1 Неконтролирани погледи Чет 09 Aвг 2012, 2:21 pm
Muwehhid
Модератор
Бисмиллах ал рахман ал рахим
Неконтролираниот поглед има за последица на тој што гледа да му е привлечно тоа што го гледа и ја всадува сликата од тоа што го гледа во своето срце .На ова може да следат неколку вида расипаности во срцето на човекот.
Тоа што следи се некои од нив. Се пренесува дека Пратеникот Мухаммед саллаллаху алјхи ве селллем, рекол: “Погледот е отровна стрела на шејтанот. Секој кој ќе го спушти својот поглед, Тој ќе му подари свежина која ќе ја пронајде во своето срце на Денот кога ќе Го стретне. (Даиф, Ет Таберани, 8/63 , Ел-Хаким, Ел Мустедрек, 4/314, Ахмед, Ел-Муснед 5/264)
Шејтанот влегува со погледот, затоа што со него патува, со поголема брзина од ветерот кој дува низ празниот простор. Тој прави тоа што го гледаме да изгледа поубаво отколку што навистина е, па тоа го претвора во идол кој срцето го обожава. Тогаш му дава лажи ветувања за награда, го пали огнот на страста во него, и го поттикнува на забранети дела, кои човекот не би ги направил да не постои искривена слика.
Ова го одвраќа срцето и го прави заборавно во врска со важните прашања. Тоа бива поставено помеѓу самиот себеси и нив, и така го губи вистинскиот пат и паѓа во замка на страстите и непознавањето. Возвишениот Аллах вели:
И не слушај го тој чиешто срце да Не спомнува невнимателно го направивме , кој страста своја ја следи и чиишто постапки се далеку од разумни. (Ел Кехф 28)
Неконтролираниот поглед ги предизвикува сите три неволји. Кажано е дека помеѓу окото и срцето постои непосредна врска, ако очите се расипани, тогаш срцето ги следи. Тоа тогаш станува како куп ѓубре на кое се насобрани сите нечистотии и турлежи, така што во него нема место за љубов кон Аллах, упатување Нему, не постои свеснот дека Тој е присутен, па таквото срце нема радост поради Неговата близина- само работи спротивни на ова можат да се населат во ваквото срце. Неконтролираниот поглд значи непослушност кон Аллах:
Кажи им на верниците нека ги спуштата погледите свои и нека ги чуваат срамните места свои:тоа им е најморално, затоа што Аллах навистина го знае тоа што го прават. (Ен-Нур 30)
Само тој што ги следи Аллаховите наредби е среќен на овој свет и единсвено послушниот Аллахов роб ќе успее на овој свет. Врз тоа, кога ќе го пуштиме погледот слободно да талка, тогаш нашето срце се полни со темнина, како што кога ќе го спуштиме погледот, во нашето срце се населува светлина. Во истото поглавје Возвишениот Аллах вели:
Аллах е светлина на небесата и на Земјата! Примерот за светлината Негова е нишата каде што се наоѓа светичката; светилката е во стакло, а стаклото е како блескава ѕвезда која гори од благословеното маслиново дорво, кое не е ни источно ни западно, дури и не го допира светлината над светлината! Аллах го води кон светлината Своја оној кога Тој сака. Аллах им дава примери на луѓето, Аллах добро знае се. (Ен-Нур 35)
Кога срцето е во светлина, безбројни добра му доаѓаат од сите страни. Ако е во темнина, облаци на злото и неволји му стигнуваат од сите страни за да се надеваат над него. Слободното талкање на погледот го прави срцето немоќно да ја разпознае вистината од лагата, суннетот од новотаријата а спушатањето на погледот во името на Возвишениот Аллах му овозможува острумен, вистински и истакнат увид.
Еден правоверен човек еднаш кажал: Секој што ќе го збогати своето надворешно однесување со следење на суннетот, внатрешната душа ќе ја збогати со внимателно размислување, ќе го одврати погледот од забранеотот, ќе избегнува се што е од сомнителна природа и ќе се храни само тоа што е халал- внатрешниот поглд никогаш нема да го изневери. Наградата за делата се разноводни. Тој што ќе го одврати погледот од тоа што Аллах го забранил, Аллах ќе му подари неизмерно светло на неговиот внатрешен поглед.
Автор: Ибн Кајјим ел џевзи, Ебу Хамид ел газали, Ибн Реџеб ел Ханбели.
Обработка: Ahlu-sunnah