1 Тешка е клетвата од родителот Пон 12 Мар 2012, 2:39 pm
Muwehhid
Модератор
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
Не се ретки случаите кога децата со својата непослушност ги предизвикуваат родителите да почнат да се лутата и да им викаат на своите сопствени деда . Понекогаш ќе дојде и до прекин на односите, па бабото и мајката не сакаат да зборуваат со своите деца, а понекогаш за нив не сакаат ни да слушнат.
Има и такви случаи кога синовите или ќерките кои живеат одвоено од родителите- многу ретко ги посетуваат бабото и мајката, а уште помалку ги викаат кај себе, иако родителите посакуваат да ги видат, но нив ги нема вопшто.
Вакви и слични постапки предизвикуваат револт кај родителите, кои- во многу случаи- место да им прават дова на своите деца за среќа и удобен живот, тие ги проколнуваат. Тешко на овие деца на овој и на идниот свет! Да се децата свесни за тежината и послушноста од родителската клетва и проколнување, никогаш не би дале повод за тоа.
Навистина бе е умно ни од родителот да ги проколнува своите деца, макар да се некои нивни постапки непримерни, зашто и самите би можеле да се покајат доколку Аллах им ја услоша нивната клетва. Дека е тоа можно гледаме од хадисот што го бележи Тирмизи од асхабот Ебу Хурејре р.а. Тој вели дека Мухаммед с.а рекол:
Три клетви од три лица, без сомнение, ќе бидат примени и услушани кај Аллах, а тоа се: клеветата ба човекот што му е направена некоја неправда(зулум) ,- довата на мусафирот (што ќе ја упати за домаќинот кој го угостил) – и родителската дова, односно клетвата (Упатена на Аллах за или против своите деца).
Меѓу народот убаво се вели: Вардете се од клетвата на неволникот, па макар да е и од неверник. Аллах ги упатува на родителите да му се обраќаат и да Го молат да им ги упати децата на вистинскиот пат – патот на исламот .Тоа го гледаме во куранскиот јает кој гласи:
И тие кои зборуваат (молејќи го Аллах) : Господаре наш, дај ни од нашите жени добро потомсво и радост во очите. Дај да бидеме пример во богобојазливоста и убавото однесување. (Фуркан 74)
Децата се должни со своето внимание и добрина кон родителите да заслужат тие да им упатуваат дова. Овој чии родители ќе издивнат, тој со душата тешко ќе се раздели, а освен тоа постои опасност при смртниот час да му се оневозможи да прозбори КЕЛИМЕИ ШЕХАДЕТ, кон што треба да тежнее секој муслиман, зашто Мухаммед а.с рекол дека оној кој при смртниот час свесно че изговори ЛА ИЛЕХЕ ИЛЛЕЛЛАХ МУХАММЕДУР РЕСУЛУЛЛАХ, без сомнение, ќе влезе во џеннет, па макар и по покајанието за гревовите. Дека е ова точно гледаме и во хадисот што ни го пренесува асхабот Енес ибн Малик, а кој гласи:
Во времето додека беше жив пратеникот с.а.в.с во Медина живееше еден млад човек по име Алкаме кој се истакнуваше како голем борец за исламот. Покарај тоа беше многу благодарен ,а тоа се гледаше од тоа што многу делеше садака. Еден ден се разболил. Болеста се влошувала од дена на ден. Кога жена му видела дека му се ближи смртта, испратила абер до Аллаховиот пратеник с.а.в.с дека мажот и е при смртта и дека сака за тоа навреме да го извести.
Штом пратеникот го примил аберот, ги повикал Билал , Алија, Селма и Аммар и им рекол: - Одете до Алкаме и видете каква во каква состојба е, му рекле: Кажи: Ла илахе иллеллах. Меѓутоа, тој не мрдал со јазикот. Кога и самите се увериле дека не може да изговори шехадет. Го испратиле Билала да го извести на пратеникот с.а.в.с во каква состојба се наоѓа Алкаме. Тогаш пратеникот прашал: Дали Алкаме има родители? –Бабо му умрел, а има мајка, која е падната во голема старост- му рекоа на Мухаммед с.а. Тој тогашп му наредил на Билал: Оди до мајката на Алкаме. Поселами ја од мене и кажи и, доколку и дозволува староста, нека дојде кај мене , а ако не, тогаш кажи јас ќе дојдам кај неа. Кога Билал и го пренесела ова , таа рекла:
Иако сум многу стара , сепак не можам да си дозволам на нозе да ми дојде Аллаховиот Пратеник кого толку го сакам што и животот би го жртвувала за него. Го зела стапот и тргнала кон пратеникот с.а.в.с Кога стигнала, дала селам и седнала пред него. Тој и рекол: Кажи ми ја вистината: каков е син ти Алкаме? Ако не ми ја кажеш вистината, Аллах преку објава ќе ме извести за тоа.- Клањаше и постеше, а, покрај тоа, даваше и многу садака- рече: мајката на Алкаме- како се однесуваше кон тебе праша Аллаховиот Пратеник с.а.в.с, а таа му рече: Јас не сум му лута затоа што повеќе ја сака жена му, отколку мене како негова мајка.
Неа за се ја слуша, а за мене не сака да чуе. Тогаш Мухаммед а.с рекол: Значи сега сме начисто. Причината што Алкаме не може да изговори шехадет е фактот што мајка му на него е лута. О билал – рекол Мухаммед а.с- оди и собери повеќе дрва за да го изгорам Алкаме во оган – Па зарем пред мои очи ќе го запалиш син ми, кој е полод на моето срце? – викнала мајката на Алкаме, на што пратеникот с.а.в.с и одговорил: Казната од Аллах што го чека син(заради тоа што не те слушаше) е поголема и подолготрајна од ова. Ако ти сакаш Аллах да му го прости гревот на син ти, потребно е тоа да му го халалиш, зашто, валлахи, беза тоа Аллах нема да му го прими ни неговиот намаз што го клањаше, ни садакат која ја делеше.
Кога старата жена ги слушнала зборовите на Мухаммед а.с рекла: Пред тебе и присутните и Аллах нека ми е сведок дека му простувам на син ми Алкаме. Тогаш пратеникот му рекол на Билал: Оди и види дали сега Алкаме може да изговори шехадет, можеби мајка му од почит кон мене го кажа тоа (а не од срце). Билал замина и кога се приближил до вратат од куќата на Алкаме слушнал како тој кажува: Ла илахе иллеллах... Бидејчи влегол кај Алкаме , на присутните им рекол: Знајте дека причината што Алкаме не може да го изговори шехадетот е тоа што мајка му на него била силно лута. Таа сега му прости и тој ете е во состојба да изговори КЕЛИМЕИ ШЕХАДЕТ.
Алкаме тој ден умре. Мухаммед а.с наредил да се избања , а потоа му клањал џеназе намаз. Кога Алкаме бил ставен во гроб, Тогаш Мухаммед с. На присутните мухаџири и енсарии им рекол:
Внимавајте, кој ќе и даде на жена му поголемо право од мајка му, нека биде проклетсвото на Аллах врз него. На таквиот Аллах нема да му ги прима намазите и добрите дела.
Автор: Хаџи Хафиз Синануддин Соколовиќ
Обработка: Ahlu-Sunnah