба да знаеме, за отсутниот не треба да зборуваме, затоа што тоа е ГИБЕТ.

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот