Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
77 ХАДИС КУДСИ EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
77 ХАДИС КУДСИ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
77 ХАДИС КУДСИ EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
77 ХАДИС КУДСИ EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
77 ХАДИС КУДСИ EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
77 ХАДИС КУДСИ EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
77 ХАДИС КУДСИ EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
77 ХАДИС КУДСИ EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
77 ХАДИС КУДСИ EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
77 ХАДИС КУДСИ EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
77 ХАДИС КУДСИ EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
77 ХАДИС КУДСИ EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
77 ХАДИС КУДСИ EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
77 ХАДИС КУДСИ EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
77 ХАДИС КУДСИ EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 188 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 188 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 
Muwehhid (937)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 
Monoteizam (343)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 
muharem fazli (323)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 
Haqq (253)
77 ХАДИС КУДСИ Vote_lcap77 ХАДИС КУДСИ Voting_bar77 ХАДИС КУДСИ Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

177 ХАДИС КУДСИ Empty 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 2:35 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор

ВО ИМЕТО НА АЛЛАХ, СЕМИЛОСНИОТ, МИЛОСЛИВИОТ!!








77 ХАДИСИ И КУДСИ



[You must be registered and logged in to see this link.]



Последната промена е направена од Muaz al Islam на Пет 14 Дек 2012, 11:39 am. Мислењето е променето 2 пати.

http://www.ahlu-sunnah.org

277 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 2:40 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 1

Возвишениот Аллах вели: "Jaс сум онаков каков Ме смета Мојот роб, и со него сум било каде ќе Ме спомне. Ако Ме спомне во себе, и Јас него во себе го спомнувам, а ако Ме спомне во друштво, и Јас го спомнувам во подоброто. А ако ми се доближи една педа, Јас му се доближувам еден аршин(лакт), ако Ми се доближи еден аршин (лакт), му се доближувам еден зафат, ако Ми дојде со обично одење , Јас му доаѓам трчајќи “.


Хадисот го пренесува Ебу Хурерје
радијАллаху анху, а го бележи Бухари



Последната промена е направена од Muaz al Islam на Пет 14 Дек 2012, 3:17 am. Мислењето е променето 1 пати

http://www.ahlu-sunnah.org

377 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 2:42 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 2



Клањаше сабах со нас Аллаховиот Пратеник саллАллаху алејхи ве селлем, на Худејбија по дождот кој паѓаше предходната ноќ. Откако клањаше, тој се сврте кон присутните и им рече: "Дали знаете што вели вашиотГосподар?" Тие рекоа: "Аллах и Неговиот Пратеник знаат најдобро." Тој рече: "Некои од Моите робови зазориле како верници во Мене, а некои како неверници. Кој вели: "Дождот падна благодарејќи на Аллаховата милост и добрина ", тој верува во Мене, а не верува во ѕвездите. А кој вели: "Дождот падна, поради тоа што одредена ѕвезда така одредила, тој не верува во Мене, а верува во ѕвездите. "


Хадисот го пренесува Зејд ибн Халид Ел-Џухени, а го бележи Бухари


http://www.ahlu-sunnah.org

477 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 2:43 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 3




Возвишениот Аллах вели: " Ме вознемирува ( Ме навредува) синот Адемов (човекот): го пцуе времето, а Јас сум време (т.е. Творецот на времето), ги менувам денот и ноќта! "

Хадисот го пренесува Ебу Хурерје
радијАллаху анху, а го бележи Бухари

http://www.ahlu-sunnah.org

577 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 2:44 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 4



Возвишениот Аллах вели: " Човекот Ме внесува во лага, а на тоа нема право, Ме навредува, а нема право на тоа. Ме внесува во лага, кога вели: " Нема повторно да ме создаде како тоа што го направи претходно, а првото создавање не ми е ниту малку полесно од повторното. Ме навредува кога вели: " Аллах зеде за Себе дете, а Јас сум Еден и непроменлив, не сум родил, ниту сум роден, и никој рамен не Ми е! "

Хадисот го пренесува Ебу Хурерја , а го бележи Бухари


http://www.ahlu-sunnah.org

677 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 2:45 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 5





На крајот на времето (што преостанало до Судниот Ден) ќе се појават луѓе кои дуњалукот ќе го стекнат во името на верата (под маската на верата), на луѓето ќе им се прикажуваат во јагнешкатакожа со огромна добрина, јазиците ќе им бидат послатки од шеќерот, а срцата, срца на волци. Возвишениот Аллах вели: " Зар со Мене се измамуваат, и занесуваат? Зар против Мене сакаат да застанат? Се колнам во Себе, ќе им испратам искушенија кои разумно меѓу нив ќе ги направи збунети! "

Хадисот го пренесува Ебу Хурерја, а го бележи Ел-Тирмизи


http://www.ahlu-sunnah.org

777 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:03 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 6



"Создавањето на некој од вас се случува така што прво се обединува и преместува во утробата на мајката четириесет дена, а потоа добива зачеток ( алек ) исто толку, потоа станува грутка крв и месо (мугда) исто толку. Потоа Аллах му испраќа мелек, на кој му се наредени четири работи. Му вели: " Напиши што ќе прави, колку ќе живее, каква нафака ќе има и дали ќе биде несреќен или среќен. " Се колнам во Оној во чии раце е мојата душа, некои од вас прави дела својствени на џеннетлиите и кога измеѓу него и џеннетот е само една педа, му се предвидува што му е пропишано, и започнува да го работи она што го прават џехеннемлиите и влегува во Џехеннемот. Некои од вас, повторно прават работи својствени на џехеннемлиите и таман кога меѓу него и џехеннемот ќе биде само аршин, му се предвидува она што тој го пропишува, па почнува да прави дела својствени на џеннетлиите и ќе влезе во Џеннетот. "

Хадисот го пренесува Абдуллах ибн Mесуд радијАллаху анху, а го бележи Ибн Maџе

http://www.ahlu-sunnah.org

877 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:04 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 7



На неверникот на Судниот Ден ќе му се рече: " Што мислиш, да имаш земјиште полно со злато, дали ти тоа би го дал за да се откупиш (од казната на џехеннемот)? "Да!" "Од тебе е побарано нешто полесно (а ти тоа не го стори).

Хадисот го пренесува Енес ибн Малик
радијАллаху анху, а го бележи Муслим

http://www.ahlu-sunnah.org

977 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:06 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДОС бр: 8


Слушнав од Аллаховиот Пратеник саллАллаху алејхи ве селлем како вели: " Твојот Господар се чуди и воодушевува на пастирот кој на испакнатите планини на врвот од ридот учи езан за намаз и клања, па Возвишениот вели: " Погледнете го Мојот роб, учи езан и клања, се плаши од Мене! Јас му простувам на Мојот роб и го воведувам во Џеннет! "

Хадисот го пренесува Укбе Ибн Амир
радијАллаху анху, а го бележи Несаи

http://www.ahlu-sunnah.org

1077 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:07 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 9



''Никој од вас нека не се понижува себеси!“ Присутните рекоа: "О Аллахов Пратенику, како некој од нас ќе се понижува себе си?“ Така што ќе видите дека во однос на некои од Аллаховите наредби (и неговите прекршувања) мора да го каже својот збор, па тој нема да го каже. Возвишениот Аллах на Судниот Ден ќе му рече: " Што те спречи за таа и таа работа да не го кажеш својот збор? " “ Се плашев од луѓето." " Повеќе е важно од Мене да стравуваш!"

Хадисот го пренесува Ебу Сеид Ел-Худри радијАллаху анху, а го бележи Ибн Maџе

http://www.ahlu-sunnah.org

1177 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:09 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 10



Кога Деџалот ќе се појави со себе ќе има вода и оган. Она за што луѓето ќе се држат и ќе го сметаат дека е огнот ќе биде ладна вода, а она што тие ќе мислат дека е ладна вода ќе биде оган што гори. Кој од вас тоа ќе го доживее, нека влезе во она што тој смета дека е огнот, таа ќе му биде мазна и студена. Хузејфе, пренесувачот на хадисот понатаму вели: " Го слушнав Пратеникот саллАллаху алејхи ве селлем, како говори: " Меѓу оние пред вас, бил еден човек на кого му дошол мелекот на смртта да му ја земе неговата душа. Во таа прилика му било речено: "Дали си направил некое добро дело"? "Не знам" - рече тој. " Размисли " - му велеше. " Не знам ниту за едно. Јас само тргував со луѓе, па го чекав на оној кој беше во можност да плати веднаш, а оние кои не беа во можност тоа да го сторат ги отпишував. " Аллах (поради тоа) го донесе во Џеннетот. Пренесувачот на хадисот понатаму вели: " Исто така го слушнав Пратеникот како вели: " На еден човек му се приближила смртта. Кога изгубил надеж за продолжување на животот, порачал на челадите: " Кога ќе умрам, соберете доволно гранки и распалете оган. Кога огнот ќе го изеде (изгори), моето месо и достигне до коските и се изгорат, земете го тоа, смелете го, чекајте ветровит ден, и расфрлете го во морето. " Тие тоа го направија. Аллах, меѓутоа, го собрал, и му рече: "Зошто го направи тоа?" Овој рече: " Од стравот кон Тебе. " Аллах му прости. " Укбе, кој го пренесува овој хадис од Хузејфе вели: “ Го слушнав (на Хузејф) сето тоа и уште (додаде) дека е спомнат човек (кој наредил да го изгорат) бил ограбувач на гробови ".

Хадисот го пренесува Хузејфе Ибн Ел-Јеман радијАллаху анху, а го бележи Бухари

http://www.ahlu-sunnah.org

1277 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:10 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 11



Возвишениот Аллах вели: " Човекот Ме внесува во лага, а на тоа нема право, Ме навредува, а нема право на тоа. Ме внесува во лага, кога вели: " Нема повторно да ме создаде како тоа што го направи претходно, а првото создавање не ми е ниту малку полесно од повторното. Ме навредува кога вели: " Аллах зеде за Себе дете, а Јас сум Еден и непроменлив, не сум родил, ниту сум роден, и никој рамен не Ми е! "

Хадисот го пренесува Ебу Хурерја
радијАллаху анху , а го бележи Бухари

http://www.ahlu-sunnah.org

1377 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:11 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 12



"Аллах вели:" Подели, сине Адемов, ќе ти поделам на тебе! "

Хадисот го пренесува Ебу Хурерја радијАллаху анху, а го бележи Бухари


http://www.ahlu-sunnah.org

1477 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:13 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 13



Откако Аллах ја создал земјата, таа почна да се врти, и Тој ги создаде планините, кои ги постави на неа и таа се смири. Мелеките се зачудија и се воодушевија на силните ридови, па рекоа: “Господару, има ли меѓу Твоите створенија нешто посилно и помоќно од планините? " Има, железото. " " Господару има ли меѓу Твоите створенија нешто посилно и помоќно од железото? " Има, оганот." " Господару има ли меѓу Твоите створенија, нешто посилно и помоќно од огнот? " "Да, има водата." " Господару има ли меѓу Твоите створенија нешто посилно и помоќно од водата? " " Да, има ветерот." “Господару, има ли меѓу Твоите створенија нешто посилно и помоќно од ветрот? " "Да, има, човекот кој ќе подели со десната рака криејќи од левата. "

Хадисот го пренесува Енес ибн Малик радијАллаху анху, а го бележи Ел-Тирмизи

http://www.ahlu-sunnah.org

1577 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:15 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 14



На Судниот Ден, човекот ќе биде донесен како јагне. Ќе биде поставен пред Аллах, па Аллах ќе му рече: "Јас ти дадов изобилство на благодети, што ги направи "? "Господару, собирав и ги размножував, оставив повеќе од она што беше. Врати ме тоа да Ти го донесам! " Така излегува дека робот не подготвил никакво добро, и е одведен во оган“

Хадисот го пренесува Енес ибн Малик радијАллаху анху, а го бележи Ел-Тирмизи

http://www.ahlu-sunnah.org

1677 ХАДИС КУДСИ Empty Re: 77 ХАДИС КУДСИ Пет 14 Дек 2012, 5:18 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
ХАДИС бр: 15



Адијј ибн Хатим вели: "Бев кај Пратеникот, саллАллаху алејхи ве селлем, кога му дојдоа двајца луѓе: едниот се жалеше на сиромаштија а другиот на ограбувачите по патиштата. Аллаховиот Пратеникот саллАллаху алејхи ве селлем, рече: " Кога станува збор за грабежите по патиштата, нема да помине долго време кога од Мека ќе се движат караваните без чувари. Што се однесува до сиромаштијата, Судниот ден нема да се случи пред да дојде времето кога некој од вас ќе прави посети со садака, наидувајќи на оној кој ќе ја прими. Потоа секој ќе стои пред Аллах, без заштита и толкувач, и Тој ќе му рече: “Зар не ви дадов богатство? " Да ни даде!." "Зар не ви испратив Пратеник? " " Да, ни испрати!." Потоа тие ќе погледнат на левата страна и таму ќе видат само оган, па ќе погледнат на левата страна и таму нема да видат ништо, освен огнот. Затоа секој од вас нека се чува и заштитува од огнот, дури и со половина урма (која ќе ја поделат), а ако не најде ниту тоа, тогаш со убав збор. "

Хадисот го пренесува Адиј ибн Хатим
радијАллаху анху, а го бележи Бухари

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот