Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 132 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 132 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 
Haqq (253)
Хз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_lcapХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Voting_barХз.Хусеј-Радијаллаху Анху и Језид ибн Муавија! Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Vejsel Qarani


Нови член
Нови член
Бисмиллах,вес салату ве селаму ала Ресулиллах ве ала алихи ве сахбихи еџмеин.
Мискот на Џеннетот, алејхума ссалату ве селам (селам на нив)


Беше третата година по хиџрет, во средина на мубарек месецот Рамазан. Аллах џ.ш. на Хз.Фатима, ќерка на Пејгамберот с.а.а.с. и го даде првиот син. Хз. Али к.в., бабото, лично ги пренесува настаните: " Кога се роди Хасан, прво му го дадов името Харб (војна). Пејгамберот, с.а.а.с. доједе и кажа 'Покажи ми го моето чедо, како го именува ?". Ние одоговоривме: 'Харб'. Тој кажа, ' Ох, не, тој е Хасан ! (преубав). Потоа, кога Хусеин се роди, него го именував Харб (војна). Пејгамберот с.а.а.с. дојде и кажа, 'Покажи ми го моето чедо, какво име му дадовте ?' Ние одоговоривме, 'Харб'. Тој кажа, 'Ох не, тој е Хусеин !' (мал убав). Тогаш кога мојот трет син се роди го именував Харб и кога Пејгамберот с.а.а.с. дојде и кажа, 'Покажи ми го моето чедо, како го именувавте ?' Ние кажавме, ' Харб '. Тој кажа, " Ох не, тој е Мухсин ! ' Тој тогаш спомна, ' Јас ги именував спреме синовите на пејгамберот Харун (Арон): Шибр, Шабр и Мишбар ". [Ахмед]

Пејгамберот с.а.а.с. многу ги љубеше Хасан и Хусеин, како негови синови и кажуваше, " О Аллах, ги љубам и го љубам секого кој што ги љуби, затоа љуби ги и љуби го секој кој што ги љуби ". [Тирмизи]

Тој исто така љубовта кон него ја изедначуваше со љубовта кон нив и кажа, " Ако некој мене ме сака (љуби), тој мора да ги љуби и овие двајца (Хасан и Хусеин ). [Несаи].
Ова како за почеток,па одиме вака.
Хазрети Хусејн заедно со други 60 луѓе кои сите до еден биле од чесниот ехли-бејт.
Убиени се од страна на емевијската војска со која командувал Амр ибн Сад кој бил под директна команда на Убејдуллах ибн Зијад и Језид ибн Муавија. Околу 4000 коњаници на втори мухарем 61-ва хиџретска година ја блокирале ехли-бејтската каравана и им пресекле пат до вода, држејќи ги жедни во пустинска горештина и убивајќи ги еден по еден.
Овдека ќе преведам еден текст за смрта на Хазрети Хусејн. Текстот зборува за последниот ден на кербелатските случувања и е во облик на расказ кој се темели врз преданиа.


'Дали постои некој кој ќе ни помогне? Да ли постои некој кој ќе ги заштити жените и децата од фамилијата на Пратеникот?' се слушна неговите зборови.
Звуците на тапаните се уште го држеа истиот ратнички ритам. Кога се врати меѓу шаторите, Умми Рубаб го викна и му ја покажа колевката во која лежеше Али Асгар, бебе старо околу шест месеци. Секоја минута ја зголемуваше агонијата на детето за кое сега беше сигурно дека ќе умре од дехидрација. Хусејн го зема својот син обмотувајќи го во својот огртач и тргна накај непријателските положаи да ги праша за капка вода.

'О војници на Куфа и Дамаск, дојдов на ова место на повик на вашиот народ за да им го предочам исламското учење. Наместо да не вгостите вие не предадовте. Не спречивте да дојдеме до вода во задните три дена. Ми ги убивте пријателите, роднините, браќата и синовите. По вас ние сме злосторници затоа што одбиваме да му се покориме на тиранинот Језид.
Ова дете кое го држам во рацете не вкусило вода и сега го гледам како умира од жед. Ислам е вера која вие тврдите дека је следите па затоа во името на исламот ве прашувам да му дадете неколу капки вода и да го спасите да не умре. Сигурен сум дека многу од вас имат деца на иста возраст па поради љубовта кон вашите деца, дајте да се напои ова дете."
Од еднаш сите замолкна. Луѓето почна да жаморат, меѓу војниците од другата страна. Свест на човечност не можеше да не се разбуди. Доста беше доста - со што да се оправда неправда кон невино дете. Почна да му се приближуваат на Амр ибн Сад барајќи да се даде вода на детето. "Нема попуштање, нема се дур не се покори." дрекна Амр.
Командирот примети вознемиреност меѓу војниците. "Кај е Хурмала?" пак викна Амр. Требаше да се работи брзо, за говорот на Хазрети Хусејн да не предизвика побуна. Кога овој истрениран стрелец дојде, Амр му кажа: "Хурмала, замолчи го Хусејн!" и тој веднаш го зема својот лак ја стави стрелата и го нанишани бебето. Но ја примети жената која гледаше од шаторот на Хазрети Хусејн. Ова му је поремети концентрацијата. "Која е она?" се праша себеси. Одеднаш се сети дека тоа не може да биде никој друг освен мајката на детето. Пак го дигна својот лак и нанишани и пак она му го привлече вниманието: "Зар да се убие дете пред очите на мајката?" повторно ја спушти својата рака.
"Хурмала зарем сакаш востание? Брзо покажи што знаеш и ќе бидеш богато награден!" кажа Амр.
Третиот пат Хурмала не се мислеше многу, го дигна лакот нанишани и ја пушти стрелата која се забоде во рамото на Хазрети Хусејн минувајќи низ вратот на детето.
Крвта од вратот на малиот Али Асгар штрцна на лицето на Хазрети Хусејн, натопувајќи му ја брадата и сливајќи се низ неговите гради.
После неколку трзаи телото на детето се смири за секогаш. "Мој сине колку ниско се спуштија немајкји милост ни кон тебе така слаб и невин."
Хусејн тргна накај шаторот на мајката на детето. Што да јој каже? Наместо голтка вода на синот и пратиле стрела која ја проли неговата крв врз жедниот кербелатски песок.
Со свои раце го закопа.

"Боже ти си ми сведок дека не се колебав ни за еден трен во својата должност и во жртвување на моите најмили: деца, роднини вклучувајќи го и овој последен, најмлад."

Vejsel Qarani


Нови член
Нови член
Сега дојде моментот и тој самиот да тргне. Ги повика сестрите Зејнеба и Умму Кулсум, да се прости со нив. И Лејла и Рубаб и ќерките Кубра, Рукаја и Сукејна.
"Зејнеб, дојде време за коe мајка ти те подготвуваше и за коe татко ти зборуваше на смртната постела. За мене е ова најтажен момент затоа што знам дака за тебе најлошото што туку почнува. Ама ако и ти тргнеш сега со мене никој не би можел да го продолжи она што јас го започнав. На тебе ти ги оставам моите сираци и вдовици и децата на пријателите кои загина бранејќи ме. Те молам да ги тешиш и да ги охрабруваш. Посебно те молам да внимаваш на болниот Али Зејн ул Абидин и Сукејна. Се уште ни еден ден не била одвоена од мене. Кога ќе те запраша за мене те молам да ја утешуваш како најдобро знаеш. Од кога бараше од Аббас да и донесе вода по што он загина, таа не прозбори ниту еден збор. Кога ќе дојдете до вода дај и на нејзе прва да се напие. Некои од непријателите знаат за нејзината врзаност за мене па се плашам дека ќе и се светат така што ќе и го покажуват моето мртво тело. Те молам да се обидеш да ја спасиш од тоа..."
Не можеше повеќе, гласот му застануваше во грло. За секој збор беше потребен напор.
"Брате моли се на Аллах да издржам во сето тоа и да ми подари сила да го направам се што бараш од мене." Кажа таа.
"Кога ќе се вратиш во Медина кажи им на пријателите како умревме
. Кажи им дека не убија жедни. Секој пат кога ќе принесат на своите усни а вода некчаша со ладна се сетат на нас и на тешката жед со која умревме."
Секој збор на Хазрети Хусејн предизвикуваше плачот на жените да стане се појак и појак. Кога заврши ги пружи рацете кон сестрата која немо падна во неговите прегратки. Уште од детството тие беа многу врзани така да разделувањето не беше лесно.
Таа се сети на лицето на нивниот татко и солзите во неговите очи, кога и ги зема и ги баци рацете, прво десна па лева, во нежните зглобови и како за себе кажа: Дете мое, гледам како модринки ги опкружуват овие зглобови поради грубост"со јаже со кое ќе бидат врзани." "Татко" кажа таа покажувајќи спрема Аббас, "зарем може нешто да ми се случи покрај брат каков што е Аббас?"
Сега кога Аббас лежеше покрај реката
на нејзе и беше јасно каква судбина ја чека.
Хусејн посети секоја жена, вдовица и сираче на пријателите за да се прости со нив.
Отиде кај Физа, својата верна дадилка од детството. Кога Хазрети Фатима лежеше на самртна постела, бараше од Физа да и вети дека никогаш нема да го напушти Хусејн. После смртта на Хазрети Фатима тој и беше како син, поради старост и изнемоштеност од неа бара да не ја напушта Медина, али неможеле да ја наговорат да се одвои од Хусејн. Сега кога дојде време да се одвои таа падна во несвест. Неколку жени се приближија да и помогнат, во градите срцето се кршеше.

Vejsel Qarani


Нови член
Нови член
Хусејн полека се доближи до шаторот во кој лежеше болниот Али Зејн-ул Абидин. Кога светлината падна врз неговото лице тој ги отвори очите и виде некого кaко стои покрај постелата.
"Сине јас сум." Со мака тој се придигна од својата постела и кога очите се навикнаа на светлина тој го препозна ликот на татко си. Ама во каква состојба беше тој, на неговото лице се гледаше загриженост кој тој ја немаше неколку денови пред тоа. Неговиот грб свиткан, телото се тресеше а неогвата кошула беше извалкана со крв. "Татко што се случило? Кај е Аббас, кај е Али Екбер, кај е Касим, кај се другите? Зарем дозволивте да им се случи нешто?" За сето време дур траеа нападите Зејн-ул Абидин лежеше во несвест. Кога се обиде да се придигне слабоста тоа не му го дозволуваше. Така да беше приморан да го гледа својот татко како се одалечува, без можност да му помогне.

Кога Хусејн учеше да јава пратеникот Мухаммед с.а.в.с. му поклонил ждребе кое се викаше Зулџенах. Тој ист коњ иако многу постар се уште беше во негова служба. Кога Хусејн го јавна и го подбоде коњот, животното не сакаше да се помрдне. Прв пат се случи такво нешто, после неколку неуспешни обиди Хусејн примети дека коњот ја врти главата и гледа наназад. Кога и самиот погледна ја виде својата пет годишна ќерка како се држи за ногата на коњот. Тој веднаш се симна и го зема детето во прегратки.
Детето со плачен глас говореше: "Татко каде ќе идеш? Аџо Аббас отиде за вода и не се врати повеќе. Јас више не сум жедна, не треба никаде да идеш."
Он је однесе до шаторот и ја даде на нејзината мајка. Пак се качи на коњ и тргна, не можеше да дозволи непријателот пак да го нападне логорот кој овој пат целосно остана без одбрана.
Зулџанех сега покорно ги следеше покретите на уздите.

Vejsel Qarani


Нови член
Нови член
"О Језидова војско! Дали знаете кој сум јас? Зарем не сум единствениот внук на вашиот Пратеник? Зарем не сум син на Али и Фатима? Многуте од вас го виделе и чуле мојот дедо како зборува за нас. Зарем он не не сакаше? Зарем не сте го виделе Пратеникот како плачеше кога некоја болест или повреда ќе ми се случи? Мухаммед веќе не е со нас но јас сум тука. Немате право да ја заборавите и занемарите мојата положба. Ме повредивте така што безмилосно ми ги убивте синовите, браќата, роднините и верните пријатели. Па дури и Али Асгар моето невино дете. Секој од нашите беше убиен додека жедност му ја пржеше утробата. Исламот ве учи пред да заколете било кое животно обавезно е пред тоа да му понудите вода. Во име на Аллах ве прашувам што направив јас за да го заслужам сето ова?"
"Хусејне доста беше со зборење. Ти добро знаеш зошто: покори се и прифати како што и сите ги направија. Еве, и сега ти нудиме да го прифатиш Језид за својот халифа, за својот водач и водач на муслиманите. Покори се на новото управување и на новите правила, друи ќе ти биде ветена сигурност, на тебе и на твоето семејство. Во друг случај дај ја главата и своите најмили во ропство. На тебе лежи одговорноста."

"Дали навистина очекувате дa го прифатам него за кој и сами знаете дека е пијаница и простак, и кој тврди дека е наследник Пратеникот Мухаммед, Аллахов мир нека е врз него и неговот семејство? И ми претите со глава и семејство мое!? Никогаш, знајте дека во нашата куќа Куранот и исламот секогаш биле на прво место па дури после нашите глави, чест и понос. О вие кои за себе тврдите дека сте следбеници на Мухаммед, дали верувате во Судниот Ден? Дали знаете дека таму ќе го сретнете мојот дедо Мухаммед, мојата мајка Фатима и мојот татко Али? Што ќе им кажете кога ќе ве прашат зошто ме убивте? Размислете вие кои себе си се нарекувате муслимани! Како што секогаш беше обичај кај мојот дедо и татко и јас ве повикувам да се покаете и побарате опрост од Аллах. Нема грев кој не може да се прости ако покајувањето е искрено."

"Хусејне, слушнавме доста од тебе. Многу зборуваш за минатото. Она што бидна бидна. Го нема повеќе Мухаммед ниту Фатима ниту Алија. Знаеме кој беа они, ама времињата се сменија. Не се обидувај да не придобиеш, затоа што, како и самиот гледаш никој не те слуша."
Потоа Амр Сад им се обрати на војниците: "Храбри војници на халифата, Аллах ни го одреди водачот и ни нареди да го слушаме. Денеска е голема победа пред нас - крајот на битката во која заслуживме пофалби и награди. Причината за војна беше овој овдека, син на чесни родители ама кој сега ги користи за сопствени цели. Ние сме луѓе на исламот и заштитници на исламот. Ние ја следиме пораката која Аллах ја прати преку Мухаммед, а Аллах дава моќ на кого Он сака."
Наредба од Куфа е: "Ако не се покори да му се одсече главата а телото да се искрши под коњските копита!"
Хусејн полека го насочи коњот накај Амр Сад врз чиво лице се појавија знаци на страв. "Дали ти би прифатил битка?" Праша Хусејн.
"Дали е некој од вас спремен да прифати битка?" Хусејн со погледот поминуваше преку лицата на војниците кои гледаа во земја.
"За неговата глава следи голема награда" се издра некој од позади. "Да, за неа имате награда" говореше Хусејн дур го тераше коњот накај нив, "кој ќе дојде да ја земе наградата?"
Тие почна да ги одапнуват стрелите кои безмилосно го погодува. Зулџанех беше ранет така да Хусејн беше принуден да се симне од него, али се уште секој војник кој би ќе му се доближеше ќе ја вкусеше неговата сабја, која е наследоство од Али ибн Ебу Талиб. Почна да фрлат врз него се што има, копја, камења, стрели...
Кога телото падна на земја кажуваат сведоци дека од толку забодени стрели не ја допираше земјата. Кога дојдоа до него, тој беше на сеџде. Челото положено врз земја, телото ослонето на колена и раце. Усните се помакнуваа, тие сака да слушнат што зборува тој во последните мигови.
"Господару мој, Ти си ме сведок дека ја исполнив задачата без двоумење, жалби, нездоволства и слабости. Господару мој и Господару на сите, се покорувам на твојата одлука и се предавам на Твојата одредба."

"... и ако не се покори, да му се одсече главата а телото да се искрши под коњските копита..."

Сите се собраа стоејќи во круг. Чекаа да видат. Еве го и тој, Шимр, приоѓа и од појасот го вади ножот. Му се доближува на телото, со рака ги размакнува забодените стрели и седнува врз грбот. Со лева рака го фаќа за коса и го повлекува наспрам себе додека десната рака во која е ножот ја подвлекува под врат...

Vejsel Qarani


Нови член
Нови член
Абу ал Амин,повели,дополни или кажи каде има грешка во ова.?

Abu Al-Amin

Abu Al-Amin
Брат
Брат
Vejsel Qarani напиша:Абу ал Амин,повели,дополни или кажи каде има грешка во ова.?

Фала за доведувањето на случајот, кој што уште по детално го опиша, од колку што очекуваф.

Пред да ти наведам, зашто „рафиидите„ се вистинските убијци на хусејн радихуАллаху Анх, на кој начин го издадоа итк. – те молам, како што е обичај на овој форум, да ни ги дадеш извориоте од твојот текст.

ЏазакАллах хаир!

http://www.ahlu-sunnah.org

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
Во името од Аллах, Милостивиот, Семилосен.

Нека е Милоста Аллахова на Мухаммед саллалаху алејхи ве селлем, на
неговата чесна фамилија, на неговите асхаби и на сите оние кои го следат се до Судниот ден.


Аллах Возвишениот кажува во Куран во приближно значење:

“Повикувај кон патот од Господарот твој, и со мудрост и со поука добра. И расправај со нив на најдобар начин! Господарот твој, секако, најдобро го познава оној кој скршнал од патот негов. Он најдобро ги знае упатените!“ (Ен Нахл 125)

Најдобар говор е Келамуллах, а најдобра упата е упатата на Мухаммед салаллаху алејхи ве селлем, налоши работи се новововедени работи во Дин Ислам (бида'а-новотарија), секоја новотарија е заблуда, а заблудата носи во пропаст-Џехеннем!!!!

А потоа:


Ја следев целата Тема како и другите на која е активен новодојдениот член Вејсел Карани.
Многу пати размислував како кога некој нов ќе дојде тука кај нас на форум, што го натерало да се зачлени тука кај нас.
Моето мислење е дека има неколку причини:
-Да би научил повеќе за оваа вера Ислам* тука се оние кои трагаат за знаење и оние од Христијаните да би научиле нешто за Ислам)
Оваа група ни е добредојдена во секое време и спремни сме како јас така и другите иншаАллах да помогниме колку е нашата можност.
-Да би контрирале со своите ставови и бедувања(тука се оние кои се припишуваат на некоја новотарска секта и оние Христијани кои сакаат да контрираат со своите ставови)
Оваа група е добредојдена да би дискутирале околу некои ставови само под услов да се пристојни во однесувањето, а ако не се придржуваат на ова не ни се добредојдени.
-Да би само правеле проблеми и непотребни дискусии и да би вреѓале.
Овие не ни се добредојдени.
-И оние кои се тука да би собирале информации за Државните Известувачки слижби- иодносно Шпионите или самите вработени на ДИС.
Е овие ни најмалку не се добредојдени.




Па така нека види секој еден во која група припаѓа.


Да се вратам на Темава.
Кога ќе погледнеме во книгите на Улемата на Ехли Суннах вел Џемаа, ќе видиме како и со колку внимание ги разработува биографиите на Вервесниците, за сите од Адем алејхи селам па до Мухаммед салаллаху алејхи ве селлем, па за Асхабите, па за Табеините, и за сите учени во покасните генерации до ден денешен, исто така не сакале да сторат неправда нити на Улемата Новотарските секти туку кажувале она само што е.


Кога се работало за меѓусебните спорови измеѓу Асхабите или Табиите посебно биле внимателни што кажуваат и што пишуваат.


Спорот измеѓу Алија радиаллаху анху и Муавија радиаллаху анху, во кои биле вмешани хамам сите Асхаби, не може така лесно да се разјасни и ние тука на Форумот нити сме способни нити сме учени за тоа, па јас не знам некој кој би бил објективен од нашево говорно подрачје да би можел да оваа Тема добро да ја објасни, бидејќи треба да се земаат сите докази во обзир.
Секаде каде сум читал или ми објаснувале некој од Даиите, стои дека и едните имале свој дозволен ИЏТХАД и другите исто така. А тоа најмногу имало влијание доаѓањето до информациите, така да многу тогашните МУНАФИЦИ И ШПИОНИ си го одиграле своето.


Не мие јасно како некој може туку така да напаѓа на генерации за кој Аллаховиот Пратеник салаллаху алејхи ве селлем, рекол дека се најдобри од сите.
Како некој кој нема никакво знаење да речи дека бил Алија радиаллаху анху бил во право, или други некој или трети.
Како некој може да го напаѓа на Језид ибн Муавија со такви гнасни зборови а бил командант на војска во поход на Константинопол, во таа војска односно во тој поход преселил Асхабот Ебу Ејјуб ел Енсари радиаАллахуанху.
Како!!!


Како некој напаѓа на тие златни генерации а при себе нема ништо од она што нив ги красело и се спомнати во книгите и се со златни букви испишани, него напротив имаиндиции да ги обожава Ехлул Бејтот, на начин на кој е забранет, а со тоа направиле Ширк.
На сите еден совет оканете се од такви работи!!
На крајот нека е Салават и Селам на Аллаховиот Пратеник салаллахи алејхи ве селлем, неговото чесно семејство, на неговите Асхаби, на Табеините и сите оние кои ги следат до Судниот ден.
Ве селамуналејкум ве Рахметуллах!!!

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
До Администраторот и ли Модераторите:
Сменетего иметото на темава или избришете го она Тиранин!
Нам не ни личи за првите генерации да збориме или пишуваме вакви нешта.

LAUTKA

LAUTKA
Модератор
Модератор
Келиметул-Хакк напиша:До Администраторот и ли Модераторите:
Сменетего иметото на темава или избришете го она Тиранин!
Нам не ни личи за првите генерации да збориме или пишуваме вакви нешта.

Иншаллах че ја смениме но се прашувам како се одлучи членов да го нарече ,,Тиранин,, Језид ибн Муавија,,

Ама за Шитете тоа е најисправноо .......



Последната промена е направена од LAUTKA на Пон 04 Јун 2012, 11:24 pm. Мислењето е променето 1 пати

Abu Al-Amin

Abu Al-Amin
Брат
Брат
Кај на форум е секој добре дојден, за да дискутира на добар и исламски начин. Но едно што бараме е, да се донесат докази со самите изјави или текстови.

LAUTKA напиша:
Келиметул-Хакк напиша:До Администраторот и ли Модераторите:
Сменетего иметото на темава или избришете го она Тиранин!
Нам не ни личи за првите генерации да збориме или пишуваме вакви нешта.

Иншаллах че ја смениме но се прашувам како се одлучи членов да го нарече ,,Тираин,, Језид ибн Муавија,,

Ама за Шитете тоа е најисправноо .......

Кхаир иншАллах - без разлика како и што - нека донеси доказ за своите тврдења, па ондак ке му одговорам јас, секако со докази иншАллах.

http://www.ahlu-sunnah.org

Sponsored content


Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот