Ebu jasin напиша:ubava e ova tema ama navistina ,malce ovde nemie jasnoo,i dali navistina e ova vaka ili treba da se zemaat vo predvit,togasnite slucuvanja i uslovi i denesnite..od pricina togas nemalo muslimani ili bile vo pocetna faza pa dozvoleno bilo ,takva zenidba ili brak,no dali togasnoto e dozvoleno i deneska...
Ako e nekooj vo moznos ova po jasno da go objasnii??
Selam Alejkum
Еселамун алејкум ве Рахметуллах ве Берекатуху!!!
Во името на Аллах, Семилосниот, Милосливиот!!!
Драги брате многу убаво Елхамдулиллах братот има објаснето во горенаведеното видео. На прв поглед навистина иде малце избунувачки но кога би се проследило видеото со поголемо вниманије многу работи би се разјаснале.
Како што знаеме во нашите краишта оваа врста на женидба не се практикува, но ние како Муслимани не треба да ја забраниме и да велиме дека е Харам затоа што ни Аллах субханеху ве те ала во Куранот не ја забранил ниту пак Мухаммед саллАлалху алејхи ве селлем не ја забранил во некој хадис. Па затоа и ние не треба да речеме дека ова е ХАРАМ. Затоа што тука иде до дело кое го негираме Аллаховиот говор и говорот на Мухаммед саллАллаху алејхи ве селлем.
Како што гледаме драги брате на почетокот на ова видео можеме да видиме дека Братот убаво кажува дека: Исламот е ист во сите држави, пратен е Куранот како Објава од Страна на Аллах субханеху ве те ала за сите Муслимни. Во Куранот никаде не е забранет оваа врста на Брак.
Исламот е ист за сите муслимани, ако во тогашните времија тоа било дозволено тогаш и во денешно време е дозволено.
За овој вид на Брак многу добро исто така како што е наведено во видеото е примерот со Фатима радијаллаху анху и Алија радијаллаху анху!
Како што знаеме дека ове Двајца биле блиски роднини па биле Маш и Жена, тогаш зашто да велиме дека ова е забранет брак?
Мора да се напомене дека, не сме ние оне кој што одлучуваме нешто да дозволиме или забраниме, Аллах е оној кој дозволува и забранува!!!
Убаво е објаснето во Кѕранот во Суре Ен-Ниса, 23, ајет, Каде Аллах субханеху ве те ала вели:
„Забранети ви се да стапите во брак: мајките ваши, и ќерките ваши, и
сестрите ваши, и сестрите на бабовците ваши, и сестрите на мајките ваши,
и ќерките на брат ви и сестра ви, и мајките ваши кои ве доеја, и
сестрите ваши по млеко, и мајките од жените ваши, и пасторките, кои се
под ваша закрила од жените ваши ако со овие имавте брачен однос, но ако
со нив сте немале брачен однос, немате грев. Забрането ви е да стапите
во брак и со жените на вашите родени синови и со две сестри истовремено.
Она што беше - помина. Аллах, навистина, е Простувач и Сомилосен!“Тука гледаме дека Аллах субханеху ве те ала не го забранил овој Брак, ЗНАЧИ НЕМА ДОКАЗ ДЕКА Е ЗАБРАНЕТ! и дека ни ние не смееме да го забранеме.
Сепак Аллах најдобро знае!