Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
О, АЛЛАХУ! EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
О, АЛЛАХУ! EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
О, АЛЛАХУ! EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
О, АЛЛАХУ! EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
О, АЛЛАХУ! EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
О, АЛЛАХУ! EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
О, АЛЛАХУ! EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
О, АЛЛАХУ! EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
О, АЛЛАХУ! EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
О, АЛЛАХУ! EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
О, АЛЛАХУ! EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
О, АЛЛАХУ! EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
О, АЛЛАХУ! EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
О, АЛЛАХУ! EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
О, АЛЛАХУ! EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 55 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 55 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 421 во Сре 30 Окт 2024, 3:09 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 
Muwehhid (937)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 
Monoteizam (343)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 
muharem fazli (323)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 
Haqq (253)
О, АЛЛАХУ! Vote_lcapО, АЛЛАХУ! Voting_barО, АЛЛАХУ! Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1О, АЛЛАХУ! Empty О, АЛЛАХУ! Нед 29 Jул 2012, 6:45 pm

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
[You must be registered and logged in to see this link.]


Нему Му се молат оние коишто се на небесата и на Земјата; секој момент Тој се занимава со нешто.
(Ер Рахман, 29)

Кога морињата ќе се вознемират, брановите ќе навалат, бурата ќе настапи, луѓето на бродот ќе довикуваат: „О, Аллаху!“ Кога водичот на камили во пустина ќе се загуби, кога патниците ќе скршнат од патеката и карванот ќе заталка, сите тие довикуваат: „О, Аллаху!“ Кога ќе се случи несреќа, ќе настапи очај, ќе завладее јад, човекот целиот скршен ќе замоли: „О, Аллаху!“ Кога портите пред просјаците ќе се затворат и темнина ќе ги прекрие нивните лица, тие довикуваат: „О, Аллаху!“ Кога ќе ги снема патеките и патиштата, кога ќе згасне надежта, луѓето довикуваат: „О, Аллаху!“ Кога земјата ќе ти стане тесна и душата цела ќе се собере, залипај: „О, Аллаху!“




„Се сетив на Тебе кога несреќата како ноќ ме опфати,
Кога прашливиот чадор лицето на времето го прекри.
Твоето име го изговорив, душата ми залипа,
И сета грижа одеднаш исчезна.“
До Аллах допира убавиот збор, искрената молба, вистинската воздишка, невината солза и болното страдање. Нему в зори Му ги пружаме дланките, рацете ги шириме за сè што ни е потребно, Него очите Го гледаат кога сме при судир прегазени и Нему молитвите Му ги праќаме кога несреќите ќе настапат. Неговото име го довикуваме, со Него довите и песните ги почнуваме. Сеќавањето на Него срцата ни ги смирува, душите ни ги успокојува, мир и пријатни чувства внесува, разумноста ја зголемува и во нас силната верба постојано ја зацврстува, Аллах е благ кон робовите Свои.

Аллах е името најубаво, проткаено со букви красотни, најискрен и највреден збор:

„Дали знаеш дека некој го има името Негово?“ (Мерјем, 65)

Аллах, најголемото богатство, вечност, помош и сила, возвишеност, моќ и мудрост:

„Кој ќе ја има власта тој Ден?“ - „Аллах, Единиот и Семоќниот!“ (Ел Мумин, 16)

Аллах! Тоа име означува благост и грижа, помош и потпора, љубов и добрина:

„Од Аллах ви е сета благодaт којашто ја уживате.“ (Ен Нахл, 53)



„Колку свети зборови за Твоето величество да склопуваме,
Дека си повозвишен, секогаш сознаваме.
И сите значења, Господару, со Тебе стануваат бескрајно море.“
Господару наш, нашата болка замени ја со утеха, тагата со радост, а стравот со сигурност. Господару наш, уверувањето нека ја изгасне страста на душата, реката на иманот нека го изгасне жарот на душата. Боже, на уморните очи подари им сигурен сон, на немирните души спокој и израдувај ги со блиска победа. Боже, Твојата светлина нека ги осветли изгубените очи, заталкaните нека го најдат Твојот пат, а изгубените Твоето упатство.

Господару наш, вистинската зора на Твојата светлина нека ги истера злите дошепнувања на шејтанот , Вистината нека го надвладее злото во нас и Твојата одбранбена војска нека ги скрши сите шејтански интриги. Боже, сочувај нè од тага и грижа, а од нашите души истерај го немирот. Само од Тебе се плашиме, Тебе ти робуваме, на Тебе се потпираме и од Тебе секоја помош ја бараме. Ти си нашиот Господар и Заштитник, па Ти си прекрасен Господар и Помагач.




Автор: д-р Аид ел Карни

Дело: “Не Тагувај“

Обработка: [You must be registered and logged in to see this link.] Ahlu-Sunnah

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот