Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.


Join the forum, it's quick and easy

Ес селаму алејкум ве рахметуАллах ве Берекетуху и добре дојдовте на www.ahlu-sunnah.org.

За да се окористите од сите функции на форум, ве молиме да се регистрирате или со вашето корисничко име логирате.
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Latest topics
» Alisan
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyПет 24 Апр 2020, 2:43 am by Muaz al Islam

» Намазот не е исправен (валиден) зад оној кој што ги оправдува..
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:40 am by muwehid

» Салават на Пратеникот Мухаммед (а.с.)
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyСаб 18 Јун 2016, 4:18 am by muwehid

» Менсур ал-Салими- "Спомнувајте Ме а и Јас ќе ве спомнувам (Ел-Бекара, 152)"
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyПон 13 Јун 2016, 9:32 pm by Muwehhid

» Кога ќе сватеме???
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyНед 12 Јун 2016, 9:34 pm by Muwehhid

» Ја сменија верата, но ја нарекуваат "ислам"
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyСаб 11 Јун 2016, 8:51 pm by Muwehhid

» Дали е дозволено мевлуд?
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyСре 27 Апр 2016, 11:09 am by Abu Al-Amin

» Шејх Сулејман ибн Насир ел-Улван за техакум
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyВто 08 Мар 2016, 12:26 am by Haqq

» Бајрам
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyНед 06 Мар 2016, 2:36 pm by Haqq

» Реката на трпението и нејзините притоки
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyПет 04 Мар 2016, 7:48 pm by hidzab

» Pozdrav
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyПон 15 Фед 2016, 11:52 pm by Abu Al-Amin

»  шейха доктора / Тарик гураб: Вопросы и ответы о колдовстве и лечения
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyНед 14 Фед 2016, 7:30 pm by nourna

» abdul fetah
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyСре 03 Фед 2016, 12:02 am by Abu Al-Amin

» Хадиси на Мухаммед а.с
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyСре 06 Јан 2016, 7:16 pm by medi

» Аллах нас ни е потребен
Мухаммед ти си испратен како милост.  EmptyСре 02 Дек 2015, 7:26 pm by Muwehhid

Кој е он-лајн?
Севкупно има 354 членови он-лајн :: 0 Регистрирани, 0 Скриени и 354 Гости :: 2 Bots

Никој

Најмногу членови кои го посетиле форумот воеднаш се 421 во Сре 30 Окт 2024, 3:09 am
Барај
 
 

Display results as :
 


Rechercher Advanced Search

Top posters
Muaz al Islam (1691)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 
LAUTKA (1011)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 
Muwehhid (937)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 
Келиметул-Хакк (594)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 
Muslima4Islam (589)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 
Abu Al-Amin (479)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 
Al-Ghuraba (360)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 
Monoteizam (343)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 
muharem fazli (323)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 
Haqq (253)
Мухаммед ти си испратен како милост.  Vote_lcapМухаммед ти си испратен како милост.  Voting_barМухаммед ти си испратен како милост.  Vote_rcap 

Statistics
Постојат b>1268 регистрирани членови
Најновиот регистриран член е igoralfiosebastian@gmail.

Нашите членови се испратиле точно 8262 мислења in 2387 subjects

You are not connected. Please login or register

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down  Порака [Страна 1 of 1]

Muwehhid

Muwehhid
Модератор
Модератор
Мухаммед ти си испратен како милост.  Muhammad+Rasulullah



Бисмиллахир Рахманир Рахим

Во Името Аллахово, Милостивиот,Сомилосен, со чие име секоја работа ја започнуваме и завршуваме!



Мухаммед с.а.в.с ти си испратен како милост до сите светови.


Нема никакво сомнение во тоа дека Аллах џ.ш го сака Мухамед а.с повеќе од секој друг. Од целиот човечки род Аллах џ.ш го избрал него и го почестил со најголема можна чест, чест да биде последен Пејгамбер. Преку него на човештвото му ја подарил најголемата среќа - Својата последна објава Курани-керим.


Возвишениот Аллах џ.ш вели:


" Пејгамберот, за верниците е поблиску од нив самите." ( Ахзаб 6 )

[" и како повикувач, со одобрението Негово, и кон Аллах и како светилка што осветлува." ( Ел-Ахзаб 56 )

" О Пејгамберу! Ние, навистина, те испративме како сведок, и како радосник, и како опоменувач." ( Ел-Ахзаб 45 )

" Се колнеме во својот живот тие, навистина, талкаат во пијанството свое." ( Хиџр 72 )

" И Ние те испративме само како радосник и опоменувач." (Ел-Фуркан 56)

" Оние кои се послушни и на Аллах и на Пејгамберот Негов, и кои стравуваат од Аллах и кои изразуваат богобојазливост кон него... тие се, навистина, победници!" ( Ен-Нур 52 )

" Во Пејгамберот, навистина, имате убаф пример." ( Ахзаб 21 )

" И Ние те испративме само како милост за световите." ( Ел-Ембија 107 )


Кој бил Мухаммед а.с:


Мухаммед , бил роден во Мека во 570 година . Бидејќи неговиот татко починал пред тој да се роди, а мајка му бргу после неговото раѓање, за него се грижел неговиот чичко, кој било од угледното племе Курејш. Тој бил неписмен, не знаеел да чита ниту да пишува , и таков останал се до неговата смрт. Неговиот народ, пред неговата мисија, биле далеку од науката и поголемиот дел од нив биле неписмени.

Додека растел, станал познат по својата искреност, чесност, дарежливост, вистинољубилвост и поверливост. Толку бил поверлив што бил наречен Поверливиот. Мухаммед а.с бил многу религиозен , и ја мразел назатноста и идолопоконството во своето општество. На четријесет години, Мухаммед за прав пат ја примил Објавата на Бога, преку мелекот Џебраил.

Објавата продолжила и траела дваесет и три години, а позната е под името Куран. Откако почнал да го цитира Куранот и да повикува во вистината што Бог му ја објавил, тој и неговата мала група на следбеници, претерпеле страдања и протонсво од неверниците. Измачувањата биле толку големи , што во 622 година Бог им наредил да мигрираат.

Ебиграција од Мека во Медина, околу 260 милји северно, го означува почетокот на муслиманскиот календар. После неколку години, Мухаммед а.с и неговите следбеници успеале да се вратат во Мека , и им простиле на своите непријатели. После смрта на Пратеникот Мухаммед а.с, во неговата шеесет и три години, поголемиот дел од Арапскиот полустров станале муслимани, и за еден век од неговата смрт.

Исламот се проширил до Шпанија на запад, и на Исток до Кина. Една од причините за брзото и мирното ширење на исламот, е вистиноста и едноставноста на неговото учење. Исламот повикува во верување во само на еден Бог, и само Тој е единсвено заслужен да се обожава. Мухаммед а.с нека е Божји мир на него, е соворшен пример за искрен , чесен, милостив, уствителен, вистинољубив и храбар човек. Додека бил само човек, од него биле остранети сите лоши особини, и тежнеел само за задоволството на Бог и за Неговата награда во вечниот живот. Дури и во сите свои работи, секогаш бил богобојазен и свесен за Бога.


Моралот на Мухаммед а.с:

Енес р.а. раскажува за Аллаховиот Пејгамбер а.с.: “Му служев на Аллаховиот Пејгамбер десет години, Вал- лахи, не ми рекол никогаш ‘Уфф’, ниту ми рекол некогаш за нешто зошто си направил така? Или да направеше вака? ( Муслим )

Енес додава и вели: “Ќе дојдеше некое мало девојче и ќе го зедеше за рака и ќе појдеше со него каде сака, и кога ќе го сретнеше некој човек се поздрвуваше со него и не му ја пушташе неговата рака се додека другиот човек не ја спушти неговата рака, ниту го свртуваше своето лице од другиот, се додека другиот самиот се свртуваше, ниту ги пружаваше своите нозе во меџлис пред другите присутни.”

Аиша р.а. опишувајќи го неговиот морал и карактер вели: “Никогаш Аллаховиот Пејгамбер а.с. не се одмазд-

увал на некој, освен кога се прекорачувале Аллаховите забрани, ниту некогаш удрил жена или слуга со својата рака, освен кога се борел на Аллаховиот пат.” (Муслим)

Затоа кога била запрашана за неговиот карактер, одговорила: “Неговиот карактер беше Кур’ан.” (Бејхаки)

Енес р.а. раскажува: Одев заедно со Аллаховиот Пејг- амбер а.с. по пат и на него имаше тешка наметка, и одеднаш не стигна еден бедуин и го повлече грубо по наметката, кога погледнав кај пазувите беа модри од силното влечење на бедуинот, потоа му рече: О Мухам- меде, нареди да ми се даде од Аллаховото богатство кое e кај тебе! Аллаховиот Пејгамбер се свртел кон него му се насмеал и потоа наредил да му се даде. ( Бухари )

Затоа Аллах џ.ш. вели: “ Во Пејгамберот, навистина, имате убав пример, за оној кој се надева во Аллах и во судниот ден и кој го споменува Аллаха многу.” (Ахзаб : 21) “ А да си груб и со тврдо срце ќе побегнат од тебе далеку, Прости им тогаш и барај прошка за нив, и советувај се со нив во сите работи.” ( Имран : 159 )


Скромноста на Мухаммед а.с:

Влегол еден човек кај Аллаховиорт Пејгамбер и почнал да трепери од страв. На ова Пејгамберот а.с. му рекол: “Немој да се плашиш, јас сум син на мајката која јадела сув леб во Мекка.”

Еден ден поминал покрај група на верници, и тие сакале да станат на нозе од почит спрема него.

Аллаховиот Пејгамбер им забранил велејќи им: “Немојте да ми станувате како што стануваат други- те народи величувајќи се помеѓу себе едни на други.”

Кога Аллаховиот Пејгамбер а.с. почувствувал дека му се ближи крајот на неговиот живот, се качил на мимбер и им се обратил на муслиманите: “О Луѓе, кого сум удрил од вас без да знам нека дојде и нека ме удри, кого сум го навредил, нека дојде и нека ми возврати; на кого сум му зел богатство или нешто друго, нека дојде да му го вратам; и нека не се плаши некој од вас од одмазда или омраза, тоа не е моја особина.”

Исто така се пренесува од неговата скромност приме- рот кога Аллаховиот Пејгамбер а.с. излегол заедно со своите асхаби во прошетка. Со нив имале една овца која требало да ја подготват за јадење, така еден од нив рече: О Аллахов Пејгамберу, јас ќе ја заколам, друг рече: А јас ќе ја одерам, друг рече: А пак јас ќе ја испечам.

Тогаш Мухаммед а.с. рече: А пак јас ќе соберам дрвја. Асхабите му рекоа: Ние сме доволни да ја подготвиме, без та да се мачиш! Тој им одговори: “Јас знам дека вие сте доволни, но јас мразам да се разликувам од вас, бидејќи Аллах не го сака оној роб (човек) кој се разликува од своите другари.”

Дошла една делегација на кралот Неџаши кај Аллахо-
виот Пејгамбер. Самиот Пејгамбер а.с. станал да ги угости и послужи. Асхабите му рекоа: Ние ќе ги послуж- име. На тоа Тој им рече: “Овие луѓе ги угостиле нашите асхаби (кога направиле хиџрет за Абисинија) и Јас посакувам да им возвратам со лична услуга.”

Асхабот Ебу Хурејре р.а. раскажува: Дека Аллахов- иот Пејгамбер седел со своите асхаби, и кога ќе дојдел некој туѓинец не знаел кој од нас е Аллаховиот Пејгам- бер, бидејќи не се разликувал од нас, се додека не се распрашал. Патем побаравме од него да му направиме малку повисоко место од кал за да седи на него.

Жената на Аллаховиот Пејгамбер - Аиша р.а. раскаж-
ува дека: “Аллаховиот Пејгамбер ги извршувал сите домашни потреби и работи, (се крпел, молзел овца) носел земја во битката на Ахзаб, посетувал болни, следел Џеназиња, ги милувал малите деца и им ги исполнувал нивните желби, јавал на магаре, неговите врати секогаш биле отворени за секого, храната ја ставал на земја и потоа јадел.”

Ајша, р.а., кажува: „Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., не говореше брзо како што вие говорете, туку говорот му беше јасен и разбирлив, би го запамтил секој кој ќе седи со него.“


Енес ибн Малик, р.а., кажува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с., имаше обичај да го повтори некој збор и тоа по три пати да подобро би се разбрал .“

А, за неговата шега, с.а.в.с., Ебу Хурејре, р.а., кажува дека во една прилика зачудено му рекле: ’О, Аллахов Пратенику ти со нас се шегуваш?’ а тој, с.а.в.с., одговорил: ’ Да, единственото што јас го говорам е само вистинатата.’

Аиша , жената на Муихаммед а.с рекла: О внучко миј, сме седеле два или три месеци беза да запалиме оган (за да зготвиме јадење), во куќата на Пратеникот Внукот Прашал: Па од што прежиувате? Таа одговорила: Живееме од урми и од вода, но Пратеникот имаше некои соседи кои што му праќаа млеко од камилите кои што го имаа. (Сахих Бухари 2567 и Сахих Муслим 2972)

Амр ибн Ел-Харис, еден од приајелите на Мухаммед а.с рекол: Аллаховиот Пратеник, Мухаммед а.с беше направен од кожа и наполнет со влакна од урмино дрво (Палма) (Сахих Бухари 6456 , Сахих Муслим 2082)

Сахил ибн Саад , еден од пријателите на Мухаммед а.с рекол:Аллаховиот Пратеник, Мухаммед а.с не се најадел со свеж леб од убаво брашно, од времето кога стана пратеник, па се до неговата смрт. (Сахих Бухари 5413 , Тирмизи 2364)


Односот на Мухаммед а.с спрема жените


Пренесува Ебу Давуд и Несаи дека: Пејгамберот а.с. се натпреварувал во трчање со жена му Аиша р.а. – Еднаш таа го престигнала, но по неколку дена Тој неа ја престигнал и рекол: “Ова е за тоа ( ова е за минатиот пат ).”

Таберани пренесува дека Аиша р.а. била прашана: Што правел Пејгамберот а.с. дома?

-”Како што работи секој, молзел овци, шиел облека, и помогнувал на својата фамилија, ни сечел месо, ни метел куќа, му помогнувал на слугата во служењето.!”

Затоа рекол: “Најдобри меѓу вас се оние кои добро постапуваат со своите жени, а Јас најдобро постапувам со жените.”


Неговата Милост спрема животните:


Аллаховиот Пејгамбер а.с. влегол во градината на еден жител од Медина, во неа имаше една камила. Кога го погледнала камилата на Пејгамберот а.с. почнале солзи да и течат. Пејгамберот а.с. и се приближил и почнал да ја гали и таа престанала да плаче. Тогаш Пејгамберот а.с. прашал: Чија е оваа камила? Еден младич одговорил: Моја!

Аллаховиот Пејгамбер а.с. му рекол: Зар не се плашиш од Аллах џ.ш. за оваа камила, таа се жали дека ја претоваруваш и не ја храниш доволно.?! ( Муслим )



Прошката на Мухаммед а.с:



Асхабот Џабир р.а. раскажува: Војувавме со Аллаховиот Пејгмбер во битката на Неџд. За кратко време стигнавме до едно дрво кое беше полно со трње, па затоа луѓето се разотидоа да се склонат под сенка на некое друго дрво. Џабир вели: И кога малку поспавме, Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., нè повика, и ние веднаш се одзвавме, кога покрај него стоеше еден бедуин (Гаурес ибн Харис) Потоа ни раскажа: Овој ми дошол додека јас спиев и ја извлекол мојата сабја и ја вперил кон мене. Кога се разбудив, тој во рака ја држеше сабјата и ми рече: Кој ќе те спречи од мене? Реков: Аллах. Пак: „Кој ќе те спаси од Мене?“ Реков: „Аллах!“ На тие мои зборови се затресе и уплаши, а сабјата му падна од рацете, па Пратеникот а.с. ја зел и ја насочил кон него велејќи му: „Кој ќе те спречи од мене?“ Потоа, Аллаховиот Пејгамбер му простил и не го казнил.

Во друго предание: Мухаммед а.с. му рекол: Посведочи дека нема друг Бог освен Аллах. Човекот рекол: „Не можам, но ти давам завет дека нема никогаш да се борам против тебе ниту ќе бидам со оние кои ќе војуваат против тебе!“ Потоа Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., му простил. Кога човекот се вратил кај неговите другари им рекол: „Ви доаѓам од кај најдобриот човек.“(Бухари, Муслим, Бејхаки)

Прошката на Мухаммед а.с спрема неверниците:


Xазрети Ајша раскажува: Еднаш го прашав Аллаховиот Пејгамбер, дали дошол во потешка состојба и во помачна ситуација од онаа во која се наоѓал во битката на Ухуд (Муслиманите кога биле поразени и кога Мухаммед а.с бил ранет на лицето) Аллаховиот Пејгамбер рече:

-Многу претрпев и поднесов од тој народ, но најтешко од било кога што сум претрпил тоа е она што ми се случи на денот на Акабе. Тогаш јас му се претставив на Ибн Абди Јалејне(Во Таиф) и ги повикав во ислам , но ме одбија и никој не ми се одѕва.

се вратив загрижен, нажален и со наведната глава , па дојдов на себе, малку се прибрав дури кога сојдов со Карнисалеб. Погледнав во облакот и во него го забележив Џебраила. Тој ме викна и ми рече: Аллах слушна што ти рече твојот народ и како те одбија. Ти го испарти мелекот на планините.

Овој Мелек ми даде селам, а потоа ми рече: Мухаммеде, Возвишениот Аллах ги слушна зборовите од твојот народ што ти го изговорија тебе , јас сум Мелекот на планините, Господарот ме испрати кај тебе да ти бидам на услуга. Кажи што сакаш! Ако сакаш, јас ќе го срушам Ахшебејн(Два спротивни ридови) Над нив Аллаховиот Пејгамбер одговорил: Мојата желба е оние да ги наследат потомците кои ќе обожаваат само еден и единсвен Аллах , и нему да Му придружуваат никакви други божества.

(Бухари, Муслим)


Се пренесува дека Мухаммед а.с. во битката на Ухуд бил полесно ранет, крв му течел од лице, и заб му бил скршен. Таа глетка им отежнала на ахабите, затоа му рекле: О Аллахов Пратенику, Проколни ги неверниците..

На тоа Пејгамберот а.с. им рекол: Јас не сум испратен да проколнувам, туку јас сум испратен да повикувам на правиот пат и да бидам милост за луѓето; О Аллах, упати го мојот народ зошто тие не знаат!!


Познато е дека Мухаммед а.с. и муслиманите биле протерани од Мекка и им биле одземани нивните богат- ства од страна на мекканските идолопоклоници. Потоа Аллах џ.ш. им помогнал на муслиманите да ја освојат Мекка. Тогаш Мухаммед а.с. застанал пред Кабе и пови- кал: Што мислите ќе направам со вас? Сакал да ги потс- ети за она што им го направиле на муслиманите.

Мекканците рекле: Добро, чесен брате и син на чесен брат. Аллаховиот Пејгамбер а.с. им рече: “Одете си слободни сте! Не ви велам друго освен она што им го рекол Јусуф а.с. на своите браќа! Слободни сте!!”

Сепак Мухаммед а.с. им простил и не им се одмаздил за големите насилства што истите луѓе му ги направиле нему и на муслиманите воопшто.

Неговата Милост спрема децата:


Аллаховиот Пејгамбер а.с. на ден Бајрам поминал покрај деца кои играле, и забележал како едно дете настрана плачело. Пејгамберот а.с. го запрашал: Зошто плачеш дете!? Детето рекло: Остави ме човеку! Мојот татко загинал во една битка за Ислам, и немам татко кој ќе ме развесели во овој ден. Тогаш Пејгамберот а.с. му рекол:

Дали посакуваш Јас да ти бидам татко, Фатима сестра а Аиша твоја мајка. Детето: Се извинувам Аллахов Пејгамберу.

Потоа Пејгамберот а.с. го однесол дома, потоа го нахранил, облекол и му дал пари, потоа му рекол:

Сега оди играј со твоите браќа.

Кога го виделе децата дека е убаво облечено и горделиво, му рекле: Што е ова со тебе О дете!?..
Пред малку беше тажно и заплакано, а сега те гледаме како се смееш и радуваш?

Детето им одговорило: “Најдов татко кој е подобар од мојот татко, и мајка која е подарежлива од мојата мајка!.”

Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејгам- бер а.с. ги бакнал неговите внуци Хасан и Хусејн синови на Алија во присуство на Акра ибн Хабис. Тогаш Акра рече: Јас имам десет деца, и никогаш едно од нив не сум бакнал.

Пејгамберот а.с. го погледнал и му рекол: “Кој не е милостив и спрема него нема да се има милост.”

Во друго предание: “Што ти можам јас кога Аллах ти ја откорнил милоста од твоето срце.”

( Бухари, Муслим, Хаким )


Енес р.а. пренесува дека Аллаховиот Пејгамбер рекол: “ Јас ќе влезам во намаз со намера подолго да се задржам, но кога ќе слушнам плач на дете го скратувам намазот од сочувството на неговата мајка спрема него.”

( Бухари, Муслим )

Се пренесува дека еднаш Пејгамберот а.с. бил во намаз, дошол Хусејн (негов внук) и му се скачил на неговиот грб додека Тој бил на сеџде, и затоа подолго ги задржал луѓето на сеџде, дури помислиле дека се случило нешто со него.

Кога завршил намазот присутните му рекле: О Аллахов Пејгамберу, многу се задржа на сеџде дури помисливме дека ти се случило нешто.

Пејгамберот а.с. им образложил: “Мојот внук ме јавнал на грб, и не сакав да побрзам за да го задоволам.” ( Несаи, Хаким )


Обработка: Ахлу-Суннах



Последната промена е направена од islam nur на Саб 04 Фед 2012, 9:02 pm. Мислењето е променето 1 пати

Келиметул-Хакк

Келиметул-Хакк
Талиб
Талиб
МашаАллах!!! Ла хавле ва ла куввете иллабиллах!!!


АллахуЕкбер!!!АллахуЕкберр!!АллахуЕкбер!!


Аллаху драги дај ни куввет и илм да подобро го запознаеме Твојот Миленик Мухаммед салаллаху алејхи вес селлем.
Дај ни кувет и илм да ја одбраниме честа на Твојот Миленик Мухаммед салаллаху алејхи вес селлем.


Аллаху драги уништи ги сите оние кои сакаат и покушаваат да скрњавет честа на
Твојот Миленик Мухаммед салаллаху алејхи вес селлем.



Аллахумме амин ја Рабб!!

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот  Порака [Страна 1 of 1]

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот