Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Во пресрет на пролетта EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Во пресрет на пролетта EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Во пресрет на пролетта EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Во пресрет на пролетта EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Во пресрет на пролетта EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Во пресрет на пролетта EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Во пресрет на пролетта EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Во пресрет на пролетта EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Во пресрет на пролетта EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Во пресрет на пролетта EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Во пресрет на пролетта EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Во пресрет на пролетта EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Во пресрет на пролетта EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Во пресрет на пролетта EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Во пресрет на пролетта EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 438 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 438 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 547 во Пет 15 Ное 2024, 12:40 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 
Haqq (253)
Во пресрет на пролетта Vote_lcapВо пресрет на пролетта Voting_barВо пресрет на пролетта Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1Во пресрет на пролетта Empty Во пресрет на пролетта Сре 21 Мар 2012, 3:16 pm

Al-Ghuraba

Al-Ghuraba
Модератор
Модератор
Во пресрет на пролетта 820124 Во името на Аллах Милостивиот и Сомилосен!Во пресрет на пролетта 29804



Почитувани браќа и сестри во ислам!

Возвишениот Аллах во 19 ајет од сурата Рум вели:
„Тој живото го изведува од мртвото и го изведува мртвото од живото. Тој ја оживува земјата по мртвилото нејзино...“

Полека исчезнува, а некаде веќе и потполно исчезна белата покривка снегот, којшто, како еден голем бел ќефин во текот на зимата ги прекриваше земјата, растенијата и дрвјата. Сите сме сведоци дека веќе се појавени и се појавуваат бели цвеќиња кои што се весници на пролетта. Календарски на 21 Март настапува пролетта.
Па во тој контекст можеме да кажеме дека таа е нов почеток, враќање на животот. Таа за природата значи повторно проживување. Аллах џ.ш. ја проживува земјата после мртвилото нејзино, како што тоа убаво е истакнато во Куранот. Тоа проживување најдобро се гледа во пролет, која како годишно време го представува преминот помеѓу мртвилото и повторното цутење на животот.

Додека пролетта ја дочекуваме со радост и веселба, зимата некако немило ја прифаќаме. Самата помисла на неа го разбудува во нас чувството деко нешто умира. Како што цутењето и листањето ја најавуваат пролетта, исто така паѓањето на лисјата во есен и сушењето на тревата или воопшто бледењето на природата се знаци за доаѓањето на зимата. Тоа е тој циклус на животот. Кај растенијата тој трае од пролет до зима, па повторно секоја година се повторува по истиот редослед. Зимата за растението представува само еден мал одмор од животот којшто води кон другиот, повторен живот. Растението или дрвото на есен се ослободува од лисјата, за во оскудниот зимски период кога има помалку вода и сонце, да може да ги прехрани својот корен и стебло.

И човекот како дел од природата се вклопува во природните закони. И тој има свој циклус на живот којшто трае од раѓањето до смртта. Тогаш доаѓа до одреден одмор (задгробниот живот – Берзех) којшто се прекинува со повторното проживување на идниот свет Ахирет. Аллах џ.ш. Ова ни го потврдува во Кур'анот. 67 и 68 ајет од сурата Ел-Мумин гласат:
„Тоа е Тој што ве создаде од земја, потоа од капка семе, потоа од грутка, потоа како доенчиња ве изведува, и до мажественото доба да стигнете, и старци да станете – а некои од вас умираат и порано – и до одредениот рок да поживеете, за да можете да сфатите.
Тој живот и смрт дава! А кога нешто ќе одлучи, само ќе каже: „Биди!“ – и тоа бидува.“!

Како што растенијата собираат резерви на храна за себе во текот на пролетта и летото, за да ја преживеат зимата и на пролет повторно да се разбудат, така мора и човекот во текот на својот живот да собере доволно севапи (добри дела) за идниот живот. Тој тоа може да го постигне ако максимално го искористи својот живот за добри дела и ако на време сфати дека овосветскиот живот е всушност само една епизода во која што треба да се подготви за вечноста. Во тој смисол треба покрај останатото постојано да го имаме на ум хадисот во кој Мухаммед,с.а.в.с. рекол: „Ниеден човек нема да застане пред Аллах на Судниот Ден додека не биде прашан за пет работи, и тоа:

1.за животот – како го проживеал,

2.за младоста – како ја поминал,

3.за парите – како ги заработил и во што ги потрошил,

4.за добрите дела – колку ги практикувал, и

5.за лошите дела – колку се пазел од нив!“.

Пролетта, како годишно време е извонредна прилика за да се заработаат многу севапи. Во пролет земјата се буди од својата заспаност и ни се нуди да ја обработуваме. Таа ни дава можност да ја засееме со разно разни растенија и да засадиме корисни овошја. Сега е идеална прилика и за калемење на разнo овошје од кои користа е голема.

Кога знаеме дека обработувањето на земјата покрај тоа што е севап е и насушна потреба, ние треба да се позанимаваме околу овие работи, бидејќи голема вистина е дека може да се живее без многу нешта, но без храна не може. Во тој случај пролетта ни доаѓа како голема шанса и можност за да заработиме добри дела и да ги извршеме обврските кон земјата. Мухаммед,с.а.в.с., рекол: „Обработувајте ја земјата, зошто тоа е благословена работа!“ Во друга прилика рекол: „Ниту еден муслиман нема да посади некакво дрво или да посее некаква градина, па од него да јаде човек, домашно животно, птица или дивеч, а нему се тоа да не му се запишува како садака!“

Познато е дека сите напредни народи му посветувале посебно внимание на земјоделието. Можеби тоа било и една од главните причини за нивниот напредок. За муслиманите коишто владееле во Шпанија историјата забележала дека тие толку го унапредиле земјоделството и овоштарството, што воопшто не постоела необработена земја. Се наведува исто така, дека тогаш од едниот до другиот крај на исламска Шпанија се нижеле редови и редови на маслинки и други растенија и овошја кои што давале драгоцени плодови и берби. На тој начин од Шпанија преку Османлиите во Европа стигнале многу видови на овошја кои овие мудри луѓе ги калемеле и негувале и на тој начин добивале нови видови на овошје, дотогаш непознато за останатиот свет.
Еве ова е уште една причина за сите оние кои што имаат можност и услови да почнат да ја обработуваат земјата, зошто на тој начин ќе и удоволат на Аллаховата наредба и на Мухаммедовата,с.а.в.с., препорака, а со тоа ќе бидат и општо корисни.

Пролетта е голем пример, упатство и поука, но и своевидно чудо. Во неа животот како највпечатлив Аллахов знак се открива во целата своја големина. Аллах џ.ш. на ова укажува во 95 ајет од сурата Ел-Енам : „Аллах прави зрната и семките да изртат. Тој од неживото изведува живо, а од живото неживо; тоа ви е, ете,...“
Исто така во 5 и 6 ајет од сурата Хаџџ вели:
„...И ти види ја земјата како е замрена, но кога дожд ќе спуштиме на неа, таа потреперува и набабрува, и од неа никнуваат секакви прекрасни растенија.
Тоа е затоа што Тој, Аллах, е Вистина и затоа што Тој е кадарен мртвите да ги оживее и затоа што Тој може сe,!“

Аллах џ.ш., често пати ни свртува внимание и не упатува да ја набљудуваме природата и природните закони за да ја сватиме вистината дека Тој постои, и дека Тој се крие зад сите овие природни закони. Растот на растението, неговото цутење и разлистување е идеална можност да влеземе во суштината на животот и да му се восхитуваме на Творецот. Аллах џ.ш.,колку сето тоа убаво и складно го создал. Не смееме да бидеме слепи и слепо да поминуваме преку овие Аллахови знаци. Да не бидеме како оние на кои што очите им се како на ноќните птици: слепи за она што самото по себе е најсјајно.

Научниците откриле дека растението не е само предмет кој што расте, туку дека тоа истовремено и чувствува и живее во вистински смисол со свој живот,кој не е нималку понеинтересен од животот на другите. Со прецизни експерименти е докажано дека растенијата на самата помисла и намера на човекот да ги полее со топла вода покажале вознемиреност и страв, а кога човекот пробал да ги полее со ладна вода тие покажале радост и задоволство. Исто така научниците детално ја проучувале зелената боја на лисјата и утврдиле дека на светот не постојат ниту два листа со потполно иста зелена боја.

Почитувани браќа и сестри муслимани!

Ако не ја читаме и проучуваме природата, таа своевидна отворена Аллахова книга, ќе се зачауриме во себеси и се што е околу нас ќе ни стане тотално непознато. Во тој случај ќе бидеме слични на црвот во јаболкото, кој се движи само во својата лушпа од живот, не знаејќи дека постојат и други црви кои што живеат во други јаболка и во други плодови.
Затоа, треба многу повеќе да се интересираме за природата, растенијата, овошјата, за земјата воопшто, па со нашето учење на време да спознаеме доста нешта, додека со вредните дела во името Аллахово да заслужиме опрост, и како вистински муслимани да се спремиме за ослободување на лушпата од нашиот овосветски живот и вистински да сфатеме дека освен овој дуњалук има и друг живот и друг свет.

Нека Возвишениот Аллах не упати на правиот пат и нека не направи од оние верници кои што ќе водат грижа за својата земја. Амин!

Хатиб: Енвер еф. Билали

Превземено од: Исламски Центар

https://www.facebook.com/pages/Ahlu-Sunnah-Media/161598790616171

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот