Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 208 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 208 Гости :: 1 Bot

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 421 во Сре 30 Окт 2024, 3:09 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 
Muwehhid (937)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 
Monoteizam (343)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 
muharem fazli (323)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 
Haqq (253)
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_lcapКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Voting_barКАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

1КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Empty КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ? Саб 31 Мар 2012, 2:32 am

Muaz al Islam

Muaz al Islam
Модератор
Модератор
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ?
Во Куранот е наведена и опишана состојбата на верникот во мигот на разделување на душата од телото, а за тоа не известил и благородниот Пејгамбер Мухамед саллАллаху алејхи ве селлем кој вели:

"На верниците, мелеките им доаѓаат во убав изглед и ги радуваат со убави вести."

Возвишениот Аллах субханеху ве те ала,вели:

„На тие што велат: „Наш господар е Аллах“, па потоа останат истрајни, им се симнуваат мелеци: „Не плашете се и не тагувајте, и радувајте се на џеннетот кој ви е ветен. Ние сме заштитници ваши во животот на овој свет, а и на оној; во него ќе имате се што душите ваши ќе посакаат, и што и да побарате ќе имате, ќе бидете почастени од Простувачот, Милостивиот.“(Фусилет, 30-32)

А на неверниците и расипниците, мелеките ќе им се обратат со грубост:

„А да видеше само како мелеците на неверниците душата им ја земаа и по лицата нивни и одназад ги удираа:„Вкусете го страданието во огнот“ Тоа е за тоа што го подготвивте со рацете свои, бидејќи Аллах не е неправеден спрема робовите Свои!“ (Ел-Енфал, 50-51)

Навистина, овој ајет е објавен по повод неверниците кои учествувале во битката на Бедр. Меѓутоа, алимот Ибн Кесир во својот тефсир вели дека овие Аллахови џ.ш. зборови се од општо значење и дека се однесуваат на сите неверници. Во прилог на ова постојат многу докази:

Постојат многу ајети кои зборуваат за начинот на разделба на душата од телото, кај верникот на благ и убав начин, додека кај неверникот остро и грубо. Исто така за ова зборуваат многу хадиси. Во хадисот кој се пренесува од Бер'а ибн Азиб пошироко се објаснува оваа тема, се зборува и за животот по смртта (во берзах), а тоа е фаза меѓу овосветската смрт и оживувањето.

Да обрнеме внимание за состојбата кај верникот и кај неверникот во фазата на задгробниот живот (берзах). Прва станица кон патот за Ахирет е гробот (кабур).

Бер'а ибн Азиб го пренесува хадисот:

"Излеговме со Пејгамберот саллАллаху алејхи ве селлем, да му клањаме џенезе на еден човек, енсарија (жител на Медина). Се приближивме до гробот, па откако телото беше спуштено во гроб, Аллаховиот пратеник с.а.в.с. седна покрај него, свртувајќи се во правец кон Кибле, а и ние седнавме околу него. Бевме мирни како да имавме птици на глава. Понекогаш ќе погледнеше во небото, а потоа во земјата, својот поглед го дигаше нагоре и го спушташе. Потоа рече: - Барајте заштита кај Аллах од казната во гробот.
Тоа го рече три пати , а потоа три пати изговори : - Аллаху мој, кај Тебе барам прибежиште од казните и искушенијата во гробот, и додаде: - Навистина, верникот, Аллаховиот роб, кога го напушта овој свет и оди кон идниот, му доаѓаат мелеки од висина, со бел изглед во сјај како сонце, со себе носат џеннетски мирис. Така му се приближуваат што може да ги види. Потоа доаѓа мелекот на смртта и седнува пред неговата глава, па вели: - О убава душо, (во друга верзија, о смирена душо), упати се кон опростот на својот Господар и Неговото задоволство. Душата потоа го напушта своето тело слично како капка која истекува од своето место. Потоа ја прифаќаат. А во друго предание стои: ...- па кога душата ќе го напушти телото, сите мелеки ја благословуваат, и на небо и на земја. Потоа му се отвараат небеските врати и сите чувари на тие врати се молат на Аллах за неговата душа. Мелеките ја прифаќаат, не се разделуваат од неа ниту за миг, се додека не ја стават во облека (кефини) и мирис."

За тоа зборуваат следниве Аллахови зборови:

„...; а кога на некој од вас смрта ќе му дојде, Нашите мелеци, без колебање, душата му ја земаат“ ( Ел-Енам, 61)

"Од неа ќе се прошири најубав мирис каков што нема ни на земја, потоа, носејќи ја ќе се качат во височина. Кога ќе поминат покрај група на мелеки, сите прашуваат: -Чија е оваа благородна душа ? А мелеките одговараат: - Таа е на тој и тој. И тогаш ќе му го спомнат неговото најубаво име по кое луѓето го нарекувале на земјата. Така се случува се додека не го пронајде земјиното небо, и побараат дозвола за поминување, откако ќе им се дозволи, продолжуваат понатаму кон небото кое следи." Така се случува се додека не дојдат до седмото небо.

Тогаш Возвишениот Аллах субханеху ве те ала, вели:

„Навистина, книгата на добродетелите е во Иллијјун. А знаеш ли ти што е Иллијјун?“ ( Ел-Мутаффифун, 18-19)

И тој ќе биде запишан во книгата на великаните, а потоа ќе им се нареди: - Вратете го Мојот роб на земја, бидејќи луѓето ги создадов од земја, и во неа повторно ќе ги вратам, а од неа потоа ќе бидат оживеани по втор пат .Потоа неговата душа се враќа во телото и тогаш го слуша звукот на чевлите на своите другари како ги напуштаат гробиштата.
Тогаш ќе му дојдат два силни мелеки кои ќе почнат да го испрашуваат: - Кој е твој Господар ? А тој ќе одговори: - Мој Господар е Аллах. - Која е твојата вера ?, тие повторно ќе го прашаат, а тој ќе одговори: - Моја вера е ислам. - А кој е оној човек кој беше испратен до вас ?, ќе го прашаат тие, а тој ќе рече: - Тој е Аллаховиот Пратеник.

Нивниот понатамошен разговор ќе тече на следниот начин: - Какви ти се делата ?, тој ќе одговори:-Ја читав Аллаховата книга и верував во она што го пишуваше во неа. Потоа пак ќе го стегнат и повторно ќе го прашаат: - Кој е твојот Господар ?, - Која ти е вера ?, - Кој ти е Пејгамбер ?. И ова ќе биде последното искушение во гробот на кое ќе биде изложен верникот."

Во врска со ова се и Аллаховите субханеху ве те ала, зборови:

„Аллах со постојани зборови верниците ги зацврстува и на овој и на оној свет,...“ (Ибрахим, 27)

"А тој ќе рече: - Мој Господар е Аллах, моја вера е ислам, мој Пејгамбер е Мухаммед саллАллаху алејхи ве селлем.. а потоа ќе дојде глас од одозгора: - Вистината ја рекол Мојот роб, подгответе му место во Џеннет, упатете го во Џеннет и отворете му ги џеннетските врати. До него ќе стигне џеннетски убав и пријатен мирис, а гробот ќе се прошири колку што можат да видат неговите очи. Потоа ќе му дојде човек со убав изглед, во убава облека, убав мирис, ќе го удри и ќе му рече: - Радувај се на својата среќа, на Аллаховото задоволство и на Џеннетот полн со благодети. Ова е денот кој ти е ветен. А тој со радост и среќа ќе праша: - Аллах да те награди, кој си ти што ми ја носиш оваа радосна вест ? А тој ќе рече: - Јас сум твоето добро дело што си го правел.-Се колнам во Аллах субханеху ве те ала, јас тоа го правев со желба да го постигнам Аллаховото задоволство избегнувајќи го гревот. - Аллах да те награди. Возврати тој. Потоа ќе се отворат џеннетските и џехеннемските врати. Потоа ќе му се покаже местото во Оган и ќе рече: - Ова ти било предвиденото престојувалиште, па Аллах ти го заменил со место во Џеннет. Откако ќе погледне во Џеннет, ќе рече: - Господару мој, забрзај го Судниот ден за да би се сретнал со својата фамилија и богатство."

"А неверникот (во друг хадис се нарекува, грешникот), кога ќе го напушта овој свет и патува за идниот, од небо му доаѓаат мелеки, страчни и груби, со црн изглед, со себе носат платно од кострети. Ќе му се приближат така што може да ги види. А потоа ќе дојде мелекот на смртта и ќе му седне покрај неговата глава и ќе му рече: -О валкана душо, излези , оди, Аллах е гневен и лут на тебе. Потоа неговата душа ќе го напушти телото со голема мака, како што топол чешел се вади од влажна волна, кинејќи ги вените и живците. Ќе го проколнуваат мелеките и жителите на небото. Нему ќе му се затворат небеските врати, а чуварите на тие врати го молат Аллах да не им испраќа таква душа. Потоа ја прифаќаат тие два мелеки во своите раце и не ја испуштаат ниту за момент, се додека не ја постават на платно од (кострети). Тогаш ќе се осети смрдеа каква што нема ниту на земја, а потоа се издигаат нагоре. Кога ќе поминат покрај група на мелеки, секој од нив прашува: - Каква е оваа расипана душа ? На нив им се одговара: - Тоа е тој и тој. И ќе му го спомнат неговото најгрдо име по кое бил нарекуван на земјата. Така се случува се додека не дојде до капијата на првото небо и побараат дозвола, но вратите нема да им се отворат. Потоа ПејгамберотсаллАллаху алејхи ве селлем, го проучил ајетот: "На нив нема да им бидат отворени небесните врати, и не ќе влезат во Џеннетот се додека камилата не влезе низ иглени уши.„Тогаш Аллах ќе рече: - Запишете го во книгата на понижените, а потоа вратете го на Земја, бидејќи Јас реков дека луѓето ги создадов од земја, во земја ќе ги вратам и дека повторно од земја ќе ги оживеам.Неговата душа ќе биде протерана од небото и ќе се спои со телото. Потоа ги изговорил следните зборови:

"А тој што ќе смета дека на Аллах Му има рамен, ќе биде како тој што паднал од небо и кога птиците го разграбиле, или како тој што ветарот во далечен предел го однел" (Ел-Хаџџ, 31)

Откако душата ќе му се врати во телото, тој ги слуша звуците на чекорите кои заминуваат. Потоа му доаѓаат два мелеки со страшен изглед, ќе го подигнат и ќе почнат да го испрашуваат: - Кој е твој Господар ?, а то ќе рече: - Ах, ах, не знам. А мелеките ќе речат: - Која ти е вера ?, а тој ќе рече: - Ах, ах, не знам. А тие повторно ќе го прашуваат: - Што велиш за човекот кој ви беше испратен ?, ( ќе му биде речено Мухамед). - Ах, ах не знам, ќе одговори тој, но ги слушнав луѓето како зборуваат за тоа. Тогаш тие ќе речат: - Не знаеш и не си сакал да знаеш. Одозгора глас ќе повика: - Тој лаже, подгответе му место во Џехеннем, отворете ги неговите врати, до него нека стигне џехеннемската горештина и смрдеа. Гробот ќе му се стесни така што коските едни во други ќе навлезат. Ќе се појави човек со грд и страшен изглед, во грда облека, смрдеата од него ќе излегува, и ќе му рече: - Тешко тебе со твоето зло, ова е денот кој ти беше ветен. Тој ќе повика: - А кој си ти што ми ја носиш оваа страшна вест ? А тој ќе рече: - Јас сум твоето лошо дело. Жими Аллах, кога да си направил лошо дело, тоа те оддалечувало од послушноста на Аллах, и те забрзало кон непослушноста и Аллах те казнил.Потоа ќе му се доведе човек кој е слеп, глув и нем, во рацете ќе има канџи од железо. Кога со него ќе удри во планина, ќе ја претвори во прашина. Ќе удри така што од неа ќе остане само прашина. Потоа Аллах ќе го врати во првобитната состојба, а овој по втор пат ќе го удри. Тој ќе вриска, така што сите ќе го слушнат, освен луѓето и џиновите. Потоа ќе му ги отвори вратите на Џехеннемот и ќе му подготви место од Оган. Тој тогаш ќе повика: - Аллаху мој, одолговлечи го Судниот ден !"



„Од гроб во Џеннет или Џехеннем“

Автор: Абдулах ибн Ахмед Али Аллаф ел-Гамиди

[You must be registered and logged in to see this link.]

http://www.ahlu-sunnah.org

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот